За пејсаж е потребно само малку сонце, ветар и ткаенина

29.02.2012 15:00
За пејсаж е потребно само малку сонце, ветар и ткаенина

Објаснувајќи ја својата инсталација Вертикален пејсаж, јапонскиот уметник Ryo Yamada истакнува дека настојувал да ја промени перцепцијата на она што обично го нарекуваме пејсаж: „Иако најчесто се работи за хоризонтално пространство, во пејсажот речиси секој ги занемарува димензиите на ветерот и сонцето, така што настојував нагласокот да го ставам исклучиво на тие две компоненти.“

Станува збор за етерична инсталација која успева во невозможното, правејќи ги тие два елементи опипливи и деликатни сегменти на уметноста, благодарение на неколкути десетици километри најлонска ткаенина сошиена и поставена во Музејот на современа уметност во Сапору. Ткаенината, која служи за заштита на растенијата во оранжериите, за Ryo станала креативен импулс со помош на кој зашил 29 лебдечки вертикални столбови, околу кои посетителите можат слободно да чекорат и да ја чувствуваат сончевата рефлексија.

Како што истакнува овој уметник, нашето поимање на природата е главно научно, ветерот го мериме во секунди, а температурата во целзиусови степени. Тој со тоа постапува како будист: „Треба да имате на ум дека природата се менува со секоја секунда, и ова е еден од начините да ја доживееме.“

Извор: ryo-yamada.com

ОкоБоли главаВицФото