Центарот се храни со десницата

09.02.2012 11:07
Центарот се храни со десницата

Подемот на глобалната неолиберална доктрина денес се огледува во неколку општопознати нешта. Пред сè, тој е обележан со доминација на финансискиот и банкарскиот сектор, потоа со либерализација на трговијата и дерегулација на пазарот, како и со истовремен напад на работничко-синдикалните права и јавни добра. За да се оствари неолиберална хегемонија и за полесно да се придобие скептичната јавност, како што обично се вели, за болните социјални и економски резови, беше потребно да се создаде нова идеолошка матрица која, за нашите потреби, ќе ја разделиме на два сектори.

Левиот дел од популацијата на неконзервативизмот му понуди иделогија на граѓанско општество како еден облик на необврзувачка општествена партиципација. Со тоа, помалку или повеќе, е постигнат консензус помеѓу политички припитоменото граѓанство и новата корпоративно-либерална држава. Резултатот беше тоа што досегот на акциите на заинтересираното граѓанство беа од социјално-каритативен и човеково-правен карактер, додека секој „дрзок“ обид за занимавање со политика се отстрануваше како непотребно преземање на ризик. За десниот дел од сомничавото граѓанство, неолибералната идеологија одлучи на маргините на политичкиот спектар да ги остави десно-екстремистичките идеи и акции за да произведе разни етно-сентименти (антитурски во Грција, антиунгарски во Романија и Словачка, антисловачки во Унгарија, антиромски во цела средна Европа итн.), со што исплашеното граѓанство го држат на потребен степен на галванизираност.

Висока власт, ниска страст

На тој начин се постигнуваат најмалку две цели. Првата е универзална деполитизација. Луѓето се држат или во страв од етнички и културно различните Други или во страв од наводно сеприсутниот десен радикализам со неговите јасни историски реминисценции. Кога е потребно, десничарскиот страв се надополнува со страв од „левичарски терор“, па нам, во склад со тероијата на еквидистанца, ни се подметнува можноста за враќање во „мрачниот 20 век“. Второ, политичкиот спектар на активни пратеници со тоа се стеснува само на оние кои дејствуваат околу центарот, што практично ја имобилизира политиката.

Како и да е, владата на бриселска Европа поединечно, како и Европската унија генерално, обилно се занимаваат со доктрината на доместикација на јавноста поради остварување на своите цели. Тоа го прават директно, постојано сервирајќи политички есктремизам кој потоа служи за контрола на можната појава на отпор, или индиректно, создавање атмосфера на страв со кој потоа се превентира секоја можна резистенција. Да речеме, минатата есен имавме афера која ни укажа на директното владино финансирање на десните радикали во Германија, со која беше откриено дека БНД (германската тајна полиција) своевремено со 200.000 германски марки ги финансирала акциите на неонацистичката НПД (Национално-демократска партија во Германија), кои како последица оставија десетици жртви.

Пример, пак, на индиректна соработка на високата власт и ниските страсти е подготовката на општа атмосфера внатре во ЕУ за делумно укинување на Шенгенот. Како што можеме да се присетиме, пролетта некои земји на ЕУ ги променија царинските и други гранични правила со цел да го спречат емиграцискиот бран од северна Африка. На истата антиемигрантска задача, градејќи ревносно непробојна Европска Тврдина, веќе со години работат бројни политички партии како Ле Пеновиот Национален фронт или Хајдеровата Слободарска партија, да ги споменеме само најпознатите. Во продолжение на текстот ги даваме прегледите на десничарските партии и групации во земјите на Европска унија, преглед од кој помалку или повеќе се гледаат јасните врски помеѓу радикалите и политичкиот центар.

Танц по гробови

Ултранационалистичкото австриско братство организираше бал за членовите на есктремната десница во царската палата Хофбур во Виена, на 27 јануари, токму кога светот го одбележуваше Денот на жртвите на холокаустот. Домаќин беше Хајнц-Кристијан Штрах, наследник на Јерг Хајдер и лидер на австриската Слободарска партија (FPÖ), која своите корења ги влече од пангерманското движење, чии високопозиционирани членови беа нацисти. Штрах и FPÖ на парламентарните избори во 2009 добија 17% од гласовите или 24 од вкупно 183 места во парламентот. Идеолошките ставови главно се насочени против емигрантите и муслиманите. Да илустрираме: повлекувајќи паралела помеѓу експлозијата на бомба во Осло и според него сеприсутниот исламистички терор, членот на партијата Вернер Конигсхофер (Werner Königshofer) злосторството на својот блог го нарече обично пометнување, а седумдесетте жртви на страшниот колеж во режија на Андерс Брејвик на островот Утоја од август 2011 го спореди со абортирани деца.

На „танцот по гробивите на Аушвиц“ во Виена се најде и Марина Ле Пен, претседателска кандидатка на ксенофобниот Француски Национален Фронт. Иако во меѓувреме ги негираше некои отворени ставови на нејзиниот татко Жан-Мари Ле Пен, познат по славното тврдење дека плинските комори се „историски детаљ“, таа и понатаму не се плаши да завземе некои анти-исламистички и анти-имигрантски ставови. На локалните избори во средината на февруари доби 15% од гласовите, со тврдењето дека прогресивната исламизација на земјата и растот на политичко-религиските барања го доведува до прашање опстанокот на цивилизацијата. Муслиманите кои се молат на француските улици ги спореди со нацистичката окупација.

Ако навлеземе во соседна Белгија, ќе ја пронајдеме партијата Vlaams Belang (Фламански интерес), наследничка на забранетиот расистички Фламански блок. Се залага за независност на Фландрија, еден од трите региони во Белгија, како и за забрана за доселување. Го прифаќа мултиетничкото општество само доколку оние кои не се од фламанско потекло се асимилираат во фламанската култура. На изборите во 2010 г партијата обезбеди 12 места во Белгискиот парламент со седум отсто гласови.

Во Холандија, Слободарската партија на Герт Вилдерс е трета по сила во парламентот: на изборите во 2010 освои повеќе од 15% од гласовите. Вилдерс стана икона на анти-исламистичкото движење, и се залага за основање на кампови за „џганот“, забрана на Куранот, ограничување на градењето џамии и казнување на оние кои носат бурка. Беше суден под обвинение дека поттикнува омраза кон муслиманите и за споредување на исламот со нацизмот.

Против Рим и Монти

„Слободна Паданија, Рим одеби“ на новиот премиер на Италија, Марио Монти, ова му го порача ултрадесничарот Умберто Боси, претседател на ксенофобичната партија Северна Лига за независнот на Паданија (Lega Nord), после острите мерки за штедење што ги спроведе Монти во износ од речиси 40 милијарди евра. Партијата која имаше три претставници во кабинетот на поранешниот премиер Берлускони еднострано во 1996 година прогласи независност на Паданија која, според Боси, треба да биде федерална единица на Италија на северот на земјата. Lega Nord е исклучиво настроена против странците и доселениците. После колежот во Норвешка, Марио Борхесио, претставник во параламентот од редовите на партијата, изјави дека „идеите на новиот масовен убиец Андре Брејвик се многу добри, а во некои случаи и сјајни“. По повод апсењето на генералот Ратко Младиќ, изјави дека за него тој не е воен злосторник туку патриот и дека тој процес е политичко насилство.

Евтиниот популизам со фашистички елементи во медитеранскиот појас наоѓаме и во Португалија, земја која минатата година го даде министерот за надворешни работи Пол Портасо, водачот на народната партија (CDS-PP). Партијата на изборите освои 24 места во парламентот, а во својата анти-имигрантска политика се залага за воведување на посебна програма за другите емигранти од поранешните португалски колонии во Африка, наводно поради склоноста на доселениците кон насилство. Партијата би вовела и задолжително пеење на државната химна во школите, би го зајакнала законот за абортуси и би ја намалила долната граница според која малолетниците можат да завршат во затвор.

Во соседната земја на Пиринејскиот полустров, Шпанија, на власт со освоени 45% од гласовите дојде Конзервативната народна партија, правен наследник на Франковата Фаланга, чиј основач Мануел Фрага беше министер за туризам во фашистичката влада на Франциско Франко. Иако „модерните“ шпански националисти се дистанцираат од Франковиот режим, набрзо ќе се види по кој пат „конзервативците“ ќе ја однесат Шпанија.

Орбановата национална револуција

Во Унгарија партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан и екстремно десничарската партија Јобик на изборите во 2010 заедно освоија повеќе од двотретинско мнозинство во парламетнтот, што доведе до промена на унгарскиот устав. Неофашистичкиот Јобик притоа освои 17% од гласовите, станувајќи трета партија во земјата. Тврди дека се бори против „ромските злосторства“ во селата со голема ромска популација. Нивната паравојска, Унгарската гарда, чии припадници носат црни униформи со амблеми на нацистички режим, се поврзуваат со неколку убиства на Роми. Партијата се залага за изолација на Ромите во логори, бидејќи овие наводно ја загрозувале безбедноста на граѓаните, а истовремено подбуцнува и против словачкото малцинство.

Екстремната десница во Бугарија се потпира на Националната партија Атак, на чии предизборни слогани може да се видат транспаренти со натписи „Осудување на Циганите во работни логори“ и „Бугарија на Бугарите“. Антиромски настроената Атак, под водство на Волен Сидеров, е четврта политичка сила во парламентот, која на изборите во 2009 освои 21 од 240 места во парламентот.

Траги од евтин популизам со антисемитистичка реторика до неодамна постоеја и на партиско ниво во Чешка, меѓутоа припадниците на ескремно десната Народна партија, која поради расизам, хомофобија и антисемитски ставови беше забранета во 2010, до пред укинувањето имаа три пратенички места. Соработуваше со британската Национална партија, чија политичка програма е атни-имиграциска и која е застапена во Европскиот параламент со два пратеника. Британските националисти се залагаат за депоратација на два милиони илегални емигранити како и оние чија националност не е британска.

Овој наш краток осврт кон десницата на Ервопа го продолжуваме со Вистинските Финци, партија која минатата година оствари најдобар изборен резултат: освои 39 параламентарни позиции со 19% гласови, што е за 15% повеќе од претходните избори. Евроскептиците стојат на тезата дека „Финската крава треба да се молзи во Финска“. Исто така, во билингвална Финска се спротиставуваат на употребата на шведскиот јазик за службени цели, а на европско тло се несолидарни со Грција и Португалија. Се залагаат за конзервативни семејни вредности, депортација на странците и имаат pro-life став кон абортусот. Со слични ставови се и соседните Шведски демократи, кои во националниот парламет се застапени со 20 застапници од вкупно 349 места.

Средноевропски фашизам

Нешто појужно, од екстремна позиција делува германската Национално-демократска партија, постојано на работ на забрана и моментално надвор од парламентот. Отворено го негира холокаустот, неариевските членови на германската фудбалска репрезентација, како Мезит Озил, ги нарекува „пластични Германци“ (Германци се само поради поседување лична карта). Партијата смета дека историските граници на Германија опфаќаат повеќе територии, односно бараат враќање на Германските граници од 1937 година.

Што се однесува до средноевропскиот фашизам, покрај веќе споменатата Унгарија ја наведуваме и Словачката национална партија, која беше и дел од коалицијата на демократската влада во претходниот мандат. И тогаш, пред неколку години, исто како и сега, словачките националисти ревносно ги негираат антиунгарските и антиромските сентименти, се противат на евроинтеграциите и се залагаат за рехабилитација на словачкиот свештеник, политичар и квинслинг Јозеф Тисо.

Романската десна сцена отсекогаш била силна. Денес ја застапува Големороманската партија, која во парламентот котираше добро до 2000 година, а претходно беше и во владата. Пример им е Жан-Мари Ле Пен. Инаку, младите романски десничари посебно ја почитуваат Корнелиовата Железна гарда, која беше активна пред Втората Светска Војна.

Што се однесува до Полска, таму дејствуваат многу екстремни партии и организации кои не успеваат да влезат во параламентот. Заеднични им се неколку работи: антисемитизмот, воздигнувањето на словенскиот Übermensch и значања поддршка на Католичката црква. Иако во главните документи на ЕУ католичката вера не влезе како темел на западноевропската цивилзација, како што очекуваше Светиот Престол, католичкиот политички есктремизам се практикува на овој или оној начин во цела Европа и се толерира без поголеми приговори.

Интересна е и Грција, која по реконстукцијата на владата и наметнувањето со сила на премиерот Пападемос, во својот состав има представници на радикално деничарската партија ЛАОС. Грчките радикали се борат против влез на Турција во ЕУ и генерално се антитурско настроени, а своето влијание го шират преку медиумските куќи кои ги води лидерот на партијата Јоргос Караџаферис.

Инаку, антитурски се настроени и сите главни земји на Европската унија, кои со децении го спречуваат влезот на Турција во Унијата под разни изговори (Курди, Ерменското прашање итн.)

Извор: novossti.com

Фотографии: Пол Вард

ОкоБоли главаВицФото