Мал домашен облак

05.03.2012 16:21
Мал домашен облак

Холандскиот уметник Бернднаут Смилде создава минијатурни облаци во празни галериски простори. Но, тоа  не се дигитални манипулации или парчиња памук закачени за конец туку вистинки облаци кои настануваат со помош на чад, влага и насочени рефлектори!

Се разбира, нивната природа, исто како и онаа на вистинските облаци, е само привремена, значи, ги гледаме додека не исчезнат.

Смилде започнал да експериментира со облаци во 2010 г., кога ја создал инсталацијата Nimbus во која сместил дождовен облак во центарот на една празна галерија. Неговата најнова инсталација Nimbus II се надоврзува на претходната, но овојпат облакот е сместен во капела која е пренаменета во галерија.

Целосно белата и празна галерија истовремено делува трансцендентално, благодарение на готските прозорци и студеното зимско светло кое продира во ентериерот, и крајно вознемирувачки. Постигнат е сосем надреален ефект, што меѓу другото е одлика и на сите негови други инсталации. Како што истакнува самиот уметник, секоја „облачна“ инсталација е, всушност, само галериска проба која преку фотографирањето ја добива трајноста на идејата.

Повеќе за неговите дела можете да најдете овде.

Извор: berndnaut.nl

ОкоБоли главаВицФото