Урнатините од јапонската катастрофа како уметност?

10.02.2012 13:48
Under the water

За нешто повеќе од месец ќе се одбележи една година од потресот кој ја погоди Јапонија и предизвика разорно цунами. Катастрофалните последици од оваа трагедија се одразија на економските, политичките, еколошките, културните и многубројни други аспекти на општеството.Денес ви ја претставуваме инсталацијата „Под водата“ (Under the Water), на јапонскиот уметник Tadashi Kawamate, која е инспирирана од една сосема неочекувана последица од елементарната непогода во Јапонија.

Всушност, после цунамито кое го уништи и опустоши крајбрежниот појас на погодените подрачја, големиот број на уништени села и градови, односно нивните распаднати сегменти, завршиле во океанот. Деловите од куќи, улици, инфраструктура, превозни средства, со еден збор, сите делови од животите на илјадници луѓе чии домови беа поплавени и избришани од лицето на земјата, ги однесе морето.

Се зборуваше за дури 20 тони урнатини кои завршиле во океанот. Сателитските снимки покажувале огромни натрупани урнатини со неверојатни димензии, кои неартикулирано плутаат во океанот во насока на Хаваи, а американските власти предупредија на можната опасност која истите можат да ја предизвикаат на островот, неговата вегетација и морскиот живот. Во меѓувреме урнатините се намалија, првобитните катастрофални предвидувања за последиците кои можат да ги предизвикаат, се смирија, но големите количини ѓубре и делови од распаднатите јапонски градови сè уште не стигнале до американскиот брег.

Сето ова му послужило на Kawamati како инспирација за неговата „In situ“ инсталација, која се запрашува како би изгледало да се најдете баш пред споменатите наслаги. Целиот простор, односно галеријата Kamel Mennour во Париз, каде што е поставена инсталацијата е исполнета со делови од фасади, покриви, дрвени греди, врати, прозорци, и сето она што овој Јапонец претпоставува дека можело да преживее во текот на плутањето низ океанот. Артефактите се поставени на покривот на галеријата за набљудувачот да биде под нив, во обид да се илустрира опкружувањето и чувството да се биде под вакви урнатини.

Повеќе фотографии од изложбата овде.

Извор: pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото