Црквата ќе цркне ако им се остави на верниците

27.01.2012 15:54
Црквата ќе цркне ако им се остави на верниците

Јоште Полска не умрела

До Македонија

Беше

 

Валентина Божиновска е плавуша. Црнка која мисли дека ширењето на веронауката ќе го победи атеизмот. И дека децата што во црквите бегаа од наставата по марксизам денеска нема да бегаат во световноста од испитите по исусовштина (Жарко Пуховски).

 

„Која година Исусчо бил запишан во ’Јосип Броз Тито’“?

„И...сус...т...тг..на...л на ш...коло...“

Ни Колче Г Уевс Ким почнал да одговара, ама не стигнал да покаже колку знае затоа што во меѓувреме народот го избрал за прај министер...

Ако се пои од финансиската славина на верниците црквата ќе умре од дехидрација меѓу Велигден и Митровден во годината кога некоја власт ќе реши да ја спроведе феноменалната идеја на данокот верски.

Црквата ќе цркне во себе.

Нема потреба од други елаборации. Данокот што ќе го плаќаат оние што се фрлаат по светиот крст, луѓето што вапцаат јајца и палат дрва за коледе, треба да се воведе веднаш.

Специјално за „Глобус“ Стандард и Пјур излегоа со проценка дека во услови на даночно самофинансирање Македонската православна црква може да смета на буџет од околу 5.678 денари на годишно ниво.

Меѓу пет и шест верници на два милиона души се спремни да плаќаат верски данок ако црквата им гарантира дека ќе ги опее, стои во истражувањето на СП. Само еден верник изјавил дека ќе плаќа данок без оглед на тоа дали парите ќе му ги украдат или ќе ги дадат за изградба на некој споменик во центарот на Скопје. Тој фундаменталист изјавил дека ќе плаќа данок дури и ако му кажат дека од неговите пари се плаќаат водоинсталатерските услуги на некои млади Украинки.

Со тие средства може да се финансира дотерувањето на брадата на неговото високо преосветејшество, архиепископот охридски, светиниколски, велешки, винички, и така натаму, господин, господин, господин, другарот Стефан... А митрополитот Петар може да отпатува некаде кај што сè уште не е направена никаква штета. Има ли такви места?

Гордан Георгиев имаше шанса да каже дека народот е луд, но тој одбра да каже дека тој е луд. Тоа беше храбар потег на младиот лидер. На кого Бранко му рекол дека со луд народ не можат да победат на локалните избори. Јас не мислам така. Јас мислам дека опозиција нема што да бара ако народот е нормален. Односно, ако не е луд. Макар малку луд. Независно од здравствената состојба на Георгиев. Но, има и други мислења. Центарот за стратегиски истражувања од Техереан, да речеме, се прашува: зошто еден луд народ би гласал за партија која смета дека е нормална.

Перишиќ вели дека опозицијата се однесува кон владејачката партија како што музичката младина се однесуваше кон сојузот на комунистите. Со мала доза на нескромност можам да кажам дека пред некое време јас тврдев дека македонскиот плурализам е варијанта на социјалистичкиот сојуз во кој улогата на сојузот на комунистите ја игра внатрешната македонска контрареволуционерна инсталација.

И што!? Ништо!

Ние немаме проблем со деформациите на еден систем туку со системот како општа деформација. Ако не сакаме да бидеме соучесници во злосторството (Нешковски), треба да се стремиме да го урнеме системот, а не да инсистираме на правда во рамките на далаверата за која имаме свест.

Предлагам неколку работи:

1) општа непослушност

2) распуштање на сите партии

3) лустрација на партиските елити

4) кривично гонење на Внатрешната антимакедонска организација како злосторничко здружување против народот и државата

5) Уставотворно собрание

6) Нови органи

7) Избори

Фикцијата што ја викаат народ е предозиран пубертетилија кој е доведен во ситуација да мисли дека кога една група (неговата) ќе забие два-три гола повеќе на некоја друга група, тоа е успех на неговата земја.

Каква земја, бе, каков, народ, каков успех. Нема таква работа. Ракометот, светиот крст и фрлањето ѓуле од раме се фокусни кокаински линии со помош на кои од слободните поединци се прави маса на хистеризирани идиоти.

Не мислев да уживам во победата над Полска, но кога го видов Хорхета се раскравив како македонска женска под Џорџ Клуни. Што никој не ја дупи.

„Ова е голем ден за македонската нација. Очекувам дека Грција ќе сфати дека не може таа да нè сопира во нашиот цивилизациски исчекор. Тоа е наше право од кое нема да се откажеме никогаш. Тоа е нашата црвена линија која од денеска ќе ја викаме портокалова линија затоа што црвената боја е бојата на комунизмот.“

Рекол претседателот пред да пушти вода.

Извор: globusmagazin.com.mk

И окно ќе цркне ако го снема

И окно ќе цркне ако го снема сорос

haha

haha

do koga sorosofasizoidni

do koga sorosofasizoidni slugi ke plukate po se i sesto?so kadar ko gordan,radmila,tito bc i megafoni ko gewowski,ko obratni-azis tipovi ko trajnanovski,nawceska gjutur ismaili ke go butnete gruevski?hahaha-da ve nemase treba vmro da ve izmisli bidejki tokmu poradi degeni,tutui glupi ko posocenive sdsfyrom ke sedne vo vlast?.....koga ke prdat magarinjata

http://www.epp.eu/eppHeadandG

ОкоБоли главаВицФото