Приказната за Бредли Менинг

05.03.2012 13:01
Приказната за Бредли Менинг

Бредли Менинг е американски војник, роден 19 декември 1987 година во Кресцент, Оклахома. Служеше во американската војска во Ирак кога во мај 2010 беше уапсен поради сомневање дека предал американски воени документи на интернет страницата на Џулијан Асанж, WikiLeaks.

Наводно, предавањето на документите на Викиликс се открило кога Адриан Ламо го пријавил Менинг во ФБИ. Ламо, поранешен хакер, им кажал на ФБИ дека Менинг во една прилика на чет му признал дека предал некои тајни американски документи на еден „луд фраер со бела коса“ (Џулијан Асанж). По поткажувањето до страна на Ламо, Менинг беше уапсен.

Целата приказна стана позната во јавноста откако новинарот на списанието Wired, Кевин Пулсен, објави интервју со Ламо. Wired го објави чет-дневникот помеѓу Ламо и Менинг, во кој Менинг го признава „симнувањето“ и проследувањето на тајните документи. Според објавените записи, Менинг тајните документи ги преснимил на диск од Лејди Гага. Целокупната преписка помеѓу Менинг и Ламо никогаш не е објавена.
По апсењето Менинг е префрлен во воениот затвор во кампот Арифјан во Кувајт, по што е обвинет за прекршување на членот 92 и 134 од Унифицираниот код на Воената правда (Uniform Code of Military Justice). Обвинет е за пренос на доверливи документи на својот сопствен компјутер и инсталирање на неавторизиран софтвер на доверливи компјутери со цел да „симне“ американски тајни документи.

Во првата половина на 2011 година додадени се уште 22 обвиненија. Новите обвиненија, меѓу другото, содржеа и точки за помагање на непријателот и измама.

Како докази за „измамата“ на Менинг се наведуваат милиони документи на американскиот Стејт Департмент и воени дневници кои се однесуваат на Ирак и Авганистан, а кои завршиле на интернет страницата Викиликс. Првиот документ за кој постои сомневање дека Менинг го предал на Викиликс е објавен на 18 февруари 2010 година. Документот се однесува на состанокот меѓу американскиот амбасадор Сем Ватсон и британскиот амбасадор со претставници на владата на Исланд. Документот подоцна стана познат под називот Reykjavik 13.

Најпознатиот документ кој Менинг го предал на Викиликс, според обвинението, е снимката од 2007 година, на која се гледа нападот на американски хеликоптер Апачи во Багдад, во кој се убиени двајца новинари на Ројтерс и десет цивили. Снимката стана позната како Collateral Murder (Споредно убиство).

По опширното обвинение, неколку работи останаа неразјаснети. Основното прашање кое се поставува во овој случај е – што го мотивирало поранешниот хакер да го пријави Менинг во ФБИ. Според неговите зборови, го пријавил Менинг бидејќи сметал дека така се „загрозуваат многу животи“. Со тоа почувствувал должност јавно да го пријави Менинг за да ги спаси животите на оние, кои според него, биле загрозени. Многумина не веруваат во таа пуританска мотивација. Еден од најжестоките критичари на Ламо е новинарот на Salon Magazine, Глен Гринвалд. Гринвалд се соменва во околностите под кои Менинг му признал на Ламо дека предал документи на Викиликс. Тој исто така имплицира дека Ламо лажел за да го обвини Менинг. Гринвалд целата приказна Менинг – Викиликс – Ламо ја поставува во контекст на политиката на Обама за борба против „поткажувачите“. Новинарот приказната ја истражува во контекст на моралната политика на Белата куќа, во која Обама го заговара правото на граѓанинот на достапност на информации, а од друга страна драконски ги казнува оние кои собираат храброст да проговорат. Токму со такви и слични пароли Обама настапи за време на својата предизборна кампања. Очигледно со доаѓањето на претседателското место одредени нешта се промениле, како што е правото на пристап до информации.

Поголемиот број од медиумите кои ја истражуваа приказната на Менинг, иако површно, тежиштето го поставуваа на неговиот психиолошкиот профил, а не на реалниот проблем. Во заден план беше поставено американското неселективно убивање во Ирак, Авганистан и којзнае каде уште не. Јавните душегрижници го поставија прашањето како еден војник може да ја предаде сопствената земја. Тоа беше претставено како најголемо предавство кое заслужува смрт. Меѓутоа, никој не го поставуваше прашањето кој и како треба да одговори за убиството на ирачките цивили. Нив едноставно им беа налепени етикетите на колатерални жртви.

По затворот во Кувајт, во средината на 2011 година, Бредли Менинг е преместен во затворот во воента база Квантико, во Вирџинија. Беше ставен на третман кој се нарекува Prevention of Injury (Превеција од повреди). Овој третман подразбира проверка на секои пет минути и забрана за спиење во текот на целиот ден. Од него било барано секојдневно да биде вилдив за стражарите. Божем, да се спречело секакво евентуално самоубиство, иако затворскиот психијатар утврдил дека Менинг нема самоубиствени нагони. Во тоа време Менинг сè уште беше во затвор, а ниту еднаш не излезе пред судија.

Престојува во ќелија без прозорци. Задолжен е да се јави на прозивка во секој дел од денот и ноќта. Мора да спие во долна болека. За време на утринската прозивка мора да излегува гол од ќелијата. Во исто време, сите претставници на власта, од гласноговорникот на воениот затвор до гласноговорникот во Пентагон, ја истакнуваа хуманоста со која се постапува кон Менинг. Гласноговорникот на Пентагон, Геоф Морел, ја истакна својата импресионираност со „професионалноста на затворскиот персонал“.

Веднаш после „импресионираноста“ на Морел, адвокатот на Менинг, Дејвид Комбс, го пренесе неговото писмо до јавноста. Писмото е долго 11 страници. Во него Менинг ги опишува затворските услови. Наведува дека од него е барано да спие без облека и да стои гол за време на утринската инспекција. Во писмото е откриена целата бруталност на која Менинг бил подлежен.

Благодарејќи на Мрежата за поддршка на Бредли Менинг, бројни волонтери вршат притисок до американската влада да престане со „тортурата над Менинг.“ За таа цел 250 правни стручњаци потпишаа петиција, која ја објави The Guardian, во која се залагаат за праведно постапување кон Менинг. Во писмото, меѓу другото, се осудува и понижувањето на кое е подлежен наводниот доушник на Викиликс. Многу противници на владиниот однос кон Менинг ја истакнуваат американската „грижа“ за иранските, кинеските или кубанските политички затвореници, додека истовремено во „својот двор“ имаат идентичен однос кон „домашните затвореници“, кои без судење поминуваат месеци во затвор.

Guardian кон крајот на март 2011 година објави напис под наслов „Зашто го нарекувам Менинговиот третман ‘глупав’“ (Why I called Bradley Manning's treatmetn 'stupid'.) Написот го напиша поранешниот гласноговорник на Стејт Департментот, П.Џ. Кроли, кој даде оставка по изјавата дека односот кон Менинг е „смешен и контрапродуктивен“. Во написот авторот вели дека САД не може да очекуваат другите да се придржуваат до меѓународните стандарди, ако и самите не ги почитуваат.

По низата протести, петицијата и изјавата на Amnesty Internаtional, според која постапувањето кон Менинг е означено како „нехумано“, Бредли е преместен во Форт Лифворт во Канзас, институција во која условите се нешто „похумани“.

Со цел да се спречат слични случаи, американската владата презеде чекори за намалување на бројот на оние луѓе кои имат пристап до доверливите информации. Претседателот изнесе барање до сите американски разузнавачки агенции, од кои се бара основање на специјална група која ќе ги надгледува владините доушници кои имаат пристап до тајни податоци. На тој начин се сака да се спречи „протекувањето“ на информациите. Американските доушници истакнуваат дека причината поради која Викиликс поседува податоци е слабата заштита на воените податоци во Ирак.
Не почитувајќи ја вообичаената процедура, за која се залагаат кога станува збор за Иран, Кина или Куба, САД го одбиваа барањето за посета на Бредли Менинг од страна на представникот на Обединетите нации, Хуан Мендез. По бројните интервенции американските власти ја дозволија посетата, но под строг надзор.

Освен тоа што американските власти не ја допуштаа посетата на претставникот на Обединетите нации, таа ги крши и правата на сите кои се вклучени во поддршка на Менинг. Па така, таа без налог го заплени компјутерот на Менинговиот пријател Дејвид Хаус веднаш по неговото враќање од Мексико.

Обвинението против Бредли Менинг е на стаклени нозе. Според анонимен воен извор, чија изјава е објавена во The Guradian, американските истражувачи сè уште не пронашле ниту еден доказ кој што директно го поврзува Менинг со Викиликс.

По седумнаесет месеци поминати во затвор, Бредли Менинг на 16 декември за прв пат излезе на сонце, на сослушувањето пред судење. Сослушувањето се одржа според членот 32 од американскиот воен закон. На сослушувањето требаше да се одлучи дали има доволно докази за случајот да се предаде на Воениот суд.

Најтешкото обвинение со кое се товари Менинг е „помагање на непријателот“. После тоа обвинение, на кое се инсистира најмногу, досега не е докажано како наведените документи ја загорзиле националната сигурност и кои се „непријателите“ на кои Менинг им помогнал. Неговите адвокати се обидоа обвинението да го соединат во три точки, меѓутоа тужителот Пол Алманз остро му се спротистави на таквото барање. После тоа, тежиштето на одбраната, според адвокатите, ќе биде докажување на тоа дека наведените документи на ја загрозиле националната сигурност на САД. Во случај да биде прогласен за виновен на Бредли Менинг му се заканува и смртна казна.

Сослушувањето уште од својот почеток е означено како контраверзно. Имено, забранет е пристап на јавноста, а ниту еден од 48-те сведоци на одбраната не е прифатен.
Многу аналитичари ја истакнуваат фарсата на сослушувањето и судењето. Обама веќе го осуди Менинг, тогаш кога рече дека го прекршил законот. Со тоа очигледно ниту еден суд не може ништо да направи кога осомничениот е осуден, и тоа од својот претседател.

Приказната за Бредли Менинг е приказна за човекот кој го „создаде Викиликс“, тоа е приказна за човекот зад сцената. Се водат многу полемики околу тоа дали тој е херој или национален предавник. Во изрекувањето на „пресудата“ треба да се води сметка за тоа дека еден човек ги изнесе на „светлото на денот“ американските злосторства кои се сакаше да бидат сокриени. Затоа историјата најверојатно ќе му го избрише „гревот“ на Менинг за помагање на непријателот.

Извор: h-alter.org

ОкоБоли главаВицФото