За честа и храброста

13.03.2012 12:21
За честа и храброста

„Тоа е нехрабро и нечесно и незаконски“, рече Никола Груевски некни, осудувајќи го говорот на омраза и разгорените меѓуетнички инциденти. Како човек да не се согласи со најмоќниот човек во земјава?! Особено, како да не се согласи со некој кој пет и пол години својата моќ ја дуе исклучиво врз насилство (симболичко и реално), исклучиво низ лицемерие и популизам, низ нечесност и беззаконие?! Па, најголемите распирувачи на насилство се најблиските соработници, идеолози и пријатели на премиерот!

Да потсетиме, само еден ден по нечесното обраќање на Груевски се огласи пријателот на пастирот и идеологот на ДПМНЕ со уште еден жесток напад врз Албанците. Пред тоа Албанците расистички ги нападна вториот најомилен новинар на пастирот, познатиот сафари ловец по главите на предавниците, западоидите и соросоидите. А во исто време кога „Драгиот водач“ лицемерно и исклучиво грижејќи се за сопствениот дневен рејтинг бамбори за храброста, чесноста и законот, неговите прорежимски медиуми (МТВ) плетат сосема измислени (подли, кукавички, нечесни и незаконски) приказни дека соросоидни граѓански здруженија (комплет со Артан Груби, заштитениот сведок и послушникот на Ахмети) подготвуваат дестабилизација на Македонија! А притоа Ахмети си дреме, со склупчениот Груби крај колената, и си преде под колената на (за сите нас, па и за Албанците, јебига) Предрагиот водач. Преде Груби, преде Ахмети, преде дури и Груевски, басми и шашми за, ни помалку ни повеќе, честа и храброста.

Што да каже човек на сето ова?! Гнасно. Дно под дното. Најголемите силеџии зборуваат за ненасилство. Најголемите циници зборуваат за правда и морал. Психопати во мисија на разгорување војни и насилства зборуваат за цели нации (Албанци, Грци...) заслепени од гнев, примитивизам и омраза. Рестиф де Ла Бретон добро ги опиша тие манијаци, пред повеќе од двесте години, нарекувајќи ги „ракопипачи“. Рестиф опишува еден човек кој неупадливо се шетал низ толпите луѓе околу губилиштата и секогаш кога некоја глава ќе се стркалала во кошницата, човекот го користел мигот на општата возбуда и ја спуштал својата рака врз задникот на некоја жена. Мегафоните на „путинестото џуџе“ пет години го прават истото, крадејќи ги парите и пипајќи ги женските задници во сенката на гилотините, додека пастирот приредува спектакли со пукање, пеење и плачење.

За да не се нервирам повеќе, а и за да не се занимавам со „ракопипачите“, завршувам за денес, потсетувајќи на сопствен текст од „Утрински весник“ (овде реобјавен), упатен директно до новата влада на Груевски, 2006 година. Тогаш сè уште верував дека до тврдите уши на „преродбениците“ може да се допре со разум, предупредување, благородност, конструктивност...

„Една од најстрашните работи што ни ја донесе новото време е високиот степен на насилство. Зголемените стравови произлезени од заострената борба за опстанок создаваат и повеќе насилство. Сиромаштијата, се разбира, има сè помалку избор; очајанието води во избезуменост и во деструкција. Но, и на другиот крај на социјалната скала, меѓу побогатите, гледаме нешто слично: дивјачка борба за превласт, за тотална контрола над малубројните ресурси.

Со тој мирис на крвта и на борбата, и одоздола и одозгора и на сите страни, се хранат нашите сетила. Медиумите се претворени во хроники на насилството; како она елементарното, што ни се случува во семејствата, школите, автобусите, на улиците, така и она насилство што го генерираат владетелите со нивните бескрајни политички и економски сплетки.

Владата нема да го добие толку потребниот авторитет доколку себеси се промовира во најголемиот силеџија во градот (кој од древни времиња, знаеме и од Макс Вебер, има легитимен монопол над средствата за насилство). Точно е дека насилството е мошне ефикасна метода за остварување на целите, но точно е и тоа дека насилните средства многу често ги поништуваат целите. Доколку власта е насилна и доколку брзо не ги оствари целите заради кои применува насилство, не само што таа власт ќе доживее пораз во однос на зацртаните цели туку и ќе го воведе насилството во целокупната политика. Да, насилството го менува светот, но најчесто го менува во уште посилеџиски свет.

