1022 hPa
93 %
5 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 03:59
Програмата во која доминираат александриските шлемови со портокалови четки и јоханезбуршки вувузели ги прави „Деновите на македонската култура во Ниш“ недоволно репрезентативни.
Мораме да испратиме пет илјади лентозни миниќи од кожа на овчеполски бивол, плус десет илјади ганди – најубавите александриски сандали што никогаш немаше да го добијат името на индискиот великан да не беше проклетството што за јагнешките бригади на комитлакот го означуваше името на другарот Тито. Пред тие здолништа паѓаа иранските персијанци и индиските махараџи, а денеска можат да паднат и Германците, ако владата на Надвојводата Шарло успее да ја разбере важноста на кожените здолништа во развојот на квазимакедонскиот идентитет.
На фалангистичката експедиција што ги брани боите на Македонија мора да ѝ се обезбеди комплетна навивачка опрема. Само така можеме на нацијата да ѝ ја обезбедиме победата без која ќе бидеме мртви до следниот обид, а можеби и потоа.
Нишките Македонци што нема да мутираат во Јужни Срби или европски Бугари, мораат да носат мини здолништа од марката „александер“ – заклучила групата што во вилата „Водно“ заседава како државно раководство под името Ред на ловенкројцерите на фајром, а сите луѓе на кои не им се оди во Ниш, а имаат потврда дека се преведени во комитската вера на идиотите, можат да продолжат да одат во панталони, шалвари, фустани и други облеки кои не се направени од биволски ленти – јавуваат од државниот врв.
Со такво сукњиче Александар стигнал до Хиндукуш (Блажо, разбираш), а на распекмезената генерација на Гр Уевс Ки, во Ниш им било студено! Николетина порачува, драги браќа и сестри мои, дека на ниту еден Македонец нема да му студи ако му е топло околу срцето.
„Како да знам дека ми е топло во срцето“, прашува наивно еден просечен Македонец?
„Топломерот што ќе ти го даде Илија Димовски ќе си го бркнеш одзади и ќе чекаш да ти се јави Силвана Бонева Шварценегер. Или Лилето Поповска“, му јавија на човекот од Горското началство.
Во пост скруптумот пишуваше дека антикосот може, во меѓувреме, да го вади и да го става (топломерот, н.з.), ама дека мора да гледа инструментот да му биде внатре кога ќе дојдат војвотките.
И така, драги мои, на 16 јануари во годината на Маите беспилотните летала на македонското воено воздухопловство ќе ги исерат кај „Ќеле кула“ „гандите“ и сукњите со кои ќе им ја ебеме мајката на Германците. Како?
Влатко Ѓорчев ги трга средните ленти на сукњичката во моментот кога Генсхајмер шутира пенал. Човекот промашува затоа што страничниот поглед му испраќа во мозокот слика на ненормално големо македонско мандало што оди преку рамото на Илија Димовски во редот подолу и завршува под масата на записничарите. На германскиот репрезентативец не му се верува дека со толкав алат една античка нација можела да се движи и да го освои сиот свет, ја врти за момент главата кон трибината, топката му излетува од рацете и завршува во џебот на Ристовски во моментот кога германскиот репрезентативец сè уште си ги трие очите. Со пет илјади растргнати здолништа екипата на Александар Македонски може да ја победи и Чехија. Нема кого нема да можеме да победиме.
Меѓу Швеѓанецот кој со викиншката капа со рогови оди да пие пиво и да се забавува со љубовницата на некој натпревар на „трите круни“, и будалата од Велес кој мисли дека градовите кај што тој ќе стигне со александрискиот шлем стануваат македонска провинција, има голема разлика.
Тука има една интенција, политички мотивирана работа, навивањето да се примитивизира, а не да се култивира. Луѓето не одат на натпреварите да се позаебаваат, да видат добри остварувања, потези и така натаму, туку со идеја дека ако доволно силно и долготрајно се напињаат ќе успеат да ја исерат победата на усраната нација. Власта им предизвикува на луѓето тежок запек и им вика дека победата на Македонија е единственото клинче што може да им го одзатне шупакот.
Олабавете се малку, бе, удрете му еден аплауз на тој Андерсон, мавнете со знаменцето со израз кој ќе покаже дека не сте во смртен шок, донесете на телевизијата нормални луѓе кои се школувани да молчат кога знаат да ја препознаат глупоста што им доаѓа на уста додека трае натпреварот, не дозволувајте на луѓето што ги боли курот да им снемува струја затоа што вие навивате за Македонија, ослободете се од ексклузивноста на македонизмот што ви рекле дека го претставувате. Го изнакитивте нишкиот Чаир и целиот Ниш како племе што некоја невидлива сила го симнала од ридовите на некоја вукојебина сосе целото најшарено можно културно наследство.
