
Иран ѝ објави војна на американската индустрија за кукли – ја забрани продажбата на популарната Барбика и властите ги затворија сите продавници кои ја имаа изложено оваа кукла на полиците.
Оваа играчка е на мета на иранските верски водачи уште од 1996 г., но сепак досега можеше да се продава и да се купи во иранските продавници.
Иранската „морална полиција“ ги советуваше сопствениците на бројните продавници да се воздржат од продажба на Барбиките бидејќи земјата има и алтернатива за најпопуларната светска кукла, куклите Сара и Дара, кои не се ни приближно толку популарни како русокосата американска Барбика.
Сепак, Иран не е единствената земја која ја забрани Барбиката – во 2003 г. истото го стори и Саудиска Арабија, која ја прогласи куклата за закана за исламот поради оскудната облека.
Извор: b92