Гру-гру коалицијата одново создава непријатели

08.02.2012 12:59
Гру-гру алицијата одново создава непријатели

Реакција на Плоштад Слобода

Почитувани,

во некои медиуми изминативе денови се појавија прилози и написи кои го оцрнуваат работењето на нашата организација и го поврзуваат со некакви сценарија за предизвикување на етнички кризи, соработки со политички партии и етничка нетрпеливост. Затоа, би сакале да го објавите овој демант за поцелосно информирање на вашата публика.

Плоштад Слобода не е формирана на иницијатива на ниедна политичка партија. Нашите активности не се диригирани од ниедна друга страна и се водени исклучиво од идеите на нашите членови. Нашата соработка со „Разбуди се“ и Артан Груби започна и заврши со еден нереализиран протест веднаш по обелоденувањето на протестот Скопје 2014. Планираниот заеднички протест со „Разбуди се“ од наша страна беше откажан токму поради опасноста протестот да ескалира во насилство. Значи, иронијата е што ние го одложивме протестот во име на избегнување на насилството, а сега фрлачите на бензин нè набедуваат дека сме потпалувачи на истото. Впрочем, исправноста на нашата одлука ја потврдија и инцидентите кои подоцна се случија на скопското Кале во кои токму Артан Груби и неистомислениците од другата страна решија насилно да е пресметаат.

Нашата организација е мултиетничка и промовира разбирање и толеранција. Сите наши активности се во насока на промоција на овие вредности. Плоштад Слобода никогаш не би учествувала во насилни протести и предизвикување нетрпеливост меѓу граѓаните.

Изјавата на Артан Груби на настапот на МТВ е во најмала смисла нејасна и остава простор на медиумските кујни да конструираат измислици кои Груби не ги кажал. Затоа, во името на вистината, бараме од него да се дообјасни и да ја расветли нашата улога во проектот Скопје 2014 и да ни помогне да се дистанцираме од партиските етикети што доаѓаат како резултат на неговите зборови. Нашите тогашни (но и сегашни) активности не се поврзани со СДСМ. Се надеваме дека и тогашните активности на „Разбуди се“ не биле поттикнувани од други политички партии.

Со ваквите хајки на режимот се криминализира секој граѓански активизам, а особено оној што е насочен против проектите на владата. Не е Плоштад Слобода оној кој политизира и злоупотребува, туку злогласниот тоталитарен режим на Груевски до криминал го политизира граѓанското право да се има став во однос на фараонскиот проект Скопје 2014.

За крај, би сакале да ја искажеме нашата разочараност од медиумите кои сиве овие денови пренесуваа клевети, ширеа дезинформации и конструкции во однос на нашата улога во Скопје 2014. Минимумот на нивната етичност претпоставува сослушување на другата страна. Нешто што тие не го направија во ниеден момент иако сериозноста на клеветите подразбира кривични дела, дела против Уставот на РМ и граѓаните.

Со почит,

Никола Наумоски
во името на Плоштад Слобода

Браво за младите! Браво за

Браво за младите! Браво за Ѓунер, Жарко Трајановски, Милчин, Гелевски, Фрчко, Грчев, Најчевска! Со ваква младина, Грујо не треба да се плаши за својата иднина!

Луѓето што ги спомнуваш,

Луѓето што ги спомнуваш, „Стојко“, излегоа јавно на протестот организиран од Плоштад Слобода и го поддржаа. Тоа, според мене, зборува за доблеста на тие луѓе, зашто граѓанскиот активизам и меѓусебната поддршка се речиси мртви во оваа земја. Плоштад Слобода е една од ретките организации која се обиде изминативе три години да ги артикулира, според мене, токму најблагородните аспекти на граѓанскиот активизам - грижата и одговорноста за заедницата.

