Изложба во Загреб: Социјализмот и модерноста

30.01.2012 13:47
Изложба во Загреб: Социјализмот и модерноста

На 2 декември 2011 година во Загреб се отвори изложбата „Социјализмот и модерноста“ која се занимава со уметноста, културата и политиката во периодот од почетокот на 1950-те до средината на 1970-те години.

Изложбата беше проследена и од многу изложени предмети кои биле произведени во тој период: од стари лимени кутии за зачинот Вегета до велосипедот Пони, од илустрирани енциклопедии за деца до фотографии на загребскиот саем кој, кога се појавил своевремено, претставувал возбудлив исчекор во архитектурата.

Киоск на загрепскиот саем

Изложбата претставува плод на четиригодиншниот труд на стручњаци од разни области, а кустоси и автори на истата се Деан Дуда, Твртко Јаковина, Сандра Крижиќ Робан, Дејан Кршиќ и Лилјана Колешник.

Донекаде хомогените ставови на социјалистичките интелектуалци, непосредно по воспоставувањето на социјализмот во 1945 г., беа усогласени во тврдењето дека културата (главно популарната) на западната провениенција претставува „непријателски идеолошки лик на капиталистичкиот експлоататор на работничката класа“. Многумина истражувачи на социјализмот тврдат дека самиот проект на создавање и унапредување на заедничката култура по Втората светска војна бил насочен кон припадниците на работиничката класа, остварен преку идеолошки обоената книжевност и уметност.

Иако доминатната идеологија ја зацврстувала својата моќ преку создавањето култура за широките народни маси, како клучна се покажала 1948 г., кога југословенската политика му го врти грбот на СССР. Блоковската поделба во светот и симултаното отворање кон Западот предизвикуваат делумно шизфренична позиција на интелектуалците кон популарната култура и создавање на т.н. „југословенска бастардност“. Токму таа бастардност, т.е. годините кои следеле, посебно 1950-те и 1960-те, покажаа значајна разновидност на сите полиња од општественото дејствување, и покрај политиката на Студената војна.

Изложбата „Социјализмот и модерноста“ бара одговори на прашањето како глобалните политички рамки на Студената војна и југословенската верзија на социјализмот, која во одредена мера и самата била производ на Студената војна, влијаеле на обликување на поимот модерност, модерна уметност, архитектура, дизајн и поп-култура во Хрватска и Југославија.

Авторите на изложбата истражуваат што во тој период, во културниот и геополитичкиот простор на југоисточна Европа, значела синтагмата „да се биде модерен“.

Изложбата ќе биде отворена до 5 февруари годинава.

Извор: pogledaj.to

Откако ќе заврши изложбата во

Откако ќе заврши изложбата во Загреб, нека ја пратат во Скопје, Грујо малку да вдахне душа на комуњарското сивило, Хрватите некако заборавиле какви чувства будат сеќавањата на тие мрачни времиња.. Само барок тоа може да го залечи!

ОкоБоли главаВицФото