1017 hPa
81 %

7 °C
Скопје - Саб, 15.02.2025 08:59
Америка е првиот недовршен роман на Франц Кафка, објавен постхумно во 1927 година. Романот ги опишува чудните талкања во САД на седумнаесетгодишниот иселеник од Европа, Карл Росман, присилен да замине во Њујорк по скандалот предизвикан од љубовната врска со една слугинка. Насловот Америка го дал неговиот пријател Макс Брод, кој го составил и објавил ракописот. Америка е поотворено духовита и малку пореалистична книга на Кафка, но во неа се опфатени истите мотиви поврзани со насилниот и недофатлив систем што човекот постојано го поставува во апсурдни ситуации, додека тој мора да ја брани својата невиност пред далечните и таинствени фигури на авторитетот.
Франц Кафка (1883-1924) е автор кој со своето влијание во современата култура стана една од клучните фигури преку чие исчитување се рефлектираа доминантните идеологии на векот, од егзистенцијализмот, преку анархизмот и фројдизмот до феминизмот и постмарксизмот. На почетокот неговото творештво се согледува низ стереотипите за мрачната и осамена писателска фигура која создава под притисок на болката и на страдањето, за подоцна да се истакнува хумористичниот, субверзивен и игрив аспект на неговите прози. Кафка е преокупиран со „загадувањето“ на реалноста со вирусот на чудното и несфатливото, постојано обидувајќи се да го наруши вообичаениот начин на перцепција и така да се спротивстави на воспоставениот поредок и разбирливоста на светот.
Извадок од романот можете да прочитате на следниов линк.
Што бара Спок на корица на
Испратено на 31 јануари 2012 од IiiIШто бара Спок на корица на книга од Кафка... Не ми е јасно.