Доба на периките

07.02.2012 12:59
Доба на периките

„Барокот“ на груевизмот ме потсетува на една интересна мода од времето на вистинскиот барок: носењето перики. Се чини дека модата започнала некаде околу 1650 година. Еден хроничар од тоа време оставил запис во кој го изнел својот страв дека влакното во периките можеби потекнува од жртви на чумата. Но, сепак храбро продолжил да ја носи својата перика – анегдота што доволно зборува за моќта на модата.

Низа пати сум констатирал – градбите на груевизмот се маски, фасади, Потемкинови села кои служат да создадат пропаганден и политички ефект. Тие немаат никаква врска со длабочината и „тродимензионалноста“ (комплексноста) на стварната уметност и архитектура. Градбите на груевизмот се евтини и декоративни. Затоа велам дека повеќе потсетуваат на перики и вештачки младежи (mouches), отколку на вистинските барокни ремек-дела на Бернини или Караваџо.

Пред да преминам кон објаснувањето на споредбата меѓу „Скопје 2014“ и модата на носење перики, уште еден интересен историски детаљ: во 1648 во Европа е прифатен закон кој на секој владател му давал право својот посебен облик на вера да им го наметне на сите поданици, не осврнувајќи се на желбата на мнозинството. Во тоа време Европа била поделена на безброј мали кнежевства од кои секое имало своја вера и било жесток непријател на сите свои соседи.

Англичаните имаат еден интересен израз за моќник и буџован - bigwig, голема перика. Откако, значи, нашата „голема перика“, газдата на темниот вилает изгубен во времето, Никола Груевски, ни ја наметна на сите сопствената вера во лажната антика и кичот, редно беше врз главата на престолнината (така е тоа во барокот, јаки се симболите и гестовите) да се стави – перика. Тоа е „Скопје 2014“, барокна влакнеста прекривка врз градот. (Еден комедиограф од 17 век зборува за мајстор за перики кој се фалел со перика толку долга и богата со влакна што можела да „послужи истовремено и како шешир и како наметка за сите временски прилики“.)

Но, треба да се напомене: сите перики од времето на барокот предизвикувале чешање, биле непријатни и претопли за носење, особено лете. За периките да бидат поподносливи, многумина мажи си ја бричеле главата. Тоа било мошне чудна ситуација, вели Бил Брајсон во книгата „Дома; кратка историја на приватниот живот“. Цел век и половина мажите се ослободувале од сопствената коса, која им била совршено пријатна, за наместо тоа главата да ја прекриваат со нешто туѓо и неугодно. Брајсон вели дека многу често се случувало периките на муштериите да бидат направени од нивната сопствена коса. А оние кои немале пари за перика се обидувале да направат фризура што ќе потсетува на перика.

Периките барале многу одржување. Приближно еднаш неделно морале да се праќаат на повторно виткање со помош на загреани валјаци, а можеби и на печење во рерна, процес кој бил познат под името флуксирање. Некаде околу 1700 година, според Брајсон, во мода влегло врз главата да се става вистински смет од бел пудер. Главниот прашкаст агенс било обичното брашно. Кога во седумдесеттите години на 18 век приносите на жито во Франција потфрлиле, насекаде дошло до нереди бидејќи прегладнетите луѓе сфатиле дека сè помалите резерви брашно не се користат за правење леб, туку се користат за пудерирање на повластените глави на благородниците. Кон крајот на 18 век пудрата за коса обично се боела (посебно популарни биле сината и розевата боја), а ѝ се додавал и мирис.

Женските перики во тоа „барокно време“ исто така станале спектакуларни, буквално издигнувајќи се на повисоко ниво, подигнувајќи ја косата на жиченото скеле познато под името палисада или комода. Со мешањето на замастена волна и коњско влакно со сопствената коса, жените успевале да постигнат навистина монументални висини, коментира Брајсон. Женските перики понекогаш се искачувале дури и до осумдесет сантиметри, така што нивната просечна корисничка достигнувала висина од два метри и дваесет сантиметри. Кога жените патувале често морале да седат на подот на кочијата или да се возат наведнати низ прозорецот. Биле забележани и смртни случаи кога женската фризура се запалила при чешнувањето од лустер со свеќи.

Во истото време во мода влегле и вештачките младежи, познати под името mouches. На врвот на таа мода луѓето толку претерувале со многубројните „мушови“ што на крајот изгледале како да се прекриени со муви. Во осумдесеттите години на 18 век во мода влегло и носењето лажни веѓи од глувчешка кожа.

Да заклучам: „македонскиот барок“ во 21 век е рамен на носењето лажни веѓи од глувчешка кожа во 18 век.

