ЛГБТ мапа на Европа

21.02.2012 13:04
ЛГБТ мапа на Европа

Според извештајот насловен како Rainbow Europe Index 2011, изработен од Меѓународното лезбејско, геј, бисексуално, трансексуално и интерсексуално здружение ILGA-Europe, Македонија во почитувањето на човековите права на ЛГБТ заедницата се наоѓа на европското дно, покрај земји како Украина, Русија, Белорусија, Турција и др., додека од балканските земји е на последно место.

На скалата на која почитувањето на човековите права на ЛГБТ заедницата со бројот 17 се означува највисокото ниво, додека со -7 се означува најниското ниво, Македонија има -2 бода. Од земјите од регионот, Босна е означена со бројот 1, што значи дека е земја во која многу малку се почитуваат правата на ЛГБТ заедницата. Тука некаде е и Косово (1), додека Србија, Романија, Бугарија, Грција, Албанија и Црна Гора се означени со двојка. Единствените балкански земји кои се сместени во т.н. зелена зона се Словенија (6) и Хрватска (7).

Од останатите европски земји, Украина е на најниското ниво со -4 бодови, со што е најголемиот насилник над човековите права на ЛГБТ заедницата во цела Европа. Од друга страна, пак, Британија со 12,5 и Шпанија и Шведска со по 12 бода се на врвот според почитувањето на правата на ЛГБТ заедницата, од сите 49 европски земји.

Истражувањето ги опфаќа законите и административните мерки кои ги штитат или прекршуваат човековите права, иако тоа не ги одразува пошироките општествени ситуации кои ЛГБТ лицата можат да ги имаат во своите општества.

Уште еднаш Македонија се најде на европското дно, благодарение на дискриминаторските закони кои лани ги донесе владата, но и воопшто на антигеј климата која е присутна во земјава.

Извор: H-alter.org

оваа скала е обратна!

оваа скала е обратна! македонија е во ретките држави која има некакви вредности и ужива во мир од парадите на овие разголени и расипани деца.

ОкоБоли главаВицФото