1022 hPa
71 %
10 °C
Скопје - Сре, 11.12.2024 15:59
Интересна е сличноста помеѓу болшевизмот и груевизмот, т.е. помеѓу соцреализмот и антиквизацијата. Соцреализмот значи создавање утописка реалност, а не отслик на грубата физичка стварност. Ми се чини дека суштината на антиквизацијата исто така е создавањето утописка реалност, т.е. создавањето нов сој на еден ем подобар ем постар Македонец. На пример, проектот „Скопје 2014“, срцето на целокупниот преродбенички потфат, не се толкува „како верен одраз“ или копија која коегзистира со реалноста, туку како машина за нејзина замена, како преработка на реалноста во нејзин знак и слика, при што се отстранува самиот изворник. Ако ја свртиме работата на зафрканција можеме и вака да речеме: „Нашето минато е случај без преседан. Такво нешто историјата уште не забележала.“
Рускиот теоретичар Михаил Епштајн вели дека социјалистичкиот реализам беше двократен симулакрум, со оглед на тоа дека тој ем ја создаваше сликата на хиперреалноста, ем самиот беше нејзин составен дел – налик на начинот на кој огледалото влегува во ентериерот и едновремено го удвојува. Но, во иста мера и целата соцреалистичка реалност беше социјалистички реализам, бидејќи се јавуваше како слика и образец за самата себе. Во таа ситуација, според Епштајн, кога реализмот преминува во реалност во склад со нејзината преобразба – самата реалност станува реализам, т.е. текст за реалноста.
Сосема е ист случајот со суштинскиот проект на „преродбата“, антиквизацијата (обрнете внимание на двосмисленоста на зборот „преродба“: истовремено се препораѓа нешто што веќе било и нешто што е подобро од старото; иако дел од „преродбениците“ зборот антиквизација го сметаат за навредлив, антиквизацијата е речиси синонимна со преродбата: се создава нешто ем постаро ем поубаво, како што велеше требињскиот градоначалник Вучуревиќ додека го бомбардираше Дубровник). Антиквизацијата, втемелена во митологијата, агресивно се претставува како највисока стварност, на тој начин истиснувајќи ја и заменувајќи ја обичната, нехеројска стварност.
„Помеѓу идеологијата на сталинистичкото доба и нејзината реалност не постојат речиси никакви процепи – не зашто таа идеологија вистинито ја одразувала реалноста, туку затоа што со време во земјата не преостанала никаква друга реалност освен самата идеологија. И Днепрогрес, и Магнитка, и пионерите, и казнените органи – сето тоа го создаде идеологијата заради потврдување на сопствената исправност. Во таа смисла идеологијата била вистинита – зборувала за самата себе“, вели Епштајн во еден свој текст од 1996 година, за рускиот постмодернизам.
Значи, груевизмот не е копија туку симулакрум. Жак Дерида, кога го анализира Платоновиот „Државник“, дава своја кратка верзија на разликување меѓу копијата и симулакрумот: „Благите одлуки се копии, но тие стануваат симулакруми штом ќе почнат, бегајќи од Благоста, да го кршат и узурпираат законот.“
Жил Делез дава малку поинакво разликување: „Копијата е слика, опремена со сличност, додека симулакрумот е слика лишена од сличност. Симулакрумот е адресирана пратка, тој не постои без набљудувачот кој го конституирал како реалност, зашто самиот не е способен да ги опфати тие големи размери и длабочини што симулакрумот ги носи во себе. Токму поради таа неспособност, набљудувачот и добива впечаток на сличност. Симулакрумот во себе ја вклучува и диференцијалната точка на гледање. Набљудувачот станува дел од самиот симулакрум, а неговата точка на гледање се трансформира и деформира последна. Накусо, во симулакрумот е присутно едно лудило, едно ограничено настанување.“
Дека „во симулакрумот е присутно едно лудило“ тоа многу добро го знае секој кој отворил некој македонски весник или погледнал некоја македонска телевизија последниве години. Притоа, груевистичкиот режим одамна ги напушти и копиите и „Благоста“, длабоко потонат во сопствениот свет („приватната држава“, како што вели Фрчкоски) со интерни правила кои најчесто се во спротивност со законите. (Но, тоа „преродбениците“ најмалку ги загрижува; промената на законите или нивното произволно толкување е дел од козметиката врз трупот на симулакрумот.)
Се разбира, кога велам дека постојат многу структурни сличности помеѓу антиквизацијата и соцреализмот свесен сум дека и десните тоталитаризми имаат слични тенденции. Впрочем, се чини дека карактеристика на сите тоталитарни системи е да градат свој посебен дискурс кој станува не толку јазик за опишување на светот колку инструмент за менување на реалноста.
Работата можеме и дополнително да ја проширеме. Пјер Бурдие, на пример, тврди дека во основите на политичката револуција се наоѓа симболичката револуција. Зборувајќи за „борбата по повод зборовите, каква што, на пример, се водела во 18 век по повод претставата за природата“ (нејзе, пред сè, ја персонифицира стратегијата на Русо за величање на „природниот човек“), Бурдје смета дека таа борба била онаа симболичка револуција која неколку децении подоцна ја одредила политичката револуција во Франција.
СДСМ никако не успева, дваесет години веќе, да ги дофати овие важни слоеви на политичкото (себе)освестување, да ги дофати врските помеѓу политичкото и симболичкото. Тоа е една од причините зашто груевизмот и преродбата речиси без отпор успееја целата земја да ја набуткаат во нивниот брод сместен во шише.
Слики:
на насловната: Комар и Меламид, Потеклото на социјалистичкиот реализам, 1982
Фирсов А., Сталин и агрономистите, 1952
Самсонов Евгени, Час по цртање, околу 1970
СДСМ никако не успева,
Испратено на 21 февруари 2012 од СкоевецСДСМ никако не успева, дваесет години веќе, да ги дофати овие важни слоеви на политичкото (себе)освестување, да ги дофати врските помеѓу политичкото и симболичкото. Тоа е една од причините зашто груевизмот и преродбата речиси без отпор успееја целата земја да ја набуткаат во нивниот брод сместен во шише.
---------
Нели си ти во советот на СДСМ? Помогни другар Коља.
СДСМ не се спротистави
Испратено на 21 февруари 2012 од МисирковСДСМ не се спротистави навреме на македоноидиотизмот, туку кокетираше со него.
Да, тоа беше само уште еден
Испратено на 21 февруари 2012 од ВселенецДа, тоа беше само уште еден од случаите кадешто СДСМ и неговите највисоки структури покажаа јасни знаци на политичко слепило. СДСМ е највиновен затоа што не успеа да препознае и дијагностицира ниту една од битните ситуации и опасности за државата и народот.
Pocituvan Nikola Gelevski,
Испратено на 22 февруари 2012 од Aljosa Simjanovski Ney YorkPocituvan Nikola Gelevski, definitivno ne go razbiras poimot simulakrum,nitu medimskiot teoretski mejnstrim.Toa go znaev uste od vremeto koga vo Tocka ti go prestavivme proektot Otsprotiva hromatskiot univerzum,ke se setis sigurno,a sega ova sto xe obiduvas da go prestavis i kako politicki stav e navistina smesno. Najdobro da gi ostavis rabotite da se odvivaat bez tvojata "analiticka copy paste opservacija" i se ke ti se kaze koga togas.Pismen si no ne dovolno podgotven za sverata hiperrealnost,i za pozicijata nulta tocka na postcovecnost..pozdrav od Medison ave. New York..A.Simjanovski
ма кој си бе ти да му кажуеш
Испратено на 22 февруари 2012 од дадама кој си бе ти да му кажуеш он е оне ман шоу .... познавач на многу професии и стручност во истите ... поздрав сорос