1021 hPa
76 %
8 °C
Скопје - Чет, 14.11.2024 16:01
Ех, колку би сакал да пишувам за убави работи! За успесите на владата во борбата против сиромаштијата и нееднаквоста. За зголемениот животен стандард. За 8-те милијарди евра инвестиции што се влеваат во нашата економија откако станавме членка на НАТО и ЕУ. За новиот модерен трамвај во Скопје. За стотиците илјади туристи кои се воодушевуваат од архитектонските и уметничките чудесии на „Скопје 2014“. За супербрзите возови (исти ко оној од кампањата на Груевски) со кои за час-два се стига до Белград, Тирана, Софија, Солун. За модерните автопати до Бугарија и Албанија. За пуштањето во употреба на ветената атомска централа која ни овозможува да извезуваме струја. Ма, и за убавините на пролетта би сакал да пишувам, иако синоптичарите прогнозираат температури од -6 до -13 степени нареднава седмица!
Здодевно ми е веќе да пишувам за нашите неуспеси. Пардон, за нивните неуспеси кои стануваат и наши неуспеси. Ма, нивните успеси се и наши успеси! Затоа заеднички треба да ги прославуваме, како што ги прославуваме победите на нашата ракометна репрезентација.
Како сега човек свечено да не ги одбележи најновите меѓународни успеси на Македонија во сферата на човековите права и слободи?
Според рангирањето во најновиот извештај на „Репортери без граници“, Македонија станува вистинска оаза на слободата на говорот. Како да не се радуваме на високото 94-то место, кога пред две години бевме само на ниското 34-то место? Па, која влада може толку да напредне, и тоа само за две години? Навистина, треба да им се честита на преродбениците, кои работеа 24/7 за да бидеме заслужено зад такви шампиони во слободата на говорот како што се Кенија, Мадагаскар, Гвинеја, Косово, Источен Тимор, Замбија, Конго, Бенин, Израел и Либан.
Според најново објавениот извештај на Комитетот за превенција од тортура - КПТ (за посетата од 2010), Македонија е вистинска оаза на слободата од тортура. Саде убавини во извештајот. Да не знае човек од која убавина да почне.
Прво, експертите на Советот на Европа тврдат оти властите им кажале дека презеле активности за спроведување на нивните препораки од претходните извештаи. Ама, кога излегле на терен, види чудо – во повеќе случаи ситуацијата не била подобрена од претходната посета.
Второ, експертите од КПТ повторно ги опишуваат прекрасните методи со кои се служат нашите „Алфи“ кога сакаат да изнудат признание од осомничените: тупаници, клоци по телото и главата, употреба на пендреци, врзување со лисици за радијатори и закани за употреба на сила ако не се потпише изјава за признание.
Трето, експертите забележале и колку нашите обвинители и судии се одговорни и професионални кога имаат индиции за тортура. Имено, тие се толку одговорни и професионални, што си седат мадро и ништо не преземаат кога случајно или намерно ќе добијат информација за можна тортура.
Четврто, експертите забележале и дека лицата лишени од слобода не се секојпат без одлагање информирани за нивните права. Ретко се случувало да биде овозможено правото на пристап до адвокат од моментот на лишувањето од слобода. Најголем дел од притворените лица немале можност приватно да се консултираат со адвокат пред да се појават на суд. Во ПС Гази Баба, само на 44 од 752 притворени лица им бил овозможен адвокат.
Петто, експертите потсетуваат дека останува како проблем пристапот до лекар за притворените лица во полициските станици. Пристапот до медицински услуги е загрижувачки и во затворите, особено во Идризово, каде што КПТ налага дека „затворениците никогаш не треба да прават тријажа, да дистрибуираат лекови, да бидат присутни за време на консултации, да имаат пристап до медицински досиеја, и да пружаат нега на други затвореници“.
Шесто, делегацијата на КПТ дознала дека во Куманово притворените лица не биле физички изнесувани пред судија. Одлуката за продолжување на притворот била донесувана преку телефон, без судијата воопшто да го види притвореното лице!
Седмо, материјалните услови во полициските ќелии биле јадни и бедни. Многу од нив мирисале на мочка, без природна светлина и вентилација. Материјалните услови во затворските ќелии се опишани уште полошо.
Осмо, не биле спроведени форенсички аутопсии во сите смртни случаи за време на притвор. КПТ забележува дека смртните случаи во затвор не се систематско истражени, дури и кога околностите на смртта се крајно сомнителни.
Деветто, ситуацијата во затворите е повеќе од загрижувачка, особено заради пренатрупаноста. КПТ забележува дека од 2006-2010 затворската популација се зголемила за 25%. Материјалните услови во затворите се бедни, а најзагрижувачки се оценките за новоизградените затворски крила, кои „забрзано пропаѓаат поради комбинација од лош менаџмент, недоволно одржување, недостаток на активности, лоша хигиена и пренатрупаност“.
Десетто, ситуацијата во затворите е опишана како катастрофална, особено во Идризово. Затворениците се тепани од чуварите. Но, медицинските лица во затворите не ги документираат прецизно повредите на затворениците. КПТ забележува дека истраги за претепување не се вршат дури ни кога има медицинска потврда за здобиени повреди, најверојатно од пендрек! Најголем дел од затворениците, според КПТ, живеат во „тотално неприфатливи услови“; големо малцинство живеат во „бедни услови“ (во поновите оддели); но, има и мал дел привилегирани затвореници кои имаат ќелии дизајнирани по нарачка (со дрвени кревети, теписи, аквариуми, завеси, LCD телевизори), кои можат да добијат сè што ќе посакаат и кои телефонираат со мобилни во присуство на вработените!
Единаесетто, на КПТ не ѝ е јасно кој го контролира затворот Идризово: „Надгледувањето на затворениците, се чини, е главно делегирано на привилегираните ’цимери’ (кои дури ги поседуваат клучевите на различни соби и простории кои што делегацијата сакаше да ги посети), и е засновано на информатори, услуги, закани и контрола на пристап до простории и привилегии. Последица на тоа е ендемското насилство и злоставување. Некои вработени дури ѝ кажаа на делегацијата дека повеќе немаат чувство дека го контролираат затворот.“ Затворениците се убедени дека сè може да се купи во затворот, вклучително мобилни телефони, дрога, и други забранети стоки кои се внесуваат од вработените.
Дванаесетто, ситуацијата во затворените психијатриските установи е повеќе од очајна, не само поради бедните материјални услови. Пациентите се жртви на насилство од вработените и од други пациенти, особено во Демир Хисар. И покрај тоа што КПТ побарал властите да направат независна истрага за насилството, во добиениот експертски извештај немало никакво спомнување на злоставувањето на пациентите од вработените или од други пациенти!
Толку, нема да ве заморувам повеќе со вакви убавини.
Догодина најверојатно ќе добиеме нов извештај од КПТ, во кој ќе бидат опфатени и убавините од 2011: тортурата врз бремени жени во притвор, малтретирањето на политичките притвореници, повеќето неразјаснети смртни случаи во затворите.
За крај, еден пророчки стих од Конески, за убавините на „Преродбата во 100 чекори“ : „Убавино, ти ме заморуваш веќе“.
Слики: Свирачиња
Македонија оаза на сорос
Испратено на 28 јануари 2012 од АнониmusМакедонија оаза на сорос
Sto ubavina vo nasite
Испратено на 28 јануари 2012 од АнонименMilanSto ubavina vo nasite zatvori,od demokratsko tepanje brat LJube go pretvorija vo sestra ljubka,pa eto covekot mora i da se izvinuva.A tek Velija ako izleze citav od kazamatite,i ako se dokopa do nekoj medium,sekoj den ke ja kiti vlasta so slavopojki.Zatoa sorosoidite i predavnicite neka mu ja mislat.
Ako ne mozes da gi promenis
Испратено на 28 јануари 2012 од KavadarcanecAko ne mozes da gi promenis nadvoresnite okolnosti treba da zapocnes da si gi promenis vnatresnite pogledi. Navistina si pesimist i izgleda zivees vo golema materjalna i duhovna beda, a mozebi si imal i nesrekno detstvo pa sega se ti e crno.
Mozebi i gresam ke me izvinis, ama ako ti e tolku loso samo tebe i sakas da ja nosis celata nesreka od Makedonija, preseli se, najdi si druga raboto i sl. Samo sovet
ne mu zameraj detevo
Испратено на 29 јануари 2012 од okno-okanone mu zameraj detevo kolumnive si gi pisuva dremejki po parkovie,prikrien zad nekoe drvo pazejki nekoj par kako uziva vo zadovolstvoto,a toj mora so simnati pantoloncinja i gakji da se samozadovoluva.ne e kriv sto od milioni bas toj mora da se isfrustira i mrazi se okolu sebe igrajki si sam so sebe i,,desanka shakic,,,
Гледам, штапските „патриоти“
Испратено на 28 јануари 2012 од МисирковГледам, штапските „патриоти“ пак ги ангажирале да какаат по Окно, да ствараат дојам дека Македонија е најпрекрасна земја на светот, под окупаторските чизми на „фамилијата“ Мијалкови. Стануваме Северна Кореја.
