Најголемите коти на светот

03.02.2012 12:14
Најголемата кота на светот

Архитектурата на модерната, кога не се наоѓа во процес на санација и заштита, често е сосем занемарена или оставена некаде на маргините.

Нејзината важност, во контекст на маркирање на поединечни згради како значајни градски локалитети, често е засенета од туристички „атрактивните“ и популарни дестинации.

За да не се случи истото сценарио со една од ретките реализации на бразилскиот архитект Оскар Нимаер во Европа, зградата на Француската комунистичка партија во Париз, се потрудија младите архитекти од француското студио FREAKS freearchitects.

Со цел да ѝ се укаже на јавноста за значењето на оваа зграда и генералната перцепција на извонредните архитектонски достигнувања, архитектите, во соработка со Националното биро за архитектура, на самата зграда поставија голема инсталација, како налепница преку целата фасада во хоризонталниот брановиден дел од комплексот.


Станува збор за предимензионирана црвена кота, која во архитектонските нацрти се користи за да се одредат димензиите на поединечни елементи. Во овој случај, големата црвена стреличка прецизно ги котира висината и ширината на брановитиот стаклен елемент, зградата на Нимаер.
Прецизното мерење на зградата, работа која во АутоКат би ја завршиле за минута со неколку клика со маусот, овде е практично спроведувана во текот на цел еден ден, а самиот чин на поставување предизвика интерес и позитивни реакции во јавноста.

Зградата на Француската комунистичка партија во Париз е изградена во седумдесеттите години на минатиот век, а освен Нимаер за нејзиниот изглед, поточно за стаклената фасада на која е аплицирана инсталацијата, е заслужен и францускиот архитект Jean Prouvé.


 Во продолжение погледнете го видеото од поставувањето.

Извор: pogledaj.to

Едно прашање до Окно, дали

Едно прашање до Окно, дали нешто планирате околу барокосувањето на Владата и на голем дел на други објекти коишто не се дел од првобитниот монструозен проект? Никаква најава за протести? Затоа што ми се чини дека владава наоѓа се` нови територии кадешто може да го практикува својот занает на извлекување општествени средства и нивно слевање во избрани приватни џебови. Како што ми се чини, ова нема намера да престане...

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото