Архитектонска гимнастика

13.03.2012 15:33
Архитектонска гимнастика

Ако ви е преку глава од јога, пилатес, фитнес, џогирање или бадмингтон, а сте архитект или силно ја сакате архитектурата, најдовме идеална вежба за вас.

Имено, во далечната Јапонија (а каде на друго место) луѓето наводно полудеа по новиот измислен спорт кој се нарекува Архитектонска гимнастика (на јапонски: Кенчико Таисо/Kenchiko Taiso). Станува збор за идеја на историчарот на архитектурата Исам Јонејама, кустос во музејот Edo-Tokyo Open Air Architectural Museum.

Пред десетина години тој осмислил гимнастика за деца чија цел е телесна реитерпретација на архитектурата, односно имитирање на најпознатите архитектонски дела преку телесни вежби.

Неговата идеја, која низ работилниците за деца трае веќе некое време, дури неодамна се прошири и популаризираше меѓу јавноста, поточно, кога му се придружија Мотоко Танака и Масаки Ониши. Овие двајца уредници на книги по архитектура му предложија на Јонејама да направат книга за проектот Архитектонска гимнастика со соодветно ДВД. Откако ја издадоа книгата, проектот стана популарен низ цела Јапонија за брзо време.

Како што објаснуваат авторите, идејата на проектот не е само претворање на обликот на зградите во физички израз, туку и разбирање на нивната структура, утилитарност и првите впечатоци преку нивното имитирање. Тие велат дека секој кој ќе сака да се занимава со оваа телесна вежба мора да ја разбира или да има страст за архитектурата.

Нивна цел, покрај забавата која ја пружа имитирањето на Ајфеловата кула, пирамидите во Гиза или Операта во Синдеј, е да ги освестат луѓето за градбите кои ги опкружуваат.

Се чини дека сега историјата на архитектурата може да додаде некоја насмевка на вашето лице и да ви помогне при одржувањето на телесната кондиција.

Имитација на сиднејската опера

Во продолжение погледнете неколку примери за архитектонска гимнастика, а како предизвик ви оставаме дома да се обидете да ги подражавате зградата на МРТВ, комплексот во кој се сместени филолошкиот, филозовскиот, економскиот и правниот факултет, зградата на Македонски пошти, старата железничка станица, па дури и зградите од градскиот ѕид во Скопје.

Извор: kenchiku-taiso.com

Колку и да не можам да ја

Колку и да не можам да ја поднесам, сепак морам да кажам дека Куќата на Мајка Тереза е врвниот предизвик за овој спорт :)