Најдобри и најлоши држави за жените

08.03.2012 13:49
Најдобри и најлоши држави за жените

Кога над половина од светското население ќе се разбуди во денес – на 101-от Меѓународен ден на жената – одлуката дали треба да го прослави тој датум или да му се препушти на очајувањето воопшто нема да биде лесна.

Со исклучок на само неколку случаи, во повеќето народни собранија и парламенти во светот сè уште преовладуваат мажите. Стручњаците сметаат дека ќе помине уште најмалку половина век за овој тренд да се смени во „напредната“ и „цивилизирана“ Европска унија. Од друга страна, во Катар шест пати повеќе жени се запишуваат на факултет одошто мажи.

Иако патот до целосна еднаквост пред нас е долг и неизвесен, во дури 85% од земјите во светот (реалната) состојба на женските права е подобра од онаа пред шест години, покажа истражувањето на Светскиот економски форум.

Британскиот весник Independent состави список на најдобри и најлоши места за жените во светот.

Најдоброто место за жените – Исланд

Исланд може да се пофали со најголема рамноправност меѓу половите, земајќи ги предвид областите како политиката, образованието, вработувањето и здравствената заштита.

Критбјорг Магнусдотир, 42-годишна бабица од Исланд, мајка на четири деца, вели дека е среќна што живее на Исланд: „Секогаш имате можност за добар живот: образованието е јавно и бесплатно, здравството е добро, а работната етика на високо ниво. На Исланд има многу самохрани мајки кои работат и се почитувани во заедницата во која живеат“.

Најлоша земја за жените е Јемен, а најопасна – Авганистан.

Најдобро место за занимавање со политика – Руанда

Руанда е единствената држава во која жените се мнозинство во парламентот: тие држат 45 од 80 места. Најлоши држави за жените кои се занимаваат со политика се Саудиска Арабија, Јемен, Катар, Оман и Белизе, каде што во парламентите воопшто нема жени.

Најдобро место за мајчинство – Норвешка

Норвешка е најдобрата земја во светот за породување и мајчиство, поради исклучително ниската стапка на смртност при породување (1 во 7600). Најлоши услови при породување имаат жените во Авганистан, каде што за двесте (!) пати е поголема веројатноста жената да почине при породување одошто од бомби или куршуми.

Држава со највисока стапка на писмени жени – Лесото

Писменоста меѓу жените во Кралството Лесото го надминува процентот на писмени мажи, па така, дури 95% од жените знаат да читаат и пишуваат, наспроти 83% од мажите. Последна на листата е Етиопија, каде што само 18% од жените знаат да читаат и пишуваат, наспроти 42% од мажите.

Најдобро место за владетелки – Шри Ланка

Жените ја водат Шри Ланка веќе 23 години. Многу држави, а меѓу нив се дури и Шпанија и Шведска, никогаш немале жени на чело на владата.

Најдобро место за уметнички – Шведска

Шведскиот уметнички совет има низа иницијативи кои за цел имаат подобрување на рамноправноста во светот на уметноста. Шведскиот филмски институт рамноправно ги распоредува парите за авторите и авторките, а постои и квота за жените во филмската продукција.

Најдобро место за шефици – Тајланд

Процентуало Тајланд има најмногу жени на позиции на виши раководители, 45%. Најмалку има во Јапонија, каде што едвај 8% од жените се наоѓаат на раководи позиции.

Најдобро место за економска рамноправност – Бахами

Бахамите се наоѓаат на првото место кога станува збор за економските услови за жените, додека ситуацијата е најлоша во Јемен.

Најдобро мето за новинарки – Кариби

Карибите се регион со најголем број статии и репортажи кои на телевизија, радио и во печатените медиуми ги објавуваат жени – 45%. Најлоша област за жените во новинарството е Африка, со 30% жени меѓу новинарите, додек во Европа тој процент изнесува 35%.

Најдобро место за право на избор – Шведска

Шведските закони дозволуваат извршување абортус без никакви ограничувања во првите 18 недели од бременота и не постојат никакви присилувачки услови за тоа. Филипините и Никарагва се меѓу најлошите земји за правото на избор, бидејќи го забрануваат абортусот без оглед на причините за негово извршување.

Најдобро место за работнички – Бурунди

Бурунди во супсахарска Африка се наоѓа на првото место според процентот на жени во активната работна сила и е единствената држава во светот каде што има повеќе работнички отколку работници, дури 92% од жените наспроти 88% од мажите. Во Пакистан, кој е последен на списокот, мажите се четири пати побројна работна сила од жените.

Најдобро место за добра заработувачка – Луксембург и Норвешка

Овие две земји го делат првото место според заработката која можат да ја остварат жените, а жените и мажите имаат слични приходи. Најлоша е сиуацијата во Саудиска Арабија, каде што жените заработуваат 7.157 долари за истото време во кое мажите заработуваат 36.727 долари.

Најдобро место за високо образование – Катар

Во Катар, шест пати повеќе жени се запишуваат на факултет, иако тоа сè уште не значи дека високообразованите жени имаат исти деловни можности како мажите. Најлоша држава за жените кои сакаат да посетуваат факултет е Чад, каде што бројот на мажите на универзитетите е трипати поголем од оној на жените.

Најдобро место за долг живот – Јапонија

Во просек Јапонките живеат најдолго во светот – 87 години, а нивните машки сонародници седум години помалку. Животниот век на жените е најкраток во Лесото, каде што во просек живеат 48 години, две години помалку од мажите во истата земја.

Најдобро место за спортистки – САД

Пет од десетте најплатени спортистки во светот во 2011 г. живеат во САД. Најлоша е ситуацијата во Саудиска Арабија, земја која никогаш немала женски спортски екипи на Олимпијадата и им забранува тренирање спорт на девојките во државните училишта.

Најдобра земја за развод – островот Гуам

Микронезискиот остров има највисока стапка на разводи во светот, додека Гватемала има најниска.

Најдобро место за рамноправност во сообраќајот – Индија

Њу Делхи е најдоброто место во светот за жените кои сакаат храбро да влезат во машкиот свет на таксистите. Најлошо место за жените-возачи повторно е Саудиска Арабија, единствената држава во светот која им забранува на жените да управуваат со автомобил.

Извор: Independent

Слики: Омар Ортиз

ОкоБоли главаВицФото