Патковска школа

14.03.2012 10:29
Паткина школа

Ако изгледа како патка (исплашено), ако оди како патка (шири страв и вознемиреност), се одгласува како патка (шири закани) – тогаш тоа мора да биде патка (исплашена и онаа која плаши). Га-га-га, Бенџамин Нетанјаху повторно го изграка својот застрашувачки говор на седницата на AIPAC (Американско-израелски комитет за надворешни работи) во вторникот, повторно докажувајќи дека во Израел никогаш не постоел ваков државник како него, којшто својата кариера ја изгради на страв. Во прашање се десет години закани, без престан.

„Господин терор“ сега се претвори во „господин Иран“. Да се присетиме и како се исплаши од свинскиот грип, како ја заплаши јавноста и даде инструкции да се вакцинира секој граѓанин. Тоа чинеше 450 милиони шекели (околу 70 милиони евра), а дел од тие вакцини уште стои неискористен од 2009 г.

Лидерите кои сеат страв се карактеристични за недемократските режими; меѓутоа, и во Израел поминува ова – погледнете го случајот на Нетанјаху. Што има да им понуди тој на Израелците освен стравот? И што ќе се случи ако на овој или некој друг начин се надмине сегашната опасност? Дали тој повторно ќе инфицира со истиот вирус? Ќе измисли ли нешто ново? И што е со губењето надеж во промените? Младиот човек кој се родил во Израел пред триесет години, израснал со кампањите на застрашување на Нетанјаху: тероризам, епидемии и нуклеарна опасност. И ништо надвор до тоа.

Говорот на Нетанјаху 46 пати беше прекинат од бурен аплауз. Нетајнјаху знае зашто одржа таков говор во AIPAC, домот на американско-еврејскиот конзервативизам, национализмот и десницата. Тоа е неговата Америка, неговото изборно окружување и таму го сакаат. „Вау, па ова е како во Кнесетот“, забележа после првите овации. Меѓутоа, ако Нетанјаху во својот говор вели дека повеќе сака ракети над Тел Авив одошто нуклеарни бомби во рацете на Иран, тогаш треба да се собере храброст да го одржи тој говор во Тел Авив, каде што тие ракети навистина ќе паднат, а не во еврејска Америка, која слепо, по автоматизам и со затворен ум, го одобрува неговиот говор, макар што нејзе не ѝ се заканува никаква опасност.

Младите во Тел Авив имаат право да го чујат планот на претседателот на владата пред истиот да го чујат жителите на старечките домови на Флорида; но да ја оставиме географијата засега. Нетанјаху повторно се врати на историјата. Повторно од архивите ги извлече документите за Холокаустот и мафташе со нив како просјак со стап. Пред две години, во Обединетите нации, извлече мапа од Аушвиц, а завчера писмо од еврејската заедница во Америка. И пораката е пренесена: ние сме на прагот на нов Холокауст.

Да се споредува нацистичка Германија со Иран, Минхен со Техеран, значи да се обезвреднува Холокаустот. Меѓутоа, американските Евреи тоа го сакаат: непригодно употребување на сеќавањето на Холокаустот.

И во Израел го сакат тоа – според истражувањата кои ги спроведе Израелскиот институт за демократија, а кои ги објави во Хаарец пред два месеци, 98 проценти од Израелците одговорија дека сеќавањето на Холокаустот им е водечки принцип во животот.

Тоа е резултат на говорот на Нетанјаху. Меѓутоа, што е со периодот од 1944 до 2012 година? Што се случи меѓу Хитлер и Ахмадинеџад? Зарем опасноста од нуклеарно оружје не е доволно страшна, па мораме да се повикуваме и на Холокаустот за да ја потсилиме? Зарем веќе не се доволни изјавите од типот „секогаш одново има такви кои сакаат да го уништат еврејскиот народ“, нешто што Нетанјаху повторно го изјави пред некој ден?

Мораме да застанеме и да кажеме: опасноста од Иран е вистинска и сериозна. Израел има средства да го спречи Иран да употреби нуклеарно оружје, на начин кој би го одвел Иран право во самоубиство. И Техеран го знае тоа.

Секако дека мораме да направиме сè за да го спречиме Иран да употреби бомба, но не со помош на водич-месија, кои себеси се прогласува за спасител на Израелците и дијаспората од уште еден Холокауст, кој не е на повидок.

Меѓутоа, поголем дел од Израелците веруваа во Месијата, зарем не? Околу 55 проценти од испитаниците во погоре споменатите истражувања се изјасниле позитивно. И што добивме? Претседател на влада кој го плаши народот, народ кој верува во доаѓањето на Месијата, при што Нетанјаху себеси си ја доделува улогата на Месијата кој, патем, никогаш не дојде.

Извор: Haaretz

Цртежи: Клеон Петерсон

ОкоБоли главаВицФото