„Чиче, чиче, јас ништо не гледам!“ (СК014 како Дизниленд)

28.02.2012 11:00
„Чиче, чиче, јас ништо не гледам!“ (СК014 како Дизниленд)

Има еден морбиден, невкусен и некоректен виц кој сепак поседува интересна литературна жичка и кој добро ќе послужи како почетна илустрација за денешниов текст:

Хитлер се шета низ концентрационен логор, а околу вратот, на ланче, му висат две мали виљушки. Му приоѓа едно дете Еврејче и го прашува: „Чиче, чиче, што ти е тоа околу вратот?“ А Хитлер му вели: „Тоа ти е, дете, двоглед“. Еврејчето прашува: „Можам ли да гледам низ него?“ Хитлер одговара: „Се разбира“ и му ги набива виљушките во очи. Детето вели: „Но, чиче, јас ништо не гледам!“ А Хитлер почнува да ги врти виљушките велејќи: „Чекај чиче да ја изостри сликата...“

Денешната тема е Дизниленд. Всушност, вистинската тема е изместениот (од шините на простор-времето) проект „Скопје 2014“ кој многумина критичари, новинари, уметници не случајно го споредуваат со Дизниленд. Оти, искуството на Дизниленд е инфантилно искуство. Фараонските проекти налик на „Скопје 2014“ во себе ја имаат вградено и таа димензија на инфантилизација на народот и можеби затоа, меѓу другото, тие проекти понекогаш се успешни.

Минатиот пат пишував дека СК014 во основа е соцреалистички проект. Соцреализмот, пак, исто така е поврзан со инфантилизацијата. Светлана Бојм, на пример, проникливата историчарка на советското искуство, одредувајќи го соцреализмот како „царски Дизниленд на возвишениот стил“ забележува дека естетиката на соцреализмот има многу заеднички работи со естетиката на работничките универзитети или со онаа на ахровците (АХР – Здружение на уметниците на револуцијата): „Нејзини херои не се Мики и Мини Маус туку Пушкин – Горки – Мајаковски – Чапаев – Стаханов, но репертоарот на нивните улоги во културата не е многу поширок. За разлика од масовната култура на Западот, соцреалистичката естетика ги користеше не само финансиите туку и државната власт, а имаше огромни претензии на создавање царски Дизниленд од светски размери, царски Дизниленд на возвишениот стил.“

Еден друг брилијантен теоретичар на руската литература во 20 век, Михаил Берг, ја дополнува Светлана Бојм и уште попрецизно ги артикулира клучните тези на денешниов текст: Дизниленд е волшебен свет, во кој децата се чувствуваат како дома и сметаат дека куќата е заштитен простор, а возрасните се принудени или да ги прифатат законите за изградба на просторот или да му подлегнат на отуѓувањето. Опозицијата „свој/туѓ“ притоа добива карактер на традиционална граница која ги заменува сите други, а наместо живот во рамките на границите на реалните и меѓусебно конкурентни полиња, се нуди живот во рамките на илузорни граници. Инфантилноста, според Берг, е синоним за културна непресметливост, кога местото на реалната хиерархија го зазема илузорната. „Илузорната хиерархија не е подложна на конвертирање од еден културен простор во друг, а објектите на културното производство, остварувањата на занесот на културната непресметливост (како што е и воопшто искуството да се престојува во тој универзум), потполно се несфатливи за некој што е надвор од Дизнилендот.“

Слепи пионери, Атанас Суткус, 1962

Проектот „Скопје 2014“ токму е огромен културен проект чија основна претпоставка е сфаќањето на целото поле на културата како џиновско детско поле за играње. Инфантилизмот на нашава преродбеничка дизниленд-култура се гледа и низ некои карактеристични црти за кои зборува и Берг: сентименталноста, моралнопоучноста, просветителскиот занес, максимализмот... Кај децата исто така се јавува спојот меѓу безразложната веселост, празничното доживување на светот и суровоста, категоричноста и маргиналноста, егоцентричноста и претераната љубезност, комплексот на повисока вредност и комплексот на пониска вредност...

