Колажи од Greg Gossel

02.02.2012 16:19
Greg Gossel

Грег Госел е визуелен уметник кој преработува слики од поп културата, почнувајќи од викенд романите, преку стриповите па се до иконите на 20от век, притоа не заборавајќи да употреби и политички референци.

Во рамките на современиот контекст, тој користи и задебелени букви, геометриски и типографски елементи. Госел ги истражува различните медиуми, експериментира со нив, истовремено играјќи си со боите и начините на печатење. Грег објаснува дека „процесот на создавање на ново дело се состои во постојаното создавање на нови елементи, градење на површината, создавање на посебна историја во секое парче, додавајќи нови елементи, сликајќи нови и надоградувајќи ги нив на старите.“

Роден е во 1982 година во западен Висконсин, САД. Има искуство со работа на дизајн, па не е чудо што неговите дела се експресивна игра на многу различни зборови, слики и гестови. Неговите дела се изложувани низ САД, но и пошироко.

Повеќе за работата на Грег Госел погледнете на неговата официјална веб страна.

Извор: escapeintolife.com

ОкоБоли главаВицФото