Злите јазици зборуваат за егзодус

21.02.2012 13:07
Злите јазици зборуваа за егзодус

Кан има палми и ѕвезди, Венеција има шарм и лагуна. А што има Берлин? Сибирска температура и непрегледна програма. Овие заклучоци за Меѓународниот филмски фестивал во Берлин, популарно наречен Берлинале, може да се чујат секоја година. Но, едно често се премолчува: за разлика од елитните и свртените кон себе фестивали во медитеранските летувалишта, Берлиналето е демократски спектакл со скоро 400 филмови кои се за граѓаните и широката публика, а не само за акредитираните гости.

Слаба конкуренција

Ден пред доделувањето на наградите фаворитите не беа толку искристализирани како што се случи минатата година со иранскиот филм „Надер и Симин“, кој ги собра најголемите мечки па дури и Златната за најдобар филм. Меѓу новинарите кои веќе една недела како сенки се мотаа околу кино-дворецот на Постдам плоштадот, како млак фаворит се истакнуваше филмот „Барбика“ на германскиот режисер и редовен гостин на Берлиналето, Кристијан Петзолд. Како втор фаворит се споменуваше филмот „Сестра“ на швајцарската режисерка Урсула Меиер. За многумина  фаворит  беше и делото „Само ветар“ на унгарскиот режисер Benedek Fliegauf. Низ германските медиуми се провлекуваа и имињата на Hаns – Christian Schmid и Matthias Glasner, исто така постојани германски гости на Биеналето. И во тоа е можеби, според мислењето не само на странските гости на фестивалот, најголемиот проблем кој се јавува изминативе години на Биеналето. Во натпреварувачката програма се појавуваат впечатливо голем број германски филмови. Останатите доаѓаат од земји чии филмови сме немале можност да ги гледаме често во европските кина. Злите јазици зборуваат за егзодус. Уметничките барања на големите продукции, како драмата на Stephen Daldry за 11 септември, „Екстремно гласно и неверојатно брзо“ или „Hiwire“ на Steven Soderbergh се прикажани во главната натпреварувачка програма, но надвор од конкуренција. Истото важи и филмот на Анџелина Џоли „ Во земјата на крв и мед“ кој крена голема медумска прашина.


Носење ѕвезди по секоја цена

Некако се создаде впечаток дека директорот на фестивалот Dieter Kosslick некои филмови ги носи во Берлин само за да ги донесе во Берлин и ѕвездите кои се поврзани со филмовите а на кои навистина не им е местото на еден филмски фестивал од „А“ категорија . Најчесто споменуван пример за оваа практика се постојаните покани до Мадона, која доаѓа во Берлин да ги промовира своите филмови иако никој не сака да ги гледа. Но, затоа барем премрзнатите папараци имаат кого да прогонуваат низ градот неколку дена. Kosslick си даде за задача во премрзнатиот и неудобен Берлин да донесе ѕвезди. Но, токму таа задача на Kosslick, кој пред 12 години го презеде помалку поцрнетиот Берлинале, последниве години му паѓа многу тешко. Покрај недостатокот од гламур, во споредба со конкурентите Кан или Венеција, Берлиналето е загрозено и од новиот термин на доделувањето на Оскарите како и сè поголемото значење на „Sundance Festival“ кој истотака се одржува на почетокот на годината. Големите ѕвезди наоѓаат сè помалку време да го вклопат Берлин помеѓу две, особено за американската филмска индустрија, важни случувања. Обидот на Kosslick да внесе малку боја на избледениот црвен тепих така што на него ќе доведе егзотички филмски појави, како на пример, најголемата филмска ѕвезда од Индија, Shaha Rukha Khana, главно предизвика подсмев.

Но, тоа што Берлинале го прави единствен и незаобиколив е можноста за увид во годишната светска филмска продукција. И тоа не во главната програма туку во десетина попратни секции од кои најважни се Панорама и Фокус, каде што и оваа година можеа да се видат филмови кои својот пат не го наоѓаат ниту во најнепознатото уметничко кино во Берлин.

Извор: dw.de