Владата најави изградба на пет јавни куќи во барокен стил

24.01.2012 15:46
Еден од можните изгледи на новите јавни куќи

Владата на Република Македонија на својот интернет – портал денеска објави дека планира да изгради пет јавни куќи чии фасади ќе бидат во барокен стил.

Во соопштението се вели: „Владата на Република Македонија, во духот на преродбата во илјада чекори, донесе одлука да изгради пет јавни куќи на стратешки локации во главниот град, чиј што изглед ќе биде во духот на проектот Скопје 2014, т.е. ќе имаат фасади во барокен стил. Оваа одлука беше донесена поради евидентно присутната агресивност меѓу преродбениците од машкиот пол, која што веќе почнува да ѝ штети на самата Преродба. Затоа Владата, преку изградба на овие спортски објекти во барокен стил, ќе се потруди мажите во Македонија да имаат повеќе места за спорт и рекреација, а дека е сериозна во остварувањето на своите намери покажува и преку изградбата на повеќе спортски сали, тениски игралишта и спортски обложувалници низ земјата.“

Понатаму во соопштението се вели дека овој проект, наречен „Преебка во неколку чекори“, најпрвин ќе се спроведе во Скопје, а откако ќе се сумираат резултатите од истиот, ќе се прошири и во другите градови, односно секаде каде што ќе има интерес за изградба на јавни куќи.

Инаку, во своето соопштение Владата наведува и на кои локации ќе се градат петте јавни куќи во барокен стил; тоа ќе бидат општините Ѓорче Петров, Аеродром, Бутел и две во општина Центар (една ќе биде на Водно, а другата веднаш до зградата на Владата на РМ, позната и како ЦеКа). Овие локации биле избрани откако претходно неколку месеци се спроведувале истражувања на јавното мислење и агресивноста меѓу членството, како и фактот дека истите се наоѓаат на подеднакво растојание, па на граѓаните нема да им прави голема разлика во која куќа ќе заминат на рекреација.

Како што дознаваат Пара вести, не само што фасадите ќе бидат во стилот на барокот, туку и вработените во овие јавни установи ќе мораат да носат униформи и облека од тоа време, а неофицијално дознаваме и дека сексуалниот чин ќе се врши во духот и времетраењето на барокот.

Засега нема детали дали ќе се дозволи и користење на сексуални помагала од тој историски период.

Не е точно, нема јавни куќи

Не е точно, нема јавни куќи да прават зашто не им требаат, ќе се прават геј-клубови во Роџер пијано стил, а од надвор по некое јонско, дорско столбче. Ќе има и фонтана у дворче: Воин на вибратор со исукано дилдо.

 И во Подмочани градиме во

 И во Подмочани градиме во барокен стил. Повелете да видите какви полски нужици и авури градиме!
http://podmocani.wordpress.com/

abe sorosoidcinja......sto

abe sorosoidcinja......sto kakate .ke se najde i za vas angazman tamo-i onaka za novinarstvo=NE VE BIVA....vaka ke ima i za stari momicki,za gejcinja i ,,obratni,, putki angazan-ne se sekirajte