Научени сте, „Стојко“, т.е. издресирани сте од партиските господари на земјава, дека не постои друга моќ освен партиската, и друга памет освен онаа на водачот. Ради тоа земјава ни е на вакво дереџе, зашто мнозинството, за жал, сеуште го сочинуваат слуги, поданици и хејтери кои го мразат активизмот затоа што им прави неред во цементираните глави.

Зашто, на пример, врховниот Гру може постојано да коалицира (па и многу повеќе од тоа, да го дели пленот, просто речено) со довчерашните терористи и разбојници, а секој обид да соработуваат македонско и албанско здружение токму од мегафоните на власта се дочекува на нож?! Еве, да речеме дека Плоштад Слобода соработувале со здружението на Груби (а не соработувале, ја прекинале потенцијалната соработка) - каков грев е тоа?! Особено зашто оној којшто тоа го прогласува за грев директно соработува и со водачот на учките и со малиот Гру! И сето тоа вие, јадната манипулирана толпа, „Стојко“ (баш ти е умот прикладен на името), го голтате и велите дека Гру-Гру се супер, а Плоштад Слобода се предавници и комуњари. Јака логика, стварно...

Ах, бидејќи сум удостоен со

Ах, бидејќи сум удостоен со одговор, морам да одговорам и јас. Значи, никаде не кажав дека Плоштад слобода се „комуњари и предавници“, туку само дека луѓето кои ги спомнувам баш и не се младина (еве и овде употребувам еуфемизам за да не навредувам). Да бидеме искрени, Гелевски, оние кои некогаш смениле нешто трчајќи по улици биле со малку понизок старосен просек. Мојата претпоставка, тргнувајќи од сопствениот пример, е дека бројноста (а со тоа и ефектот) на Плоштад слобода и на севкупниот „отпор“ е толку мала затоа што таму постојано се вртка истото импотентно друштво (повторно, епитетот е употребен без никаков непристоен поттекст). Да не беше такво, т.е. неспособно да смени нешто, овде работите уште одамна ќе беа поинакви, зашто досега имаше многу шанси. Вака, целата работа ми изгледа како пародија, како парада на неспособните - и затоа поентата на мојот прв коментар е дека во ваква ситуација Врховниот (како што го нарекуваш) нема зошто да се секира. Останува тука уште прашањето за мотивот на овие кои ништо не успеваат да сменат околу себе, а никако да им текне да се сменат себеси. Ти велиш дека тој мотив е „доблест“ и „најблагороден активизам“. Можеби е така, а можеби мотивот е и многу поедноставен и поприземен. Како и да е, знам дека оние кои се од другата страна на сето ова само фаќаат сеир и спијат удобно, знаејќи дека воопшто не се загрозени и дека нивната бара ништо нема да ја разбранува и замати.

Добро бе, Стојко, јас не

Добро бе, Стојко, јас не разбирам како па вас, кобајаги „неутралните, сеирџиите, третата страна“ итн., не ви се здосади целава „пародија“, ко што велиш?! Ако има нешто поодвратно од СДСМ&ВМРО изминативе 20 години, Стојко, тоа е токму твојов (а го делат мноооогу луѓе) мрчаторски став, суперглуп, суперинертен (според мене), кој токму за вјеки вјеков ја цементира целокупната општествена динамика на СДСМ&ВМРО. Луѓе ко тебе, Стојко, секој обид за каков било граѓански (па дури и само културен, уметнички) активизам го дочекувале на шпиц и го рогале (деложирале) во канта за ѓубре. Цело време. А најсмешно е што вие со вашите два молекула памет (тнр. „ум на Стојко“) заправо сте само аморфни сунѓери за пропагандата на СДСМ&ВМРО. Зашто ги мразиш Плоштад Слобода? Зашто штабот на Илија Димовски и Никола Груевски ти рекол така (а залакот, пред да го голтнеш, фино ти го соџвакале Латас, Јанко, Миленко итн., одговорните за дебилитот на нацијата, за уситнување на оброците за „стоката со ситни зуби“).

Значи, Стојко, не ја уништија само ВМРО&СДСМ која било идеја за нешто трето во оваа мрачна парохија, туку типците ко тебе! Во тоа, за жал, Стојко, сум наполно убеден. Твојата беда, бедата од доле, само ја менаџираат батките од СДСМ&ВМРО и ја канализираат вашата глупост, тупост, омраза и малограѓанштина. Океј, знам дека не сте криви (Ќостарова-Унковска има сјаен текст на насловна, баш за тоа, за изгубената генерација која просто нема примери, грижа, внимание), но билансот е тој.

Ете, јас пробав да се

Ете, јас пробав да се објаснувам со Гелевски, заборавајќи дека веднаш ќе почне да мери памет и да дава дијагнози. Не зборам за СДСМ&ВМРО, наведов имиња, за нив зборам, тие се пародијата и олицетворението на неспособноста. И супер е пародијава, Коља, забавно е, на истото ниво како Латас и Јанко. И за истите хонорари, горе-долу. И да, верувам дека ќе ги смените позициите еден ден... за дваесеттина години. Во меѓувреме, Коља, јас само се обидувам да најдам начин да преживеам нормално, и при тоа подеднакво ме трујат и СДСМ и ВМРО, заедно со нивните ударни бригади.
И, да, ќе заборавев. Нема што мене да ми кажува Илија Димовски. Јас му кажувам него.

Стојко, сеа више стварно не

Стојко, сеа више стварно не те разбирам! Кој е твојот проблем?! (освен стандардниот, „хонорарите“, ко што велиш; тешки времиња, јебига, светска криза, а и сефот на Малиот-Големиот почиња да трокира)

Во ист кош, значи, Стојко, ставаш цел куп имиња („Ѓунер, Жарко Трајановски, Милчин, Гелевски, Фрчко, Грчев, Најчевска“). Згора ти се мрски и Плоштад Слобода, не се знае зашто. И сите тие ти се симбол, за што?! За потрошеност? Компромитираност? За политичка инструментализација? Па, повеќето од тие луѓе (и самиот сум на списокот) се 20 години присутни на јавната сцена и издржале и сито и решето. Што би сакал ти, Стојко?! Да рипнеш во панталоните на Ѓунер Исмаил? Да го имаш „хонорарот“ на Владе Милчин? Да те прогласат преку ноќ за професор, за да им бидеш рамен на Грчев и Фрчкоски?! Што сакаш ти, Стојко?! Да ти се отелотворат пропагандните халуцинации на груевизмот, па анонимуси („стојковци“ и „кецароши“, ко што вели Најчевска) да се претворат во принцези и министри?! Тоа веќе се случува, Стојко, ако не си забележал. Така што, мој совет ти е, да идеш во најблискиот општински штаб и да каеш „Јас сум Стојко и ми прекурчија Ѓунер, Милчин, Фрчкоски итн. и би сакал да сум наместо нив. Башка сум пишуел активни и отворени коментари на непријателскиот портал Окно. Молим лепо.“ Ете, ти више си ја почнал својата кариера кон ѕвездите. Може и стварно не ти е толку глуп планот, ко што мене ми изглеаше во првиот момент?! Добра ти ноќ, Стојко!

те боли стојко плаќа сорос

те боли стојко плаќа сорос

Што да се каже ништо ново и

Што да се каже ништо ново и ништо чудно во нашиот јавен простор. Пазете друг пат со кого си имате работа, избегнувајте типови како Груби, иако секогаш може да ве етикетираат, вака им ја олеснувате работата на Латас&ко. Знам дека е лесно отпосле да се соли памет, ама навистина нема што друго да се каже.

овде глеам плоштад слобода,

овде глеам плоштад слобода, дотичен никола наумоски, а све смрди на здивот на гелевски

Слични содржини

Општество / Јавни Простори
Општество / Европа

ОкоБоли главаВицФото