Говорот на омраза и културната различност

02.03.2012 13:28
Говорот на омраза и културната различност

Дали корпусот на универзални човекови права, познати од Универзалната декларација за човековите права наваму, се толкува еднакво во различните култури?

Дали работите дополнително се усложнуваат во рамките на државите кои имаат имигрантски заедници? Дали и како либерализмот е споив со културниот плурализам?

Ова се само некои од темите кои се наметнуваат за расправа кога се зборува за говорот на омразата и културната разноличност.

Јасно е дека регулирањето на говорот на омраза генерално е прифатено, во смисла на негово казнување во различни степени. Европското искуство оди во правец на засилување на принципот на недискриминација со правото да не се биде дискриминиран (Протокол 12 од Европската конвенција за човековите права) и со обидот за проширување на институтот „промоција на еднаквост”. Овие два института бараат далеку поголема активност на државата во елиминирањето на посуптилните форми на индиректна дискриминација и создавање услови за ефективна еднаквост на можностите.

Ова се одразува и на припадниците на различните културни групи и посебно на говорот на омраза во смисла на далеку поголема чуствителност за опасностите од јавни говори кои содржат нетрпеливост и ксенофобија (посебно види во препораките на ЕЦРИ, Совет на Европа). Европското искуство прифаќа да влезе во правна разврска на преклопените права: право на слобода на изразување и право да не се биде навредуван по етничка и културна основа. Оваа разврска оди кон „стеснување” на слободата на изразување и кон поголем социјален простор за слободата на изразување на културните говори.

Елена Михајлова (1978) спаѓа во поновата генерација македонски интелектуалци. Асистентка е на правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, во областа на меѓународното право. Нејзина посебна област на интерес се човековите права и граничните области на говорот на омраза и дела од омраза, културните идентитети и демократијата.

ОкоБоли главаВицФото