Куќа со живи ѕидови

31.01.2012 13:01
Куќа со живи ѕидови

Во виетнамскиот град Хо Ши Мин (поранешен Сајгон) можете да забележите многу куќи кои се украсени со саксии и жардињери. Тоа е локален обичај кој го збогатува визуелниот идентитет на градот. Но архитектонското студио Vo Trang Nghia го унапреди овој обичај на барање на своите клиенти.

Имено, за потребите на една брачна двојка, ова архитектонско студио ја проектираше и изведе куќата – чиј вертикален правоаголен облик е вообичаен за овој град – широка 4 метри и долга 20 метри. Предната и задната фасада се целосно обложени со бетонски жардињери чии размери варираат меѓу 25 и 40 см, во зависност од висината на растенијата кои се посадени во нив. Проектантите исто така осмислиле и автоматски систем за наводнување во самите жардињери за полесно наводнување на растенијата.

Градбата максимално ја користи сончевата светлина без разлика за кој период од денот станува збор. На покривот постои мала градина и два големи отвора кои овозможуваат проток на дневна светлина во внатрешноста на куќата.

Во еден брзорастечки и понекогаш хаотичен град, чие население сега изнесува 9 милиони жители, оваа мала урбана оаза може да понуди вистински мир и спокој во рамки на своите живи ѕидови.

Фотографиите се на Хиројуки Оки.

Извор: twistedsifter.com

Слични содржини

Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Екологија
Јавни простори

ОкоБоли главаВицФото