Зборот ми е: нашиве политичари треба конечно да почнат да прават разлика меѓу моќта и насилството. Политиката треба да биде моќ, нешто што се разликува од обичната сила, то ест нешто што ја менува природата на простата сила, претворајќи се во нов квалитет, во легитимност и во авторитет. Силата употребена во согласност со законот всушност го има квалитетот на облагородена сила, нешто што дава попозитивна слика за целокупните општествени односи.“

Таа шанса, да стане облогородена сила (моќ, а не насилство), Груевски, според мене, ја загуби уште на самиот почеток, во 2006 година. Некои други сметаат дека неговото политичко силеџиство започнува во 2008 година, по поразот во Букурешт... Но, настрана разликите околу тоа кога почнува струполувањето на „преродбата“, ретко кој политички аналитичар и историчар, убеден сум, ќе има позитивна оценка за она што ни се случува последниве години...

Слики: Свирачиња

Коља, текстов докажува дека

Коља, текстов докажува дека од 2006 до денес си истата будала.

Будалеста е борбата против

Будалеста е борбата против насилството?! Будалесто е разбирањето на политиката како облагородена моќ, а не како насилство? Будалесто е човек да се бори за демократија, граѓански права и слобода покрај „здивеаните шипци, домашните предавници и надворешните непријатели, т.н. западоиди“?
Или само тебе, Слаѓо, слаткице, пак те мачат хормоните и љубовта кон пастирот?!

ГеЉо, многу би сакал тебе да

ГеЉо, многу би сакал тебе да те ставиме за премиер па како што си сестран веројатно ќе не препородиш.
Предложи некоја реформа, проект за економски раст, или проект за намалување на големите трошоци што одат во социјални трансфери.
И сами знаете, а можеби и не дека економската благосостојба е генератор на сите фини нешта, тамо треба да се концентирате во објава на предлози и проекти.
Како ти ја гледаш Македонија, имаш ли визија бе пријател?
Доста со паламудење со твојата чета. Пишувате, а ништо не сте кажале, тоа па тоа. Никаков аир од вас, што корист виде општеството од критики, плукање....
.

"што корист виде општеството

"што корист виде општеството од критики, плукање...." Vide, vide, Makedonija vide golema korist od kritikite, plukanjeto blokadite na ulicite, organiziranjeto na demonstracii na zemjodelcite, taksistite i dr. od strana na Vmro-dpmne (vo opozicija), mesecite pred da dojde na vlast vo 2006-ta.Znachi, ako vide korist od takvoto odnesuvanje na VMRO-DPMNE zoshto da ne vidi i od strana na SDSM?

1. За Политичката клима: кога

1. За Политичката клима: кога ги гледам овие манифестации, за кои и Колја пишува, сфаќам дека ние како луѓе сме ужасно пауперизирани во еден брутален систем, систем во кој нема никакви вредности. Целата политика во овие шест години е насочена кон дрпање на пари. Тоа е сета политика, за жал! Сакам да кажам, дека на ова лудило мора да му се стави крај. Крај, велам, затоа што ова е време во кое колумнира насилие, омраза, нетолеранција, агресија итн. Значи битно е да се биде против ДПМНЕ - а не да се седи пасивен и на страна - затоа што, боже мој, тогаш се гледа кој е - кој. Лесно е, пријателчиња, да се глуми “хуманизам и ренесанса“ во некои “Лесни времиња“, и да се биде добар со секој еден. Но ова не е тоа време. И велам - мора да се стави крај на ова десничарско-националистичко лудило!

2. За манифестациите: националистиве на Груевски шест год. играат со ваквите помпезни термини како “Чест“, “Достоинство“, “Правда“, “Вистина“ и сл. И ако само за момент ја “проврете главата во проблематиката“, ќе видите дека во овие помпезни термини, всушност, нема никаква опиплива и реална содржина. Ваквите помпезни флоскули им одговараат на дечките на Груевски затоа што им се отвара една “шуплина“ (во симболичка смисла), во која можат да се сокријат и' секојдневно да дрпаат пари до мила-волја.

3. За идентитетот:“јас“ сум експлицитно против, и на скроз друга страна од Груевистичкото лудило, и свесно се изложувам на овој начин и' зборувам, затоа што мора да се запре оваа мимикрија и штеточина. И баш во вакви времиња тоа треба да се прави. Секој еден кој држи до себе, кој има интегритет и кредибилитет, ако сакате, мора да биде априори-против. И само тогаш се гледа, ви повторувам -кој е кој, и на која страна е. И само тогаш нешто значи приказната за индентититет и зборувањето “зошто-и како“ против ваквата доминантна политика.

@naspoznatbloger Za

@naspoznatbloger

Za mnogumina odamna e jasno koj e koj. Bi nemalo posreken od mene koga vasite resenija bi bile resenija na zdravi licnosti, licnosti koi drzat do svoeto dostoinstvo. Ona sto dosega go provitav na ovoj sajt se samo navredi i generalni kvalifikacii kon edna golema grupa na luge cija edinstvena vina e deka sakaat da se vikaat Makedonci. Dolgo gi pratam napisite na vasiot sajt, i tuka ako ne go spomnete imeto Makedonija po loso, voopsto ne go spomnuvate. Kako po urnek da go pravite. Prevedeto go na srpski ili bosanski i mozete ladno da dejstvuvate vo Bosna i Srbija. Nisto konkretno.
Sega velite deka ovaa vlada samo drpa pari, sto mozebi e i tocno. Megutoa instituciite na sistemot seuste ne se oglasile deka se raboti za golema krazba.
Vo vasite pisanija ednas ne rekovte kako da gi podobrite instituciite i sistemot. Sto e toa sto mu fali da ne moze ovaa vlada da se odnesuva kako sto velite "totalitarno". Toa se prasanja koi treba da gi razgleduvame , i od socijalen i od filozofski aspekt. Ova sto vie go nudite e nov diktator koj ne mozete ni od partija da go izbrkate koga nema vlast a kamoli koga pak ke dobie vlast. Ona sto mu ostanuva na narodot e da se nadeva deka noviot "diktator" pomalku ke krade. Ne treba da si mnogu inteligenten da sfatis deka toa ne pominuva veke. Vo normalni drzavi koga ke ve ispleskaat na izbori tolku pati se povlekuvate od politika i se bavite so svojata profesija, znaejki deka toa e pole kaj sto ne ste bas najdobri. Ostavite im go prostorot na mladite i lugeto so svezi idei.

Нешто околу приказните за

Нешто околу приказните за младите и свежите идеи: колку да видиш, драг(а) “Маглена“ во кој идеолошки имагинариум си индуциран(а) - пишував за ова пред некое време: паролите сфати ги само како контекст:

“Добар ден ВМРО“,

“Добар ден за Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ“,

“Добар ден за најмногубројното и најмоќно младинско движење во Македонија“,

“Добар ден за иднината на ВМРО-ДПМНЕ“

Ваквите духовни пораки испратени до партиските момчиња и девојките беше синоним на едно време кое помина и кое имаше некаков идеолошки имагинариум во тоталитарните режими и сличните деривати на болшевизмот, покажуваше силна наклоност кон момчињата и девојчињата од сите „врсти“. Зарем треба да потсетувам на паролата „Младите се нaшата иднина“? Но, како што реков на самиот почеток (до сега веќе трет пат – ама се повторувам?!) за досадата се работи: на денешните властодржавнички младинци кои поради дијалектичка природа „се две-ножни“ – на нив се гледа како некакви Сили на Прогресот.

„Силите на прогресот“ возможно е да изгледаат вака: момчето полни 18 години и нема никаква двојба кога првите симптоми ќе се појават – момчето најпрво го мрази својот татко а станува миленик на својата мајка. И под нивна заштита е се додека не се ожени. Кога ќе се ожени тој лаконски продолжува да си живее во својата првобитна заедница. Жената на „младиот“ е во перманентен сукоб со својата свекрва.

Девојката-младинец, ако не се заљуби и претстои раскошна кариера. Прво станува дипломец, потоа пост- дипломец, а ако сите ја „отфрлат“ потоа се оди дотаму (дали некој спомена 5+ Диоптер?) – девојчето запишува докторат така што главните „Др.“ идеолотарии вредно ги спрема во партијата која поддржува само „пара-пораки“, „кич-митолошки приказни стари илјадници годни“ и „турбо-тоталитаризми“ како на идндивидуално така и на колективно себство кое се вика Ние. Исто како што фашистите и нацистите проповедаа (во едно минато време) – што поголем број на етнички и биолошки сродни – Нас да не биде повеќе од Нивните.

Значи, пораката на младите не е во „младите се иднината“, ами порака треба да се репрограмира: младите се нашите „тркала“ кои треба да се (ре)програмираат до прошлајфување.

Сајтот на „Преродбата“ пушти силни пораки до младите на ВМРО-ДПМНЕ и нивното членство: промена на името нема, затоа што ние кога ќе запнеме тука неможе ниту клин да оправи и – што е најбитно – младите се нашата иднина!

„Младите се нашата иднина“ е еден од најлигавите и најморонските идеолошки поткопувања (како што претходно реков) на еден тоталитарен кич (имате интернет, слободно прочачкајте и видете за што зборувам). Значи, за младите се работи! Или за досадата беше?

А сега, драги „млади“, удрете се на површно критизерство, почнете да го јадете „колачот“ – њјам- њјам-њјам! и’ ич мака да си немате. Вие ќе бидете големата автентична ДПМНЕ-овска сила која во суштина ќе биде хипнотисана моронска сила – него како драга комшивке!- која весело ќе ги чешка своите дебели стомачиња кога ќе дојде време да го „кркате“ вашиот дебел колач – њам- њам- њам!

Ќе живеете во систем кој ќе го мотивира идиотизмот а погледот на светот, Европските вредности ќе ви изгледаат бериќетно затоа што бесперспективноста и лошата бесконечност ќе продолжи и’ – да не заборавите само да речете „фала ти боже!“ (полека!: егзистенционална криза!)

Значи, драги Млади Дпмне-овци, пред да се фатите во клинч со медиумите, опозицијата, Европа, Светот, атомската физика и сл., немој да заборавите на Дијалектиката. Таа е секаде иста.

П.С. Појасно, пријател(к)е “meglena“?!

Epten jasno ,

Epten jasno , naspoznatbloger. Tebe Evropa ti treba kolku sto ti treba i Gruevski. Bez niv dvajcata ke nemas sto da napises. Evropa ti treba za da moze da pravis copy/paste , a pri toa da mozes na "retardite" da im vikas , nemate pojma vie sto e Evropa, a Gruevski i VMRO ti trebaat za da go mozes da go iskoristis celiot svoj " vokabular" vo samoumislena borba za sloboda.

Toa za mladinata ima vrska so realnosta kolku i se ostanato vo vasiot tekst. Iako jas vo svojot tekst zborot mladite go koristev vo smisla na svezina na idei, sepak ke vi kazam deka kaj mladinata (globalno) kako nikogas dosega se razviva "jas".
Vo zapadnata kultura toa odamna e nacin na odnesuvanje, megutoa internetot go ovozmozi toa da se sluci nasekade. "Nie" odamna ne postoi. Postoi samo zaednicki interes.
Vo taa smisla vasite copy/paste napisi i teorii od Boljsevizmot i Fasizmot se tolku nadvor od realnosta da ne e normalno. Tie sistemi pocivaa na kontrola na informacii i mediumi. Kaj e logikata toa da go preslikuvate denes vo Makedonija. Kako nekoj zaradi A1 televizija izgubi od informaciite za Makedonija. Izgubi samo A1 i novinarite od A1. Lugeto ke si gi najdat informaciite. Megutoa , posto ste ocigledno od "stara skola" si odite po stariot oproban recept za tiranija. Proglasi deka nema mediumska sloboda , i udri copy/paste statii i napisi od site pred-internet disidenti.
Koga ke se izvadi od vasite tekstovi se sto e napisano za Gruevski i VMRO , nisto ne ostanuva vo tekstot. Izgleda deka vie ste najgolemi marketing promoteri na Gruevski i VMRO.

Овде поранешен поддржувач на

Овде поранешен поддржувач на Груевски, сега неопределен. Се сложувам со Меглена. Опозицијата во овие 6 години играше константно погрешно и пропушти неколку прилики да ја добие поддршката на народот. Не и требаа никакви соросоиди, никакви плукања, никакви потсмевања со се што значеше македонско. Едноставно е: Бранко во аут, секој ден бомбардирање со нови проекти, нови економски мерки, позиција за името дури потврда од таа на ВМРО, политички вокабулар над нивото на останатите партии и власта ќе беше ваша уште пред 2-3 години.

А денес што имаме? Секојдневни препукувања на разноразни експерти и партиски полтрончиња и буквално никаква алтернатива. Срамота е јас на следни избори да треба да бирам помеѓу Љубчо и Бранко. Која година е ова? 98ма?

Kramarska ne ti go chitala

Kramarska ne ti go chitala tekstov? Od sega natamu, sekoj tekst prvo ce go chita i cenzuira ona, a potoa velichenstveniot. Vnimavaj, neprijatelot ne spie i prislushkuva 24/7.

Слични содржини

Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото