Груевски како Јосип Броз Тито

03.02.2012 17:10
Груевски како Јосип Броз Тито

Изгледа донкихотски да се занимава човек со евроатлантските перспективи на Македонија. Стриктно журналистички, нема ништо ново значајно да се каже – ниту како анализа, а ниту како некоја провокација.

Какви се нашите шанси да влеземе во НАТО, односно, зошто и годинава нема да бидеме членки на алијансата и конечно, зошто и понатаму нема да добиеме датум за преговори со ЕУ, се теми што уште еднаш беа издувани на 5 јуни минатата година.

Платформата на Груевски со која Македонија бележи само порази, а тој продолжува да победува на изборите, сега, се чини, нема вистински противник. Јавноста, опозицијата и албанскиот политички фактор немаат ниту волја, а ниту и сила да ја ресетираат оваа тема. Зошто? Па, веројатно, тоа е така затоа што се свесни дека во политиката, добрите и конструктивни идеи не гарантираат ама баш никаков успех. Во Македонија – особено.

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, го повика Груевски да ја соопшти алтернативата ако не станеме членка на самитот на НАТО во Чикаго. Црвенковски не доби одговор, но алтернативата ние одамна ја живееме. Таа не само што се наѕира туку, по многу нешта, станува и функционална.

Сè додека принцови од Кент доаѓаат во Македонија, а Груевски заминува во Турција, една од најбрзо растечките економии во светот, но и вечниот кандидат за Европската унија, за да бара инвеститори, алтернативата е повеќе од извесна. Освен тоа, тука е и министерот Веле Самак, кој во даден момент е овластен да соопшти дека уште една голема светска компанија е подготвена да вложува во Македонија. По Јапонија и Сингапур, Турција станува државата од која најмногу очекуваме помош и инвестиции.

Пред повеќе од сто години, кога во Отоманското Царство станало јасно дека европските сили планираат да им го распарчат царството и да грабаат од териториите на „вечниот болен“, кога империјата требало конечно да се преобрази во национална држава и кога се заклучило дека западните искуства во времето на танзиматот, а и подоцна, направиле повеќе штета отколку полза, погледот се свртел кон Исток. Во Истанбул биле импресионирани од тогашното јапонско економско чудо. Младотурците сакале да учат од Јапонците. Но, на Турција ѝ требаа речиси 70 години за да го фати јапонскиот ритам во економијата. За разлика од пред сто години, Јапонија и Турција ги имаат веќе со децении Соединетите Американски Држави како стратегиски партнер и како спиритус мовенс на т.н. азиски модел. Тоа само докажува дека за нечија економија да тргне на добро и таа држава да се развива на сите полиња, прво треба – правилна политичка одлука. Без оглед дали е на Исток или на Запад. Или, треба да се избере вистинската страна.

Груевски, за разлика од младотурците, нема никогаш да соопшти дека за Македонија е алтернатива азискиот модел. Но, не тешко да се погоди дека нашиот премиер е вљубеник во овој модел и тоа не само од економски, туку и од политички причини.

Македонскиот премиер е во моментов среќен човек бидејќи мисли дека е активен во три правци. Барем номинално, работите така изгледаат. Македонија, прво, ја има Европа која посветено и упорно ќе нè подучува како се прават реформи и како се гради демократија. Второ, Американците ќе ни гарантираат безбедност. Трето, Азија ќе ни обезведува инвеститори. На Груевски му недостигаат успеси уште во Јужна Америка и во Африка за да се приближи до постигањата на Јосип Броз Тито, кој беше играч на пет континенти.

Сепак, кога се прават вакви алузии, мораат да се посочат и разликите. Јосип Броз Тито беше комунист или, поточно, диктатор, што би рекле историчарите и денешните вмровци, а Груевски се промовира како модерен десничар. Но тоа, според мене, не е најсуштественото, иако и за ова прашање можат да се водат некои интересни расправи. Во моментов, важно е да се напомене дека Тито не планирал да ја внесе СФРЈ во тогашната Европска заедница, а уште помалку во НАТО. Неговото лавирање беше олеснето само поради фактот што Запад во него гледаше „корисен вирус“ за комунистичката Европа, а СССР ја пропушти можноста да го столчи во 1948 година.

