Путин Трети

03.03.2012 12:51
Путин Трети

Малкумина, а најмалку Владимир Путин – кој планира да се врати во претседателската фотелја по изборите на 4 март – во декември минатата година можеа да замислат дека десетици илјади Руси ќе се разбудат и ќе се побунат против владата. За разлика од бунтовите за време на арапската пролет, водечките сили кои стојат зад моменталните протести во Русија не се сиромашните и угнетените, туку сè побројната урбана средна класа. Ова е значајна разлика бидејќи успешните демократски транзиции речиси секогаш уживале поддршка кај политички мобилизираната средна класа.

Образовани и успешни, Русите од средната класа ги освоија улиците за да не им дадат легитимитет на измамата и корупцијата кои се вкоренети во хиерархијата на Кремљ. Капката која ја прелеа чашата беше очигледното лажирање на декемвриските парламентарни избори, што го засили чувството на граѓаните дека режимот ги презира. Русите се посебно навредени од Путиновото арогантно третирање на претседателствувањето како канцеларија која може да им биде „отстапена“ на пријателите и да му биде вратена во даден миг.

Но, и покрај масовните протести во Москва, Санкт Петербург и другите градови, властите ги офрлија барањата на демонстрантите за поништување на изборните резултати. Стана сосем јасно дека Путин, со добро или со лошо, ќе помине уште шест години како руски владетел. Што значи уште еден мандат на Путин за Русија?

Безбедно ограден од вистиската политичка конкуренција, Путин не може да се врати во Кремљ како „претседател на надежта“, како што се претстави себеси во 2000 г., на почетокот на својот прв мандат. Тој веќе не наликува на Путин „националниот лидер“, кој во својот втор мандат ја засили државата и го предводеше економскиот процут.

Каков ќе биде Путин III? Како ќе ги искористи огромните надлежности на претседател во политичкиот систем кому му недостасува рамнотежа меѓу трите гранки на власта? Предизборните монолози и статии на Путин наведуваат на злобни насетувања: неговата власт ќе биде заснована на вистинско неразбирање на структурата на современите меѓународни односи, пазари и демократија, и ќе биде раководена од неконтролирани механизми. Повиците за либерализација постојат напоредно со етатистичката догма, а извештачениот популизам ги потиснува покомплексниот пристап и примената на непопуларните решенија.

Факт е дека Путин нема што да им понуди на Русите освен својата вулгарна, излитена реторика. Тој повеќе не ги разбира проблемите со кои се соочува Русија и затоа нема идеја што треба да се преземе. Ниту е вознемирен поради фактот дека неговото лошо владеење претскажува иста таква руска иднина. Третиот мандат на Путин ќе биде царство на инстинктите и апетитите наместо владеење на разумот и воздржаноста.

Се разбира, Путин ќе го започне својот нов мандат со сериозни зборови за обнова, развој, демократизација и казнување на корупцијата. Би можел да прибегне и кон некои симболични гестови, како што се личното дистанцирање од непожелните политички и медиумски личности или покажувањето благост кон оние што ги апсеше бидејќи му се спротивставија. Но, сето тоа за цел би имало зачувување на власта наместо реформи.

Проблемот е што слободните и праведни избори кои го карактеризираат развиениот свет се разорни за руската држава која ја изгради Путин – државата заснована на спојот меѓу владата и бизнисот.

Дури и кога во Кремљ ненадејно и поради некое чудо би се појавила волја за промена, нелегитминоста на федералната влада ќе го оневозможи ефикасното креирање на политиката. Наместо примена на сложени и транспарентни реформи, владата ќе нема избор освен да продолжи да ги задоволува и брани сопствените интереси.

Руските либерали нема да добијат нишо ако се нагодат и го поддржат третиот Путинов мандат. Како и претходно, нема да добијат никаква реална власт и секоја можност за вистинки промени ќе биде минимална. Власта и понатаму ќе го стишува јавното мислење и ќе го засилува притисокот врз опозицијата и граѓанскиот сектор.

Русите мораат да истраат и да формулираат низа специфични политички барања. Мораат да инсистираат на вистински и драматични промени наместо козметички измени на политичкиот систем. Главната цел сега се слободни и чесни избори кои конечно ќе водат кон легитимна и одговорна влада. Списокот со проблеми со кои се соочува Русија веќе е долг, а нивното решавање не може да се одложува уште долго. Додека Путин е на власт, списокот само ќе се продолжува.

Авторот беше премиер на Русија од 2000 до 2004 г. Сега е лидер на опозицискиот Народно-демократски сојуз.

Извор: project-syndicate.org

Ја следам Европската левица.

Ја следам Европската левица. Овој коментар не е дел од она што Европската левица има да каже. Напротив, ова се коментари најчесто објавувани на најдесничарските медиумски портали. Ве молам кажете, за каков портал се работи тука?! Ова ниту оддалеку не е портал на левицата! Можеби се работи за повик на војна против слободното размислување? Како што Орвел своевремено предвиде(л). Човекот е визионер поголем од она што квази-интелектот може да восприеме!

Cheering for an attack on Syria and Iran, I assume?
It figures!

Слични содржини

Општество

ОкоБоли главаВицФото