Дипломирани конформисти

04.08.2009 11:03
konformisti_2.jpg

Неодамнешните протести на родителите на учениците кои конкурираа за упис во „Панче Караѓозов“ и протестираа зашто нивните деца не беа запишани во училиштето, се индикативни за колосално лошата состојба во која се наоѓа македонското образование. Уште повеќе, ситуацијата е одраз на влијанието кое долгогодишното институционално (не)разбирање на улогата на образованието го има врз сфаќањата на граѓаните, и уште повеќе - и потрагично - врз младите во Македонија.

Родителите изјавија дека „немаат намера да ги запишат своите деца на друго место, бидејќи волјата на нивните деца е да учат во Панче Караѓозов“. Навидум, неверојатно доблесен и етички пристап. Па кој не би се согласил дека заслужуваат да го учат она за коешто имаат интерес и желба?! Но, откако ќе се дослуша изјавата, станува јасно дека ставовите на граѓаните не се потпираат на етика и креативност, туку само на личен интерес. Уште повеќе, се чини дека личниот интерес, заснован на себична неетичност, е длабоко вкоренет и во кревката и неискусна македонска младина, која поддржана од родителите има огромни шанси да премине во карактеристика која нема да се промени, барем сè додека не се промени поставеноста на образовниот систем и, следствено, сфаќањето на значењето и улогата на истиот.

Еден од загрижените родители ни објасни дека децата „имаат желба да се запишат и учат токму во ова училиште“, зашто е „полесно да се вработи некој со диплома од ова училиште, отколку од хемиското ‘Марија Кири Склодовска’, каде што исто така се предвидени паралелки за овие струки“. Иако е загадочно прашањето зошто е полесно да се вработат матурантите од Панче Караѓозов, сепак да се задржиме на мотивите на родителите и, наводно, на нивните деца.

Се чини дека родителите сакаат своите деца да ги запишат во училиште од кое ќе стекнат диплома со која ќе можат да најдат работа, а со тоа ќе си овозможат попросперитетна иднина. Според многумина, една од основните улоги на образованието е токму подигање на квалитетот на животот; оттука, не треба да чуди ставот на родителите. Децата сакаат да учат, добога! Но ваквите генерални заклучоци не значат ништо доколку не се валидни и во практика; уште повеќе се далеку од возможни и полезни. Барем не реално, и не за сите.

Замислете една хипотетичка ситуација – отворено работно место за едно медицинско лице, за кое се пријавуваат пет кандидати. Од пријавените, само еден е со потребното формално образование. Нормално, работодавачот го вработува лицето кое го има потребното образование, а останатите четворица ги одбива. Втора хипотетичка ситуација – повторно само едно отворено место. Се пријавуваат пет лица со исто образование и со (не)искуство. Секако дека повторно ќе биде вработен само еден. Но, во вториот случај се поставува прашањето на критериумите кои ќе бидат искористени во одбирањето на кандидатот. Во општество со добро поставен образовен систем, методите на селекција се едноставни: ќе се земе оној со најмногу искуство во практика, со најдобри комуникациски способности, најдобри референци од учителите и/или кандидатот кој бил најангажиран во воншколски активности поврзани со професијата – волонтирање во медицински установи, детски домови, дом за старци, итн. Во систем во кој образованието е теорија, практиката мисловна именка, а референците се показател на општествените врски со „луѓе на значајни позиции“ одговорот, за жал, е малку поинаков. Во таков систем, битката на засегнатите родители не завршува ниту со уписот, уште помалку со стекнувањето диплома од страна на децата.

Со други зборови, никој од споменатите родители не посакува образование кое ќе ги зголеми шансите за просперитетна иднина на децата, иднина која тие ќе ја градат низ натпревар во кој се вреднува знаењето, искуството и капацитетот за стекнување со нови знаења. Напротив, станува збор за „вежба“ во битката за стекнување со акредитив, која - земајќи го предвид моменталното вреднување на „знаењето“ во општеството - навидум ќе им ги отвори вратите. Тоа што парчето хартија не гарантира дека ќе бидат способни за критичко мислење, решавање на практични проблеми, креативни идеи, очигледно не загрижува никого, најмалку родителите. Причината зошто не ги загрижува е зашто и самите тие се продукт на образование кое креира емотивно, креативно и етички отуѓени конформисти.

