Пронајден лек против мамурлак

30.01.2012 11:54
Пронајден лек против мамурлак

Американската администрација за храна и лекови FDA (Food and Drug Administration), го одобри лекот против мамурлак кој го откри поранешната вработена во финансискиот сектор и дипломирана студентка на Хардвард, Брена Хејсон, објави британскиот портал Digital Spy.

Лекот наречен „Blowfish“, кој содржи 1000 мг аспирин, 120 мг кофеин и антацид (средство против желудочните киселини), ќе се најде на американскиот пазар во текот на февруари, а набрзо и на британскиот пазар.

„Едно посебно гадно утро, кое беше резултат на претходната добра вечер, почнав да размислувам дека мора да постои начин да имаме и добри ноќи и добри денови“, изјави Хејсон.

„Ги испробав сите лекови што можев да ги најдам и открив дека билните производи на пазарот кои се користат и не се од некоја помош. Па така, започнав со потрага по нешто што навистина ќе дејствува утрото после ноќта помината во опивање“, додава Брена Хејсон.

Таа решила да го пласира лекот на пазарот откако нејзините пријатели неколку пати го барале нејзиниот лек.

„По одредени истражувања ја најдов комбинацијата која дејствуваше, и тоа брзо“, вели таа. „Почнав да ја споделувам со друштвото и тие постојано бараа уште.“

Извор: autonomija.info

ОкоБоли главаВицФото