стануваме дувло на сорос
Испратено на 28 јануари 2012 од Анониmusстануваме дувло на сорос
Сорос ли е крив за сите
Испратено на 28 јануари 2012 од Геополитички стратегСорос ли е крив за сите свињарии на груевизмот?! Кажи, бе, брат, да знаеме чив човек е Грујо! Да не се замараме. Нели и славни Слобо, најголемиот Србин, накнадно испадна дека бил амерички човек што од старт работел на разјебување на Србија?! Ако е исто така и за Грујо (дека е грчки човек, а има миљон индиции дека е грчки елемент што работи на растур на Македоња), кажи бе брат! Зашто не кажуете на време вакви работи?! А што викаш, можне е Малиот-Големиот (Златниот-Црниот) и чоек на Сорос да е, не би ме чудело, така што и за состојбава во затворовиве, медиумиве, болнициве итн. - Сорос е крив.
и самиот го знаеш одговорот -
Испратено на 29 јануари 2012 од Анониmusи самиот го знаеш одговорот - сорос е крив
Грујо и неговиве се начисто
Испратено на 28 јануари 2012 од АнтигруевистГрујо и неговиве се начисто полудени. Грујо некни вика дека извештајот за медиумското дно на Македонија (на француската Репортери без граници) - е дело на Сорос. И вика дека лустрацијата ќе продолжи, милом или силом, а нек се припреми за дисциплински мерки и Уставниот суд, уште една опомена пред искључување. Димовски, па, слугата (и он е горд што е послушник) земал да ја черечи новинарката Секуловска (ма каква новинарка, сороспија!) на која не и‘ се свиѓало да живее у солунско поле, ебате курвештијата, Димовски ќе ја доведе у ред, него како...
Не знам, стварно, вакво лудило, не е на арно... И одма кучињава им се организираат, Грујо рекол Сорос, и еве ти ги организираат напади: Сорос непријател на Македоња, Грујо ја брани... Неверојатно! Грујо да им каже да се фрлат у Вардар, ќе се фрлат, сосе пљачките...
Среќа во несреќа е што истите
Испратено на 28 јануари 2012 од ВендетаСреќа во несреќа е што истите тие затвори (проширени ем надградени, ама сеедно помочани и покењани) ќе треба да ги примаат преродбенициве, живи да му се на пастирот!
zavorite se za vas
Испратено на 29 јануари 2012 од okno-okanozavorite se za vas sdofirom4inja
Го поддржувам претходниот
Испратено на 28 јануари 2012 од АнтигруевистГо поддржувам претходниот коментатор: ако на олку зулуми, евидентирани и архивирани од цел куп организации, СДСМ (кога и да дојде на власт) не ги поапси барем стотината „највидни“ преродбеници - тоа ќе значи предавство од најстрашен тип! Дури и зулумите на груевистите ќе ми изгледаат поприфатливи од нивното неказнување! Затоа, уште денес се зема обврската! Уште денес се гради поправедна и понормална Македонија! Со груевистите напикани таму кајшто им е место - во затвор.
ke dojdat sorosdsfyromcite na
Испратено на 29 јануари 2012 од okno-okanoke dojdat sorosdsfyromcite na vlas i ke apsele?hahaha -dobar vi e vicov-gruevski so protivnici ko ovie d sdrndrnsdsm.....ke bide uste 100 godini
Благодарам за информацијата
Испратено на 29 јануари 2012 од Kilgore TroutБлагодарам за информацијата Жарко.
Баш ме интересираше темата македонски затвори и тортурата во нив.
Што се однесува до преродбениците коментатори,мислам дека се скарани со реалноста. Друго објаснение за перманентното игнорирање на фактите од нивна страна- јас немам.
По коментариве се гледа колку
Испратено на 30 јануари 2012 од PsihogerilaПо коментариве се гледа колку многу ги има оние што му се ситат на државното насилство убедени дека на тој начин се чистиме од злото. Притоа не се свесни дека секоја фашистичка авантура има крај, најнеповолен за нив самите. Она што ме буни е зошто овие преродени фашизоидни фаци упорно читаат и коментираат "платенички" и "соросоидни" автори?
Ова што се случува со правата
Испратено на 31 јануари 2012 од ЦхомскѕОва што се случува со правата и слободата, затворите, условите, тортурата, медиумите и останатите убавини на преродбеничкиве времиња и не треба да не загрижува толку многу - проблем ко проблем ќе се реши некако.
Од друга страна свесното игнорирање и притоа демонстрираниот простотилак се стварно права мистерија, чудо невидено за кое нема ни објаснување - тоа ме загрижува, од што е страшно ми се повраќа!