Цената на антиквизацијата

31.07.2009 14:33
Erol_Rizaov.jpg

Зошто да дебатираме за рецесија, за името и за ММФ кога е подобро да го срушиме Дарвин, да го викнеме Александар Македонски на помош, кој веќе има роднини во Скопје. Сето тоа ќе се докаже само за неколку месеци кога со целиот свој сјај ќе излезат на виделина спомениците на Градскиот плоштад, кога ќе почнат да рикаат лавовите пред мостот Гоце Делчев, новите згради на стариот театар, музеите на восочни фигури, на жртвите од комунизмот, новата арена „Филип Втори“. Сето тоа ќе биде најграндиозниот споменик на македонскиот примитивизам во првата декада од 21 век.

(...)
Уште неколку децении сиромаштија е цената на македонската антиквизација што ќе мора да ја платиме сите. Толку чинат два-три мандати на оваа власт.

Ерол Ризаов, во колумна во „Утрински весник“, 31.07.09