Sинго педер, за Филип Втори гасна комора

31.07.2009 14:21
filip_vtori.jpg

Едно од најважните културни препознавања на современата (западна) цивилизација е големата улога на професионалниот спорт, на прво место фудбалот. Културата на фудбалот (популарно наречен “најважната споредна работа”, фраза кон која имам голем отпор), веројатно е толку длабоко втемелена во секојдневното живеење, што на прв поглед сите мислат дека тука нема што многу да се зборува и преиспитува. Дури и мислам дека многу полесно би прошол некој кој би пишувал критички за најгорливите политички теми отколку за фудбалот. Сепак, неколку, навидум маргинални настани од регионот и пошироко, сите поврзани со фудбалот, не ме оставија рамнодушен.

Деновиве во Србија е актуелно тоа што за брзо време ќе се одржи Белградскиот геј прајд. Тоа ги буди сеќавањата од првиот неуспешен обид во 2001, кој заврши буквално со крвопролевање. Главни актери беа фудбалските навивачи на Звезда и Партизан, кои “конструктивно” ги надминаа разликите меѓу себе (во друга прилика тие разлики се непремостиви) и испотепаа сè живо и диво. На многумина тоа им беше и најголемо достигнување во животот.

Скоро имав прилика да поминам низ Белград, и приметив Гробарски и Делијски графити во контекст на претстојниот геј прајд, кои навестуваат дека приказната со ќотекот може да се повтори пак. Тоа ме потсети на една дискусија за фудбалот, хулиганите и мачоизмот. Објаснувањето е многу фројдовско, дури можеби и поедноставувачко: нешто не е во ред со луѓе (навивачи) кои се социјализираат во доминантно машка средина (честопати и се допираат, се гушкаат и притискаат едни до други на трибините), “славејќи” ја борбата на 22 атлетски запотени машки тела, кои исто така се допираат, некогаш прилично интензивно. Во исто време тие луѓе (навивачите) имаат проблем со други запотени машки тела, кои се допираат на малку поинаков, но многу попријатен начин (на пример, не се клоцаат туку се милуваат и бакнуваат). Сугестијата е јасна: хомо-еротската компонента на фудбалот (видете го само Кристијано Роналдо, најбитниот фудбалер во моментов, “колку е само геј”, би рекол Бруно) е во некоја интеракција со латентната хомосексуалност на многу од навивачите и од таму произлегува тој ефект на спротиставување на оние кои имале храброст “да излезат од плакарот”.

Меѓутоа, тоа само по себе не објаснува зошто фудбалските фанови се особено милитантни, агресивни и пред сè насилни. Низ призмата на тоа кој спорт има хомо-еротска естетика, веројатно ќе се дојде до заклучок дека секаде каде што барате хомо-еротизам - ќе го најдете (пример: кошарка, борење, пливање, ракомет итн). Сепак, она што фудбалот го има, а што отсуствува кај останатите спортови е симулакрумот на светост. Како што вели унгарскиот класик Елемер Ханкиш, фудбалот е успешен во создавањето на спиритуален набој во микросмосот од навивачи, играчи и топка, а причина за тоа е едноставноста на неговите правила. Народски кажано, фудбалот е “р'мбање”. Освен аутот, офсајдот, фаулите и недозволеноста да се игра со рака, баш и нема некои други правила. Резултатот се брои прилично едноставно. Мисијата е една – да се постигнат повеќе голови од противниците. Од друга страна, таа едноставност на правилата создава илузија на слобода и креативност на теренот (“трча како газела”, “везе по тревата”, “мајсторски проигрува” и сл.) како начин на борба (во недеструктивна смисла). Но, сè се случува во зацртаните рамки, во таа “ограничена автономија”. И најмаестралниот потег и најпроникливото додавање и најатрактивниот гол се дел од еден затворен микрокосмос со јасно зацртани граници и норми. Но, се разбира, комбинациите се бесконечно многу, и тоа благодарејќи, како што Ханкиш вели – на топката! Таа е совршено тркалезна, непредвидлива, непослушна, “има очи” и своја сопствена волја, и од неа сè зависи. Токму таа “судбинска” улога на топката, според него, е она што го прави фудбалот светиња – никој не знае каде фелшот ќе сврти, каде топката ќе се одбие и каде ќе заврши; за сè е доволен еден “магичен” допир.

