1025 hPa
87 %
6 °C
Скопје - Чет, 12.12.2024 04:59
Ми се допадна скечот на Саша Барон Коен (познат и како Борат) на овогодинешното доделување на филмските оскари. Дојде облечен како диктатор, Адмирал Аладин, во придружба на две пародично костимирани старлети и со урна во која наводно била пепелта на диктаторот Ким Џонг Ил! Скечот со посипање на пепелта од урната го изведе врз водителот Рајан Сикрест, иако за таа скарадност наводно бил планиран Џорџ Клуни. „Ако некој те праша што носиш вечерва, кажи му дека го носиш Ким Џонг Ил!“, му врескаше Барон Коен на вџашениот Сикрест, додека обезбедувањето го отстрануваше од црвениот тепих.
Скечот ме потсети на една исто толку драстична филмска сцена со истиот актер, кога „Казахтанецот“ Борат ја посетува куќата на американски богаташи и кога по користењето на тоалетот се враќа со својот измет во пластична кеса и со придушен глас ја прашува домаќинката каде да ги стави гомната...
„Пристојноста“ на Борат, пак, ме потсетува на божемната цивилизираност (а, всушност, дивјачка нааканост) измешана со одвратно морализирање кај нашиве полетни преродбеници. Да не зборуваме со какви слоеви античка пепел е посипан плаштот на овдешниот оперетски автократ (додуша, неговата оперета за многумина е тврда зандана)...
Жил Делез има интересен концепт кој делумно може да го објасни трагикомичниот расцеп во кој живее Република Македонија. Делез зборува за „местото без објект“ кое е поддржано од „објектот кому му недостасува неговото вистинско место“. Тие два кусока, според Делез, меѓусебно не можат да се поништат. Во случајов, „местото без објект“ (без репери и средишна идеја за иднината) е македонската држава; додека „објектот кому му недостасува неговото вистинско место“ е преродбеничката партија која жари и пали (и кремира и конфетира) ширум местово/земјава. Жижек вели дека она со што тука се среќаваме се двата аспекта на реалното – постоењето без својства и објектот со сите својства но без егзистенција. За да го разбереме овој парадокс, доволно е да се присетиме на познатата сцена од филмот „Бразил“ (1985) на Тери Гилиам, кога во еден ексклузивен ресторан келнерот им ги препорачува на гостите најдобрите јадења од дневното мени („Денес турнедото е навистина фантастично!“). Но, она што гостите стварно го добиваат е блескава фотографија на тоа јадење на сталакот над чинијата, додека на самата чинија има одвратна повраќаница.
Тоа е, значи, начинот на којшто Груевски ни ја испорачува „реалноста“ изминативе шест години. Расцепот помеѓу претставата за храна и нејзиниот реален безобличен и блуткав остаток е совршен пример за двата облика на грдото за кои пишува Делез – фантомската безуспстанцијална појавност („репрезентација без егзистенција“) и сировата маса на реалното („егзистенција без појавност“). Токму тие два облика на грдото како да се соединуваат во нашиот парадоксален, трагикомичен автократ и ѓоамити национален водач (истовремено Борат и Ким Џонг Ил!), човекот кој е просто опсипан со „ѕвездената прашина“ на сронетите диктатори, а притоа е екстремно „културен“ и „воспитан“, пакувајќи ги гомцата (на нацијата) во пристојни пластични кеси.
Судирот на Република Македонија и Република Грција, пак, околу античкото наследство ме „фокализира“ на една друга славна „фекална“ тема. Едгар Берион, член на Француската академија на науките, 1915 година пишува дека Германците произведуваат повеќе фекални материи од Французите. Дотолку, според количеството на нивниот измет, може да се востанови патот по кој тие поминале. Тој зборува за полихрезијата на германската раса (полихрезија – хиперактивност на перисталтиката – желудникот, цревата и другите шупливи органи). Ми се чини дека современите Грци и Македонци се во истиот спор – која раса произведува повеќе гомна.
Ете, истакнав дел од причините зашто сметам дека на прв поглед невкусните скечеви на Саша Барон Коен ловат важни политички и филозофски аспекти на нашата современост. Истргната е простирката фрлена над бездната. Или, поинаку, стаписани сме над страшната дупка во чучавецот над кој изгубено стоиме. Во таа клозетска дупка на груевизмот ние ги проектираме јадните сништа за големината, длабочината и бескрајот. Целото „Скопје 2014“ е набутано на дното на тој кенеф-калеидоскоп. А, всушност, истргната ни е простирката на реалноста. (За грозницата што нè тресе Германците имаат интересен збор: realitätsverlust. Зборот ја означува загубата на врската со реалноста. Реалноста е тука, пред човека, но тој не успева да проникне во неа, реалноста за него е изгубена.)
Но, да ја напуштиме оваа делумно претенциозна филозофија и да ѝ се вратиме на естетиката, кон она од што започнавме. Самозадоволната морална и духовна инфериорност на груевистите, примитивизмот и грдоста на преродбата (најмногу олицетворени во проектот „Скопје 2014“), веројатно повеќе се „пошлост“ отколку „realitätsverlust“. „Пошлост“, инаку, е мошне специфичен руски збор за чија популарност многу придонесе големиот писател Владимир Набоков. Еве како Набоков ја дефинира „пошлоста“: „измама која не се гледа на прв поглед... не станува збор за она што е очигледно безвредно, туку е привидно важно, лажно убаво, лажно умно, лажно привлечно“. Во речникот на Советската академија стои: „Она на што му недостигаат духовни квалитети, обично, неважно, безначајно, вредно за презир. Неоригинално, изветвено, банално. Непристојно, опсцено, вулгарно“. Светлана Бојм сумира: „Пошлост е руска верзија за баналноста, со карактеристичниот национален спој помеѓу метафизика и висок морал, помеѓу сексуалното и духовното. Зборот ги обединува тривијалноста, вулгарноста и недостигот од духовност“.
Кон тоа мава и Саша Барон Коен. Со драстични средства, колку што се може, против драстичноста на стварноста.
Коља бе брат одмараш ли ти,
Испратено на 06 март 2012 од CoolКоља бе брат одмараш ли ти, релаксираш ли се...И скечот и гоманта на Борат те потсеќаат на Грујо...де бре брат олади!
Леле како читам натаму
Испратено на 06 март 2012 од CoolЛеле како читам натаму станува се подобро и подобро...Човек ти си неуротичен, батали ја таа опсесија, како можеш да живееш така човеку, ќе скренеш...Целиот си како вицот-кој црта голи жени...батали човеку
Батка, дури и под
Испратено на 06 март 2012 од Бен АкибаБатка, дури и под претпоставка дека си во право (а не си) за се ова што го зборуваш во врска со „груевизмот“, веќе си заморен со постојаното верглање на таа иста тема. Зарем не си стана досаден самиот на себе? Ова твоево се повеќе личи на манијачка опседнатост. Не дај боже утре Грујо да ја изгуби власта, што би праел ти? Би ја изгубил смислата на животот и би извршил самоубиство. Дај преземи нешто додека е сеуште време. Оди, лечи се, човече.
Ах, сиротки вмровци... Ниво
Испратено на 06 март 2012 од УчителАх, сиротки вмровци... Ниво Латас, Миленко, Јадибурек, Груица... Кој знае на што им личат речениците на Гелевски... На хиероглифи, на некои мистериозно писмо...
Вчера на Б92 зборуваа колку било лошо образованието во Србија и дека најмалку половина од возрасните граѓани на Србија се функционално неписмени (т.е. не можат да разберат еден текст; можат да го прочитаат, но суштински не го разбираат). Ми се чини дека во Македонија е уште покатастрофална состојбата, особено после катаклизмата што и на тоа поле ја приреди груевизмот...
Така што, додека успеат да го сфатат Гелевски...
"Ми се чини дека современите
Испратено на 07 март 2012 од soros"Ми се чини дека современите Грци и Македонци се во истиот спор – која раса произведува повеќе гомна."
Tuka si i ti vklucen neli? Ili mozebi ti ne si Makedonec?
Mrakov garant e platen od
Испратено на 06 март 2012 од АнонимycиMrakov garant e platen od familijata za da kenja 24/7 protiv Skopje 2014 i da ni odvlekuva vnimanie, duri oni si gi izvrsuvaat nivnite valkani agendi koi se krijat pod i von Skopje 2014.
Od dve majki pocnal da cica majstorot.