Моментално, нашево општество го разбира образованието како„сила и моќ“ – како што всушност ни кажа и владата - стекната со парче хартија, која се третира како комерцијална стока. За жал (или среќа), образованието не е конечна категорија претворена во диплома врамена на ѕид.

Образованието започнува во моментот кога сфаќаме дека она што мислиме дека го знаеме е само една состојка од илјадниците коишто треба да ги вкусиме пред да стигнеме на прагот на просветеноста. Или како што вели Б. Ф. Скинер, „знаењето е она што ќе преживее откако ќе го заборавиме сето она што дотогаш сме го научиле“. Доколку македонското општество сака да да плива во вистинските води на знаењето и неговата моќ, ќе треба да ги заборави сите работи кои ги научило и да се откаже од тактиките кои се резултат на следствениот, ограничен начин на размислување покажан во случајот „Панче Караѓозов“.

Зашто, за разлика од резултатите на подмитувањето и уценувањето, образованието треба да цели кон креирање зрелост и созреаност. Зрелоста не е парче хартија стекнато со наизуст научениот факт за бројот на овците во Австралија. Зрелоста е чувства, однесување, вредносен систем и систем на размислувања, мислења и сфаќања. Секако дека знаењето игра улога во развојот на овие способности, но образованието е она коешто треба да ни помогне во осознавањето на сите оние области во кои можеме и треба да го искористиме знаењето. Можеби, за решавање на клучни општествени проблеми, за креирање на нови проекти кои ќе бидат практични, наместо теориски, и искористување на истите за ултимативна лична но и општествена полза?

Но, за воопшто да можеме да зборуваме и размислуваме за вакво, општествено применливо образование, треба да започнеме да зборуваме за образование засновано на промислена желба, но и на практична намера и цел, наместо само сертификат.

Протестите на родителите на незапишаните ученици во „Панче Караѓозов“ започнаа во јуни годинава. Според информациите во дневните медиуми, заклучно со вчерашниот ден, владата е сè уште „без решение за Панче Караѓозов“.

Нормално дека нема, а нема и да има решение, сè додека образованието е во прегратките на политиката, која ја креираат индивидуи од кои значаен дел се стекнаа со титули - кои треба да се отслик на наводни експертизи и знаења - откако седнаа во политичка фотелја само за да ги пополнат своите празни резимеа. Родителите на непримените ученици очигледно само го следат нивниот пример. Ако може водачите на државните институции со своите политики да креираат општество во кое дипломата е единствениот показател за знаењето, тогаш ќе мора да прифатиме дека овие деца заслужуваат подеднаква шанса како и тие во обидот за медиокритетско општествено издигнување.

Општество чии наводни образовни реформи се потпираат на политиката на трансакции на лични интереси, а не на општествени етички вредности и правила, е општество кое единствено сè уште има етнички поделени паралелки во дваесет и првиот век. Ваквото општество е далеку од разбирањето на потребата од образование кое е одговорно, независно и креативно, и истовремено е далеку од способноста да креира долгорочни решенија кои би ги заслужиле истите придавки.


Слики: Jorge Santos

Fin tekst. Ama mnogu

Fin tekst. Ama mnogu teoretski. Kje vidime li vo nekoj od slednive tekstovi konkretni,praktichni i sprovedlivi predlozi za reforma na obrazovanieto?

Можеби едикојси, откако

Можеби едикојси, откако одговорните во власта ќе ги прифатат и се обидат да ги спроведат милионите предлози, проекти базирани на анализи, кои еден куп НВО во Македонија одамна ги предоложуваат, а и индивидуално се обидуваат да ги спроведат. А се додека властите тврдат дека она кое што тие го прават е најдоброто, нам ни останува да им кажеме дека не е, за да можеби конечно најпрвин сфатат дека треба да го прифатат мислењето на другите. Кое постои, го има... дури и на хартија, а и во пракса. Но недозволуваат никој да го спроведе, зашто за да дозволат, треба тие да се тргнат од позициите за кои макотрпно се држат, а нималку не ги заслужуваат. Затоа критиката на ваквите текстови, дека се само „теоретски“ нималку не држи.

Celta ne mi beshe da dadam

Celta ne mi beshe da dadam kritika, tuku -- dobronamerno -- da pobaram poprecizna i pofokusirana diskusija. Premnogu tekstovi gledam po vesnicite kade avtorite si delat samo-chestitki kako imaat super idei, ama ne se razbrani. Ova e obichno izgovor na onie shto i nemaat bash posebno dobri idei.

Koga kako zakluchok kje se dodade i dezhurnata, voopshtena, i obichno jalova kritika (bez ogled dali e vistinita ili ne) deka "vladata e kriva za se", togash ideite, kakvi i da bile, kompletno se razvodnuvaat. Ne e ni chudo shto ostanuvaat nerazbrani.

Za da toa ne mu se sluchi na Okno i na ovoj tekst -- poshto temava mi se chini posebno bitna -- eve nekolku konkretni prashanja i predlozi, shto mozhebi bi mozhele da pottiknat dodatna diskusija.

1. Anonimen pogore spomnuva deka postojat bezbrojni predlozi od NVO-a za reformi vo obrazovanieto? Mozheme li da dobieme linkovi do barem nekolku od niv? Dali mozhebi Okno bi bilo zainteresirano da ni ponudi analiza na ovie predlozi? Koi od niv ne se razbrani, ama vredat da se podrzhat? Koi od niv ne vredat ni da se razberat? Sigurno ne se site so ist kvalitet i potencijal.

2. Koi se tie voopshteni "opshtestveni etichki vrednosti i pravila" shto avtorkata gi spomnuva, a koi se preduslov za uspesno obrazovanie? Dali tuka se vbrojuvaat etichkite vrednosti i pravila na Nikola Gruevski? Ali Ahmeti? G.G. Stefan? Koj treba da proceni koja etika e OK, a koja ne e? Vo princip, vakvo vashe voopshteno povikuvanje na etichki vrednosti prozvuchuva baagji patrijarhalno.

3. Koi se osnovnite organizaciski i finansiski ramki spored koi treba da se cenat konkretnite predlozi? Ko shto rekov pogore, "Dolu Vlada" ne e bash mnogu precizna ramka, ko shto ne e ni zabeguvanje vo etika i moral.

Za pochetok, eve par idei od Economist:

http://www.economist.com/surveys/displaystory.cfm?story_id=4339960
 

Мене воопшто не ми се јасни

Мене воопшто не ми се јасни коментариве од Еddy Kojsi.  Текстот бил фин ама премногу теоретски? каде биле практичните предлози за реформата?
Па ова е текст на некоја тема која авторот сакал да ја допре, се работи за актуелна тема која е со деновите во весници (случај п.караѓозов) а и општо можат многу работи да се кажат за истово. 
Авторот на текстов се нема претставено како некој од министерство , со некаков мандат или реформатор па така претенциозно би било а и несериозно да понудува конкретни реформи .
Од статијата во Економист, дали тој автор нуди некаква реформа или дава конкретни предлози?? не. Едноставно прави анализа користејќи број информации од разни surveys , reports и сл.
Нашиот автор го прави тоа истото но од еден поинаков агол пред се’ затоа што ги немаме истите проблеми и дилеми како Британија ниту е на исто скалило ова нашево и нивното. Ние сме некаков микро простор и тргнуваме скоро од почеток додека овие другиве си имаат проблеми кои нас уште долго долго време не не’ засегаат.
Прашањето за “општествени етички вредности и правила“ не ни вреди воопшто да се коментира ако тоа не можеш да го разбереш тогаш што да очекуваме за останатото??? Дури во самиот текст имаш дел за тоа , за тие вредности за што е стварно образование дури и линкови и тебе ете не ти е јасно се прашуваш дали се работи за етиката на грујо или ахмети??
 

