Ние имаме историска и трајна одговорност

27.01.2012 14:06
Ние имаме историска и трајна одговорност

На 27 јануари се обележува Денот на сеќавање за жртвите од Холокаусот. На овој ден пред точно 67 години, Црвената армија го ослободи логорот во Аушвиц и кратко потоа го соочи светот со страшните злосторства што се сторени таму.

 Аушвиц е синоним за масовни убиства, пред сè на европските Евреи, а потоа и на Синти, Роми и многу други коишто не се вклопувале во нацистичкиот светоглед. Тој е израз на лудилото засновано врз расизмот наречен Трети Рајхт. Овде во периодот од 1933 до 1945 година се убиени еден милон и сто илјади луѓе (меѓу нив најмногу припадници на еврејската вероисповед) кои нацистите ги носеле од сите краишта на Европа. Озогласенит концентрационен логор во Полска, е ослободен од Црвената Армија на 27 јануари 1945 година. Овој датум во 1996 година на иницијатива на тогашниот германски претседател Роман Херзог, е воведен како Ден на сеќавање за жртвите од националсоцијализмот. Во 2005 година, Обединетите нации го прогласија 27 јануари за Меѓународен ден за сеќавање на Холокаустот.

И оваа година тој датум во Германија ќе биде посебно обележан. Во Бундестагот ќе се одржи пригодна манифестација на којашто говор ќе одржи и еден од најугледните и најпопуларни германски Евреи денес, книжевниот критичар Марчел Реих – Раинички. Неговите родители се убиени во текот на Втората светска војна, само тој ја преживеал војната и Варшавското гето.

Додека еврејските жртви од самиот почеток, т.е. крај на Втората светска војна се признаени како жртви на нацизмот и расизмот на Хитлер и неговата машинерија, Синтите и Ромите на ова признание мораа да чекаат долги години. Всушност, масовното уништување и убиствата на овие народи долго време не се сметаа како убиства на основа на расизмот туку на основа на нивното наводно криминално однесување – наводни кражби и чести лутања, селидби, односно номадскиот начин на живот.

Германската влада, дури во 1982 година призна дека и над Синтите и Ромите е извршен геноцид од расистички причини. „Оваа група на жртви долго време беше исклучена од исплата на обештетување поради своите страдања. Овие групи денес се меѓу најдискриминираните во Европа“, изјави минатата година на овој ден, претседателот на германскиот парламент Норберт Ламерт. Манифестацијата на сеќавањето на жртвите од Холокаустот, претставници на Синтите и Ромите првпат ја посетија во 2011 година.
Токму поради овие зборови и големата заложба во борбата против антисемитизмот воопшто, како и десниот радикализам, Меѓународниот комитет на Аушвиц денес би требало во Бундестагот на Ламерт да му даде благодарница за неговата работа на ова поле.

На овогодинешнава пригодна свеченост во Бундестагот ќе присуствува и германската канцеларка Ангела Меркел како и германскиот претседател Кристијан Волф. Тој беше првиот германски претседател кој го посетил бившиот концентрационен логот во Аушвиц. Таму, Волф одржа говор во кој нагласи дека за слобода и демократија најлоша е рамнодушноста.

„Името Аушвиц како ниту едно друго ги отсликува злосторствата кошто Германците ги сторија над повеќе милиони луѓе. Тие злосторста нè исполнуваат со гадење и срам. Ние имаме историска и трајна одговорност која во потполност е независна од индивидуалната вина.Не смееме да дозволиме ваков злочин да се повтори, никогаш повеќе“, изјави тогаш Волф.

Извор: dw-world.de

ОкоБоли главаВицФото