Sav respect za toa, ali...you can't fool me twice...
Еве ајде, за што друго да
Испратено на 06 март 2012 од ....Еве ајде, за што друго да пишува?!
Има нешто друго?!
Во ќошето таму од страна уредно се поместени пар вицови, веројатно вас тоа ви е достигнувањето.
Коља може да биде и неуротичен и тотално да скрене и да се замислува дека е тролејбус, но, незнам на кој начин посочивте дека не е во право за било кој дел од текстовите за Адмирал Грујадин.
Затоа дунстери... ти-ши-на!
Mrs bre! Ve plaka familijata
Испратено на 06 март 2012 од АнонимycиMrs bre!
Ve plaka familijata da plukate fokusirano u lazna meta dodeka naokolu se talozat vistinski problemi. Em lokalni em, globalni.
Koj li zamislen lik sea ke iskoci u odbrana :p
Во текстовите на Гелевски ме
Испратено на 06 март 2012 од Увртувач на ушиВо текстовите на Гелевски ме одушевува спојот меѓу „високата“ и „ниската“ култура. Ради тоа кутрите штапски пацовчиња не знаат што да прават и нервозно сквичат пред мистериозните херменевтички предизвици:)
Гризнете, стоко! Пробајте дал се мачка на леб! Ебаве дебилите!
А интересно, баш за таа бесловесна стока и пишува Гелевски. И интересно е што веднаш се јавуваат, како (херменевтичата) стапица да им ги подгмечила опавчињата...
Uvrtuvac na usi ti staPska
Испратено на 06 март 2012 од АнонимycиUvrtuvac na usi ti staPska gnido i kurotresino seljachka, koj i da e likot momentalno u glaata na ekspertoidov, treba da mu prenese na nositelot na teloto koga ke se osvesti da poseti nekoj profesionalec. Seriozno :)
И не само спојот меѓу
Испратено на 06 март 2012 од Увртувач на ушиИ не само спојот меѓу „високата“ и „ниската“ уметност, туку и меѓу политиката и естетиката.
Та така во еден свој текст Гелевски ќе рече:
Имам уште една причина за овие преплети меѓу политичкиот и естетскиот говор кон кои прибегнувам. Француската теоретичарка Жоел Заск во својата книга „Демократијата и уметноста“ вели дека уметничките, естетските и демократските критериуми се слични. Активностите поврзани со уметноста претставуваат карактеристики што го симболизираат демократскиот живот; и обратно, клучните идеи во историјата на либералната демократија мошне се корисни при продлабочувањето на уметничката практика и естетските судови.
Исто така, идеалот на созревањето, еманципацијата и индивидуацијата се заеднички и за уметноста и за демократијата.
Политиката често кај уметничките практики ги открива точките каде што тие од креативни преминуваат во конформистички; уметноста, пак, на политиката и' го покажува моментот кога таа од слуга станува господар, дури и џелат.
Ако треба да исчекориме од политиката за да можеме да ја оцениме и насочиме, сугерира Жоел Заск, тогаш исто така треба да се излезе и од уметноста, за да ја поттикнеме. Вкрстувањето на перспективите е своевидно вежбање на слободата.
ликот што се потпишува под
Испратено на 06 март 2012 од длабоко околикот што се потпишува под името Увртувач на уши и оној под името Учител имаат исти стил на пишување како гореспоменатата ’експертутка’, односно ’експертоид’. класика за окново! рупа над рупите! или рупа под рупите!
смешен си бе гелевски. ем
Испратено на 06 март 2012 од очајсмешен си бе гелевски. ем одамна те провалија дека сам се фалиш под разни псевдогомциња ем си продолжуеш по старо ко луѓево од марс да паднале. да го ебам, смени го пристапот ако сакаш да те сфатиме озбилно, не ли глеаш дека дека веќе не си интересен? да те чита чоек па да сфати во колкав очај е западната нашава тн интелектуала или како и да се нарекува таа група хистерични паразити кои лапаат пари од фондовите на сорос и комп. беда. очај. мизерија. шизофренија, ебате
Kogo li ke pusti gospodarot
Испратено на 06 март 2012 од АнонимycиKogo li ke pusti gospodarot Ras-kolja-nikov sega vo negova odbrana t.e. vo zestok napad protiv grujovistite koi mu kenjaat na negovoto pisano demek delo?
За архитектурата да има
Испратено на 06 март 2012 од ЗабеганЗа архитектурата да има ослободувачка и терапевтска задача наместо да ја зголемува загубата на егзистенцијална смисла, мораме да мислиме за мноштвото видливи и невидливи начини на коишто архитектурата е поврзана со културната стварност на своето време.
Ма да бе, појма неаме ние од
Испратено на 07 март 2012 од CoolМа да бе, појма неаме ние од постмодерна брате, ни Делез, ни Гуатари ни Бодријар...ние сме барокни типчиња брате...извини, мислам стварно шо се плеткам таму кај шо појма немам...него надвор од тоа, стварно, Коља, смири се брат...мирот барај го во душата, не надвор...ќе падне и оваа багра, ќе дојде друга..ние исто ќе се живееме, твојата неуроза ќе остане брат, оти не е од надвор, од внатре ти е!
Македонството под груевизмот
Испратено на 07 март 2012 од ЗабеганМакедонството под груевизмот се претвора во саркофаг. Зборот зборува самиот: сарко фаг, ждерење на месо, уништување на живото.
Не можете да создадете
Испратено на 07 март 2012 од ЗабеганНе можете да создадете праведно општество со неправедни средства. Не можете да создадете слободно општество со ропски средства. Нас не не’ потчинува државата туку нејзината сакрална транфигурација.
Жак Елил
Не барам збор за ова што ни
Испратено на 07 март 2012 од ЗабеганНе барам збор за ова што ни се случува.
Речи го: предавство, лудост, гадост, нискост.
Секој ќе плати за својот бес.
Пустошот што те чека
јас веќе го доживеав.
Не бој се. Не е страшно.
На крајот сеќаваш дури жал и блискост.
Блаже КОнески
А ако сепак имате намера
Испратено на 07 март 2012 од CoolА ако сепак имате намера единствена професија и опсесија да ви биде Грујо, да ви дадам еден совет, пробајте со хумор, со иронија и сатира. Само хуморот има моќ да разобличи, но и да предочи она што илјада аргументи и Бодријари не можат. А така ќе ни биде позабавно и на нас...
Повеќето споменици од
Испратено на 07 март 2012 од ЗабеганПовеќето споменици од проектот „Скопје 2014“ (а особено „Воинот на коњ“) - освен што се мртви мртвосани до ниво на лошо балсамирани мумии - имаат и дополнителен проблем: тие се еманиран кич, во најсуштинското значење на зборот (кое не го подразбира игривиот и непретенциозен кич на масовната уметност). Еве ги, според Лексиконот на културата, карактеристиките на кичот: врзаност за историски застарено формално изразување; глобална неадекватност на формата во однос на материјалот (на пример, однос на употребните предмети и нивната функција); епигонство, еклектицизам, користење на клишеи, форсирање на впечаток на „убавина“ со помош на натрупување (со исклучување на се’ што се доживува како пречка за „убавината“, истакната во прв план); ориентација кон просечност и кон лесно уживање, лишено од дистанца; спекулирање со чувствата кои од стојалиште на емфатичкото разбирање на естетската автентичност подложат на критика.
Isto kako stipkite na
Испратено на 07 март 2012 од sorosIsto kako stipkite na pantalonite zvonarki sto Frcko gi nosese koga doagase na Fakultet so tocak. Da ne mu gi fati lanecot pantalonite zvonarki. I vie najdovte da zborite za estetika.
Зошто во Македонија спојот
Испратено на 07 март 2012 од ЗабеганЗошто во Македонија спојот меѓу ординарниот кич, спомениците и „градењето национална свест“ се случува денес, толку задоцнето? Н. Елијас укажуваше (Кич стилот и доба на кичот, 1935) дека предуслов за настанување на кичот е во поголемата несигурност на индустриското општество во поглед на формата. Се случува распад на граѓанската општа компетентност во сферата на културата, а општествената етика дури и во сферата на уметноста и културата е насочена кон потрошувачка, хедонизам и ескапизам. Дали овие согледувања укажуваат дека Германија во триесеттите по многу нешта наликува на Македонија осумдесет години подоцна? (Иако Шилер во Образованието на човекот, во низа писма /1795, многу пред Хегеловите Предавања за естетиката/ идејата за „државата на убавиот привид“ ја прогласува за телос на историјата.)