Pa da, tekstot vika, nema

Pa da, tekstot vika, nema chare se dodeka etosot na znaenje ne se "vgradi" vo opshtestvoto. Ama, kako se pravi toa? So dekret od vlada? Dali treba Gruevski da predlozhi zakon "Za gradenje na etichki normi vo opshtestvoto"?
Sachuvaj bozhe.
Neli treba reshenieto da se bara vo gradenje strukturi koi go ovozmozhuvaat ova?
Tekstot vo Economist go linkuvav zaradi dvata soveta:
"This survey will offer two pieces of advice for countries that are trying to create successful higher-education systems, be they newcomers such as India and China or failed old hands such as Germany and Italy. First: diversify your sources of income. The bargain with the state has turned out to be a pact with the devil. Second: let a thousand academic flowers bloom. Universities, including for-profit ones, should have to compete for customers. A sophisticated economy needs a wide variety of universities pursuing a wide variety of missions. These two principles reinforce each other: the more that the state's role contracts, the more educational variety will flourish."
Mozhe li neshto od ovie dve idei da se prevede vo nashiot "mikrokosmos"? Ili malku poshiroko, na regionalno, balkansko, nivo. Posebno onoj del *compete for customers*.
Se izvinuvam za linkot od Economist. Sega vidov deka bara pretplata. Eve go celoto "survey".
http://www.utsystem.edu/osm/files/planning/economist-thebrainsbusiness-0...

Ништо ти не разбираш толку си

Ништо ти не разбираш толку си далеку од разумот и очигледното да вистинско трошење на време е да ти се реплицира.
Најочајно е што за секое едно прашање се нешто мора да се врти околку премиерот . Толку е дометот значи.
Советите од економист се глупост и не вредат ништо.
Или се обраќа кон две огромни нови сили како што е кина и индија.. или пак кон италија и германија. Супер.
Да се натпреварува за клиенти и да го диверсифира финансирањето.    Како тоа да една МКД се натпреварува за клиенти , дали знаеш кои се примањата на македонците и колкава е стапката на незапосленост, стечајци и останато:?
Еве сега има руски факултет во струмица а има еден и во битола. Одлично зарем не? факултети никнуваат како печурки. Но тоа е друг проблем.
Спротивно кон обичното стереотипно гледање, Кина и Индија имаат толкав огромен буџет(а и големина па сосема се неспоредливи со многу мали земји) и истите вложуваат и во нови факултети и институти , истовремено во Индија развиени се некои сектори до таа големина што индустријалците или други се и големи донатори кон некои универзитети и токму од таму ќе го земат идниот кадар кој им е потребен (инжињери, специјалисти, техничари..)
Значи остануваме ние самите и еве ако се споредиме со Словенија ќе видиме дека во старт се’ е потешко, пред се не е иста платежната моќ, тамошните универзитети успешно и глатко го направиле преодот од еден систем во друг но истовремено и го обновуваат, модернизираат а на страна имаат и по нешто приватно , особено во некои домени на менаџмент школи .
Кај нас многу работи стагнираат , не постои некаков прогрес туку и образованието ни е премногу исполитизирано никој не се осудува да внесе нешто ново и се створи една поинаква врска помеѓу студентите и институцијата.. 
 

Rox. I pokraj celata

Rox.
I pokraj celata siromashtija, Makedoncite ochigledno imaat dovolno pari da finansiraat nekakov obrazoven sistem -- postoechkiot. Prashanje e kako da se postavi sistemot za da bide poefikasen.
Natprevaruvanje za studenti shto Economist go spomnuva, ne znachi deka Makedonija sega treba da privlekuva studenti od Amerika. Tuku znachi deka poedinechnite fakulteti vo Makedonija treba da se postavat vo pozicija da se borat da gi privlechat postoechkite makedonski studenti. Toa, spored Economist, treba da vlijae pozitivno na kvalitetot na studiite.
Vo moja slobodna interpretacija, za da ova funkcionira samo treba da se prenasochat parite shto sega drzhavata im gi dava direktno na fakultetite. Daj im gi tie pari na studentite, pa ovie samite neka reshat na koj od fakultetite da gi "vlozhat". Ko shto rekov, tie pari vekje postojat, samo se raspredeluvaat na pogreshen nachin.
Ova e Pazarna Ekonomija, prv semestar. Recept shto funkcionira nasekade vo svetot. Zoshto MK bi bila iskluchok? Dali ova bi otvorilo, ko shto vikash, "edna poinakva vrska pomegju studentite i institucijata"?
Vo sekoj sluchaj, ne gledam shto ti e tebe poentata so ofkanjeto deka nishto ne se menuvalo, nemalo nikakov progres, mnogu stechajci, stapka na nezaposlenost, niski primanja... Ne znam dali si primetil(a) po nashive mediumi, ama ova e obichno dezhuren izgovor za izbegnuvanje bilo kakva politichka akcija i reforma.
Da ne reshi i ti da diplomirash konformizam?
 

Koga sme vekje kaj pazarna

Koga sme vekje kaj pazarna ekonomija, celava premisa na tekstov pogore beshe kako sme mizerno opshtestvo bidejkji lugjeto sakale decata da im se zapishat vo "P. Karagjozov".
E pa, izvinete, ama vo normalna pazarna ekonomija, ova ne e prichina za mizeruvanje, tuku ogromen kompliment za profesorite, bibliotekarkata, direktorot, i tetkicite od P. Karagjozov. Lugjeto ednostavno povekje vredat na pazarot od nekoj generichen GUC, TUC ili MUC.
Dajte im povishica!
 

 Eddi Kojsi ima pravo, spored

 Eddi Kojsi ima pravo, spored mene.
I sto e najvazno, toj diskutira so argumenti, analiticki poenti, referenci na drugi izvori... Nesto sto kako citatel na Okno go ocekuvam od kolumnite. Za zal, kolumnata sto e tema na debatava ne gi poseduva tie karakteristiki, iako e napisana so dobra namera i blagorodni motivi. Dali toa e dovolno, ako Okno saka da gradi seriozen kriticki forum, alternativa na mizerijata na Makedonija? Ne, spored mene.
Ne e dovolno samo da se pluka i kritikuva, i vo kolumnite i vo komentarite, a mi se cini deka tokmu toa se slucuva, i toa e osnovnata poenta na Eddi Kojsi, ili barem poentata sto mene mi se dopaga.
Kamo tekst za obrazovanieto vo MK, sto e analiticen, sto koristi podatoci, rezultati od istrazuvanja, literatura, teorija... Obrazovanieto vo Makedonija (kako i sekade vprocem) e premnogu seriozna tema za da se tretira povrsno. 
Ne e potrebna kolumna vo Okno za da citame deka roditelite sakaat dobro skolo za nivnite deca da mozat da se zaposlat!!! I deka i roditelite i decata poveke vrednuvaat diploma otkolku znaenje...
Komu mu se obraka tekstot? Na roditelite? Na decata? Na vladata? Site se 'obvineti' - roditelite i decata deka se 'sebicni' (zatoa sto sakaat dobra rabota?), vladata deka ja poddrzuva sebicnosta!!! I togas sto? 
Kade e analiticka refleksija, kade e seriozna kritika so teza i argumenti, kade e vizija za mozni alternativi, sto ke im ponudi na istite roditeli i deca NESTO DRUGO - ideja, nadez, vizija, informacija? Ili sto ke ponudi alternativa na sistemot, informacija, analiza za povrzanosta na obrazovanieto so pazarot na rabota, za povrzanosta na obrazovanieto - da - so podobar zivot. Toa e nesto sto site roditeli go sakaat za svoite deca, i vo toa nema nisto sebicno.
Sto e definicija na 'podobar' zivot, so koi vrednosti toj se povrzuva, i kakvi se opstestvenite strukturi sto go poddrzuvaat, toa e druga tema. 
Tema sto bara poseriozna rabota od kolumnistite i urednicite na Okno. 
Vladata e losa - da - znaeme. Ne e dovolno vo pisuvanjeto na koja i da e tema toa da bide edinstvena teza. Ne e dovolno dnevnata politika da bide osnovna determinanta vo sekoj tekst. Alternativata e vo seriozna rabota, postavuvanje na novi kriteriumi na kvalitet, proizveduvanje na kvalitet. 
Toa posakuvam da go vidam vo Okno, mnogu poveke otkolku dosega. Na temata obrazovanie, i na koja bilo druga. 
 

Eddy, да во право си. Не

Eddy, да во право си. Не можам да ти одговорам гледам ти се разбираш во пазарна економија , преголем залак е тоа за мене.  И како што велиш, парите од буџетот кои одат за еден универзитет да им се подели на студентите, така по глава +/-45,000ден да речеме и тие нека одлучуват што и како ќе се финансира, спроведува и др. Ептен е разумно и како што би рекол коментаторот NevEn ова е сигурно аналитична поента.
NevEn, убаво од тебе што вака сподели што ти сакаш да читаш каков инфо тебе би те задоволил и тие работи.
И јас кога одам по веснициве сакам да прочитам така поопсежен текст за образованието да речеме особено што низ главните наши весници овие теми се опфатени од новинари кои се специјализирале за таа тема.
Малку reality check не би дошло на одмет. Фино е тоа господата да сакаат цитирање извештаи, шифри, статистики, меѓутоа на прво место за тоа треба да постојат услови.  Во македонија да не има случајно консалтинг кабинети кај кои можеш да нарачаш survey или статистика ? или во Мин. за образование тие што ги работат некои статистики да не случајно можеш тек така да им побараш стат. за ова или она? или да нарачаш нешто? на крајот, кој треба да нарачува, ОКНО?    Овие од држ.стастистика ионака работат само по нарачка од министерот и сл. а приватните ги нема а и кога ги има нивните цени се баснословни а за услугата која ја нудат не знам многу.
Затоа и се’ е многу оскудно и сиромашно и токму затоа сега кога беа претседателските кампањи воопшто  не ја ни дискутираа тема ни дебатираа ниту збореа што стои во нивниот програм за Образованието.  Следовно на тоа, не постои воопшто ни дебата во медиумите помеѓу да речеме претставници на некои две три партии . Тоа е дел од демократијата особено за граѓанинот е есенцијален но кај нас воопшто респектирано ниту спроведено.
Она што останува е да имаме вака особи кои на некоја тема даваат свое видување од некаков личен аспект кој пак во зависност од зрелоста,академичноста и друго  е објективно  и инструктивно.  
Еден автор, колумнист, не може да тебе ти понуди програма за реформата и како би се спровело или како би требало да биде и да мафта со распределбата на буџетот па со болоњски конвенции и друго затоа што пред се’ би било несериозно тоа е домен на само некои стручњаци и политичари.
Преостанува да уживаме во еден текст, нечие видување и идеи, подвлекување некои важни точки на кои сме заборавиле или гледање на некои елементи од друг агол..
Затоа за вас , панче караѓозов ете заслужил бомбоњера и 100гр кафе за секретарките,професорите и што не.. оти ете ДОБРО РАБОТИ , цепа ко никој друг.  А се работи за средно медицинско , најпрестижното школо кое и да функционира на најлош начин и најдисфункционален од истото излегува една многу важна хартија. И токму за хартијата и авторката зборува.
Се ќе беше поинаку да се создадеше група незадоволни родители оти децата не им влегле во некакво обично средно школо обична гимназија.

Премисата на текстот не е

Премисата на текстот не е "дека сме мизерни" зашто луѓето сакале децата да им се запишат во одредено училиште, туку поради двигателот на желбата. Ако не може тоа да се разбере, тогаш се потврдува тврдењето дека последиците од лошото образованието врз свеста на граѓаните, и посебно над младите се колосални, што се гледа и во прашањето "Koi se tie voopshteni "opshtestveni etichki vrednosti i pravila" shto avtorkata gi spomnuva, a koi se preduslov za uspesno obrazovanie? Dali tuka se vbrojuvaat etichkite vrednosti i pravila na Nikola Gruevski?"
неверојатно е каков капацитет за промислување создава нашето образование.

Ја колку што разбрав

Ја колку што разбрав незапишаните деца се незапишани зашто покажале недоволен успех. Не ми е јасно како Еди Којси сака на такви да им даде  пари да ги употребат каде сакаат... значи или пари да си купиш столче на некој приватен факултет, или патлиџани пред Министерство за образвание и притисок од политичарите. Да се покаже успех и знаење не е потребно. Па токму тоа го вели текстот, и убаво го образложува; образование сведено на пазарна економија во која дипломите се купуваат со пари, патлиџани, или политички притисоци. И покрај тоа читателот сеуште не знае што е етично што не е?

Zarem i ti,

Zarem i ti, Anonimen?

Obrazovanie organizirano vrz baza na pazarna ekonomija ne e obrazovanie kade diplomite se kupuvaat so pari, patlidzhani ili pritisoci. Mozham da ti garantiram deka kolku god patlidzhani da odnesesh na Harvard, nema da ti dadat diploma, glavno zatoa shto se zainteresirani da go zachuvaat "kvalitetot" na svojot proizvod. Znachi, sekako deka uspeh treba za da dobiesh diploma, ama toa samite univerziteti kje go reguliraat.

Kupuvanje diplomi sekako mozhe da se pojavi, i toa e seriozen problem (ko shto i tekstot od Economist shto go linkuvav, priznava). No, barem svetskite iskustva pokazhuvaat, toj problem ne e tolku strashen i izrazen kako problemite shto nastanuvaat od loshite sistemski reshenija. Glavno se regulira so vospostavuvanje agencija za akreditacija shto gi sledi univerzitetite na odreden pazar. Kupuvanje diplomi, vprochem, ne e problem samo vo pazarniot sistem, i prilichno chesto se pojavuva i vo nashiot "besplaten" sistem, kojshto voopshto ne e besplaten bidejkji se finansira od porezot na gragjanite.

Shto se odnesuva do davanje pari na studentite za ovie da gi uplatat vo shkolarina, tuka ima prostor za mnogu razlichni reshenija. Na primer, mozhe voopshto da ne im se odzemaat pri plakjanje porez. Ili, mozhe da ima drzhavni agencii za stipendiranje, shto zemaat predvid uspeh i/ili oblast na studii od poseben interes za drzhavata (obichno pomalku "konkurentnite" granki kako istorija, jazici, itn). Mozhe da ima agencii za kreditiranje - drzhavni ili privatni - kade studentot pozajmuva so obvrska da vrati so niska kamata otkoga kje se vraboti. I tuka uspehot e biten, se razbira. Ko i sekogash koga barash pari, morash bankarot da go ubedish deka si kredibilen. Mozhe i da gi ima site tri modeli odednash, kako i mnogu drugi za koi vo momentov ne mi teknuva.

Vo sekoj sluchaj, poentata e parite da go sledat studentot.

Prvo, toa sozdava konkurentni odnosi megju fakultetite.

Vtoro, fakultetite sami reshavaat koja im e cenata, kogo i kolku studenti da primat za taa cena. Na primer, ako ima zgolemen interes za nekoja oblast, super za fakultetite. Mozhe da primat povekje studenti, ako mislat deka toa nema da im go zagrozi kvalitetot na studiite, ili mozhe da ja zgolemat cenata. Napravi kontrast so deneshnite reshenija kade drzhavata odreduva kvoti, i vo nekoi godini, nekoi fakulteti nemaat pravo da primat novi studenti, bidejkji drzhavata reshila deka takvi kadri ne i se od interes. Chuv deka ova redovno se sluchuva na FDU, na primer. Znachi, mozhe da si roden za glumec ili rezhiser, ama ako si se rodil vo pogreshna godina, nema zapishuvanje!

Treto, shtom studentot plakja za da studira, ima silen ekonomski interes da zavrshi so uspeh i da zavrshi brzo. Znachi, nema vekje troshenje drzhavni pari na vechni studenti, ili troshenje drzhavni pari na onie shto se zapishuvaat samo za da dobijat poevtina  slobodna avtobuska karta!

Nejse, pak zabegav. No da se vratam na tvojot post. Aj shto mi se ischudi na pametta, toa e OK. Jas sum navistina mlad i fatalno osakaten od makedonskiot obrazoven sistem :) Ama primetuvam deka ti ne mi odgovori na vtoroto prashanje, a toa e koj i kako gi regulira etichkite normi shto treba da se vgradat vo obrazovniot sistem. Jas predlozhiv pazaren sistem, koj e vo golema merka samo-regulirachki. A shto predlozhi ti? Utopija, so mala doza ofkanje nad nashata kolektivna sudbina?

Слични содржини

Ана Ангелова
Ана Ангелова
Ана Ангелова
Ана Ангелова
Ана Ангелова
Ана Ангелова
Ана Ангелова

ОкоБоли главаВицФото