Сепак, оној што премногу лавира, на крајот колабира. Таква беше судбината на бивша Југославија, која ги прецени своите надворешнополитички перформанси, а ги потцени своите внатрешни слабости. Југославија плати висока цена поради политиката на неврзувањето, која, од сегашен аспект, се проценува како ирелевантна за развојот на меѓународните односи во шеесетитте и во седумесетитте години од минатиот век. Неврзувањето де факто е погребано, но идеите се секогаш потрајни од реалните нешта. Духот на неврзувањето, на пример, беше искористено во времето кога Југославија се најде пред распад за да не сфати дека на европските држави им треба поврзување. Сите поранешни комунистички држави правилно разбраа дека шансата е всушност во врзувањето. И така направија. Сите посткомунистички земји извлекоа придобивки што ја врзаа својата иднина за проектот на обединета Европа. Македонија е редок случај на држава која не сфаќа дека многу доцни и многу губи што не го сфаќа значењето на поврзувањето.

Кај огромен дел од Македонците се јави чувството дека сме осудени на лавирања, со големи изгледи дека политиката на шалтање е нашата иднина. Луѓето кои се помирија со ваквите расположенија, се жртви по две основи: прво, тие робуваат на сопствените незнаења и на сопствените митски слики за тоа како функционира светот и, второ, тие и понатаму ѝ веруваат на оваа владејачка елита која има погубна стратегија за сегашноста и за иднината на Македонија.

Во Србија, на пример, многу експерти за меѓународно право и за надворешна политика сè уште ја одржуваат илузијата дека е најдобро да се води политика на активна неутралност. Кај нас, тоа се прави поперфидно – ние веќе имаме доктрина за изнудена неутралност или, поточно, за статус кој, едноставно, може да се опише вака: ние сме Запад, ама ни фали членска книшка. Такви екслузивитети не поминуваа и во времето на неврзувањето, а камоли денес. Значи, гледано реално, ова не може да трае долго и овој статус крие многу ризици за Македонија.

Банално е да се повторува дека надворешната и внатрешната политика се во корелација. Бидејќи сме европска држава, за нас важи уште една банална вистина – немаме право да кикснеме и на двата плана. А ние го правиме спротивното. И, уште размислуваме за алтернативи, што во основа сугерира нешто позитивно, демек, ако не успее планот А, ќе преминеме на планот Б.

Но, постои и еден друг поглед на нештата, што на вмровците ќе им изгледа нихилистички или малодушно. Македонија, реално, нема план Б. Ниту може да го има. Но, затоа постои ризик А и ризик Б.

Накусо, ризикот А може да се нарече сиромаштијата, а ризикот Б се лошите меѓуетнички односи. Груевски замина во Турција заради ризикот А, односно за да обезбеди пари со кои ќе се решава сиромаштијата. Но, на Груевски ќе му беше попаметно да си останеше во Скопје, со оглед на тоа што се јави ризикот Б. Од 2004 година, меѓуетничките односи не покажале такво галопирачко влошување како што е тоа случајот сега. Во 2004 година, Груевски беше во опозиција, сега е на власт. И во двата случаи, тој, односно, идеологијата и политиките што ги води, беше клучниот фактор за радикализацијата.

Дали сегашната радикализација е резултат на несреќни околности што ги симболизираат нашите слабости и како општество и како држава (провокациите во Вевчани и срамното навредување на Албанците во Ниш) или, пак, во прашање е коалициски договор – ВМРО-ДПМНЕ да провоцира, а ДУИ жестоко да реагира за којзнае по кој пат да се дефокусираме од вистинските проблеми, сепак, суштествено е тоа што здрава мултиетничка држава не се гради врз националистички платформи.

Груевски замина во Турција бидејќи е убеден дека ваквите ситуации му одат во прилог. Кога национализмот ескалира, нормално, расте и рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ. Но, како и за многу други работи, паѓа рејтингот на Македонија. И, наместо ваквите инциденти да нè подучат колку сме поранливи што не сме во НАТО и во ЕУ и какви ризици објективно постојат за оваа држава, ќе бидеме сведоци на нови хомогенизации и на нови збивања на редовите во националниот кампус.

Како нација ќе бегаме од темата за ризиците, а ризичниот фактор број 1 ќе ни ја води државата.

Извор: globusmagazin.com.mk

 

здраво окно .... еве да ви

здраво окно .... еве да ви оставам еден коментар пошто сте невидена тапа.... иако сум тиква пијан ама сеуште не ми јасно како може секоја колумна да се однесува на груевски...што зарем целата кривица ја префрлувате на една личност, зашто ниту една колумна не е против опозицијата ???? ама ете вие не смеете да пишувате против нив пошто сте испрани памфлети и платеници за да пишувате против власта и да ширите тензии низ населението ... дај ајде застанете на страната на народот - напишете пар колумни и текстови против работата на опозоцијата се разбира доколу сте реални .... а само изјаувате дека не се пупите пред никого ама вашиве ставови не го докажуваат тоа .... и поздрав до сите никови антигруевист и антифашист кои сметам дека зад нив се крие ликот на коља да не трескаат глупости бидејќи не сум настроен кон ниедна партија него само сум реален (пички смрдливи испрани мозоци).... и се разбира понатаму нема ни да ги читам ни вашите текстови пошто сте толку проѕирни а се надевам и останатата популација ќе го стори истото, бидејќи освен сопствените интереси ве заболе за дражавава и простата испрана маса која не е способна за самостојно размислување (како дел од наведените никови погоре) кои утре први ќе ги исплукате .... сакате избришете го постов ама размислете во кој правец ја терате вашата политика - кога пред неколку месеци еден текст имаше и по 50 коментари а сега одвај 5 WTF - епа тоа е почитувани одговорни уредници на окно тоест гелевски значи неможе да ги критикувате постојано постапките на власта а да не го критикувате залагањето тоест незалагањето на опозицијата (сепак и обичниот граѓанин има барем грам памет и е свесен што всушност се случува и на што се темели вашата политика)... фала чао и се разбира поздравете го вашиот главен финансиер и секако додека има овци ќе има и волна ....

Посетата на Окно ни расте

Посетата на Окно ни расте постојано, а особено последниов период кога почнавме да ги работиме и викендите. Бројот на коментарите нема врска со посетеноста, барем не кај нас.

Што се однесува до подеднаквата критика на власта и опозицијата: тоа е ноторна глупост измислена во подлата пропагандна лабораторија на единствената партија (велам единствената зашто тие сметаат дека сите други, освен нив, се непријатели на Македонија). Значи, власта мора да се критикува. Тоа е првенствена работа на јавноста, на опозицијата, на граѓанскиот сектор. Ако власта не се критикува или ако јавноста „рамномерно“ ја распределува критиката и кон власта и кон опозицијата, тогаш тука нешто длабоко не е во ред. Затоа Македонија и тоне, драматично, на индексите за демократија и слободен говор. Впрочем, Никола Груевски со Фамилијата за овие 6 години потроши околу 15 милијарди евра наши сданочни пари. Да ја критикувам опозицијата за трошењето на Груевски?!

Батка, ваквата твоја просто фрапантна граѓанска и политичка глупост (додуше, на картата на вашата глупост центарот за контаминации игра мшне успешно, просто - ве прокљувил, ви ги пребројал молекулите у глаа) може да се оправда само ако си а) малолетен, б) пијан. Со оглед дека се произнесе ко пијан, простено ти е.

ОкоБоли главаВицФото