Топката, инаку целосно “анектирана” на сликата од машките растрчани тела, преку нејзината “тркалезност” (и физички и симболички – топката е тркалезна, секој може да победи) претставува извор на верба, спиритуалност и светост; но и на една комплексна спрега на ирационалност, авторитарност и импулсивност. Безброј луѓе во даден момент буквално и’ се молат на топката да заврши во голот на противникот или надвор од голот на тимот за кој навиваат, а зависно од исходот плачат, прославуваат, пукаат со пиштоли, ја тепаат жената (особено ако им го сврти каналот), некои дури и се самоубиваат, или доживуваат срцев удар. Тоа е слика на една разуздана неразумност, небаре еден примитивизам, каде расудувањето и трпението немаат баш некоја функција. Тоа е една слика на разјарена профана толпа (и оние на стадионите, и оние пред телевизорите кои дивеат). Како што и Ханкиш вели, светото не може да биде свето, ако нема профано. Тоа е таа дихотомија; фудбалот не би бил свет ако нема профани фанови кои се оддаваат на најразлични дискутабилни поведенија (од покривање очи, како да тоа ќе помогне некој да погоди пенал, до убивање на навивач на противничката екипа). Таа профаност, и тој примитивизам (нужни за фудбалот да биде свет), се и изворот на насилството на навивачките групи; во една таква “чувствителна” состојба насилството се чини сосем легитимно решение. Во голема мера слично на радикалните “верници”, само побизарно.

Фудбалскиот микрокосмос ретко може да биде потресен од надворешен фактор. Највпечатлив момент за мене е кога тој мал паралелен свет бил “потресен” од надвор кога Тито починал и натпреварот Хајдук-Звезда бил прекинат, а фудбалерите и публиката заедно тажеле. Во тој момент националната тага го “наддуховила” фудбалот, а тоа ме води до следната тема: релацијата токму меѓу национализамот и фудбалот.

“Спиритуална” страна на фудбалот, меѓу другото, му дава голем потенцијал за општествена мобилизација, особено кога се во прашање колективните идентификации. Ако “хетеросексуалната” (хомофобична) е еден тип на такво идентификување (да бидеме јасни: мнозинството мажи во светот се хомофоби), друга таква категорија е секако националната припадност (етничката, племенската или како сакате наречете ја – мнозинството мажи во светот се отелотворение на јасен и изразен национализам). Ако самата топка не го прави доволно свет и значаен, тогаш тоа сигурно го прават различните мисии, од националното ослободување што е мисија на Атлетик Билбао, до малиот милион “насионал” клубови низ Латинска Америка, до “честа да се носи дресот на националната репрезентација” и “честа да се навива” за истата (самиот термин “репрезентација” всушност значи претставување на нацијата, во моментот кога националната репрезентација игра, таа е нацијата). Фудбалот, според многу автори, оди рака под рака со национализмот, како и да го дефинирате национализмот: од баналната употреба на знамињата и симболите па сè до отворените искажувања на некои проблематични ставови (најчесто иредентизам и нетолеранција).

Конкретно, еден пример што многумина и не го знаат: конфликтите меѓу Македонците и Грците за тоа чив е Александар Велики, за прв пат избувнуваат на фудбалски натпревари во Австралија помеѓу ривалите ФК Александар (формиран од етнички Грци /регионални Македонци/ од Лерин) и ФК Македонија (формиран од етнички Македонци /и регионални Македонци/ од Лерин) уште во 1980тите, како навестување за тоа што ќе се случува на Балканот подоцна (според Лоринг Данфорт, Македонскиот конфликт). Се разбира, фудбалските инциденти и суспензиите од УЕФА во раните 1990ти, навестија и распаѓање на СФРЈ (на таа тема постои извонреден текст “Фудбал, хулигани и војна” на познатиот Иван Чоловиќ). Дури и во Македонија, фудбалските стадиони беа првите места каде што јавно се искажа македонскиот национализам (од гасните комори до “клетите ________”, до гестикулирањето со трите дела и картите на голема Македонија).

Фудбалот (и спортот, главно), кога ќе се земат предвид сите овие претходно наведени компоненти, може да се толкува и како асоцијација за војна. Освен генезата на речиси сите спортови од воени вештини, како и сличноста во животот на еден војник и еден спортист и сличноста во нивната симболика, она што ги прави слични спортскиот дуел и војната се ирационалните одредници на динамиката и во двата случаја. Спортот, толкуван како прокси-војна или замена за војна, ги перпетуира истите “воени” импулси – чест, желба за победа и слава, страв од пораз итн. Релацијата во овој случај помеѓу фудбалот и војната е слична како онаа помеѓу порното и сексот – кога не можеме да водиме борба на вистинскиот терен, гледаме борба на “зелениот”.