***

За крај, еве уште една поучна „барокна“ анегдота за нашиот „Bigwig“ и за неговиот новопријавен слуга, Артан Груби, двајцата луѓе кои заедно со Паско Кузман на сите скопјани им го затворија паркот на Калето. Некаде околу 1730 година кралицата Каролина, претприемчивата жена на кралот Џорџ II, присвоила околу осумдесет хектари од лондонскиот Хајд парк како земјиште за Кензигтонската палата. Притоа од тамошните патеки посипани со лисје ги истерала граѓаните, но им дозволила тој дел од паркот да го посетуваат само во сабота, и тоа само во одреден дел од годината и под услов пристојно да изгледаат. Тоа самоволие на кралицата, се разбира, предизвикало широко незадоволство. Кралицата исто така си поиграла и со идејата да им го забрани на граѓаните пристапот и во целиот парк Сент Џејмс, па го запрашала својот премиер Роберт Волпол колку тоа би чинело. „Само една круна, мадам“, одговорил тој со изнасилена насмевка.

Разликата е во тоа што скопјани немаат гајле; ако новите другарчиња, Груевски и Груби, им ги заѕидаат вратите и прозорците на куќите, скопјани ќе почнат да влегуваат и излегуваат низ оџаците. Барем така вели една друга ориентална приказна.

Гелевски, би сакал да ти ја

Гелевски, би сакал да ти ја стегнам раката за ова!
Прекрасна паралела, секој збор на место...
Што би се рекло, одличен начин да се поттикне погледот кон иднината (а, богами, и сегашноста) низ призмата на минатото.
Браво.

Гелевски како ти е во Советот

Гелевски како ти е во Советот за култура на СДСМ? Капе некоја паричка или слабо?

Имаше еден детаљ што го

Имаше еден детаљ што го запомнив,

кога последните луѓе во македонија ќе чекаат да го гледаат феноменот на умирање, а природата нема да не чека да направиме нешто, ние останатите не се занимаваме со илузиите на живеење, така што поентата на илузијата е дека не смееме да живееме без неа, вие сте причината за ова пишување, уживаме во илузиите за ова време во кое овој експеримент со мозокот на простата маса е доволно инспиративен да биде запомнет како ништовно предградие на галаксијата, ќе измине како расположена комета која гори на границата бело џуџе; природата нема ни да примети дека не снемало, тоа е клучно; ако има некаква работа за која може да се подигнеме, тогаш има време како последен обид за празните скелети во вмро, правото копиле на заостаниот човек од македонија, со мртво тело, на пример мртво за да мислиме повисоко дали сме хумани и каква смрт ќе ни донесе можноста за братоистребување, алка која нема ни да биде битна за било која иднина. сеуште мислиме дека сме комбинација на сложени системи, но не сме ништо поразлични од бактерија или антилопа, едноставно ќе не нема, а другите видови нема воопшто да бидат исти како нас, за воопшто да се сетат или да не анализираат што тоа за курово здравје сме правеле.

Не се лажам, дека не сме вие,

но вашиот прост мозок е инспиративен како и реализицаијата која доаѓа од него која е како да седиш во даблдекер или корпа на жичара и ти текнува како се одеднаш ти е на место.

07, како ти е тебе во шупакот

07, како ти е тебе во шупакот на Пастирот...влашно, смрдливо?

Не би знаел, затоа што не сум

Не би знаел, затоа што не сум таму. А Гелевски е член на Советот за култура на СДСМ. Тоа е факт. нека негира ако не е така.

Па?! Член сум на Советот за

Па?! Член сум на Советот за култура на СДСМ, заедно со уште триесетина луѓе. И?! Што е тука проблематично? Тоа не е таен совет со невидливи луѓе... Или проблематично е се’ што не доаѓа од лабораторијата на единствената партија и „Драгиот Водач“?

Злото на груевизмот е толку големо што ми се чини дека е потребна прилично широка мобилизација за тоа зло да го оставиме зад нас. Оттаму и потребата на луѓето да се здружуваат во борбата против тоа зло. Со оглед дека власта перманентно, неуморно и бескрупулозно работи на уништување на какви било „гнезда на отпор“ (на какво било спротиставување на режимот) логично е и тоа граѓаните да се вртат кон единствената партија којашто - барем така изгледа во моментов - режимот нема моќ да ја „интегрира“ кон себе, т.е. кон единствената партија на Драгиот Водач.

Нема потреба од вознемирување

Нема потреба од вознемирување и докажување, почитуван Коља.
Човекот со иницијалите наместо име сакаше само да потенцира дека ти си во советот за КУЛТУРА, а ова што нашата влада го прави нема никаква врска со неа.
Впрочем, кога културата би била живо суштество со физички и ментални способности - би го сметала нашиов Не(баш)о-Барок за свој единствен Пекол.

Ништо не е проблематично што

Ништо не е проблематично што Коља е во фамозниот Совет, дури ништо и не е страшно - напротив, смешно е. Смешно е тоа што тој Совет го критикува Мин. за култура дека поддржува анонимуси, а при тоа на конкурсот што го критикува претседателот на истиот тој Совет добива 4 книги. На него ли мислат членовите на Советот кога велат дека се поддржуваат „анонимуси и некомпетентни“? Или пак Гелевски, како поранешен шеф на истиот претседател на Советот (познатиот менаџер во културата Алаѓозовски), можеби е љубоморен зашто Темплум доби само две книги? И сега полека мора да се навикнува малку и тој да му биде потчинет на Алаѓозовски. Хе, хе, жива забава е да им се фаќа сеир на неинвентивни соросиди. Ај еден ден може и Ваце ќе го турат за претседател на Советот за култура, па Коља ќе му биде послушник и него... Како што реков - смешки.

dobar.

dobar.

ауууууу толку од независното

ауууууу толку од независното мислење и неопределеноста за ниедна од двете партии. Си одбра ти , пријателе, и сега немора повеќе да се трудиш да ни објаснуваш дека се што пишуваш е само твое мислење. Сега ја имаш идеологијата на Бранко и СДСМ и функционираш само по таа филозофија. Смешен си:):) ама барем ќе дотераш до некое малo функцииче:)

текстов наликува како да го

текстов наликува како да го напишал среднист

argumentiraj, majmune. i za

argumentiraj, majmune. i za tvojot komentar nekoj moze da kaze deka nalikuva kako da go napisal nekoj so IQ 20. ama za toa tvrdenje da ima nekakva smisla treba da argumentira.

Одлична паралела. Би требало

Одлична паралела.
Би требало да се сопре силувањето на "Владата", да се обели образ, закаснето но сепак симболично да му се покаже дека не е семоќен. Во спротивно и не' заслужуваме подобро.
Исто така, наш проблем е што не постои Роберт Волпол во контра револуционерната инсталација кој би имал муда да му се спротистави на лудите идеи. Советниците се тркаaт кој подлабоко да му се упика.

Меѓутоа би сака да укажам на еден друг феномен од СК 2014, и тоа е едниствениот вредносен елемент на целиот проект.
ЕДУКАТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СК 2014 не може да се негира!!
Па тоа е еклатантен пример за КАКО НЕ ТРЕБА во архитектурата, урбанизмот, естетиката и што уште не! Жив пример како архитектурата може да уништи естетски и функционално еден град. Овде може да се прават паралели пред и после и да се набљудуваaт ефектите од лудоста во реално време. Најдобро се учи од негативни примери, (кои благодарение на ДПМЕН) Скопје ги има во изобилство. СК 2014 е залтен рудник за магистeрски и докторски тези. Треба да се промовира како експеримент и да се поканат од цел свет заинтересирани научни работниц. Замислете само колкав ефект ќе има врз туризмот. Полни хотели и барови. Редовни тури за студентите по архитектура и урбанистичко планирање од сите универзитети во ЕУ. Тоа е единствената вредност на СК 2014 и редно е скопјани да видат и некој бенефит од преродбата.

Не треба парички да капат од

Не треба парички да капат од никаде за човек да оцени дека естетската димензија на Скопје 2014 е нула. Кичот е прецизно дефиниран феномен. На крајот, кој им плаќа на странските естети да го гледаат Скопје 2014 како врв на кичот и лошиот вкус? Лудвиг Гиц можеби?

гелевски знае да биде добар,

гелевски знае да биде добар, но текстов му е слаб, со слаби аргументи. скопје 2014 е лош, скап и непотребен проект, и тоа го знаат повеќето што доаѓаат на сајтов. она што противниците на овој чудовишен проект треба упорно да го прават е постојано да наведуваат силни аргументи за јавноста да сфати дека станува збор за нешто лошо. со вакви споредби не се постигнува тоа, барем според мене.

Nie nezavisnite koi ne

Nie nezavisnite koi ne pripagjame na nitu edna opcija sme vdzasheni od toa sto se sluchuva so nashata zemja, megjutoa uste povekje ne vdzashuva faktot deka imame opozicija koja ne e sposobna da i kontrira na vlasta i na nitu eden nachin da pokaze deka ima svetlo na krajot na tunelot!

Види ги патриотиве колку се

Види ги патриотиве колку се јаки со аргументите!Просто да не веруваш од каде толкаво знаење,начитаност,визија.Клумната на авторот перфектна,ама,да ти бил тој член на совет за култура во СДСМ,голема работа.А, и што друго да се коментира кога пастирот нивни,два збора не знае да поврзе(ова-она,ваму-таму,лево-десно),да се мислиш дали премиер зборува или продавач на тезга во Шутка.
2014 од Скопје направи крастава жаба,која пак ја крева ногата да ја потковаат како Лепицанер.
Не треба авторот да се оправдува за тоа дали е или не е член на некаков си совет,додека размислува со своја глава и пишува тоа што го мисли.
На крај кога народот ке тргне да си го бара своето, а Грујо и Мијалков ке си ја летнат од државата,нема да дојдат кај Гелевски,ке наплатат од ситните провокатори,впрочем некој ке мора да плати за сите срања што се направени.

Луѓе, во времето кога имавме

Луѓе, во времето кога имавме каква - таква сигурност и имавме топли домови загреани со тогаш прогресивниот начи на греење - парно, ги заѕидавме оџаците во нашите куќи и станови. Сега не само што го исклучуваме парното и немаме прогресирано кон пософистицираните средства за затоплување, туку немаме ни оџаци за да шмугнеме од груевизмот. ми личи ќе си изгниеме секој во својот микро свет.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото