1018 hPa
27 %

30 °C
Скопје - Нед, 15.06.2025 12:59
Во Рајот се раскажуваат вицови, во Пеколот ги објаснуваат.
Аргентинска поговорка
За повеќето од нас кога имаме „проблем“ сериознoста е нормална, дури можеме и да се навредиме ако некој каже нешто смешно во врска со тоа. Гледав терапевтски сесии со луѓе од различни ориентации. Тоа што го забележав е дека најголемиот дел од терапевтите се страшно сериозни. (Првин луѓето стануваат сериозни, потоа стануваат мртви сериозни, потоа мртви.)
Терапевтката Вирџинија Сатир користела многу хумор на нејзините сесии. Освен што се интересни, менталните настани поврзани со хуморот можеби се токму она што ни е потребно за да ги видиме нашите ограничувања на друг начин и да почнеме да правиме чекори за ги разрешиме. Да го истражиме ова!
Во секој виц или шега постои образец во кој се создава обичен и лесно разбирлив наратив со соодветно значење. Тогаш „пресвртот“ го менува нашето мислење и ние реагираме со насмевка или смеење кога примаме нова и неочекувана информација.
Еве го мојот омилен пример: „Што би сакале луѓето да кажат на Вашиот погреб?“
Повеќето од нас веднаш ќе почнат да размислуваат што добро би се рекло за нас: „Тој беше феноменален, таа беше дарежлива и добра, тој беше внимателен, емпатичен, таа даде придонес итн.“
А еве го одговорот кој ќе нè изненади: „Гледај! Тој се движи!“
Она што е смешно е тоа што ние почнуваме со претпоставката дека, всушност, сме умреле. Но, кога ќе го слушнеме пресвртот, нашите слики, разбирање и значења се менуваат целосно; импликацијата на „движење“ значи дека ние сме живи, менувајќи ја претпоставката дека сме мртви.
Секоја шега, и секој вид хумор, вклучува одреден тип на промена на перспективата која го менува она што си го замислуваме; кога се менува сликата во нашиот ум, често се менуваат и нашето сфаќање и значењата. Тоа е токму оној вид промена која се случува кога некој решава проблем, без разлика дали е личен, уметнички или научен.
Терапевтите често говорат за користа од „размислување вон рамките“ при промена на нечие сфаќање, како да е тоа еден процес. Всушност, постојат барем 17 процеси кои досега се објаснети а кои го употребуваат зборот „размислување вон рамките“.
Тоа што е интересно е што овие 17 или повеќе процеси се истите оние кои се случуваат кај креативната инспирација, откритијата, хуморот. Накратко:
Промена на рамката = Хумор = Креативност
Малку знаеме за тоа што невролошки се случува кога овие процеси работат. Веќе одредено време се знае дека оштетување на левиот фронтален дел од мозокот често резултира со депресија (и многу малку смеење). Оштетувањето на десниот дел често резултира со невозможноста да се цени хуморот, или да се биде хумористичен на начин кој за другите луѓе е „чуден“ или „несоодветен“. Очигледно е дека хуморот бара и ги активира двата фрнтални дела од мозокот кои делуваат заедно и симултано.
Една фасцинантна серија на експерименти фрла нова светлина за тоа како хуморот влијае на работењето на мозокот. Кога хоризонталните линии, кои се движат, се презентираат во левото визуелно поле (кои се процесирани од десната хемисфера) и вертикалните линии се презентирани од десното поле (процесирани од левата хемисфера), субјектите велат дека гледаат или вертикални или хоризонтални линии, но ретко велат дека гледаат вкрстени линии. Ова се нарекува „бинокл ривалство“ – односно, само една слика ни прави свесност во единечно време, а другата е несвесно забележана. Сликата која ја гледаме, грубо речено, се менува напред и назад помеѓу двете хемисфери два пати во секунда. Така што, одиме напред и назад да ги видиме вертикалните односно хоризонталните линии. Интересно е тоа што истражувачите во Австралија откриле дека на луѓето со биполарно нарушување (шизофренија) им е потребно и до 10 пати подолго време одошто на нормалните луѓе за да направат промена од едната хемисфера кон другата.
Кога во лабораторија се работи врз субјект (единка) и некој ќе каже шега, субјектот согледува вкрстувања. Следејќи го ова изненадувачко откритие, истражувачите откриле дека смеењето го интегрира функционирањето на двете хемисфери, елиминирајќи го ривалството на „бинокл“ состојбата и до половина час.
Гледајќи од оваа перспектива, нека нè ве изненади статијата на Њујорк Тајмс која вели дека хуморот резултира со значително повисоко креативно решавање на проблемите.
Хуморот е главен аспект на овој метод, стимулирајќи ги и нашиот и мозокот на човекот со кого разговараме да размислува различно, давајќи му повеќе можни начини за излез на мозокот од „еднонасочниот автопат“. Така што, доколку сакате да ги користите двете хемисфери на вашиот мозок за да решите проблем, прочитајте добри вицови или најдете некој што ќе ви прераскаже. Добро изнасмејте се за да ги балансирате двете хемисфери, а потоа размислете за „проблемот“.
Извор: realpeoplepress.com
Карикатура: Крис Маден