Кога ѕидовите оживуваат

02.03.2012 13:45
Кога ѕидовите оживуваат

Рускиот уличен уметник Nikita Nomerz ги оживува напуштените простори, сивите ѕидови или фрлените и неискористени градежни материјали со тоа што им додава живописни црти правејќи ги лица.

Почнувајќи од својот роден град во западна Русија, Новгород, тој патува низ различни градови во својата татковина за да ја реализира својата уметност.

Nomerz вели: „Почнав во училиште со цртање на класични хип хоп графити, но како што растеше мојот интерес за уличната уменост, така се повеќе добивав желба да си играм со просторот и јавните објекти. Инспирацијата ја добивам на самото место и од самото место. На некои објекти работам со денови, а некои ги завршувам за еден час, тоа зависи од големината на просторот и мојата идеја.

Извор: amusingplanet.com

ОкоБоли главаВицФото