Својот концепт за инфантилноста на соцреализмот Берг го опишува со помош на категоријалниот апарат на социологот Пјер Бурдие. Тој апарат мошне е применлив и во македонскиот случај и многу прецизно го објаснува она што ни се случи и што се случува. Накусо, секој социјален простор постои низ два слоја: како реалност од прв ред, дадена со помош на распределба и присвојување на добрата и вредностите, престижни на социјален план, и како реалност од втор ред, која постои во претставите, схемите на мислење и однесување, стереотипите и пишаните правила, кои го репродуцираат симболичкиот капитал. Рамнотежата се обезбедува со релативно автономното постоење на различни полиња, кои спаѓаат во социјалниот простор – полињата на политиката, културата, идеологијата, економијата итн.

Во Македонија ни се случи истото што се случи во Советскиот Сојуз или во Германија во триесеттите години: полето на идеологијата сосема го проголта полето на културата (а и другите полиња, патем). Вака вели Берг: „Ако масовната култура се самоодредува во областите на функционирањето и присвојувањето на културниот и економскиот капитал, тогаш соцреализмот се самоодредува во областа на прераспределбата на културниот и симболичкиот капитал. Полето на идеологијата тука не го голта само полето на културата туку и полето на економијата, штом доведува до тоа социјалниот простор да добие инфантилни црти, а литературата, проголтана од полето на идеологијата, принудена е да симулира актуелност и да станува инфантилна.“

Пионери на црвениот плоштад, 1950-ти години

(Еве уште еден корисен „уметок“ - додуша, целиов денешен текст е „протетички“, создаден од „уметоци“ – кој ја дообјаснува македонската културно-политичка ситуација: Борис Гројс, историчарот на уметност, вели дека доколку е успешно ликвидирањето на автономијата на социјално гарантираните сфери на културните вредности, и ако таа автономија биде заменета со уметнички проект во којшто реалноста и уметноста се поистоветуваат – тогаш пропаѓа и самата уметност, заедно со реалноста.)

Симпатичниот лик од цртаното филмче „Еднооки“, пастирот наш, нагалено познат и како Драгиот водач, Малиот-Големиот, Златниот-Црниот, значи, не прави ништо друго туку ги врти виљушките во очите на малите Македонци, „за да (им) го изостри погледот“ (всушност, низ виљушкарскиот контакт со Малиот-Големиот, Македончињата престанаа да бидат мали; Малиот-Големиот им ги врати некогашните димензии; сега се тоа ултра Македонци кои веќе не се „војничиња“ туку се нација-фаланга). Освен тоа – ете го клучниот аргумент – ништо од ова, се разбира, не е стварно (морбидно, невкусно и некоректно) – се теши целата од под земја новооткриена нација, налик на оние закопани кинески војници – оти Малиот-Големиот тоа („изострувањето на погледот“) ни го прави само во цртан филм, само во Дизниленд, а она што до вчера било големо многу брзо ќе може да се намали, исто како во Алисината земја на чудата. И пак сè ќе биде по старо.

препорачана литература:

Михаил Берг, Литературократија, Службени гласник, 2011

Светлана Бојм, Будућност носталгије, Геопоетика, 2001

Сузан Бак-Морс, Свет снова и катастрофа, Београдски круг, 2005

Доколку во една екстремно

Доколку во една екстремно надреална приказна Коце Трајановски се разбудеше како градоначалник на Париз, уште недорасонет ќе се затрчаше кон „чудовиштето“ во срцето на градот на светлината. Културниот центар „Жорж Помпиду“, популарно наречен Бобур, со архитектура што личи на рафинерија за нафта, беше дел од од најцрните кошмари на Трајановски – тој не можеше да замисли во барокната идила еден модерен натрапник. Брррр... каков ужас, како може некој да размислува и да создава во чекор со времето, да биде дел од модерната, па дури и пред времето. Па уште оној супермодерен кварт Дефанс – да не се овие Французи луди, тие сакаат да го уништат Париз!

Има некоја вселенска леснотија со која политичарите трошат огромни туѓи пари за проекти што го навредуваат здравиот ум. Коце Трајановски, без да поцрвени од срам, сега сака да ја смени стаклената фасада на поранешната Стоковна куќа и на скопското ремек-дело на модерната, зградата на „Метропол“ изградена во 1933 година. И тие требало да имаат барокна фасадата како околните згради за да не се делеле. Види мајката - прво им ги менуваат фасадите на зградите околу нив и потоа архитектонските убавици ги нарекуваат копилиња.

