1026 hPa
87 %
5 °C
Скопје - Вто, 12.11.2024 00:58
Кога на некого ќе му дојде редот дури на крајот да каже нешто за сето она што беше тема на неделата што измина, освен што е последен ризикува да биде и здодевен, повторувајќи нешта што веќе се кажани. Велам последен, зашто помислив дека со доделувањето свечени дипломи за ракометарите, од страна на еден приватен универзитет, кој е во сопственост на еден октишанец, се затвора маѓепсаниот круг од немили акции и реакции. Кога, ете, се случи најнеоправданиот чин – обидот да се запали една црква во Лабуниште!
Така како што се одвиваат настаните, ние никогаш не знаеме каде почнуваат и каде завршуваат работите и, поради тоа, вреди да се повтори она што сите го знаеме и на што при вакви немили настани везден се потсетуваме – дека меѓуетничките односи и кохезијата на нацијата, во целина, се нешта кои треба постојано да ги негуваме и да ги пазиме. Но и тоа дека некои работи се толку сериозни, што за нив дури не важи и синтагмата – ѓаволот ја однел шегата. Имено, религијата, семејството, животот и смртта се четирите работи со кои воопшто нема шега, па следствено на тоа, нема ни што да однесе ѓаволот!
И сега, како и секогаш, не е проблемот само тоа што има инциденти, појави и луѓе кои го нарушуваат мирот, туку многу поголем проблем е што институциите и политичарите го немаат предвид овој принцип. Имено, сега, ние за првпат имавме случај кога премиерот и неговиот заменик имаа речиси идентични изјави. Мерено според принципот на функционалност, тоа е успех. Но, поразително е дека тоа беа изрази на немоќ и повлекување од одговорноста: и двајцата, во истоветна изјава, рекоа дека не виделе и не слушнале за погрешната песна во навивањето. А ние, граѓаните, токму нив ги плаќаме, да ни бидат уши и очи, затоа што глави за да разбереме што се случува и за да се разбереме меѓу себе, фала Богу, имаме и самите.
Бегајќи од повторување на веќе кажани нешта, мислам дека има простор за две објаснувања. Првото е за состојбата на Албанците во Македонија и второто е моментот и тајмингот на сите овие скорешни настани.
Албанците од Македонија се под секое дозволиво ниво на политичка претставеност. Тоа, ете, е нешто што се мери и со анкетите, во кои најнезадоволни од нивните пратеници се токму избирачите од шестата изборна единица, но може да се потврди и со излезеноста на последните избори во општина Сарај. Затоа имаме ситуации политичарите да трчаат по иницијативите на народот, како што е случајот со протестите во Струга. Но, гледано според консеквенциите од тие протести, градоначалникот Мерко е политички херој, а не анти-херој на овие случувања. Само да замислиме како ќе изгледаше ситуацијата во случај ни него да го немаше таму – кој со кого ќе зборуваше? Оваа политичка непретставеност на Албанците, во принцип, е албанска работа и е нешто кое Албанците треба самите да си го средат. Притоа, треба да се внимава на контра-ефектот што го предизвикува мешањето од другите, како последното испитување од страна на Антонио Милошоски, колку градоначалникот на Струга бил вистински муслиман. Милошоски, во стил на некој ајатолах, за кого веројатно дознал во времето кога министеруваше и си играше дипломатија со Сирија, се потсмева колку Мерко бил верник. Нема никаква полза од тоа, освен ако со вакво нешто не сакал да му се умилкува на некој муфтија од Пласница, па тој да му издаде фатва, за некако да ја легитимира веќе купената општинска зграда!
Недоволната политичка застапеност на овдешните Албанци ги засега и меѓународната заедница и комшиите со кои живеаат Албанците во Македонија. Пред сè, тоа е работа која многу ги засега и се одразува на функционирањето на институциите на државата. Ваквата состојба, комбинирана со ставот на одредени лица во институциите, по принципот „што е мое е мое, но и што е наше е мое“ (како претседателот Иванов, кој не најде за сходно на време да се огради од навредите и пцостите), може да произведе уште подалекусежни последици. Тој и други политичари, среде Македонија, се занимаваат со други работи, какви што се Косово и Србија!
При што, вреди да се забележи дека најеклатантен чин беше приемот на Милорад Додик, од страна на државниот врв. Беше тоа еден прекрасен автогол, за конзистентноста на нашата политика во регионот. Чин кој не може да се оправда дури и во случај, за возврат, Србите да ни ја подариле некако победата над нив во ракомет. Ако Додик дошол во верска посета, тогаш требало да се сретне со МПЦ, за да среди некој верски проблем со СПЦ. А ако, пак, дошол политички, тогаш требаше да се сретне со Хисни Шаќири, па да си разменат концепти за федерализам и за други слични политички теми.
Кога ќе пресметаме колку албанските политичари милуваат да се занимаваат со косовски теми и колку овие, македонскиве, сакаат да ѝ угодат на Србија, сè ми се чини дека кога ние, граѓаните, би ги оставиле на раат, тие би го решиле веднаш и спорот за името, нарекувајќи ни ја земјата – Република Метохија! Имено, Косово сега преговара да се откаже од референцата Република, а Србија многу сака да се спомене и Метохија, па ете, Република Метохија би бил соодветен комромис, со кој овие, ете, би им се замилеле поприлично и на Косовците и на Србите!
Другото објаснување е за тајмингот на настаните, кои, генерално, се совпаѓаат со сè поизвесниот момент на блокирање на евро-атлантските интеграции, но и со некои локални моменти. Имено, клетата песна, карневалот и реакцијата за него, сменувањето на имињата на училиштата во Чаир, но и внатремакедонскиот проблем кој се појави со сменувањето на имињата на улиците во Велес и во Битола, се комбинираа со гневот за поскапување на бензинот, струјата и немањето вода во Прилеп и во Тетово. Сево ова се случува кога државата, без перде и срам, брише социјалци од списокот и ни вели дека претходниот месец рекордно го пополнила буџетот со казни и изречени глоби кон своите граѓани!
Во такви денови, едноставно, станува преопасно на некој и да му кажеш, или тој да ти каже: Ти на мене, Цуцо! Оти, после тоа некој навистина може да стаса до Солунско Поле и до Пирин Планина, премиерот во Турција, а заменикот му – во Швајцарија. Првиот, цели шест дена, веројатно преговара со Полат, за негативниот лик во таа серија, Искендер, некако повеќе да заличи на Бранко Црвенковски, а не на некој негов братучед. А заменикот му, во Швајцарија, да се распраша на лице место, дали Карла Дел Понте почнала да се занимава со адвокатура, па да го застапува кога тоа ќе му биде потребно!
Сите овие можат да стасаат на овие дестинации, но бегајќи! Ние другите, ниту идеме, ниту бегаме, си остануваме тука. Одамна сме тука, заедно. Патем речено: кој не лаже и не краде, ниту сам рекол, ниту пак некој нему му кажал – ти на мене, Цуцо!
Извор: Фокус, 02.02.12
Илустрации: Андре Мека
Најдобрата одбрана е
Испратено на 13 февруари 2012 од обичен граѓанин на МакедонијаНајдобрата одбрана е нападот,или во случајот на авторот.Најдобриот напад е уште пожестока офанзива? За да се воспотави некој баланс со националноста на авторот,со минијатрурна активација на моите постоечки интелектуални особини,еве еден краток дел само.Со кое право,шиптарите врз себе го преземаат товарот на одбраната на исламот,кога баш и не се раководат по религиозните правила.Ако веќе треба некој да се бунтува прв,мислам дека би била турската,инаку лојална националност.Но,шиптарскиот колумнист ја поставува својата националност како вехабистичка авангарда.Го прашувам авторот,каде уште треба да се постават шиптарски кадри и некадри,за да ја покажат својата непоссобност и нестручност? И чекај,а ова се правила по кои треба да се раководат Македонците,за да биде задоволена шиптарската 15% националност? Дојденци од протекторатот косово и метохија,или од државата на бункерите ли ќе ми ја кројат земјата? Ти,автору,можеш само да мечтаеш,и само во ваков тип на портал да се кулминираш.
You've catpuerd this
Испратено на 23 февруари 2012 од DoremiYou've catpuerd this perfectly. Thanks for taking the time!