Приватни моменти во јавни простори

17.02.2012 12:05
Приватни моменти во јавни простори

Дали живеењето во големи градови нè приближува еден кон друг, или парадоксално, нè изолира правејќи го секој од нас само осамен дел од уште поосамената толпа? Тоа е прашањето кое си го поставил фотографот од Јужна Кореја, Ерик Периард (Eric Perriard), и од чија основа тргнал во создавањето на серијата фотографии „Урбани души“ (Urban souls).

Фотографиите прикажуваат осамени граѓани-скитници во градскиот пејзаж на Сеул, град кој е лишен од човекот. Ова може да се сфати и како одговор на веста од 2008 година дека повеќе луѓе живеат во градските средини, а сè помалку во руралните места. Фотографиите имаат за цел да ги доловат моментите на изолација. Во голем и густо населен град, тоа е невозможно дури и на сон. Но, фотографиите не се лишени од пристрасноста и субјективноста на Периард.

„Сфатив дека ги фотографирам работите потпирајќи се, или истакнувајќи ја мојата перцепција на ситуацијата. Сакав да прикажам моменти на тишина во бучното и брзо секојдневие“, вели тој.

Повеќе за неговата работа тука.

Извор: flavorwire.com

Слични содржини

Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Фотографија / Книжевност
Јавни простори / Фотографија
Јавни простори

ОкоБоли главаВицФото