Вакво самоволие, уништување на времиња и вредности немало ниту во времето на Калигула. Неколкумина политичари мислат дека се определени од Бога да бидат господари на животот и смртта, на грдото и убавото, на спомените, на радоста и тагата. Ќе бидат потребни неколку истражувања за психолошките профили на урбанистите кои по нарачка го создаваат овој Франкенштајн во Скопје и на архитектите кои прифатија да ги спроведат нивните замисли. Ги мачи ли некаква совест, се препотуваат ли во сон кога некој им се обраќа со зборовите: „Добредојдовте во ужасот што сами го создадовте“.
Љупчо Поповски, „Утрински весник“, 27.02.12.

Што се однесува до

Што се однесува до „протетиката“ („уметоците“), ми се свиѓа таа поетичка стратегија. Еве едно сјајно парче, баш од Епштајн, што беше спомнуван во минатата колумна:
"Постојат два начини на мислење: фундаментален и трамбулински. Фундаменталното мислење, од, да речеме, Хегеловиот тип, е она што непрекинато се потпира врз сопствената основа. Повеќе го сакам другиот начин на мислење кога секоја следна мисла се одбива од претходната, според принципот на трамбулина - се отфрла од отскочната даска. Затоа секоја моја наредна мисла во однос на претходната тежнее да биде во ортогонална проекција".

хм.. сам себе го

хм.. сам себе го коментирува.. хм..

од едната страна слепци који

од едната страна слепци који обвинувајат други дека сат слепи, од другата страна слепци који ги напаѓајат првине зашчо се слепи, а меѓу нив македонскио напатен народ, со очи, уши, усти, раце и нозе, па и стапој покрај них, и место да земе па удри! удри! по тоа слепцине, и од двете страни, он си ќути, си трпи, кутрио, трпи

Ми се свиѓа и овој спој

Ми се свиѓа и овој спој (можеби типичен за Русија, за нивната чудесна книжевност?!), присутен на коментарите на Окно (типичен и за Македонија?!) меѓу хиперартикулираното и тотално немуштото (дивото и вештачкото?!).

Груевизмот сака да остави

Груевизмот сака да остави трага, да биде запомнет. Да доживее една историска петрификација. И ќе биде така. Во некои идни учебници по историја на уметност Скопје 2014 ќе се изучува како највисок дострел на државниот лош вкус. Се разбира само доколку нашата наука не е и понатака во служба на идеологијата на груевизмот.
Се сетив на едно ТВ интервју со еден од изведувачите на СК14, инаку професор на ликовната академија. Кога го прашаа за неговиот личен став околу естетската димензија на проектите, тој се произнесе дека нема коментар и дека е само изведувач на нарачан проект. Ако професорот се произнесе искрено, ќе го загуби проектот, ако лаже за да го задоволи Пастирот, тогаш ќе мора да си ја запали дипломата. Кога самиот уметник се оградува од она што го работи и нема свој личен естетски став, тогаш кој e "уметникот" што го конципирал сето тоа?

Posto sme vo copy/paste mode,

Posto sme vo copy/paste mode, a bogami i vo Pariz, eve vi izvadok od "vesnikot "le temps" 1887 posle izgradbata na Ajfelovata kula i peticijata na najvidnite intelektualci od Pariz protiv kulata. Potpisani megu drugoto se Aleksandar Duma, Gi de Mopasan, a bogami i poznatiot Arhitekt Charls Garnie.

Me mrzi da preveduvam. Koj znae, znae. Koj ne znae , dzabe i da mu preveduvam.

Le Temps, Février 1887
“Honored compatriot, we come, writers, painters, sculptors, architects, passionate lovers of the beauty of Paris - a beauty until now unspoiled - to protest with all our might, with all our outrage, in the name of slighted French taste, in the name of threatened French art and history, against the erection, in the heart of our capital, of the useless and monstrous Eiffel Tower…”

A petition against the construction of the tower has been published in the newspaper “le Temps” to the attention of Jean-Charles Alphand, coordinator of the building, two years before the beginning of the construction.

This petition has been written and signed by a committee of three hundred involving some famous artists and poets such Leconte de Lisle, Alexandre Dumas and even the architect Charles Garnier, known for his Opera, and official counselor of the exposition!

After the construction, the novelist Guy de Maupassant, who claimed to hate the tower, supposedly ate lunch in the Tower's restaurant every day. When asked why, he answered that it was the only place in Paris where one could not see the structure.

Ах, познатиот argumentum ad

Ах, познатиот argumentum ad Ajfelova Kula. Сигурен сум дека овој аргумент го користат и во Казахстан, на пример, за нивното “Скопје 2014“. Проблемот е што Кулата е една, а триумфалните глупости се многу. Уште еден проблем е што Ајфеловата Кула е оригинална и -не дај Боже- модерна.

Da, iato taka poradi

Da, iato taka poradi poznatiot argumentum ad populum deka ako se frlis vo bezdna, sigurno ke go izgubis zivotot, samo onie sto ucat na prethodnite iskustva imaat dobri sansi da prodozat da pisuvaat na sajt-ov.

Ok, dobro! I sho sea?

Ok, dobro!

I sho sea?

Ajfelovata kula e edno, ne e

Ajfelovata kula e edno, ne e nitu spomenik nitu zgrada, a gradbite od Skopje 2014-ta sosema drugo. Ne gi meshajte temite,vprochem, nikoj ne tvrdi deka taa e ubava, tuku e samo dostrel na togashnata tehnologija, znachi, izgradena spored svoeto vreme, a ne vo barok. Tie shto se bunele, se bunele protiv neshto novo, do togash nevideno....

Mojot post za Ajfelova Kula

Mojot post za Ajfelova Kula voopsto ne e za kulata, tuku za nacinot na reakcijata na intelektualnata elita na Pariz od toa vreme na promenata bez da bidat konsultirani. Nivnoto nezadovolstvo doaga od fakot deka se zasrameni od svoite kolegi pred koi treba da se pojavat i da se pravdaat poradi toa sto dozvolile takva glupost da se gradi. Eve vi go vtoriot del od peticijata. Slicnosta so reakcijata na nasata "intelegencija" e tolku golema, sto treba samo da gi smenite zborovite, Pariz so Skopje, Ajfel so Gruevski, Gothica so Moderna, Jean Gujon i kompanija so Grcev i kompanija i imate gotova peticija koja mozete da ja ispratite sekade kade treba. Samo treba da ja prevedete.

"Are we going to allow all this beauty and tradition to be
profaned? Is Paris now to be associated with the grotesque
and mercantile imagination of a machine builder, to be
defaced and disgraced? Even the commercial Americans
would not want this Eiffel Tower which is, without any
doubt, a dishonor to Paris. We all know this, everyone says
it, everyone is deeply troubled by it. We, the Committee, are
but a faint echo of universal sentiment, which is so
legitimately outraged. When foreign visitors come to our
universal exposition, they will cry out in astonishment,"
What!? Is this the atrocity that the French present to us as
the representative of their vaunted national taste?" And they
will be right to laugh at us, because the Paris of the sublime Gothic, the Paris of Jean Goujon, of Germain Pilon, Puget, Rude, Barye, etc. will have become the Paris of Monsieur Eiffel.

Министерката за култура на

Министерката за култура на Македонија во повеќе наврати зборувајќи за критиките на јавноста упатени кон “новите” визии за Скопје, ја раскажува приказната дека и Ајфеловата кула најпрво не била прифатена од јавноста, па потоа станала симбол на Париз.

Тоа е точно- Ајфеловата кула не била прифатена од јавноста, но многу е значајно да се каже зошто.

Ајфеловата кула е изградена за Светската изложба во Париз (1889), а по нејзиното завршување било планирано да се демонтира. Раѓањето на таков нов облик на градба, кој немал никаква сличност со ниеден дотогашен објект и претставувал еден нов простор оформен од железни прачки бил несфатлив и одбивен за поголемиот број на граѓани, кои биле навикнати да ги гледаат еклектичните градби во нивниот град. За среќа околу 1910 година неколку уметници, Робер Делоне и Антоан Певзнер, застанале во одбрана на Ајфеловата кула, а со текот на времето и јавноста се навикнала на присуството на оваа 300 метарска градба, која денес претставува незаменлива доминанта во урбаната слика на Париз.

Оттука може да се заклучи дека контектсот во кој министерката за култура ја употребува приказната за Ајфеловата кула е комплетно погрешен. Случајот со Ајфеловата кула покажува дека на париската јавност како и на конзервативните академии за архитектура и уметност им било потребно време и едукација за да прифатат нешто ново, модерно и напредно да ја претставува нивната метропола. На сличен отпор од широката јавност и конзервативните академии, наидувале скоро сите напредни и револуционерни идеи во уметноста, за после извесно време да бидат широко прифатени и изучувани.

Вистинскиот контекст во кој може да се употреби приказната за Ајфеловата кула е на пример да се опише како оваа македонска влада, но и претходните влади, неможат да ги препознаат вистинските вредности… неможат да прифатат дека архитектурата како и секое дело во уметноста треба да го носи печатот на времето, технолошкиот развој и просторот во кое се создава… неможат да прифатат дека со употреба на нови материјали, технологии на градба и соодветен метод на проектирање, може да се реконструираат некои од објектите срушени во земјотресот, без при тоа да претставуваат бледи копии од минатото…неможат да прифатат дека објектот на МОБ е еден од најзначајните објекти на скопската модерна архитектура, па затоа планираат да го сокријат зад “ѕид” од безвредни јонски столбови…..

Во приказната за Ајфеловата кула, министерката за култура и нејзините поддржувачи треба да се препознаат себе си во групата која се противела на изградбата на кулата и која била за зачувување на застарените форми на градежните занаети.
(ПАБ, Прва архибригада, пред две години пишуваа за спинот со Ајфеловата кула во контекст на мракот наречен СК014)

Компатибилен текст, пак за

Компатибилен текст, пак за Дизниленд, со сјаен цртан филм!
http://okno.mk/node/2350

И ова е истата тема... Патем,

И ова е истата тема... Патем, Комар и Меламид се закон!

http://okno.mk/node/4627

А богами и ова е истата

А богами и ова е истата тема... Cape Fear - страшен филм!

http://okno.mk/node/714

Koketiranjeto na vlasta so

Koketiranjeto na vlasta so populizmot ne e nesto novo i se dodeka ne izmislat poinakov nacin na osvojuvanje na vlasta, ke bide edinstveniot nacin da se dobie i da se zacuva vlast Ne se raboti za stari/novi trikovi, nitu se raboti za neinvetivna vlast ili neobrazuvan narod.
Sekoja vlast ke ja butka granicata na privilegii kolku sto moze poveke. Trikot e da imate zakoni i kodovi i metodi na kontrola vgradeni vo sistemot koj ke onevozmozat da vi se sluci ona sto poveketo od Vas mislite deka vi se slucuva. Kako e napraven i kodificiran sistemot e merilo koe treba da ve zagrizuva, ne manifestaciite na Vlast koj gi gledate pred sebe.
Nasite Arhitekti se otepaa placenje za losiot stil na gradba i tolku. Kaj se standardite za Arhitektura, kaj se Gradeznite standardi, kaj se standardite za Energetska Efikasnost na proektite. Standardite se pravat i se pocituvaat za da ne dojde do vakvi raboti . Koga velam Standardi, mislam Standardi koi se Zakon i po koj moze da se gradi. Ako vo Makedonija postojat vakvi standardi i objektite se izgradeni po tie zakoni, togas problemot ne e vo Vlasta tuku vo Arhitektonskata i Gradeznata fela. Togas standardite vi se premnogu fleksibilni. Nikoj zbor ne prozbori dali objektite se napraveni da mozat da bidat koristeni od nasite gragani koi se hendikepirani, kolku energija ke trosat, kolku pari ke ja kostaat nacijava vo slednite 20 godini za odrzuvanje.
Celata diskusija se odviva generalno i vo ovoj slucaj kako komparacija na Disneyland i Socrealizmot, dva sistema koi nemaat blaga vrska so nasiot.
Ona sto go gledate kako Soc-realisticki gradbi se vsusnost gradbi napraveni so minimum drzavni resursi vo funkcija na obezbeduvanje minimum zivotni uslovi za siroka populacija. Ona sto go gledate vo Dizneyland e privaten capital vlozen vo zabava. Dvata slucaja se ekstremi vo gradezna smisla. Soc-realistickite gradbi ne bi pominale deneska zatoa sto ne obezbeduva mimimum zivotni uslovi, dodeka Disneylend proektite ne mozat da projdat zatoa sto koristat mnogu energija, mnogu poveke od maximum dozvolenata energija propisana so kod. Zatoa Disney na Florida, so dozvola od Florida si napravi svoja teritorija so svoi Gradezni standardi i svoja Elektricna centrala. Ova vi go kazuvam samo za da vidite kolkava sila treba da imaat Standardite, deka e polesno da napravis svoja teritorija so svoi standardi i energija otkolku da dobies sozvola za objekt koj nema da gi pocituva zaednickite standardi.
Toa e ona sto treba da ve zagrizuva a ne fasadite na pet zgradi i pet spomenika.

Da dodadam uste nesto cisto

Da dodadam uste nesto cisto kako materijal za razmisluvanje. Kolku standardi ima vo Makedonija treba da bidete srekni sto zgradite ne vi se forma na bukvite VMRO, ili vo forma na G. Togas sto ke pravevte. Kaj ke se zalevte?
Ova ne e proizvod na vladata. Ova e proizvod na Arhitekturata vo Makedonija, koja fela najverojatno namerno ne sakala mnogu restrikcii vo "slobodata" na izrazot ozakoneti so Standard. Pa gospoda Arhitekti eve vi sloboda na izraz. Taka izgleda slobodata.

meglena++ Prosto neverojatno

meglena++

Prosto neverojatno e deka na ovie shto se mislat korifei na demokratijata vo Makedonija, chovek treba da im go objasnuva konceptot za sloboda na izrazuvanje. Se stalinist do stalinist: ako partijata kazhala (ko shto kazhala na vremeto) deka modernizmot e edinstveniot pravoveren umetnichki pravec, togash taka mora i da bide.

Nekolku pati sum pisuval deka

Nekolku pati sum pisuval deka Skopje 2014 e proekt koj ima za cel da ostavi materijalni tragi deka vo dolinata na rekata Vardar ziveele idioti koi vlozuvale ogromni, no bezuspesni, napori da se konstituiraat kako istoriski subjekt vo liceto na takanarecenata makedonska nacija. Vestackata slika vo ogledaloto se sozdava so ideja da se proektira vo stvarnosta i da ja definira taa stvarnost kako vestacka, kako prazna, kako infantilna. Kon grupata koja go izmislila ovoj proekt odnosno kon grupata koja dozvolila toj da se realizira bez da prestane da si go srka kafeto vo ,,Trend,, istorijata moze da projavi simpatii, no samo simpatii sto se forma na sozaluvanje kon edna zaednica koja uporno se obiduva svoite istoriski pretenzii da gi realizira kako skokovi preku edna linija sto samata si ja crta vrz zidot na realnosta.Pri sto ne prestanuva da place i da se zali deka linijata i e previsoko nacrtana.Celata perodba e sofisticiran teroristicki napad vrz nacionalnata i drzavna realizacija na makedonskata ideja. Mnogu uspesen.

Drag moj Selja, t.e. kolja,

Drag moj Selja, t.e. kolja, t.e. Psihohronicar, t.e. Shizofrenicar (kolku li vakvi sock puppets imash, pobogu?!),

Ako mislis deka trivijalizacijata na stradanjeto na Evreite e soodveten nacin da ilustriras bilo sto osven sopstvenata nesposobnost da se ottrgnes od seljackiot mentalitetot protiv koj navodno se obiduvas da se boris, togas da ti se pluknam vo psevdointelektualizmot.

Bas me interesira koj od tvoite izmisleni komentatori ke go pratis da odgovori na ova.

(Ova ne e Mat, tuku edno nepoznato drugace sto go mrzi da se registrira. Izvini Mat, nemoralno bese!)

This has made my day. I wish

This has made my day. I wish all positgns were this good.

Слични содржини

Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото