Види чудо: жива риба на суво!

08.03.2012 12:00
Види чудо: жива риба на суво! Изгледа шашаво, ама функционира!

Види чудо: жива риба на суво! Изгледа шашаво, ама функционира!

И јас сакам да го славам својот роденден на еден од новите бродови кои ќе „впловат“ во Вардар! Зошто само младите пријатели на нашиот градоначалник да ја имаат таа привилегија? Познавам уште неколкумина кои сигурно би биле доброволци за некоја слична прослава! Ама, кога подобро ќе се размисли, роденденски прослави не доликуваат за такви бродови. Тие бродови ќе заслужуваат многу поголеми веселби. – Верувам дека за неколку недели ќе се јават мноштво празноглавци кои ќе сакаат своите свадби, крштевки и (зошто да не?) прослави на магистерски и докторски дисертации да ги прославуваат на истиот брод со кој Колумбо ја откри Америка. По грешка! Само што овојпат, истиот тој брод ќе исплови од Солун, ќе доплови по Вардар до Скопје и одново ќе ја открие новата Македонија! Повторно по грешка!

Среќната аномалија на првиот морепловски откривачки потфат од 1492 година ќе ја добие својата консеквентна есхатолошка разрешница во конечното (раз)откривање на престолнината на новата (а всушност, античка), преродена (а всушност, мртвородена) и збогатена (а всушност, девастирана на речиси секое поле) Македонија: првата и последната нација во старо-новиот свет. Во оваа/таа ново-стара Македонија ќе биде изнедрен духот на ултимативниот патувач низ времето: Кибер-Македоноидот. И веднаш потоа ќе биде конечно дезинтегриран! Да живее Македонија!!! (Еве го и Стивен Хокинг во нашава приказна: конечно попушта пред болеста, зашто неговата логичка незаснованост на можноста за патување низ времето е конечно поразена.)

Очекувам следниот потфат на последната Влада на Република Македонија да биде поставување скулптура на вселенскиот брод УСС Ентерпрајз на аеродромот Александар Велики. Се разбира, очекувам репликата да биде исто толку Велика колку и оригиналот од Ѕвездените патеки. Или, уште подобро, во дослух со нашиот беспрекорен научно-фантастичен сензибилитет, очекувам да се постават живи риби (по можност, охридски пастрмки) на суво: на скопскиот плоштад, веднаш пред влезот на бродот на Колумбо. Тоа воопшто нема да биде тешко за изведување. Врз/во нивните тела (кајшто им се шкргите) ќе имплантираме влажни киборшки апликации (по урнек на киберпанк митологијата) со што тие ќе можат непречено да вегетираат, рибите ќе ги поставиме на лизгалиште, лизгалиштето ќе го премачкаме со вазелин, маслиново масло и зејтин и тие ќе можат таму весело да се препелкаат на наше гооолемо задоволство! Веднаш зад аголот ќе нè чека новата барокна фасада на зградата на ЕСМ и конечно сè ќе се изгуби во хоризонтот на крајот на Историјата. Урааа!!!

До пред неколку години, една ваква фантазмагорија никој здрав немаше да дозволи да се објави во весник или на веб портал. Примарно, затоа што стварноста сè уште (колку толку) успеваше да биде имуна на обидите за нејзино симулирање од страна на неколку луди глави со политички амбиции. Секундарно, затоа што фантазии од ваков тип се губеа во безначајноста и колоквијалноста на раноутринската алкохолизирана недоветност. Меѓутоа, денес македонската стварност е (на прагот да биде) убиена од нејзината сопствена дисторзирана слика. И никој нема да може да одговара за тоа злосторство, зашто жртва де факто нема да има, убиецот нема да може да се лоцира, местото на злосторство, исто така, а оружјето ќе остане непознато.

Со други зборови, денешна Македонија е толку далеку од разумот, толку надвор од времето (можеби поточно би било да се каже дека окупира повеќе времиња истовремено), што рационалното анализирање на состојбата во која таа се наоѓа најчесто претставува ирационално потрошено време. Македонската стварност денес умира како маченик: споро и гласно, што ќе рече еден мој пријател. А кога конечно ќе умре, злосторството ќе биде толку совршено (всушност, можеби веќе се случило), што никој нема да знае дека воопшто се случило.

Според тоа, можноста Македонија да претставува демократска констелација и таа да функционира, можноста ова портокалово дереџе да се надмине по демократски пат (без надворешни интервенции), претставува исто толку шашава идеја, колку и идејата дека охридските пастрмки би можеле да живеат на суво на скопскиот плоштад. А кога се соочуваме со една таква ирационална ситуација, тогаш единствениот рационален излез за Македонија треба да се бара отаде нејзината независност и самостојност, бидејќи се испостави дека македонската независност значи и се разбира само како слобода да се биде независен од разумот, прагматизмот и перспективноста. Јас ја презирам таквата независност, а Вие?

Слики: Свирачиња

Браво Вангел! Не можам повеќе

Браво Вангел!
Не можам повеќе да се сложам со вашите ставови!
За жал се што може да направиме е да кликаме по трастатурите, додека Предодбата го прави она што ниту една ПРОПАГАНДА до сега не го постигнала - ТОТАЛНО ОБЕЗЛИЧУВАЊЕ НА СЕ ШТО Е МАКЕДОНСКО!!!
Само напред!
Нема одмора док траје Преродба!

Навистина браво! Чисти,

Навистина браво! Чисти, јасни, СДСМ-овски ставови. Така треба.

Istorijata se povtoruva kako

Istorijata se povtoruva kako farsa. Novo vreme - novi akteri, ist zaplet.

1896 - General Nikolaev-Vrhovist pro Bugarija, Goce Delcev - VMRO pro Makedonija , Makedonski narod

2012 - OKNO - anarhisti pro Evropa, VMRO - pro Makedonija, Makedonski narod.

Izvadok od knigata " Goce Delchev" - Krum Hristov, 1955 izdadena vo Sofia.

February 1896
General Nikolaev: So, you, young man, consider that the Macedonian population is capable to fight, to make a revolution? Childish of you, young man! That is a slave population out there! Your plans I cannot accept, and I do not want to hear them. What kind of Organization you think you are creating there? Revolutionary? Internal? Macedonian? Nonsense! Nonsense! Nonsense! There is only one organization - that is the Supreme Committee. I guarantee, that, when the time is right, I will lead 20-30 thousands of reservist soldiers. The officers are with me. Then we will make a revolution in Macedonia, and we will set it free. Nothing can be done seriously with villagers. They are slaves...

Gotse Delchev: They were slaves, mister General, but not anymore. So you are giving up from all the revolutionary work in the inside? According to you... (interrupted in the original)

General Nikolaev: No, I will not give up, but under certain conditions. The revolutionary work in the inside is important for us, the Supreme Committee. It helps us scare the politicians in Bulgaria, as well the foreign diplomats, everytime there is a need for that. That's why we can provide help, but under one condition: you will listen to us and you will not take any actions out of the Ottoman Empire. You will leave us to carry all the necessary politics. When it comes to your work in the inside we will tell you when, where and what will you do. Moreover, we will decide when the uprising in Macedonia should be proclaimed. Besides that... we...

Gotse Delchev: That cannot be, mister General. You, - that is the Supreme Committee and someone else... No, we do not agree with your plans regarding Macedonia. We, you know who we are: the villagers, the Macedonian population, the people.

aj, „меглена“, ако може

aj, „меглена“, ако може објаснување, по можност на македонски, кратко и јасно... и да не третира интердимензионална проблематика

Eve go prevedeno. Pokratko od

Eve go prevedeno. Pokratko od ova ne znam dali moze.

Разговор на Гоце Делчев со генералот Данаил Николаев

„Генерал Николаев: - „Значи вие, младичок, сметате дека македонското население е способно да се бори, да подига револуција? Детски работи прикажувате, вие, момек! Тоа е ропско население. Вашите планови јас не можам да ги прифатам, ниту сакам да ги слушам. Каква организација Вие сметате да создавате таму? Револуционерна? Внатрешна? Македонска? Глупости! Глупости! Глупости! Има само една организација - тоа е Врховниот комитет. Јас Ви гарантирам дека кога ќе му дојде времето, ќе поведам 20-30 илјади резервни војници. Со мене се офицерите. И тогаш ќе подигнеме востание во Македонија и ќе ја ослободиме. А со селани, со селани ништо сериозно не може да се направи. Тие се робје..“

Гоце Делчев: - „Беа робје, господине генерале но веќе не се. Значи, Вие откажувате каква и да е работа внатре? Според Вас..."

Генерал Николаев: - „Не, не откажувам, при извесни услови. Внатрешната работа е неопходна за нас, за Врховниот комитет. Преку неа ние ги заплашуваме политичарите во Бугарија и дипломатите во туѓина, секогаш кога ќе стане потреба. Затоа можеме да ви дадеме помош, но при услов: ќе не слушате и надвор од Турско нема да преземате ништо. Целокупната политика ќе ни ја оставите нам. А што се однесува до вашата работа внатре, ние ќе ви кажеме кога, каде и што ќе правите. Освен тоа кога треба да се подигне востание во Македонија, ќе решиме ние. Освен тоа... ние..."

/Гоце Делчев/ - „Тоа нема да биде, господине генерале. Вие, како што разбирам, тоа е Врховниот комитет и уште некој... Не ние, ние не сме согласни со тоа, што го мислите Вие за Македонија. Ние, знаете кој сме ние: селаните, македонското население, народот.

браво за Ноневски. одлична

браво за Ноневски. одлична колумна која кусо, но ефективно го опишува лудилото кое не снајде. можеби најдобрата до сега. и не се сомневам дека владата ќе постави споменик на УСС Ентерпрајз на аеродромот Александар Велики. само што се уште нејзините „советници“ не и го предложиле истото. пред некоја година си мислев дека сите заебанции во врска со скопје 2014 се само пуштање абер за рајата да има што да зборува, ама погледнато од денешна дистанца, се каам што сум бил толку лекомислен. ако некој ги следи форумите за архитектура, на кои се зборува за скопје(оние на српски, хрватски, бугарски и др. јазици)ќе сфати колку ни се потсмеваат во светот и регионот. скопје се уништува неповратно!!!

Koe ludilo ve snajde ? Nekoj

Koe ludilo ve snajde ? Nekoj smeni fasada na zgrada ? Otkoga toa stana kraj na svet. Uuu ama grozno , ni pravat fasadi sto ne ni se svigaat, pa morame da go vklucime celiot svoj intelekt za da ja odbranime.... ni poveke ni pomalku - Makedonija. Brej, brej. Junaci golemi. Se iznaplakavte, vi se smeat. Lele sto ke pravime. Kako ke mu izlezeme na svetot pred oci. Ke ne vidi kakvi sme , a ne kakvi sto se prepravame deka sme. Ke sfati svetot deka i toa siviloto od Arhitektura sto go imavme porano ne sme go napravile nie. Se ke razberat. Lele , sramota.

Знаеш шо? Страв ми е да

Знаеш шо?

Страв ми е да пуштам Бах или Хендл по дома, да не ми лупнат етикета дека сум преродбеник.

Дем ит.

Apropos "ludiloto vo

Apropos "ludiloto vo Makedonija":

Nobody is more conservative than those people who tell you that the modern world is afflicted by nervous anxiety or schizophrenia. It is in fact a cunning way of excluding certain people or certain patterns of behaviour.

Michel Foucault (od debatata so Chomsky)

Одлична анализа! Уште подобра

Одлична анализа! Уште подобра е можноста низ коментарите да се согледа менталната шема на бранителите на лудилото.

Ко у вицот, пун ми е кур и од

Ко у вицот, пун ми е кур и од едни и од други. Само, првите го избркаа татко ми од работа, а вторите ништо не ми направиле освен што се глупираат.

Така да, џабе везете. Нема да го добиете мојот глас никогаш.

Вие сте само ловци на души (гласови), бандо црвена. И да, барем декларативно, модерни врховисти што ѝ служат на Грција за куферчиња со пари.

Слични содржини

Никола Гелевски
Жарко Трајаноски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото