1021 hPa
81 %
7 °C
Скопје - Чет, 14.11.2024 14:22
Тешки стапки
Лунѕам со тврд чекор...
Моите тешки стапки го распукуваа и онака неквалитетниот бетон по улиците...
навистина не сакав да бидам уште еден проблем за мојот град гаден,
но немав каде...
Тој ден му натежнав на Скопје...
Пешачев со саати.
Го помодрив со моите тешки чекори...
Како трага од полжав,
оставив модрини на бетонот кој го газев.
Модрини од чувства, модрини од жал...
Моето долго патување по нас ќе заврши со оваа долга прошетка во ноќта.
Некој испратен до влез, некој оставен во парк. Проаѓа автобус. Намерно го пропуштам. Го мачам Скопје. Уште малку па дома, се надевам креветот нема да се скрши кога ќе легнам.
Допир
Кога допирот ќе исчезне
Ќе нема контакт
Ќе нема комуникација.
Ти не ќе можеш да ме примиш
Ниту јас да те добијам.
И се ќе остане во нас
Врескајќи, немо.
Затоа допри и не мисли
Пушти да тече
Ти себична, една.
Сакам да те згмечам,
да те исцедам
да останеш без живот
за да видиш што потискаш
Ти себична, една.
Допри и ќе те приграбам
Допри и двоумење ќе нема
Ти ќе дојдеш
А јас ќе те земам.
Допри и да тргнеме.
Започнав да ја пишувам, во кабина на генерална проба, а ја завршив кога ја препишував сабота навечер кога го кратев текстот и кога ги препишав и другите песни од мобилниот...
Публика
Јадрото пукна!
Се распрскавте насекаде,
како сирак останав сам
чекајќи посета.
Бевте темел,
Бевте мои,
Бевме потпора,
Бевме совршена топка,
Бевте доволни.
Како ронки од кришка леб
се разронивте,
следејќи ги своите гулаби...
Некој по ум,
Некој по дух,
Некој по разбирање,
Некој по крв,
Некој по тајност,
Некој по страст,
Сите по љубов
Вие по мене
Јас по вас
Поврзани!
Сега - пустина...
Многу луѓе ѕверат во мене,
никој не ме гледа.
Тие се безлични,
тие не се мои одредници.
Порано и кога се двоумев
Вие ме познававте.
Кога ве гледав,
се познавав во вас.
Ми одговаравте без изуст
Ве прашував со помисла
Го имате моето детство
Јас живеам во вас.
И сега градам,
И сега правам, создавам,
паѓам, прскам, засирувам.
Се изкривувам
и повторно сум тој,
повторно сум јас,
но ништо не чувствувам.
Ве нема да ме оцените
Да ме одобрите
Да ме опцуете
Да ме потврдите
Да знам дека сум ЈАС.
Ја загубив својата публика.
Дали постојам како некогаш?
Денови кога нема на кој да се јавам. Ја си дојдов од далеку, но вие отидовте таму. Посветено на мојата некогашна шесторка... дали ќе се врати некогаш?!... искрено не знам... дали ќе ме вратат мене во нив?!... уште потешко прашање...
Јане Спасиќ (Скопје, 1986). Завршил театарска режија на ФДУ. Повеќе ќе дознаете за него од песните или барем од нивните завршни делови.
Wheeovr wrote this, you know
Испратено на 25 март 2012 од RominWheeovr wrote this, you know how to make a good article.