Поврзано со таа гордост, чест и со националниот инпут во фудбалот, секако е и постоењето на “храмовите” каде што тој фудбал се игра. Она што сите “големи лидери” го правеле, меѓу другото, е изградбата на импозантни спортски зданија (на пример Рајхсшпортфелд, или Олимпискиот стадион во Берлин, изграден 1934-1936). Оваа претпоставка, претпоставувате, ме води до старо-новиот “храм” во Скопје, преименуван и надограден, Национална арена Филип Втори, која набргу свечено ќе биде пуштена во употреба. Националната арена е уште еден од низата идентитетски проекти, инспириран од славниот антички војсководец Филип Варваринот кој сеел страв и трепет, и кој веројатно треба да служи за да имаме со што да се гордееме и да се покажуваме. Толку е тој стадион важен што дознавме (по несреќниот случај со работникот кој падна од делот од северната трибина која се довршува), дека работниците на жегата од 40 степени работат смени од 12 часа, дури и за викенди. Националната арена нема време за човечкиот живот, тоа империјално здание мора да биде готово што побрзо. Затоа Националната арена никогаш и нема да ме види на нејзините трибини.

(Македонскиот случај, впрочем, не е единствен. Пред само неколку недели, 70.000 (седумдесет илјади) работници во Јужна Африка излегоа на протест, доведувајќи го во опасност одржувањето на светското првенство догодина. Нивните барања беа делумно исполнети. Месечната плата на тие работници ќе им биде доволна да купат само по една до две карти за натпреварите од Мундијалот.)

За феноменот на фудбалот има уште што многу да се пишува. На пример, најголемите фудбалски меѓудржавни првенства, меѓу другото, се и парада на најразличните национализми во кои, освен спортскиот мотив, главен мотив за навивање е чувството на национална припадност. Во исто време, самиот фудбал е утилизиран од страна на медиумите и корпорациите како ултимативна забава и индустрија, сеприсутна, тотално дистописка во една Хакслиева смисла на зборот (опиум за народот и средство за одвлекување внимание). Се разбира, фудбалот може да биде и хуман и да служи за помирување (во 2006, завојуваните страни во Брегот на Слоновата Коска прогласија примирје за време на Мундијалот кога нивната репрезентација настапуваше; локален пример: сите заборавија на етничките предрасуди кога Шаќири постигна гол од корнер, итн). Јас фудбалот априори не го осудувам како исклучиво позитивен или негативен феномен, туку едноставно се обидувам да го согледам неговиот капацитет да обликува одредени општествени текови. Фудбалот не е само игра.

Sинго педер, за Филип Втори гасна комора

Јас и ти милион пати сме дискутирале на темите кој ги чепна во текстот а се однесуваат на навивачите како движење и хомофобичноста на тие истите навивачи. Ти си тип на човек кој сака да пишува и коментира за сите општествени случување во државата и пошироко. Но понекогаш и забегуваш можеби и несвесно зашто не можеш да ги сфатиш некои работи за кои пишуваш и коментираш како што се навивањето и нивната хомофобичност а исто така и фудбалот како спорт. Во текстот имаш дел каде спомнуваш дека фудбалерите и навивачите се допираат на груб начин и ги ставаш во конкуренција на "хомосексуалци" а при тоа подоле спомнуваш дека тоа е исто со она што го прават вистинските хомосексуалци само на понежен начин се допираат и тоа ти го оправдуваш. По глупа споредба во живот немам прочитано, но тоа е твое мислење и пак ќе спомнам тоа е само затоа што понекогаш коментираш нешто во кое никогаш не си учествувал туку само гледаш од страна (ниту си бил навивач некогаш ниту си бил активен фудбалер). Ме натера да размислам дали сите тие што го гледаат и се наивачи на Реал,Милан,Јувентус,Барса,Манчестер,Челзи итн. се хомосексуалци. Ако е тоа така тогаш светот има проблем, но не мислам дека е така. Познати се инцидентите во Белград каде што навивачите на Звезда и Партизан со здружени силе (како што пишуваш и ти) се спротиставуваат на геј парадите. Причините се јасни а тоа е фактот дека двајца мажи или две жени кој се шетаат низ град и при тоа се допираат нежно, изгледа во буквална смисла на зборот ГАДНО и ОДВРАТНО и секако е спрротивно на придордните закони. Јас како човек не би сакал моето дете да види двајца мажи како се фаќаат за задникот и нежно се допираат. Одговорот мој на прашањето негово "што прават овие?" треба да биде дека тие се сакаат и дека тоа е нормално...не пријателе тоа е болест која современата медицина се обидува да ја лечи. Национализмот не се раѓа на стадионите, национализмот се раѓа во политичките кругови кој владеат со државата. Не е национализам ако се навива против друг клуб. Најголемиот проблем на наввачите во светот не се противничките навивачи или некоја соседска држава туку власта и полицијата како што е проблем и на анархистите кој ти ги подржуваш а за кој јас немам видено некоја нивна акција во македонија како што можам да видам на други места во светот. Во Македонија изгледа навивачите се поанархистички расположени него самите анархисти кој декларираат како такви. Во вториот дел од текстот те подржувам а тоа е околу малтретирањето на работниците и нивното работење по 12 часа само за да се стигне со изградбата. Смената на името на Градскиот Стадион е лош потег и е националистички потег на власта а не на навивачите. И за на крај би ти препорачал да не гледаш само површно на работите туку да пробаш да прочепкаш малце повеќе што се случува во фудбалот и навивањето.
Поздрав

Вуна, ако скратиш на дожината

Вуна, ако скратиш на дожината малку, можеби ќе скратат и коментарите, па ќе одахнеме сите малку. Али гледаш, одма има некој ад ти одржи лекција за што е „природен закон“ а притоа тебе те обвинува за генерализирање, и груби примери - а сам нема проблем да си даде дефиниција за природен закон. И така редум... до недоглед.

Текстот е генијален!!! 

Текстот е генијален!!! 

да не должиме... не знам дали

да не должиме... не знам дали следиш фудбал и некогаш си бил на натпревар, ама... си ја утнал... не се и не секогаш може и треба да се анализира фројдовски до крај... фудбалот е игра, прекрасна игра... која се игра со страст. и бај д веј е многу комплексна и тешка за играње. обиди се да поминеш некој, да додадеш топка прецизно или да дадеш гол... ќе видиш. и ќе ја почувствуваш исконската радост. не е случајно што привлекува толку внимание. инаф сед.
инаку геј-конотацијата и паралелите не ти се во ред. буткање и мешање тези во еден лонец употребувајќи го фудбалот како рамка не е во ред. си има социолози и психолози кои ја објаснуваат навивачката суб-култура. ако не можеш да ја разбереш фудбалската пасија, барем не ја исмејувај. инаку делови од текстот кои се однесуваат на национализмот ти се сосема во ред и држат.

 Гоше, пробај да составиш

 Гоше,
пробај да составиш сложена реченица, да истуркаш некоја мисла, небитно дали е позајмена или твоја... Неверојатна е исконската радост на таа операција!

:)))))))) не можам... многу е

:))))))))
не можам... многу е сложено... :))))

До Божиновски кој за

До Божиновски кој за хомосексуалноста вели „не пријателе тоа е болест која современата медицина се обидува да ја лечи.“.
Ало?! Ти за која современа медицина зборуваш?
The American Psychiatric Association removed homosexuality from its list of mental illnesses in 1973.
The American Bar Association in 1974 expressed its approval of the Model Penal Code, including its decriminalization of consensual adult homosexual acts.
The World Health Organization removed homosexuality from its list of mental illnesses in 1981.
The American Psychological Association released a Statement on Homosexuality in 1994-JUL. Their first two paragraphs are:
The research on homosexuality is very clear. Homosexuality is neither mental illness nor moral depravity. It is simply the way a minority of our population expresses human love and sexuality. Study after study documents the mental health of gay men and lesbians. Studies of judgment, stability, reliability, and social and vocational adaptiveness all show that gay men and lesbians function every bit as well as heterosexuals.

Nor is homosexuality a matter of individual choice. Research suggests that the homosexual orientation is in place very early in the life cycle, possibly even before birth. It is found in about ten percent of the population, a figure which is surprisingly constant across cultures, irrespective of the different moral values and standards of a particular culture. Contrary to what some imply, the incidence of homosexuality in a population does not appear to change with new moral codes or social mores. Research findings suggest that efforts to repair homosexuals are nothing more than social prejudice garbed in psychological accouterments.

Нит сум геј, нит ми смета дали некој се фаќа за газ.  Ниту на моето дете нема да имам проблем да му објаснам за тоа. Од гледање педери не се станува педер. Читај го вториот параграф погоре уште еднаш.
Или ко оној вицот со Мујо и Фата. Се „работат“ и Фата прави чудесии у кревет. И Мујо и вика, откајма ти вакви работи научи? Па од глеање порничи. И Мујо два-бокса одма, „па да беше така, ја ќе играв фудбал ко Пеле“.

Гошката е од школото на

Гошката е од школото на миленко, она школо кое образованието, свеста и знаењето во земјата го донесе на нивото кое го има само во одвратно неписмени и примитивни култури. За таквите хомосексуалноста е болест која се лечи, а Дарвин го копчаат „доволно“ за да склопат реченица ко „човекот настанал од мајмун“... што да се очекува од таква раја? Најмалку да разбере ваков текст - кој рака на срце има пропусти, ама супер теза.

Во погорниот коментар треба

Во погорниот коментар треба да стои Божиновски, не Гоше. Се извинувам на Гоше што го помешав.

Божиновски сакс. Постот е

Божиновски сакс. Постот е супер :)

Pocituvani, vo golem del se

Pocituvani,
vo golem del se soglasuvam so poveketo. Ne deka nekoj ima potreba da se soglasuva tuku sto homoseksualnosta ne e dovolno elaborirana i javno pretstavena tema.
Ona sto mene licno mi smeta vo originalniot tekst e deka fudbalot ima direkten link so nacionalizmot. Vo osnova ova e tocno, no aktuelnata sostojba vo Makedonija e deka VMRO ima tolku bliskost so nacionalizmot kolku prosecen margarin vo sporedba so dobar puter, a toa ke priznaete nema nikakva slicnost. Ednostavno, fudbalot otsekogas bil zdrava maska zabava na dominantniot del od populacijata, ne zboruvam za pasionirani navivaci na treta makedonska liga, tuku ljubiteli na kvaliteten sport. Ona sto marketing sovetnicite na ovaa vlada gi sovetuvale e deka treba da bidat prisutni vo masovnite sportovi, iako se kolnam nema ni eden od ovaa vlada ne bil sportist ili go cuvstvuva vo celost fudbalot (poveke se kako onie poneznite bratoljupci - od tekstot).
Rabotata e ednostavna, fudbalot e sport na shirokite narodni masi, ako nema nekoja povisoka prisutna ideologija vednas tuka e shovinizmot i karikaturalniot machizam (Mussolini). Vo nedostatok na svesnost za sebesi i realnosta, vo nemanje vistinska artikulirana elaboracija i dijagnoza na makedonskoto opstestvo, imate kolektiven bazicen zaguben od vremeto i prostorot emotikon - t.est proces na antikvizacija.
Da ne zaboravime, fudbalot bil nacin za borba za ugled i prestiz na siromasni i kolonizirani nacii, za socijalna pravda, ova sega sto se slucuva e samo degradacija.
Pocituvani, ne bi sakal da imate kakov i da bilo strav od demek grubite i agresivni navivaci, vo osnova toa se ljuge sto nemaat popametna rabota, ionaka na zapad redovni navivaci sega se educirani luge od srednata klasa. Problemot e sto taa golema i prekrasna navivacka covecka energija denes nekoj vo Makedonija perverzno ja bojadisuva vo nekoja kvazianticka i shovinisticko-fasisticka maska. A toa ne e vistina!
Ovaa drzava go ima Vardar, Rabotnicki i redica drugi klubovi, toa ne se formirani klubovi od zapaleni poluidioti makedonoidi, tuku odraz na togas klasna i zdrava nacionalna svest.

 

Божиновски, Божиновски,

Божиновски, Божиновски, Божиновски, Божиновски, Божиновски, Божиновски, Божиновски, Божиновски... Дали доволно ви беше напумпано егото... ако не еве мала информација, секој пат го пишував името, а не го копирав. Задоволен?
 
Е сега за текстот морам да кажам дека не е доволно силен. Мислењето на авторот е искажано, но со премногу референци и правдања. Немало потреба од толку правдање.
 
И сепак можеби е точно дека во Македонија навивачите не претставувааат нацисти или националисти како што тука се наречени,но насекаде низ светот тие се тоа, маса лудаци, платени од луѓе кои немаат доволно образование или си платиле за него, тип Божиновски (без ум) и таа маса беснее и предизвикува политички мотивирани нереди.

Текстот е далеку од

Текстот е далеку од текстовите кои вуна до сега ги нудеше. темата е интересна, но анализата, примерите и аналогиите се на килави нозе. тоа е зашто темата не му е фудбалот, туку национализмот кој го се обидува да го најде ете, на уште едно место без притоа да има издржани и добро осмислени аргументи. тоа најубаво се гледа во обидот за инсинуирање (не е прв пат, и не само од него- многу други се обидуваат истово да го прават) т.е. изедначување на „допирањето“ во фудбалот  и латентниот педерлук позади истото. тоа е толку лекомислено да боли глава. вториот дел е по наместо - стадионот, градењето и поврзанота со политиката, и многу појјако во однос поддржување на темата. текстот ќе беше многу подобар да се фокусираше само на тоа. вака се расплинува на многу страни, а ниту една не е доволно силна. за мене лично, дел од аргументите се и лаички, во суштина фини ама недодржани, како на пример делот со хомосексуалноста кој го спомнав. а читателите ко божиновски не заслужуваат коментар.

Sинго педер, за Филип Втори гасна комора

Тешко државата со интелектуалци кој се кријат зад "анонимен", и својте ставови ги кажуваат скриени од јавноста и власта а при тоа се надеваат дека некој ќе ги сфати сериозно. Пријатели мој остенете си анонимни цел живот и надевајте се дека ќе успеете во животот. Поздрав до Гоше, DrunkY и Abdulmenaf Trajkoski кој барем ги напишаа својте имиња или нивните прекари. Иако не се согласуваат со мојот став (што е право на секој) и ме навредуваат и омаловажуваат собраа храброст и се потпишаа (поздрав уште еднаш). Поради тоа што пријателе вуна твојте постови ги читаат и ги коментираат "анонимни" (со исклучок на неколку) понатаму јас не планирам да оставам коментари кој допираат само до анонимните.

 Сметам дека Вуна има право

 Сметам дека Вуна има право да ја бара хомосексуалноста во спортот. Сигурно сте виделе како двајца спортисти се удираат по задник за време на натпреварот. Зашто тоа на спортскиот терен е дозволено, а на плоштад не? 
Најтопло би ви ја препорачал "Естетика на играта" збирка есеи на познати филозофи избрани од Иван Џепаровски.

Драг Божиновски, не си

Драг Божиновски, не си ласкај, твоето име е исто вредно колку и анонимноста. На крај краеви, ти овде искажуваш став или си го мериш со некого, па сакаш да знаеш кој е? и Drunky и Абдул се исто така „неанонимни“ имиња. ПОдобро да не коментираш, оти логиката во коментарите ти е како на десетгодишно дете, кое откако ќе му го нападнат мислењето почнува да се „брани“ со глупости, ала ... јас барем со потпишувам. НЕ се потпишувај во иднина, не се брукај со потпис позади идиотизми.

Падавичарење

Падавичарење

Мааааалкуцка се согласувам

Мааааалкуцка се согласувам дека постои хомоеротицизам во спортот, оти единствено природно е да го има. Шо дига џева авторов сеа? Од мува - слон.
Туку на страна написов, кој делумно го прочитав (и според тоа, ДА, имам право да коментирам) и онака, сакам да кажам дека луѓето кои се занимаваат (исклучиво) со проблемите на другите луѓе (а за сопствените се слепи), сосема сигурно имаат ПРОБЛЕМ. Мислам на авторот.
 
Чисто една мисла овака, да го поттикне авторот некогаш да проба да се замисли над себе самиот, а не прстето секогаш да го пика во туѓи... Знаете веќе што. :) Опсесивното сецирањето на широките народни маси (кон кои најчесто си садистички настроен), е ПРОБЛЕМ, пријателе.
Малце окцето кон внатре, кон „Кој сум јас?“, „Зашо се замарам со политика/курци/палци/другите цело време?“, итн. Некој медитативен текст, онака малце, да не’ одмори (и замисли)? Оти заморно е да се читаат автори кои однапред знаеш шо мислат, по кого (по дифолт, оти се роботизирани) ќе фрлат камен, и шо ќе пробаат да ти протнат во глава. Шознам, мала промена нема да ти помогне од одма, ама it's a start... ;)
 
Поздрав, ол д бест.

Stop hack the program!!!

Stop hack the program!!!

Слични содржини

Вуна
Општество / Квир / Став
Квир / Став

ОкоБоли главаВицФото