1009 hPa
94 %
15 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 05:59
Верувам, нема Македонец кој не почувствува искра на злорад потсмев и, веднаш потоа, сочувство и тага, кога снимките од погребот на Ким Џонг Ил го обиколија светот. И потсмевот и емпатиската тага му беа упатени на корејскиот народ и неговото пренагласено, дури хистерично јавно искажување жал за починатиот диктатор. Претераната изведба уште еднаш му покажа на целиот свет како тоталитарното општество на народот му ги одзема не само слободата, туку и паметта и достоинството.
Неколку дена подоцна, веста дека целиот корејски народ е организиран во обредно јавно искажување жалост, со пропишани форми на плачење и врескање, и дека се пропишани и казни за оние чијшто перформанс нема да биде убедлив, предизвика веќе нескриен потсмев и урнебесна смеа. Зошто смеа? Зашто корејскиот тоталитаризам стана перформативна крајност, поради што доби структура на остра сатира или пародија. Хуморот и смеата во пародиите се креираат најчесто со хиперболизација на појавите до нивен апсурд, па објективно најнесреќните ситуации предизвикуваат најмногу смеа. Од друга страна, смеата во вакви ситуации е начин за искажување на супериорноста на луѓето, форма на изразување инстинктивно задоволство од повисоката позиција во социјалното подредување. Поради тоа не постои ништо што повеќе го уништува достоинството на луѓето и народите од ситуации во кои тие стануваат предмет на потсмев на соседите и на светот.
Додека на режимот на Ким Ил Сунг му требаа децении да ги достигне апсурдните димензии на тоталитаризмот и да стане пародија на самиот себеси, на режимот на Груевски тоа му успеа за само шест години, со реализација на грандиозната глупост наречена „Скопје 2014“. Македонската држава, нација и народ станаа предмет на потсмев на целиот свет, на многу сличен начин како што тоа му се случи на корејскиот народ. Паралелите помеѓу македонската и корејската стварност – колку и да изгледаат претерани – се неизбежни, зашто структурата на случувањата и кај нив и кај нас е идентична. И нам ни се смеат зашто градбите и спомениците од „Скопје 2014“ се толку пароксизматично глупи и грди, што добија несериозна форма на бурлеска и станаа пародија на самите себеси. Реакциите на луѓето од странство на снимките од „Скопје 2014“ се идентични како и оние на плебисцитарното жалење на Корејците: смеа и потсмев, кои во директни средби, од куртоазија, обѕир или емпатија, преоѓаат во сочувство и загриженост.
Инсистирањето на хистеричното јавно жалење или на бендисувањето на бетонски кулиси во псевдокласицистички франкенштајн стил, е само на прв поглед необјаснива ирационалност или хир на апсолутната власт. Внимателната анализа разоткрива дека овие перформанси на апсурдот, овие претстави на народното себеоткажување, не само што не се луксуз, туку се самата супстанца на тоталитаризмот. Тоталитарната власт се состои од стравот, потчинетоста и обожувањето, при што сосем е сеедно дали тие чувства се искрени или лажни, сè додека се почитуваат обредите на подреденост и ропската кореографија.
2
Тоталитаризмот се состои само од пропаганда, а корејското плачење, исто како и бендисувањето на скопските колонади, не се само манифестации на моќта на системот, туку се самата негова моќ. Тоталитаризмот може да опстои онолку долго колку што трае неговиот јавен перформанс односно народната согласност на самопонижување.
Затоа обата режима – секој на свој начин - ги казнуваат оние што не изразуваат доволно жалење или бендисување на системските екскременти. Токму затоа, минатата недела, македонскиот режим организираше црна пропагандна кампања против мојата дребност, која кулминираше со официјален повик на линч од генералштабната говорница на режимската партија. Фашизоидниот владин медиум ме прогласи за предавник, а режимската партија побара „јавно да се извинам на сите граѓани“ за „понижувачката и срамна изјава“ со која „се потсмевав со македонската држава и култура“ и „ги повредив чувствата на македонските граѓани“. Ист вокабулар, иста техника на озлогласување и иста психопатолошка инверзија на вредностите како кај сите инквизиции!
На режимот не му пречат неговите монструозни дела, туку изјавите на поединци кои мислат поинаку. Не им пречи што ТИЕ потрошија милијарда евра на пропаганда, што воспоставија дефакто неуставен, недемократски, тоталитарен режим, кој владее со корупција, страв и пропаганда; што ТИЕ го понижија и потчинија македонскиот народ со измама и злоупотреба на демократската младост на Македонија; што ТИЕ го доведоа во прашање идентитетот на народот со измислување криминално неодговорни идеи за нашата историја; и, конечно, што ТИЕ ги изградија најглупите градби во вселената во центарот на престолнината и ја изложија нацијата на потсмев и понижување пред целиот свет. Не, тие за најголемо злосторство во случајов го сметаат мојот обид пред бугарската телевизија да го спасам образот на нацијата со изјавата во која тврдам дека не сме сите идиоти туку само група поединци: „Само дилетант, само будала може да зборува за македонска култура или за македонска историја во предисториско време, во неолит или во палеолит. Тоа во нормални земји би требало да служи како граѓа за пародии или комедии, а кај нас на тие луѓе им даваат микрофони и говорници за да го срамат македонскиот народ“. Ова беше таа инкриминирана изјава. После шест години садистичко силување на народот без да се осврнат на пискотниците на душевно осакатените граѓани, ДПМНЕ ја препозна реченицата која „ги повреди чувствата на македонските граѓани...“ Малоумно и патетично.
И, да не заборавам: Јавно им се извинувам на сите граѓани на Македонија за понижувањата на кои сме изложени од тоталитарниот режим кој владее со земјата, за изгубените права и слободи, за изгубената демократија, за изгубеното достоинство, за најглупите градби на светот, за сè што ни се случува... Се чувствувам одговорен, иако не знам зошто. Се извинувам и жалам.
Искрено.
Колажи: Свирачиња
Хитлер - неокласицизам Сталин
Испратено на 15 февруари 2012 од ИлијаХитлер - неокласицизам
Сталин - соцреализам
Н.Г. - турбо барок
Тапа ти е споредбата. Немам
Испратено на 19 февруари 2012 од MomoТапа ти е споредбата. Немам ништо против што се гради во Скопје, но имам против како се влезени парите за изградба. Пример: подобро ќе беше доколку направевме рентабилни фирми, па од добивката на нивната работа да ги изградевме сите овие ствари. А споредбата со Северна Кореја? Си бил ли таму, или си читал у некој прозападен весник. Истите го егзекутираа Гадафи без процес на судење, им ја земаа нафтата на либиците, а му бараа на Гадафи пари за избори. Авторот мора да има многу тап поглед, да зема пари од исти такви токмаци, или е глуп ако не го знае ова зошто ако веќе пашува па ваљда и чита весници.
Благодарам.
Момо
Барок-бурек
Испратено на 15 февруари 2012 од koljaИсторијата на Скопје (зошто не и на Македонија, зашто овој рак е проширен низ целава земја) еден ден ќе се дели на турски период, српскo владеење, бугарска окупација во Втората светска војна, држава Македонија во социјализам, независна Македонија и Македонија под окупација на агресивниот, да речам, барок-бурек национализам.
Слободан Унковски, „Утрински весник“, 15.02.12.
Ова исто е добро, од
Испратено на 15 февруари 2012 од koljaОва исто е добро, од Унковски:
Кога би имале можност да ја пресликате реалноста во театарска режија, на кое дело Ве асоцираат македонските состојби?
На „Цар Едип“, оној што истражува кој го убил кралот (и обвинува други за тоа), ќе осознае дека самиот е негов убиец и уште дека кралот бил татко му.
Поздрав Миро Не се извинувај,
Испратено на 15 февруари 2012 од ПаранормалПоздрав Миро
Не се извинувај, не смрди од кај тебе. Барем дел од нас го гледа тоа.
Има зошто да се извинува, на
Испратено на 16 февруари 2012 од АнонименXXИма зошто да се извинува, на пример за зградата на крај на партизанска, а и за процветувањето на „урбаната мафија“ која го уништи Скопје архитектонски на микро-ниво.
А муабетот дека не знае зошто се извинува наведува дека не се извинува искрено туку само декларативно, што не е за поздрав.
-На жешките барикади за
Испратено на 15 февруари 2012 од BRAMS-На жешките барикади за одбрана на честа на граѓаните, секогаш бдееле најдобрите наши браќа.Благодариме...
Груанда... Тутангрујон...
Испратено на 15 февруари 2012 од VГруанда... Тутангрујон... Грујопсова Пирамида... Нуклеарен грујотпад... Грујшевина... Грујдурма... Грујшевизам.
Za zhal, nema da ima
Испратено на 15 февруари 2012 од FuturemanZa zhal, nema da ima makedoska idnina, bidejki segashnive kuchinja od SDSM ke se zakolat so nedodelkanite od VMRO-DPMNE, i se znae dodeka dvojca se tepaat tretiot ke koristi. Pa i vreme e, dvaeset godini stenkame od nepodnosliv zhivot pod dvete partii, vreme e da se raspadne ovaa banana drzhava i da nastane nekakva podobra treta drzhava.
Sram mi e shto sum Makedonec, koga gledam kolku sme zli i pakosni, no toa ni e sudbinata, za dzabe ne sme bile 500 godini pod tursko. Poarno da ne nema, otkolku vakvi izrodi kakvi shto sme
za AnonimenXX, koj pishuva
Испратено на 16 февруари 2012 од pojasnuvanjeza AnonimenXX, koj pishuva gluposti i "ostanuva zhiv": "Има зошто да се извинува, на пример за зградата на крај на партизанска, а и за процветувањето на „урбаната мафија“ која го уништи Скопје архитектонски на микро-ниво." Grchev nema vrska so taa zgrada, nitu so urbanata mafija bidejki nitu toj, nitu, na primer, Mrjan Gjorchev od VMRO koga beshe (vo isto vreme so Grchev) gradonachalnici, NE davaa DOZVOLI za gradenje, bidejki toa, vo toa vreme, seushte beshe pod ingerencija na Ministerstvoto za transport i vrski.Zakonot za lokalna samouprava se smeni, mislam, vo 2002-ta. Dobronameren sovet: pred da napishesh neshto na pamet i da se izbrukash, prvo proveri!
Gospodine Grcev, i jas vi
Испратено на 17 февруари 2012 од meglenaGospodine Grcev, i jas vi seizvinuvam za mojata sledna izjava:
Samo budala moze da dade takva izjava za Makedonija za Bugarska televizija. Samo budala moze da ne bide svesen za tezinata na izjavata i za kontekstot vo koj ke go koristat neprijatelite na Makedonija. Samo budala moze da dade takva izjava i da glumi deka ne razbira sto se slucuva. Ili da bidam pojasen. Ili budala ili covek sto misli loso na svojot dom.
... и зошто мислиш дека јас
Испратено на 21 февруари 2012 од niakoj si... и зошто мислиш дека јас (ние) сум ти непријател(и)???
.... a koj li bese povodot za
Испратено на 22 февруари 2012 од meglena.... a koj li bese povodot za vaseto( negovoto) gostuvanje na Bugarskata televizija . Sto sakaa da slusnat od Vas(nego) "prijatelite" na Makedonija? Toa objasnuvanje nekako fali vo statijata, kako i imeto na emisijata vo koja Vie (toj) ste gostuvale. I kako bas Vas (nego) ve viknaa na gostuvanje da razgovarate za istorija na Makedonskiot narod i nejzinite budali ?
Nemoj da me razberete pogresno. Demokratski e da imate svoe mislenje, megutoa ne ja zamenuvajte Demokratijata so Anarhija, zatoa sto posle vakvi izjavi od instituciite na sistemot korist ke imate samo Vie (toj), zatoa sto ke nema koj drug da ve brani od gnevot na Makedoncite koi gi navredivte. Imate uste mnogu da ucite za Demokratija i pocit kon lugeto.
Маглена, од изјавата на Г-дин
Испратено на 16 март 2012 од KirilМаглена, од изјавата на Г-дин Грчев можеш да разбереш дека не е лицемер или на нашки кажано ГАЗОЛИЖАЧ. Во каква и да си ситоација правилно и човечки е да си го кажеш својот став, независно каде зборуваш. А од газолижачи до тука сме дојдени ние македонците како целина...
Samo retardi mislat deka ako
Испратено на 17 февруари 2012 од GorilaSamo retardi mislat deka ako ja falat svojata drzava taa i ke stane podobra, ne ovaa drzava e krajno bezveze od prosta pricina sto nema sloboda i se e pod kontrola na rezimot narecen dpmne. Grcev ima pravo da zboruva za realnosta koja e bas takva kakva sto ja opisal i zastapuva idei koi se za dobroto na site. Tie sto go kritikuvaat bas se robovi na ovoj rezim i negovata cel e bas niv da gi osvesti, a na niv ne im teknuva za zal...
Tocno, samo retardite vo ovaa
Испратено на 17 февруари 2012 од meglenaTocno, samo retardite vo ovaa zemja ja sakaat svojata drzava i svojot dom. Zatoa i ovaa zemja opstojala niz vekovi. So intelektuala kako Grcev i kompanija, koi se prodavaat za obicno cukanje po rame, samo retardite i ostanaa.
Samo edne komentar na tvojata visoko intelektualna izjava.
Grcev ja dal izjavata za dobroto na "Site", ama "Site" ne se ni svesni kakvo dobro im se slucuva. Se razbira "site" osven Ti i Grcev. Ova mi lici na visoko osvestenite luge vo " KPJ na celu sa Titom"
Tocno e seto ova sto go
Испратено на 17 февруари 2012 од PeceTocno e seto ova sto go pisuva gospodinot Grcev. NA MAKEDONIJA I TREBA OPSTESTVENO-POLITICKA I KULTURNA DEKONTAMINACIJA.
Bezobrazen takanarecen
Испратено на 17 февруари 2012 од SkopjankaBezobrazen takanarecen intelektualec.Gi zalam i im se izvinuvam na tvoite studenti sto imaat vakov profesor.Sto ce naucat od vakov negativec,koj od losotijata i se izoblici.Ne mi jasno za kakov totalitarizam pisuva.A za gradbite od Skopje 2014 mozam da kazam samo najubavo.Pa zarem prazniot plostad i okolinata bea poubavi?
Posle interpukciski znaci se
Испратено на 18 февруари 2012 од Isto SkopjankaPosle interpukciski znaci se ostava prazno mesto.
Skopjanka i meglena prosto vi
Испратено на 18 февруари 2012 од GorilaSkopjanka i meglena prosto vi se divam na vasata malenkost... tolku ste ne informirani, ne obrazovani, zalutani vo pogresno vreme i prostor. Vo svetov ste videle li kakvi gradbi se grada Pr. Dubai i ne e samo Pink televizija nekogas pustete i Discovery i tamu ke vidite dokumentarci za mega objekti i za samo odrzlivi objekti. Meglena i da znaes mnogu pogolem makedonec sum od tebe i deka makedoncite nemale svoja drzava od takvi kako tebe kvazi patrioti se do 1945 godina.
Normalno ne bi ti odgovoril
Испратено на 18 февруари 2012 од meglenaNormalno ne bi ti odgovoril na vakvi komentari, megutoa za samo da ti pokazam i tebe i na slicnite na tebe ,za vasata potreba da gi stavite svoite neprijateli vo grupa na " seljaci" za da sami vlezete po "default" vo grupata na intelektualci. Jas sum obrazovan vo Makedonija, megutoa celiot svoj raboten vek rabotam po svetot na proekti za koi ti me prasuvas dali sum gi videl. I za da te postedam od ponatamosna korespondencija, ne rabotam so lopata na tie objekti tuku sum del od dizajn timot koi gi proektira i izveduva. Ako znaes voopsto kako se proektira i izveduva proekt vo tie silni mesta sto gi nabroja. Mojot najskap proekt so izvedba do sega e 1 milijarda dolari, koi pari tie od Dubai i slicni ne sakaat da gi kazuvaat javno zaradi problemi so nivniot narod, bidejki tie pari se od zaednickata nafta. Proektite koi se izveduvaat tamu se najmalku tri pati poskapi odkolku sto bi trebalo da bidat, bidejki cel svet se vezba so nivnite pari. Vo svojot dosegasen raboten vek sum ucestvuval na poveke proekti odkolku i ti i Grcev zaedno. Ova so sigurnost ti go tvrdam zaoa sto Grcev nema diznirano nieden objekt podaleku od Tabanovce , a vo moeto portfolio dosega ima nad 150 proekti nad 10 milioni dolari.
Pink pojma nemam sto e, a eden od proektite kade ucestvuvav vo design-ot bese i na Discovery.
A kako izmeri deka si pogolem Makedonec od mene, mojot "seljacki" um ne moze da procesira. Zivi i zdravi da ste.
Gospodine Grcev, vo svojata
Испратено на 18 февруари 2012 од meglenaGospodine Grcev, vo svojata statija velite deka "cel svet" ni se potsmeva na gradbite,
"со реализацијата на грандиозната глупост наречена „Скопје 2014“. Македонската држава, нација и народ станаа предмет на потсмев на целиот свет"
Vo ovoj svet na informacii veruvam deka ke vi bide mnogu lesno da ni pratite linkovi na statii so potsmev od "celiot svet", megutoa linkovi koi ne se od Bugarija, Grcija ili makedonski "intelektualci - kritizeri" . Jas toa ne uspeav da go najdam. Toa bi bilo najmalku sto mozete da napravite za da vasata diskusija ne go definira vasiot "svet" kako Bugarija i Grcija.
za "meglena". Dobro e shto
Испратено на 18 февруари 2012 од gragjaninza "meglena". Dobro e shto ni' otkri deka zhiveesh vo stranstvo, bidejki samo nekoj shto nema vrska so nashata realnost mozhe da idealizira toa shto i' se sluchuva sega na Maedonija. Za dijasporata nejziniot "patriotizam" na dalechinsko i nejzinite fantazii za tatkovinata prochitaj go odlichniot tekst na Vangel Nonevski,"Makedonija e glina vo racete na dijasporata" na Okno.A, nas shto zhiveeme tuka ostavete ne da si go zhiveeme zhivotot kako shto nie sakame, a ne vie od tamu pamet da ni solite. Ostajte si tamu so dobro
Sega ova me zbuni.
Испратено на 18 февруари 2012 од meglenaSega ova me zbuni. Komentirate deka cel svet i se smee na Makedonija, a ne sakate "retardi" od svetot da imaat mislenje razlicno od vaseto. Preferirate " intelektualci" od Makedonija koi se dokazale do Tabanovce da davaat mislenje sto mislat tie od "svetot". Interesen sklop. Bi ve zamolil da gi definirate poimite "retardi" i "nas" vo "ostavete ne nas" i "svet" vo vasata diskusija i diskusijata na Grcev. Mozebi posle taa mentalna gimnasitika ke uspeete da razberete kaj vi e problemot i od sto proizleguva vaseto mislenje za drugite. Ima tocno definiran poim za toa i se vika " malogragani". Sakate "svetot" da bide od "Vasha" (kamaj insinuacija), ama ako moze da ne zbori mnogu.
Сите странски архитекти што
Испратено на 18 февруари 2012 од koljaСите странски архитекти што дошле во Скопје изминативе три години биле фрапирани од она што му се случува на градот! Речиси не постои исклучок! Имало јавни собири (и кај нас и во странство) на кои мислењата биле јавно искажувани, а имало и многу текстови по македонските и странските медиуми. Шокирани од СК014 не биле само архитекти, туку и разни луѓе од културата и медиумите што биле наши гости изминатиов период (ќе спомнам само двајца: Герхард Рауниг, филозоф од Виена, Борис Буден, теоретичар од Берлин). Библиографијата за реакциите на светот околу лудачкиот проект СК014 допрва ќе треба да се направи, но дел од тој инвентар го има и на Окно:
http://okno.mk/node/4507
Kolja, blagodaram za linkot,
Испратено на 18 февруари 2012 од meglenaKolja, blagodaram za linkot, megutoa toa sto go vidov tamu tokmu ja potvrduva mojata teza deka glavnite kritizeri se od Makedonija, i vo ogromen broj luge na koj Arhitekturata ne im e profesija, sto mi dava pravo da pomislam deka pozadi kritikite na Skopje 2014 se krie nesto drugo. Arhitektite i nekako bi gi razbral i bi gi podtiknal uste poveke da razgovaraat i da pisuvaat za da moze celosniot potencijal na Makedonskata Arhitektura da dade svoj pridones za poubava sredina na ziveenje. Iako pisuvaat kako da e kraj na svetot bi gi potsetil deka Makedonija ne e samo Skopje, i deka ima uste mnogu pole za rabota kade mozat da go dadat svojot pridones.
Za drugite bi go kazal slednovo : Evidenten e faktot deka kritikite od "ne arhitektite" se vo smisol deka vladejackata partija se drznala da vleze na neprikosnovenata teritorija na kvazi "inelektualcite " vo Makedonija narecena "elitizam".
Elitizmot e normalno dozvolen samo za "elitata" i site onie koi ne zasluzile da bidat del od nea (po "elitnite" merila)
nemaat pravo da imaat mislenje ili ne daj boze da se bavat so
elitni "profesii".
Najsmesnoto e sto vo Skopje elitizmot se definira kako proizvod na diskusii po skopskite kafani, vo koj ako ne ste cest gostin nemozete da bidete pocesteni da bidete del od "elitata". Megutoa malograganskiot odnos na site onie koi sakaat da bidat del od "elitata" doveduva do skoro unformiran odgovor na bilo koj vas potez ako "elitata" vo kafana ve proglasila za "seljak" . Toa e za zal vistinata vo Skopje koja nesakajki go formira i mislenjeto na mnogumina koi ednostavno ne sakaat da vlezat vo konflikt so mislenjeto na
"elitnoto" mnozinstvo vo kafanite, kolku god toa paradoksalno da zvuci.
Две работи се вртат во оваа
Испратено на 19 февруари 2012 од InsertCoinДве работи се вртат во оваа дискусија:
1. Дали градбите се абсолутен кич и универзално оценети како тотално промашена тема?
2. Дали скопската елита од 50-60 елитни фамилии кои ги држат сите позиции и пари има право да коментира на тоа дали ова е кич или не.
Одговорите ќе бидат различни.
Како што кажа ти, треба прилично да се истегнеш ментално за да ги опфатиш и двете.
Една работа можеби ненамерно имплицираш дека ако некој се согласува со архитектот до табановце, демек тоа го подржува. Погрешно.
Јас лично воопшто не го ценам , но секогаш ќе го бранам правото дури и на грчев да си коментира тоа што сака и каде сака.
На темата зошто во македонија има стагнација на креативен план, јас мислам дека баш поради причините кои ги наведе а јас би додал дека во македонија денеска медиокритетот е најдобра особина и нашите елитисти. А таму каде е битна средината и нема рисктејкинг, нема ни напредок ни вистински елитизам.
Mu se izvinuvam na
Испратено на 18 февруари 2012 од toni bozinovMu se izvinuvam na makedonskiot narod sto mora da trpi ovakov izrod!!
Znaci vaka meglena prikaznava
Испратено на 18 февруари 2012 од GorilaZnaci vaka meglena prikaznava sto ni ja raskaza za tebe e ok, no me buni dizjner od kalibar kako tebe da mu se dopaga proekt kako Skopje 2014 e stvarno nemoguce. Se mislam deka ja izmisli prikaznava, a i da ne ja izmisli kazi mi dali ti kako dizajner koga nesto dizajniras nekoj prosecen ekonomist ti kazuva kako da go izdizajniras objektot??? eve uste edno prasanje do tebe dali objektite sto gi dizajnirase se vo Afrika ili vo nekoja civilizirana zemja??? Daj nekoj link od toa sto si go srabotil, malku da se pogordeeme so makedonec koi doziveal svetska slava.. mozebi poseriozno ke te svatam... :)
By the way ne se custvuvam kako intelektualec tuku kako obicen graganin na koj mu smeta momentalnava smrdea.
Gorila, nema sto vie da se
Испратено на 18 февруари 2012 од meglenaGorila, nema sto vie da se gordeete so mene. So mene moze da se gordee mojata familija. Ona sto ni e zaednicko e deka govorime isti jazik i imame zednicka istorija i Ustav, i zaednicka okolina na ziveenje (pretpostavuvam deka ste od Skopje).
Za dizajniranjeto, ne dali se mesa ekonomist, tuke osven vo zemjite na Bliskiot Istok, ekonimistite se tie sto go diktiraat design-ot. Sekoj sto ke kaze nesto drugo nikogas ne ni bil del od Design team. Nekoi proekti se izmenuvaat tolku mnogu sto na krajot ne ni lichat na pocetniot design. Od brojot na proekti koj vi go napisav verojatno pretpostavivte deka nema mnogu vreme i budget za da edna kompanija da se koncentrira na eden proekt. Vremeto koe vie - kritizeri na proektot go izgubivte kritikuvajki go proektot ke napravese uste dva grada kako Skopje. Toa e i osnovata na problemot. Se kocentrirate na Negacija namesto konstruktivnost.
Ona sto mene licno mi smeta na fotografijata na Porta Makedonija ne e samata porta tuku zgradite okolu nea. I mislam deka tuka lezi najgolemiot problem na Arhitektite vo Makedonija. Porta Makedonija vsusnost ja osvetli losata postojna arhitektura i soc-realistickite gradbi okolu. E sega tie soc-objekti bea najmalku soc-realistcki vo sporedba so drugite zemji od socijalizmot i komunizmot , i toa ne zaradi Makedonskata Arhitektura, tuku zaradi zemjotresot, posle koj vo ime na podareni objekti se vezbaa stranskite arhitekti.
Makedonskite Arhitekti go nasledija toj pravec i normalno se izgradija kako najgolemi braniteli i podrzuvaci na toj stil.
Toj stil nikogas ne bil proizvod na Makedonija, i vo arhitekturata bevme poznati kako proekt na Kenzo Tange. Kritikite na stranskite Arhitekti se sveduvaat na kritika
kon nasite arhitekti zatoa sto ne uspeale da go odbranat Kenzo Tange pred naletot na "makedonoidite" arhitiekti, koi ne razbiraat koja e vsusnost zadacata na architektite od Makedonija vo ramkite na svetskata Arhitektura. Vo sekoja druga smisla nikogo apsolutno nisto ne go interesira sto se gradi vo Skopje i kako toa ke vlijae vrz zitelite na Skopje.
Не би сакал да коментирам за
Испратено на 19 февруари 2012 од InsertCoinНе би сакал да коментирам за стилот зошто не сум архитект но би сакал да те прашам две работи:
1. Дали иницијативата за оваа идеја дојде по една широка консултација со сите кои го плаќаат овој проект ? Кој точно одредил дека ова е приоритеот ?
Знаеме точно дека ова е legacy проект на грујо и нема врска со ништо друго, дури и најдобрите светски архитекти да го работеа, проектот сепак ќе се запамтеше како една кралска суверена одлука на грујо. Според мене архитектурата со мегаструктури е дел од социо engineering кои на некој начин даваат feel good фактор на тие кои мрзнат на минус 20.
Тоа се случува и во блиоскиот исток.
2. Во држава во која не постои социјална мрежа, не зборам за фејсбук зборам за една wellfare политика каде лугето нема да бидат гладни , а особено децата, јас мислам дека нема смисла да се разговара за архитектурата на скопје... Тоа ќе биде нечовечно кон сите жртви на нашата транзиција кои грујо ги присвојува како свои . Многу луге останаа без ништо некои се самоубија некои просат на улица ... Да се размислува на трошење 1 милјарда евра за камен... Nonsense.
Se oddalecuvame od temata ,
Испратено на 19 февруари 2012 од meglenaSe oddalecuvame od temata , koja bese za izjavata na Grcev za "budalite" vo Makedonija na Bugarskata televizija.
So prvoto prasanje potpolno se soglasuvam, i mislam deka toa bi trebalo da e temata na diskusija so Skopje 2014 . Jas ne go znam odgovorot a spored frustriranite izjavi na Makedonskite arhitekti izgleda deka i tie ne go znaat. Edno sto sigurno znaat deka nikoj ne gi prasal za mislenje, sto e ke priznaete mnogu frustriracki ako se zamisluvate kako del od elitata i avtoritet vo poleto na Arhitekturata.
Sto se odnesuva do Grujo , toj samo se snasol vesto vo vakumot sozdaden od neaktivnosta i bezidejnosta i na elitata i na opozicijata. Na obicniot covek mu e preku glava od diskusii za podobra idnina. Vo meguvreme pominaa dvaeset godini i prv pat posle tolku vreme gledaat nesto konkretno od parite od budget-ot. Bidejki vo Makedonija seuste se nema cuvstvo za sopstvenost i odgovornost kon parite od budgetot (se uste se smetaat drzavni pari) na spomenicite i na novite gradbi se gleda kako na poklon, a na poklonet konj zabite ne mu se gledaat. Daj sto ke dades. Se dodeka obicniot covek ne gi ceni parite od budgetot kako svoi , vakvi potezi ke bidat nagraduvani so novi pobedi na izborni ciklusi.
Koga ke vidite cisti ulici vo Skopje (koj ke bidat znak deka graganinot ne saka da trosi poveke pari nekoj drug da mu go sobira gubreto) togas pocnete da govorite za Arhitektura koja ke bide vo funkcija na oplemenuvanje na prostorot. Dotogas novite proekti ke ja vrsat funkcijata za koja i se izgradeni a toa e sozdavanje epicentar na simbolite na novata Makedonska drzava, a Makedonskite moderni arhitekti ke bidat vo asinhronitet so realnosta.
Vtoroto prasanje nekako go dopira prvoto vo odnos na prioritetite na ovaa vlada. Poveke od ocigledno koj i e prioritetot na ovaa vlada. No isto taka e ocigledno deka za protivnicita na skopje 2014 toa ne e problem, zatoa sto sakaat moderni objekti so preskapi stakleni fasadi, uvezeni od stranstvo koj uste poveke bi dodale na cinenjeto na proektot.
Bidejki vo Makedonija seuste
Испратено на 20 февруари 2012 од proektBidejki vo Makedonija seuste se nema cuvstvo za sopstvenost i odgovornost kon parite od budgetot (se uste se smetaat drzavni pari) na spomenicite i na novite gradbi se gleda kako na poklon, a na poklonet konj zabite ne mu se gledaat.
Za prviot del potpolno se soglasuvam so Vas (lugeto vo Makedonija ne se svesni deka drzavnite pari se nasi pari od danok i deka nekoj pred da pocne da go menuva likot na eden grad treba da ne prasa), no deka drzavnite pari odnosno moite, Vasite i na site gragani treba da se trosat na spomenici i uste da se prifatat kako "poklon" e nonsens.Drzavata treba da e na usluga na graganite.
Vo clen 8 stav 1 od Ustavot se definirani temelnite vrednosti na ustavniot poredok na Republika Makedonija, a tamu nikade ne pisuva deka edna vlast treba da mu poklonuva na svojot narod spomenici i barokni zgradi.
Колумната е одлична, но дали
Испратено на 19 февруари 2012 од РистоКолумната е одлична, но дали ќе стигне до оној за кого што е наменета-Грујо, дали ќе ја прочита, или ќе му ја прочитаат. И конечно и ако допре до неговиот мал мозок, дали конечно, ќе може да ја разбере истата.
Извини му се на македонскиот
Испратено на 19 февруари 2012 од PactaИзвини му се на македонскиот народ за тоа што се караш ко свекрва, што не ти личи на годините.
Толку многу гнев и омраза не
Испратено на 20 февруари 2012 од iDТолку многу гнев и омраза не сум видел на друго место.
Понекогаш посакувам Анонимуси навистина да го урнат интернетот на 31-ви март, па на ликовите како авторов на колумнава да можат само во кафеаните и факултетските ходници да го трујат народов. Интернетот го замислував како бесконечна библиотека, извор на знаење, информации... Сега ми се гади.
Свирослав Прчев повторно во
Испратено на 20 февруари 2012 од АнонименменСвирослав Прчев повторно во акција! откако го унакази дебар маало додека беше градоначалник и откако ја баци сликата на тито што се наоѓа во неговиот кабинет тргна во офанзива! Неговиот аеродинамичен - alien изглед не плаши никого само да си знае.
Егото на Моронот Еден човечки
Испратено на 21 февруари 2012 од AnarhistЕгото на Моронот
Еден човечки живот од моментот на сознавањето на светлината се обидува да се дознае себеси да ја одржи својата збунетост во рамнотежа.
Некои не успеваат во разбирањето, како не толку древните души монтирани и демонтирани во духот комунистички, како што е Моронов.
Но, човек кој сака да биде активен i како последно и со своето его е подготвен да постави поинакви задачи отколку што беше во состојба да си постави порано и сосема да избрише се само да стане господар на умот: Не е храброст во овие чудни времиња да бидеш Морон.
Но да ја видиш сопствената слабост и да не ја разбереш ?!? својата немоќ и правото на надмоќ , да ги доведеш пред своето Его - е крајно Моронски рационално.
За рационално, односно "интелектуално ", овој Морончовек, не познава семејството , пријатели ,нација.
како природна моќ; на одрекување од родителите, браќата, итн, ги прави преку своето Его , и ако се "роди повторно", како интелектуалец, рационалната моќ, веќе не е во хоризонтот на овој Морон.
Победа или пораз – помеѓу две алтернативи за судбина Победникот станува Господ.
Ke dojdat i nasite pet
Испратено на 23 февруари 2012 од angele mrtvakoskaKe dojdat i nasite pet minuti, pa celo clenstvo na SDSM so cekancinja i so grcev na celo, kako selektor, pa udri po spomenicite i novite gradbi, ke sramnime so zemja se sto asocira na vladeenjeto na vmrovcite, a posle site niv ke gi nacukame po zatvori, na mestoto od velija & co. Stvarno, sto misli ovoj ng, cel zivot ke bide na vlast. Znaj si, NG, mnogu skoro nisto ke nema sto si izgradil ti!
Почитуван професоре Грчев! Да
Испратено на 23 февруари 2012 од Анонимен WCПочитуван професоре Грчев!
Да се чувствуваш одговорен, и да се извинуваш за нешто, што некој друг го прави, е ретка доблест! Комшиине од север, убаво рекле:`Туѓ ме стид поједе`.
Читајќи го Вашиот текст, и знаејќи што сте по вокација, се сетив на еден Ваш колега, што му беше државен архитект на фирерот. Се викаше Алберт Шпер.
Во најголемиот подем на третиот рајх, правеше исти глупости, (можеби и поголеми), од овај нашиов фирер, што незначи, дека овој ако остане уште малку, нема да го надмине!
(ова само за архитектурата, за друго, веќе е надминат).
Алберт Шпер беше осуден во Нирберг на доживотна, и издржувајќи ја казната,ја напишал книгата `Од третиот рајх`. Обидете се да ја најдете,(во бившата СФРЈ, беше издадена , незнам од кого, ама ја има). Се разбира на српскохрватски.
Ќе се изначудите од ситуациите и настаните, што во потполност се совпаѓаат со нашава денешница!
Извинете што ве упатувам на книга, која сигурно сте ја читале. Ова го правам за тие што не го направиле тоа! Колку да видат дека историјата се повторува!
Анонименмен , Grchev ne"го
Испратено на 23 февруари 2012 од za anonimenmenАнонименмен , Grchev ne"го унакази дебар маало додека беше градоначалник",isto kako shto i Marjan Gjorchev od VMRO_DPMNE, ne ja unakazi Kisela voda koga beshe gradonachalnik, vo isto vreme so Grcev, od 1996-2000, zatoa shto vo toa vreme dozvolite za gradba gi davashe Ministerstvoto za gradezhnistvo, a ne opshtinite. Dali sega gledash deka prvo treba da znaesh neshto pred da napishesh, za da ne izlezesh smeshen? Omrazata, sama po sebe, kanaliziraj ja na drug nachin
Profesorot po urbanizam, D-r
Испратено на 23 февруари 2012 од za vistinataProfesorot po urbanizam, D-r Grcev, na bugarskata televizija ne zboruvashe za makedonskata kultura opshto, tuku ja kritikuvashe izjavata na Vangel Bozhinovski deka postoi makedonska arhitektura od neolit.No , spin doktorite na vlasta ja izvrtea izjavata do neprepoznavanje!
Мирослав Грчев, Искренно
Испратено на 02 март 2012 од ВеликоТърновецМирослав Грчев,
Искренно вярвам, че позицията ти за тоталитарното общество не се отнася само за тоталитаризма и шовинизма в управлението на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, а за тоталитарното общество по принцип. Защото няма по-голямо зло, по-цинично общество от тоталитарното! За съжаление такава е съдбата на народите, преминали през фазата "социализъм" и това сраснало се с бандитизма общество още дълго време ще унищожава държавността, икономиката, културата в държавите ни! Формулата на властване е еднаква и при вас и при нас в България, а тя е тотално завземане на всички властови механизми и лостове от хората на бившите служби по сигурността-при вас УДБА, при нас ДС.
И до като обществото не се освободи физически от тези структури, то е обречено на крах!
Дълбоко вярвам, че този момент един ден ще настане и между хората няма да тлее омраза а взаимно уважение!
Оваа споредба која сака да ја
Испратено на 11 март 2012 од VeritasОваа споредба која сака да ја направи Грчев нема ама баш никаква објективна основа и докажува дека авторот или слабо стои со општествените науки или ова е тенденциозно без разлика на мотивите кои го натерале тоа да го напише. Тоталитарна е онаа власт која го контролира секој аспект од општественото живеење на своите поданици без тие да имаат никаква можност да одберат друга алтернатива сем онаа која им се нуди од страна на власта т.е. владејачката елита-управувачите т.е. оние кои се на власт. Таква е Северна Кореја која авторот ја спомнува, таква беше Русија по револуцијата за време на Сталин долго после тоа, таква беше Титова Југославија. Република Македонија нема ама баш никакви допирни точки со таквата концепција ниту de jure ниту de facto.De jure, чл.1,ст.1 од уставот на Р.М. гласи: Република Македонија е самостоја, суверена, демократска и социјална држава. ЧЛ.23 од уставот гласи: Секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции во тоталитарните само највисоките функционер на владејачката партија која по правило е една со своја единствена идеологија.Во темелните вредности на уставниот поредок на Р.М.содржани во Чл.8, ставот 5 ги промовира политичкиот плурализам и слободните непосредни и демократски избори во тоталитарните општества слободните непосредни избори НЕПОСТОЈАТ а нив ги замнуваат партиските седници каде однапред определени кандидати се избираат со акламација, чл.2, ст.2 Граганите власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изразување во тоталитарните општества непосредните облици на изјаснување непостојат затоа што елитата кажува како ке биде, потоа пазарната економија чл.8, ст.7, слободите и правата на човекот и граѓанинот од чл.9.. итн. и тнн.Тоа е генерално што се однесува на правната поставеност на демократскиот систем на Р.М.De facto Р.М. од своето осмаостојување па до денес има
одржано 6 парламентарни избори а и локални и претседателски избори. Има повеке партиски систем за што говорат големиот број на опозициони и партии кои се на власт потоа има голем број на приватни медиуми кои се слободни во изборот на вестите кои ги публикуваат што е неспоиво со тоталитарните системи каде власта ги контролира медиумите. Овие и мн други факти и аргументи говорат дека апсурд е да се говори за постоење тоталитарна влас во Р.М. и да се компарира Р.М. со Северна Кореја. Авторот сакајќи да протне определена содржина
во јавното мислење( пропаганда) чија главна цел е да го оцрни премиерот и пратијата која е на власт, а не политичкиот систем на Р.М.!