Игор Марковиќ во хрватскиот двонеделник за култура „Зарез“ неодамна пишуваше за се’ уште живата идеолошка функција на спомениците. Мнозинството во општеството е наговорено, со помош на други институции и со помош на присутноста на спомениците (стари и нови), да ги прифати спомениците како „покривки“ за општествените проблеми. На тој начин спомениците стануваат средство за општествена контрола помалку брутално и поевтино од вооружените чувари на поредокот. Наративот којшто се нуди, вели Марковиќ, е единствениот што се нуди - доминантната класа со тоа се претставува како „природен“ наследник на историјата, процес којшто Грамши го именува како хегемонија.
Гелевски е гениј, стварно! Ги
Испратено на 07 март 2012 од УчителГелевски е гениј, стварно! Ги собира гилиптериве и се обидува по нешто да им протне во празните тикви:) Каква генијална стратегија! Овие го пцујат, овој ги подучува!
Ej zaebi sve! Irony
Испратено на 07 март 2012 од АнонимycиEj zaebi sve!
Irony off.
Kolku i da e bolen i prolupan Gelevski, sepak serizno treba da se oddade dolzna pocit za ona iskrenoto demokratsko vo nego i za hrabrosta da se sooci so zestokite komentari na koi za volja na vistinata odgovara uste pozestoko.
Sigurno mu e tesko da se sooci duri i so onie komentari koi mu proizleguvaat od negovite alter ega.
Respect do site niv o/
Некој рече: „Македонците се
Испратено на 07 март 2012 од МисирковНекој рече: „Македонците се Борат“. Ама, Казахстан одамна не престигна.
Одлично Коља. Текстовиве ти
Испратено на 07 март 2012 од Хроми ДабаОдлично Коља. Текстовиве ти се многу забавно четиво. Секогаш со интересни цитати и аналогии. Тие што не те сакаат нека се мавнат од Окно.
Мало појаснување на она што
Испратено на 07 март 2012 од Бен АкибаМало појаснување на она што го кажав погоре. Како прво, не сум ни груевист ни бранковист. Исто така, немам ништо против критиките на Гелевски против груевизмот. Напротив, сметам дека се креативни и добродојдени, дури и ако не се сложувам со сите ставови изнесени во нив. И не мислам дека Гелевски е бранковист или дека критикува затоа што е платен од СДСМ. Единственото што ми пречи кај него, како и кај Бранко Тричковски, Фрчковски и други од оваа тајфа, е очигледната манијакална опседнатост со една и иста тема и што при тоа се нема усул во употреба на вулгарности. Тоа ги прави многу предвидливи и во крајна линија - досадни, бидејки човек однапред знае дека секој нивни текст мора да е некакво олајавање на Грујота. Штета што немаат сила да се надраснат себеси и својот неспорен пишувачки талент да го користат на понормален (не толку параноиден) начин.
Ben totalno se soglasuvam so
Испратено на 07 март 2012 од АнонимycиBen totalno se soglasuvam so toa sto go kazuvas, no samo kako informacija...
Za niv sekogas ke bides gruevist.
Ako ne si so niv si protiv niv, ako ne go poddrzuvas toa sto oni go kazuvaat ke te etiketiraat kako gruevist.
Sme bile tamu.
Ja koristat istata taktika protiv koja se borat, protiv koja pisuvaat.
Toa e nivnata taktika.
Zalno e koga ke gi vidis lugjeto koi znaes deka maksimalno go koristat svojot intelekt i koi mozat da pokrenat masovni dvizenja protiv bilo koja devijantna sistemsko opstestvena pojava, se blamiraat i pagjaat na nekoi mizerni nivoa za da si ja izlecat svojata frustracija za nekoj denar plus sto ke ti frlat ovie ili onie.
Коља е мангупче што лови у
Испратено на 10 март 2012 од Али Баба во 19-каКоља е мангупче што лови у матно. Кого заебе, заебе. На ситни маалски фори. На shock and awe со безобразлук. На расфрлање со долги зборови и имиња на интелектуалци што рекле нешто што нема благе везе со темата за која се зборува.
На кој ли баскетболиста ме потсетува...