Со мене во „Европа“ - ТЕШКО!

23.03.2009 11:30
Siledzii.preview.jpg

Просечен Македонец денес живее во состојба на еу-манијачење. Не можеш да протнеш реченица во медиум, а и у кафана веруј, без силувачката мантра - еу, еу, еу.

Тоа веќе не е перење на мозок туку ебавање у мозок. Да бе, не подјебавање туку јак секс. Ал тешко ни иде. Куфери спакувани, патека трасирана, а од ветената дестинација абер нема. И сеа чиниш во Африка сме па ќе спакуваме државата и пут под нозе кон Европа или од солунско пристаниште ќе фаќаме директна линија, ама не ќе да е така. Има, има една голема пречка.

Долго ме грижеше патриотската совест, па поучена од групите за помош и лекување кои ги среќавам низ америчките филмови, контам дека признанието е секогаш првиот чекор кон закрепнувањето. Мачно е, верувај, ама морам да барам прошка оти признавам:

Ќе ми дозволите една продуктивна дигресија која е повеќе од нужна во приказнава.

Како и секоја предавничка на европските интеграции имам куче кое, види богати, сере. И тоа во тревник. И го шетам (или олеснувам) јас една вечер низ блиските тревници. Се згрчува кучево во својата чудна поза и таман кога почна да ја „ѓубри тревата“ се појавува комшијата од зад грмушка. „Кому го остави ова?“ - ме прашува. Се смеам јас онака инфантилно и пробувам да го одминам. „Ало ма, со тебе ли ма у Европа ќе идеме?!“ - ми го плеска у фаца. „Па нели веќе се наоѓаме во Европа?“ - јебем ли га пробувам да вадам јак аргумент. „Ај ма доста“ беше сè што кажа. А комшијава фин човек. Сè дотогаш мислев дека е лекар, а тој ќе да е од тајната служба за евро-интеграции. Ај лапсус, дешава се.

Е арно ама една вечер по таа страшна случка џапаме пиво во   парк. После 19.00 часот. Колку неевропски, сега сфаќам. А уз пиво секогаш иде цигара. Допушувам, го фрлам пикавецот пред себе и ноншалантно го гмечам со потпетица. „50 евра цуро“, слушам. Другар ми ме укорува. Пак се кезам ама сфаќам оти ем немам намера европски да се однесувам, ем немам ебени 50 евра у џеб. А кај се оди у Европа без 50 евра?

И така, полека почнав да сфаќам кој тоа ги кочи стоте чекори кон Европа. Почна полека да ме фаќа страв и депресија. А низ разулавените скопски улици билборди никнуваат ко акни на адолесцент. Гледаш слики од пити кашкавал и неколку црева, секакви сувомеснати производи и над нив огромен натпис - вкус за Европа. Отворам весник и читам наслов - Кореец по европски вкус. Таман почнува мојата прљава машта да проработува, гледам новинарот пишувал за новиот модел на автомобил Киа. Пак читам нов изум низ скопските ресторани - храна на кинески начин со европски вкус. Е сеа скроз наебав. За неевропејките, само кинеско млеко со кинески квалитет и вкус. Сè бре европски квалитети, вкусови, европски закони, европски мерки, европски вредности, ама за господа, за фини луѓе. Не заслужува шуша ко мене да ја вкуси „европа“, ама не може ни цела држава, изгледа, заради сите шуши и сите предавници. А да, ќе заборавев, и Грци.

Абе, се знае како се стига до Европа. Фрлаш цигара низ ауто и одма донираш 50 евричиња (не се викаат попусто евра), олеснуваш животинче и бупете 100 евра, се пијанчиш ко сав нормален свет и европа по сабајлечки, глобиш питачи пак со 50 евра, сè живо што се ебава за 1000 денари го апсиш, деца од улица ги вдомуваш во полициска станица, плукаш или бесплатно во салвета или фраерски на улица ама вадиш евра, едно „оче наш“ на празник, заржуваш кон јужен сосед, се с’снуваш на комшија са севера и цепаш кон Европа. Абе се знае, ама некои ко мене изглеа тешко учат.

Видиш, јас ем немам евра за да маскирам варварски манири, ем не планирам да ги напуштам истите.

Ете така, драги сожители, ако ви се оди во Европа ќе мора или да ме ликвидирате, или да ме протерате од нашата држава. Зашто, и покрај сета корупција, сјебано судство, купени медиуми и новинари, недемократски избори, висок процент на невработеност, сиромаштија, крахирано здравство, случаи на полициска тортура, политички опции ала рканка или шлајм - во Европа никако, ама апсолутно никако не се стига заради мојот отпушок. А да, ќе заборавев, и заради Грците.

 

Слични содржини

Ирена Цветковиќ
Ирена Цветковиќ
Ирена Цветковиќ
Ирена Цветковиќ

ОкоБоли главаВицФото