Ако Македонија не сака да влезе во НАТО – НАТО треба да влезе во Македонија

11.02.2012 13:11
Ако Македонија не сака да влезе во НАТО – НАТО треба да влезе во Македонија

Никој не се надеваше дека коматизираната нација (Угричиќ) ќе успее да разбере дека влегувањето на тројцата амбасадори во Комитетот за отстранување на изборните тумори што низ Македонија ги се(р)е Драгиот водач, е мирновременска хуманитарна интервенција на Западната алијанса во балканскиот центар на барокот и, второ, дека утврдувањето на деловната неспособност на владата (означена во тој чин), е прв чекор во надворешната делегитимација на лудата политичка апликација на еден човек односно на политичката апликација на еден луд човек.

Да не сум пропуштил нешто?

Решението за влез во македонските институции и процеси е донесено под силен притисок на тамошната јавност која била згрозена од сликите и вестите што стигнувале од Скопјанг. Луѓето почнале да се плашат дека растроениот народ на Александар ќе посака и нивните згради да ги дотера во барокно руво, се прошириле вести дека први на удар ќе бидат зградата на Германската банка во Франкфурт на Мајна, стаклената пирамида во дворот на Лувр и небодерот на Рокфелер во Њујорк. Кога две вевчански тајфи биле фатени во близината на Берлимонт во Брисел, Баросо рекол: доста!

Вториот аргумент во прилог на хуманитарната интервенција била оценката дека народот во Бившата република не е во состојба да си помогне самиот затоа што е навлечен на една тешка синтеска дрога што самиот ја вика „вемерето“, дека е прашање дали некој воопшто може да му помогне, но дека демократските и хуманитарни принципи на кои почива, го обврзуваат Западот, да го проба тоа.

Јас се надевам дека тој процес ќе продолжи и дека некои важни амбасадори наскоро ќе ги заземат своите места во Судскиот совет, во таканаречената Антикорупциската комисија, во Министерството за финансии, во телата за медиумска регулација и, се разбира, во Кабинетот на Николае. На радост на преостанатата нормалноста во оваа земја која денеска личи на трло со овци низ кое поминала глутница волци. И на радост на Европа, се разбира.

Мислам дека интервенцијата може да добие и некои нови форми. Од македонскиот крак на акцелераторот во Церн, јас би бомбардирал некои телевизии, при што посебни снопови протони, неутрони, неутрина и други честички со кои може да се разгради масата, а да не се загади околината, би насочил кон македонското сало кое во текот на еволуцијата има развиено клеточни структури кои му овозможуваат во одредени интервали да се трансформира не во една, туку во повеќе телевизиски ѕвезди. Или, би организирал дискретно медицинско истражување на одбрани комитски егземплари на чело со Надвојводата Шарло, скенирање, магнетна резонанца, компјутерска томографија и така натаму, низ кои треба да се потврди или да се демантира тезата дека нивната ненормалност не е од земско потекло, односно дека не е нормална.

Ако се покаже дека нивните глави се празни, односно дека немаат мелмачки чипови за ширење на идиотизмот низ вселената, јас се обврзувам доживотно и бесплатно да служам во американските воени мировни мисии од Авганистан до Македонија, ако еден ден, наскоро, да се надеваме, нашата татковина дојде на ред.

Веста дека амбасадорите на САД, ЕУ и ОБСЕ ќе го надгледуваат чистењето на изборните празнења на Драгиот водач користејќи ги своите дипломатски имунитети и респекти на исто ниво со новите македонски институционални капацитети со кои ги посвети државата, односно со кои самите се посветија пред некој ден, ја добив дента кога на масата ми стигнаа и две други важни информации.

Таа од Брисел (Слободанка Јовановска во „Утрински весник“) ми јавуваше дека Европската унија подготвува антиавторитарна и антиантидемократска политика против локалните диктатори кои од своите држави прават Орбанистани. Или Бористани и Николастани... Во еден недоволно дефиниран контекст Македонија се споменува во Извештајот на Европскиот парламент, но јас мислам дека нашата слатка татковина ги има сите препораки да биде прва станица (како што е прва во сè) на новата европска мисија и дека во таа смисла заслужува малку поконкретен осврт.

„Републиката ги има исполнето сите услови и ако Грција не нè заебе, со Господ напред, ќе бидеме први на целните листи на европската антидиктаторска политика“, изјавил Хорхе.

Браво Хорхе!

Втората информација не е информација туку е став на Џозеф Штиглиц, кој во својата последна анализа на кризата во Еврозоната истакнува дека Европа мора да се стреми кон политичка унија која ќе им обезбеди минимален стандард на своите граѓани. И која по линија на општите политички прерогативи ќе се стекне со капацитети да ги совлада тешките проблеми. Со други зборови, дека чисто финансиските егзибиции нема да го доведат континентот во зоната на спасот.

