1016 hPa
81 %

6 °C
Скопје - Саб, 15.02.2025 06:59
Ако сакате да посочите на сеприсутната комерцијализација на јавните простори низ улиците на вашиот град, сè што ви треба се неколку метри меки цевки за одвод, добра просторна ширина и веќе постоечка урбана инфраструктура.
Тоа е барем рецептот по кој се водел студентот на архитектура Oliver Show во својот роден Хамбург, со серија герилски градски акции наречени: „Street Furniture“. И секако успеал во тоа, следејќи го потенцијалниот урбанистички совет: „ако им дадеш каде да седнат, ќе седнат“.
Неговите евтини, временски отпорни и крајно флексибилни перничиња од пластика во јавниот простор, одеднаш неочекувано го претвора просторот меѓу уличната светилка и блиското дрво во софа, паркиралиштето за велосипеди во отоман или спомениците во кружни клупи. Уште повеќе, флоуросцентната жолта боја го нагласува аспектот на јавното кое треба да се зачува, а самата интервенција на Show му ја донела наградата за образование и уметност HFBK на Фондацијата Leinemann.
„Пристапот кој се базира на интервенција и експериментирање, за мене е многу поважен од потрагата за идеален продукт“, истакнува Оливер. Неговиот уличен мебел се покажа како одлична стратегија и јакнење на дизајнерскиот концепт кој размислува за ново користење на просторот и материјалот. Како што се ближи пролетта, а на Скопје хронично му недостасува урбана опрема, предлагаме да интервенирате со пластични цевки што поскоро.
Извор: Pogledaj.to