Кратка историја на симболот „стисната тупаница“

06.03.2012 17:11
Кратка историја на симболот „стисната тупаница“

Постојаниот симбол на отпорот и единството, стиснатата тупаница (или кренатата тупаница) е дел од поширокиот жанр на „раце–симболи“ во кој припаѓаат и симболот на мирот „V“, испружената стисната тупаница и стиснатите раце. Стиснатата тупаница обично се јавува во преден план кој ги прикажува сите прсти и вообичаено е интегрирана со други слики, како оние на симболот на мирот или со некоја алатка.

Човековата рака е користена во уметноста од самите почетоци, започнувајќи од сензационалните примери на слики во неолитските пештери. Рани примери на тупаница во графичката уметност можат да се најдат уште во далечната 1917 [слика 1, горе], со уште еден пример во Мексико 1948 [слика 2, долу]. Слики со тупаница, во некои форми, беа користени и во бројни политички графички жанрови и во разни историски периоди, вклучувајќи ги Француската и Советската револуција, Комунистичката партија на САД и движењето на Црните пантери. Меѓутоа, сите овие следеа иконографски конвенции. Тупаницата отсекогаш била дел од нешто – држела алат или некој друг симбол, била дел од раката на човечка фигура или била прикажана во акција (како крши нешто и слично). Но, графичарите од Њујорк целосно го изменија таквиот тренд во 1968 година. „Новата“ тупаница се истакнуваше по својата остра едноставност, во комбинација со популарното прифатено значење на побуна и отпор. Беше лесно да се репродуцира во кој било обем и да се менува (долги редови раце стиснати во тупаници, зраци од сонце врз тупаниците итн.) Мајкл Росман и јас заклучивме дека првиот момент кога тупаницата се појавила на постер била направена од Френк Чичирока [слика 3], уметник од Сан Франциско по повод случувањата од 14 јануари 1968 и протестот против апсењето на „Седуммината од Оукленд“. Овој постер бил адаптиран од еден друг кој бил создаден порано за „Stop The Draft Week“ [слика 4] на којшто стоела грамадна фигура која крева тупаница. Вториот постер ја позајмил тупаницата.

Слика 2

Слика 3

Слика 4

Ваквата тупаница, или нејзините верзии, била прифатена од „движењето“, и се појавувала на бројни постери и летоци за студенти, антивоени, феминистички и други политички активности во САД. Веднаш се појавила и во редовите на Студентите за демократско општество (Students for a Democratic Society, SDS, каде што во 1986 била искористена како леток по повод протестите во Чикаго за време на Националната демократска конвенција) [слика 5]. Практично идентична тупаница била искористена и за време на студентскиот штрајк [слика 7] во Харвард во 1969 година, чии траги водат до студентот на школата за дизајн Харви Хакер. Други варијанти на тупаницата со мали измени се појавуваат насекаде низ САД. Слична верзија, иако веројатно еволуирајќи од различно иконографско потекло, се појавила на иноваторските примероци направени од работилницата за постери Atelier Populaire во Париз 1968. [слика 6]

Слика 5

Слика 6

Слика 7

Една друга верзија нацртана од Френк Чичирока исто така била широко распространета [слика 8]. Како што самиот опишува „летото 1965 г. се вратив во Сан Франциско откако поминав една година како теренски секретар на SNCC (Student Nonviolent Coordinating Committee, Ненасилен студенски комитет за координација) во Мисисипи. Бев инспириран од ’коридосите’ на Хосе Посада (мали дрворези кои се продаваа за едно пени во раните години на 20 век во Мексико). Планирав да направам серија мали дрворези и дрвени гравури во неограничени изданија кои ќе можам да ги продавам за долар. Тупаницата беше првата дрвена гравура од сериите и стана многу популарна.“

Слика 8

После седумдесеттите години употребата на тупаницата опаднала, но нејзиното присуство како активистичка икона е евидентно од нејзиното повремено појавување како, на пример, во летокот од 2000 година – Women Take Back the Night, или логото од 2004 на Earth First! [слика 9], или на обвивките на дисковите на прогресивната непрофитна музичка организација Axis of Justice [слика 10]. Како и со сите активистички симболи, секогаш постои висок ризик истите да се искористат во комерцијалната култура – видете го, на пример, „радикалното“ лого на Хауард Стерн кое ја потикнуваше борбата против регулациите на Федералната комисија за комуникации – тупаница со црта додадена помеѓу двата прста која ја создава буквата „Н“ [слика 11].

Слика 9

Слика 10

Слика 11

Тупаницата се користеше и во други земји – видете ги примерите од Куба и Србија. Интернационалната агенција OSPAAAL (Организација во знак на солидарност со луѓето од Азија, Африка и Латинска Америка) со седиште во Куба издаде неколку плакати на кои што се појавува тупаницата [слика 12]. За време на 1990-те во Србија стиснатата тупаница на ОТПОР (Студентско движење против владата на Милошевиќ) беше исто така добро познато лого. Независниот магазин Монитор плати огромна казна поради негово објавување; според тогашните власти, симболот бил еквивалент на „повик на насилно уривање на уставниот поредок.“ [слика 13] Една од групите вклучени во протестите во Египет од минатата година го користеше логото на ОТПОР. [слика 14]

Слика 12

Слика 13

Слика 14

Неодамнешниот конфликт поради користење на ваквата слика изби во Социјалистичката Партија на Малезија, чијшто препознатлив логотип на стисната тупаница од страна на владата беше прогласен за насилен и владата одби да ја признае партијата поради симболот. [слика 15]

Слика 15

Сепак, милитантната тупаница продолжува да се користи, дури и како алатка за капитализмот [слика 16] и десничарските и конзервативни групации [слика 17]. Другата страна ја користи оваа потентна слика за работнички филмски фестивали [слика 18], за еколошки активизам [слика 19], и за отпорот на трудот во Висконсин [слики 20 и 21]. Тупаницата стана универзална, и сега контекстот е клучен за разбирање на нејзиното значење.

Слика 16 и 17

Слика 18

Слика 19

Слика 20

Слика 21

Движењето „Окупирај го Волстрит, кое се рашири низ САД се покажа како плодна почва за повеќе улични графики – некои нови [слики 22 и 23], а некои кои ја рециклираа идејата на „раката“ на Френк Чичирока. [слики 24 и 25]

Слика 22

Слика 23

Слика 24

Слика 25

Ова е приказна во приказна – многуте содржини во врска со историјата на тупаницата мораат подобро да се стават во функција на документирање и анализирање на нашата историја. Некој би помислил дека постојат официјални расправи за една ваква икона на социјалното движење, но тоа не е случај. Има многу дезинформации за овој симбол. Во истражувањата што ги вршев за пишување на овој текст, налетав на изјава на интернет страницата на Tom Robinson Band, една битна и страшно потценета геј/револуционерна група од Англија, чие лого беше стисната тупаница како онаа на SDS [слика 5] „Логото на Tom Robinson Band... е преземено од еден плакат на синдикат на рудари од 19-от век...“ Додека се распрашував за тоа кај Том, разговорот ме одведе кај дизајнерот Роџер Хадл од Rock Against Racism, кој ми откри дека за првпат истото го видел кај Црните пантери. Оттогаш грешката на страницата беше поправена.

Студиите и истражувањата во оваа област страдаат од двојната стигма дека се „политички“ мотивирани и дека го проучуваат дизајнот на постери, што малку се цени во САД.

Извор: docspopuli.org

Се е ОК, само мислам дека

Се е ОК, само мислам дека "wrap text" опцијата требало да се искорисит,за полесна споредба на визулените елементи ем помалку "скролање."

ОкоБоли главаВицФото