Можеби пребавно, но сепак општата свест се поместува во насока на тоа дека суверенитетот како што го разбираат локалните политички пљачкаши, авантуристи, диктатори и обични ебиветри, националисти, квазинационалисти и популисти, каков што е шефот на Горското началство на Внатрешната антимакедонска организација, да речме, е балон кој целиот континент може да го однесе во облаците и тоа во облаците во кои претседатели на сите партии, влади и национални академии, се ѓаволите.

Моделот што се инсталира во Македонија е локална деноминација на европскиот ќорсокак. Дали се разбираме?!

Што може од сево ова да се заклучи:

Ако Македонија не сака да влезе во НАТО – НАТО треба да влезе во Македонија. Тоа треба да биде генералната идеја. Никакви ракавици, никакви парцијалности, никакви деликатности. И ќе биде така. И треба да биде така. За моделите може да се разговара.

Светот треба да најде начин да го затвори шалтерот на кој разни страни се инатат за имињата и идентитетите во нивните сегашни деформирани и манипулативни значења, а не да се труди да ги решава. Нивото мора да се смени, Европо, драга. Не треба Македонија и Грција да се тераат да го решат спорот за името туку треба да им се обајсни дека нивниот спор е аут. Дека светот решил дека нема да дозволи да го боли курот за таканаречениот проблем со името и дека е сè посигурен дека грчката криза и македонската дикатура му се посексапилни предизвици.

Македонскиот карцином ќе излезе од телото на Македонија и ќе зафати други регионални ткива и органи, цели организми, во некои, помалку или повеќе поинакви или, можеби, слични, кординати на оние што се споменуваат во Извештајот на ЦИА од 1949 година.

Нашата диктатура не е обична диктатура. Нашата диктатура е културоцид, моралоцид, умноцид. Македонецот е единствениот Еропеец кој е жртва на таканаречениот „хуман геноцид“ во кој луѓето што се убиваат се тераат да си го тераат својот посран живот. Може ли Европа да нема однос кон овој феномен. И САД, се разбира.

Централната политичка цел на чипираните идиоти од Мелмак е политичка декапитација и историска десубјективизација на Македонија. Тоа веќе сте го читале. Тој проект закономерно ќе заврши со внатрешна дисолуција на државата, со имплозија, со атрофија и со одумирање, со уривање на вертикалите на кои се држи општественото сено.

Тука, значи говориме за две работи: за политичките проекти од една страна и за закономерностите што тие проекти ги предизвикуваат. Тие можат да се поклопуваат, а и не мора. Груевски не мора да сака Македонија да исчезне (јас, да речеме, не мислам така, но, за тезава тоа не е битно) ама таа ќе исчезне како последица на неговото политичко постоење ако тоа постоење ги предизвикува закономерностите кои водат кон исчезнување. Башка што тој ги анаболира, свесно ги анаболира.

Албанскиот политички фактор е стимулиран во рамките на сопствената глупавост и грамзивост да мисли дека таквиот развој на настаните за нив може да биде добар. Всушност, мислам дека, се во право. Тие (ДУИ) треба да ја искористат шансата и да си ги наполнат куферите. Не треба да работат ништо друго. И не треба да имаат никакви обзири. Политичкиот ќар ќе им го одработи вемерето.

Тие се сега во улогата на малиот Тамбурковски. Кој е големиот Тамбурковски во политичкиот стечај на Македонија? Кој е Лосот што ја тртли македонската Газела? Прашање за милион евра.

Ако е Штиглиц во право, а јас мислам дека е во право, Македонците треба да се подготват да се дистанцираат малку од себе. Додека има време. Мислам, од сопствената ништожна величина. Да се одлепат од нулата која македонското телевизиско сало им ја прикажува како автентична и неповторлива светечка аура. Да се откажат од дел од себе. Не е тоа голема жртва со оглед на вкупното салдо. Европа ќе им биде благодарна. И тие ќе живеат среќно.

Извор: globusmagazin.com.mk

Цртежи: Јуки Марујама

Trichkovski e zabaven.

Trichkovski e zabaven. Chovekot e glaven klovn na makedonskoto novinarstvo. Patem, mozhe li za sledniot tekst, mesto grafichka obrabotka so pedofilski crtezhi, edna cum-shot fotka na Trichko, ili Trichko vo stilot na nekoja poznata poza na Robert Mapplethorpe?

Точно е дека Тричковски е

Точно е дека Тричковски е забавен новинар, кој внесува и литература, естрада, а некогаш богами и жесток фолклор во своите текстови.
За жал, ак47, точно е и тоа дека ти си еден од најнезабавните, најмрачните и најтупавите коментатори на Окно. Уште од името, ак47, баздиш на дувла, насилство, стеснет ум и немање вкус... Така што, јаден стаорецу на изродбата, твоето квичење на Окно главно предизвикува жал...

Edna od podobrite, vredna za

Edna od podobrite, vredna za perprocityvanje...

ОкоБоли главаВицФото