Тоа е така затоа што спонтаноста е одглумена. Одглумена е според сценариото во кое главниот јунак е будала која неартикулирано вика и се циркузира. За мечот со Чехија ќе ви ги дадат употребените презервативи на Николетина и пумпариците на баба му и ќе ви речат дека љубовта кон татковината и кон ракометната репрезентација најдобро ќе ја изразите ако ги држите в уста додека камерите на српската телевизија фаќаат интересни детали по трибините. И покрај сите отпори, светот на крајот мора да заклучи дека тука можеби може да има некој национален парк, ама дека држава од оваа карпа не бидува. Тоа е планот од кој нема спас затоа што позицијата планира и остварува, а опозицијата остварува и не планира ништо.
И после ќе ми речат дека во текстовите на Тричковски имало вулгарности. Јас само се обидувам да воспоставам релации со вулгарната стварност, а најмногу од сè со најлигавиот од сите лигави опортунизми и со најодвратното лицемерство што некогаш го демонстрирал хомо сапиенсот: тоа што во својата затворена заедница го демонстрираат политичките цицачите од родот на Македонците.
Тие цицачи се познати по тоа што никогаш не им пука жолчката или слепото црево и воопшто не им се случуваат никакви здравствени проблеми, не им е ништо кога ќе им кажат дека поминале четири години откако на чело на својата карпа го имаат избрано Хорхета Иванов. И дека сите други видови ја губат репродуктивната способност, им паѓаат пердувите, се нишаат и завиваат без везе кога ќе чујат две реченици од устата на неговата екселенција.
Николетина е посебен случај. Вулгарноста на неговата појава може да се мери со појавата на вирус во аптеките на Зегин или во стерилизираните ормарчиња на хируршките клиники на растуреното јавно здравство. Со манијак во спалната на Мадона. Со пожар во Лувр. Арно ама таа вулгарност добива 30 и кусур отсто од вкупните поени што цицачите им ги доделуваат на своите најкрупни примероци.
Што да кажам за Триумфекалната капија, за целиот проект Скопје 2014, за способноста да се остане жив при таков телевизиски програм каков што емитираат пет шестини од студијата, при водители на политички, забавни, детски и секакви други емисии кои зрачат со елементарна глупавост, што да кажам за деновите што рано-рано ми ги ебат радиските програми, за безмерната идиотштина што се испушта во етерот како некаков огромен вселенски пувеж. Вулгарно ли е тоа што се случува во таканареченото собрание на Бившата република на Македонците, вулгарно ли е самото собрание, вулгарна ли е Благородна Дулиќ кога ќе рече „почитувани колешки“, вулгарна ли беше позицијата при погребот на Киро Глигоров, ако е познато дека за време на неговиот живот беше вулгарна на трети степен, вулгарна ли е атмосферата во која секоја будала држи концерт во Универзална сала, во која нацијата се интересира за имињата на новороденчињата на ординарни безначајности, кој е сè директор, министер и тајкун, вулгарна ли е опозицијата или сум вулгарен јас ако кажам дека субјектот кој што е или мисли дека може да биде демократска опозиција на фашизмот е полош од фашистите. Стварноста е вулгарна што не може да биде повулгарна од сите нас заедно, односно вулгарни сме ние.
Ама кога Тричковски ќе напише дека Влатко Ѓорчев нема дванаесетпалачно црево и дека на јавната сцена сере чисти нерафинирани гомна, тоа е срамно и некултурно.
Тие што мислат дека македонската стварност е пристојна ги изопштувам од правата да дебатираат со мене и со власта што ќе ја воспоставам јас и мојата партија на нормалноста, по сите линии освен по линија на социјалните грижи. Нема да дозволиме да умре ниту еден скот.
Извор: globusmagazin.com.mk
Колажи: Свирачиња
Сестроооо апчињатааааа
Испратено на 20 јануари 2012 од Д-р ФројдСестроооо апчињатааааа Тричковски доживува кулминација во својата манијакално-депресивна фаза од животот. Социопатот Тричко повторно напаѓа со фекални колумни!
Fikcijata sto ja vikaat narod
Испратено на 20 јануари 2012 од TrickovskiFikcijata sto ja vikaat narod e predoziran pubertelija koj e doveden vo situacija da misli deka koga edna grupa (negovata) ke i zabie na nekoja druga grupa dva-tri gola poveke- toa e uspeh na negovata zemja. Kakva zemja, be, kakov narod,kakov uspeh. Nema takva rabota. Rakometot, svetiot krst ili frlanjeto na gjule se fokusni kokainski linii so pomos na koi od slobodnite poedinci se pravi masa na histerizirani idioti so koi moze da se manipulira. ( malo dopolnuvanje so ogled na toa sto kolumnata e pisuvano pred da pocne Ceska da se ceska otkako bese deklasirana od Makedonija)
Често ми изгледа дека
Испратено на 20 јануари 2012 од koljaЧесто ми изгледа дека лудилото во кое е потоната Македонија најверодостојно го фаќаат исчашените текстови на Тричковски. (Исчашени во онаа смисла во која Шекспир збореше за „епохата излезена од зглобовите“; Србите имаат фин израз: „Оде воз у кукуруз“ за тој тип на инцидент, кога весело се напушта колосекот на нормалноста.)
Оти, груевизмот е такво неверојатно лудило што аналитичарите кои се држат строго до политичкиот регистар, до некаква жанровска/медиумска коректност, до конструктивноста, добронамерната критика, надежта и верата - тотално утињаат. Груевизмот е феномен за себе, вакуум, безвоздушен простор кој не комуницира со никого освен со сопственото лудило. Ради тоа формите што можат чат-пат да го доловат груевизмот повеќе се во уметноста, или во миксовите меѓу новинарството, уметноста, теоријата - а такви се текстовите на Тричковски.
Викторијанците се обидуваа да ги фотографираат духовите, астралните моменти, во втората половина на 19 век. Стара е таа традиција: да се наслика Јети, чудовиштето од Лох Нес и слично. Така се обидува и Тричковски: во окуларот да фати едно непоимливо чудовиште. И тешко му иде, се разбира. Оти, меѓу другото, чудовиштето - тоа сме сите ние. Како во СФ филмовите, кајшто „осмиот патник“ често е некаква екстензија или проекција на пореметената психо-динамика на посадата.
Впрочем, Тричковски е еден од ретките аналитичари кој сеуште и’ се измолкнува на совршено прецизната дијагноза за нашава вукојебина: кој овде (сеуште) не полудел, тој просто не е нормален.
човече не трипај
Испратено на 21 јануари 2012 од Анониmusчовече не трипај
"Ама кога Тричковски ќе
Испратено на 20 јануари 2012 од Kilgore Trout"Ама кога Тричковски ќе напише дека Влатко Ѓорчев нема дванаесетпалачно црево и дека на јавната сцена сере чисти нерафинирани гомна, тоа е срамно и некултурно."
Ma тоа е фантастично Тричко, само продолжи "вулгарно!" Миcлам дека никој го нема опишано политичкото дејствување на Ѓорчев подобро. Ме изнасмеа до солзи.
Тие што мислат дека си вулгарен немат осет за сатира.
И секако да констатираш дека нашата реланост е вулгарана е "understatement," таа е чиста перверзија од највисок степен.
Поздрав.
Тричко е наша варијанта на
Испратено на 21 јануари 2012 од Kilgore TroutТричко е наша варијанта на Bill Maher, нема страв да ги опише нештата со вистинските зборови и притоа да не биде политички коректен и фин.
Trichko e nasha varijanta na
Испратено на 21 јануари 2012 од ak47Trichko e nasha varijanta na Howard Beale.
Слотеријк: делата што нешто
Испратено на 21 јануари 2012 од дивосрцеСлотеријк: делата што нешто вредат оставаат отисоци на контролирани изостанувања; тоа се системи на значајни празни простори. Тоа е нешто ко кокаинската црта ракомет или било кој подсистем кој директно е поврзан со структурата на масата, групата, масовноста и хистеријата, забеганоста, како рој глувци кои како да оставааат привид на пустош кога ја јадат мислата или рој забегани скакулци кои остааат привид како пустошат по нашите книги, корици и зборови, всушност тоа е припремата за новите топоси над кои и околу кои кружат националистите. Како каменот во Мека кој што создава топос на нестварност, збир еуфорија и навлекување, мачеништво и непобедливата нацистичка нескромност. Јас сум за кокаин и одложување на линиите и создавање подсистеми на празни простори преку антипишување ала Тричковски. Се надевам ќе се вратиме од каде што сме тргнале г-дин Тричковски, мртвите сега нека се простат од мртвите закопани; ако не се вратиме од таму празното надвладеало, се надевам дека ќе сватиме дали и тоа можно.
Е ова е нешто, покрај
Испратено на 22 јануари 2012 од ВселенецЕ ова е нешто, покрај пародизирањето во првиот дел, одлична критика и анализа во вториот. Им го збрца у центар. Само пази, немој случајно Сашета да го спомнеш (не мислам на Саше Бабачкото) оти тие обично ги голта помрачина.
Odstranete ja ovaa budala da
Испратено на 22 јануари 2012 од Erich von MansteinOdstranete ja ovaa budala da pishuva stavovi, celo vreme se vrti vo krug ocigledno nema performans da izleze od ramka.....tipov ima psihopatska zabolenost da pisuva za 2014 24/7
Па нема шанси бре, гледаш
Испратено на 22 јануари 2012 од Ериче бреПа нема шанси бре, гледаш дека дијагнозите почнуваат да им се синхронизираат.
oknovo postana magnet za
Испратено на 29 јануари 2012 од okno-okanooknovo postana magnet za privlekuvanje na retardi i psihopati od tretoklasen novinarski otpad od tipot na sranje pisaralovo na kolumnata koj e dobro informiran cii govna se ili ne rafinirani.vreme e kolektivek klozet da otvorite i strucno merite...koj kakvi govna isral,so kakov kvalitet tezina,civ kolkav mu e i td.ocigledno za drugo i ne ve bidue.
aj da recis Branko si e
Испратено на 09 февруари 2012 од slayeraj da recis Branko si e Branko,............dali e ovoj ili ,,drza(l)nikot,, seedno, nevideni gomnari i ,,oba dva,,.........ama se cudam na ovoj kilgore...........nesto i on kao saka da ni ,,doobjasni,,......