1012 hPa
100 %
16 °C
Скопје - Саб, 05.10.2024 07:59
Иако режимот на ДПМНЕ е срамежлив и мимикричен фашизам, кому сè уште е најважно да ја задржи надворешната демократска наметка, воопшто не ми паѓа лесно прилагодувањето на животот и во вакви нетипични, кадифени пранги. Сега гледам дека во немилитантен тоталитарен систем каков што е нашиов, најтешко се поднесува што граѓаните тивко ги губат правата и несопирливо стануваат сопственост на државата (А. Михник), а нивната свест секојдневно ја меле, меси и декомпонира семоќната режимска пропаганда. Најмасовното државно насилство кај нас е менталното силување, а вистинските жртви се здравиот разум, моралот и културата на нацијата. Пропагандата тука е средство за дисеминација на лудилото на водачот (и неговите трабанти) во главите на граѓаните, и токму оваа димензија на тоталитаризмот, без сомнение, најмногу го обезвреднува животот во Македонија.
Не е можно во библиската земја да го сочуваш здравиот разум, а да не се судриш со едно од основните својства на тоталитарната држава: патолошката идентификација на водачот и неговата партија со државата и нацијата. Оваа зла спојка е виновна што сиромашниот дух на водачот и неговата камарила, нивното незнаење, невоспитание и малограѓански вкус, се наметнуваат како национални стандарди. Поради ова ментално растројство на носителите на власта, секој поединечен глас против нив и нивните дела тие го доживуваат како напад на државата и нацијата во целост. Оттаму потекнуваат и репресиите против слободниот збор и мисла, јавните линчувања и монтираните процеси кои се, инаку, непогрешливи знаци за распознавање на тоталитарните режими.
Борејќи се против режимската пропаганда, слободната мисла е секогаш индивидуален акт кој за противник го има целиот режим, со сите институции, партиски говорници и медиуми. Режимот ги „решава“ своите осамени противници според приликите: ги инкриминира во монтирани процеси, ги лустрира, економски ги уништува или ги протерува, но сите, без исклучок, првин ги озлогласува во јавноста како предавници на народот и државата. Предавството е омилена причина за јавните егзекуции кои се извршуваат со најсмртоносните оружја на црната пропаганда: лагата и говорот на омраза.
Еве ви свеж пример за државно-пропаганден линч, како казна за „предавство“ на нацијата. Пред некое време на бугарска телевизија им се спротивставив на срамните тврдења дека нашата нација потекнува од палеолитот, велејќи дека „само дилетант и будала може да зборува за македонска култура (...) во неолит или во палеолит“. Режимот експресно ме прогласи за предавник и побара „јавно да се извинам на сите граѓани“ зашто „се потсмевав со македонската држава и култура“. Јасен симптом за инсталиран тоталитаризам, оти реакцијата на режимот е школски пример за идентификација на партијата со државата: кога ДПМНЕ ќе почувствува навреда, навредена е „македонската држава“ и „сите македонски граѓани“!
На секој нормален му е јасно дека изјавата се однесуваше само на оние дилетанти и будали кои за државна вистина прогласуваат постоење на македонски национален идентитет од пред 2.600.000 години. Треба ли да се аргументира недоветноста на оваа „државна вистина“? Секој рационален човек го смета ова тврдење за ужасно глупо и произволно, зашто во раниот палеолит уште не се појавил хомо сапиенсот, а во доцниот за него може да се зборува само како за вид со динамична аргонаутика, камени орудија и по некој пештерски цртеж или камена фигуричка. Од друга страна, нациите се спомнуваат од 14 век, а современите нации се формирале во последните, да речеме, два века. И? Зелките од ДПМНЕ, меѓутоа, тврдат дека сме македонска нација од палеолитот, а гласот на науката и здравиот разум го квалификуваат како национално предавство! Тука настапува пропагандата која ја фалсификува мојата изјава и пласира лага дека сум го негирал самото постоење на македонската нација, историја и култура - што е вон памет, но кому е гајле?! Потоа овој очигледен и плиткоумен фалсификат, црната тоталитарна пропаганда бесконечно многу го повторува и го зачинува со омраза. На крај, пропагандната машина го дистрибуира мојот „случај“ на разработка во голем број спонтано револтирани „приватни и независни“ медиуми и „автори“, пропагандни кољачи и егзекутори од најдолниот ешалон.
Еве како тоа го одработија фашизоидните „Еднооки“, во улога на режимски „подрумски егзекутори“, кои ги вршат валканите работи што нивниот газда сака но не смее јавно да ги соопшти. Елем, јас сум нацртан како грофот Дракула, демек вампир (сепак, благодарам за благородништвото), а нараторот рецитира на бугарски: „Овој човек е поголем Бугар од Бугарот“. Потоа вампирот изјавува: „Сите сте дилетанти, сите сте будали, сите сте идиоти.“ Па, повторно нараторот: „Овој човек лае кај ќе стигне...“ и „Овој човек е архитетка.“ Па, пак вампирот: „Нема македонска историја, нема македонска култура, нема македонска нација...“ Тука нараторот поентира: „Овој човек нема интелигенција...“, „Само неостварен дилетант и просечна будала од завист зборува против својата земја...“ и завршува: „Овој човек не е глуп, овој човек е од глуп поглуп...“ И толку.
Се работи, очигледно, за говор на омраза од најдолен тип, кој мене не може да ме повреди, зашто самиот е жален фројдовски одраз на личните фрустрации на „сатиричарот“: очајна еманација на комплекс на инфериорност и насолзена, детска немоќ и омраза. Така шимпанзите, во бес и немоќ, вадат остатоци од својот измет од анусот и ги фрлаат на омразените непријатели. Одвратно и тажно, но како и секоја омраза – заразно.
И на крај, овој пропаганден линч, иако беден и промашен, сепак е пример за успешна црна пропаганда, зашто го одзрачил потребното количество омраза неопходно за одржување на фашизоидниот режим на власт. Затоа успешното брукање и заглупување на нацијата, особено со кампањата за афирмација на македонската национална култура во палеолитот, несомнено ги дефинира ДПМНЕ како пресуден фактор за досегнување на најдолната точка во македонската култура. А отсуството на здрав разум и примитивната мисла во режимската пропаганда, како да произлегле непосредно од палеолитот, на еден перверзен начин силно ја потпираат идејата на билмезите од ДПМНЕ дека меѓу нас, сепак, шетаат живи примероци од една автентична македонска палеолитска нација. Овие хоминиди, опремени со моќна палеолитска животоспособност, ја грабнаа на измама младата македонска држава и со силување сакаат за век и веков да ѝ го сменат идентитетот.
Извор: Фокус
Слики: Свирачиња
По се изгледа дека дел од
Испратено на 14 март 2012 од ДарвинПо се изгледа дека дел од палеолитските македоноиди воопшто не еволуирале во последните 100 к години. Се кознервирале во времето и го запреле својот развој за да ја зачуваат својата посебност. Сега кога еволуцијата и развитокот на цивлизацијата донесоа сосем нов свет, тие се изгубени во просторот и времето. Ништо не им чини и сакаат тој свет да го променат насилно. Западот бил трул, светот бил неправеден кон нив, а нивните еволуирани сограѓани се предавство на палеолитската кауза. Но, има едно правило во биологијата и екосистемите - Ако некој вид сериозно го загрозува опстанокот на останатите, а со тоа и на екосистемот, истиот е осуден на пропаст.
Izgleda deka konecno vi e
Испратено на 14 март 2012 од meglenaIzgleda deka konecno vi e jasno kakva glupost ste tresnale i zosto pak morate da se pravdate, kao ste zborele za paleolitot i normalno togas nema makedonska kultura zosto nema homo-sapiens-i. Ma daj stvarno? I ocekuvate lugeto da ve smetaat za covek so slobodna misla. Da vi kazam iskreno sega sum uste porazocaran od vasiot stil na pravdanje. Sto ne im kazavte na Bugarite deka togas nemalo Bugarska kultura isto taka. Ili toa ne ve prasaa. I znaete sto, kako politicar ste gotovi i za ednite i za drugite. SDSM ke ve sutne mnogu brzo zatoa sto ste los marketing za niv. Ovie opravdania ne se za narodot, tocno znaeme za sto se. I jasno e zosto idete "all in". Doverbata kaj narodot nema da ja vratite uste tri zivota da ziveete. Ve utepa internetot. Mislevte deka narodot e "zatupen" kako sto vikavte i sekoe cudo za tri dena. E izgleda deka ne e taka. Ke se pravdate cel zivot sekoj den koga ke pominuvate pokraj spomenikot na Aleksandar Makedonski, zatoa sto ednostavno nekoi raboti ne vi se jasni.
Dobroto vo seto toa e sto drugite ke naucat kako ne treba, i koj e praviot nacin da se dobijat glasovite na "zatupenite".
Глупирањето со палеолитските
Испратено на 14 март 2012 од PsihogerilaГлупирањето со палеолитските македонци не е срамно. Срамно е како професор да се оградиш од тоа и јавно да го осудиш. Без разлика колку глупави тези фрла наци науката, вие професоре ќе мора да се согласите со нив бидејќи се прифатени од мнозинството. А мнозинството е во право дури и кога греши. Така вели вашиот драг лидер Б.Ц. кој на времето ја пропушти шансата да создаде систем кој ќе спречи примитивизмот да ја досегне високата политика.
Случајот „Меглена“ е за
Испратено на 14 март 2012 од ПсихохроничарСлучајот „Меглена“ е за психијатар. Не за друго, гајле ми е за личните патологии, какви и да се, но овде има смрад на Брејвик синдромот. Особата е сосем отшрафена, ако човек ги анализира неговите ставови (или нејзините, како и да е, и според таа лична идентитетска каша, дали е машко дали е женско, Меглена потсетува на лик од „Психо“).
Ваквите социопати (зад кои понекогаш се кријат опасни психопати) се најзафркнатиот аспект на социјалните мрежи. Гледаш дека некој не е арен, дека е полн со насилство, со манијакално поистоветување со народ, нација, историја, симболи, херои - и не можеш ништо да направиш. Ако му кажеш дека е луд, можеш да ја влошиш работата. Ако го третираш ко нормален и се обидеш да размениш рационални аргументи, се удираш во ѕидот на маниите и фиксациите.
Игнор?! Не сум сигурен. И Брејвик многумина го игнорирале...
Во секој случај, интересно е што низ таквите очебијни лични патологии на најсоголен начин пробива духот на наци-болшевизмот што го дроби општествово... За посматрање е интересно, ама да живееш во општество кајшто таквите патологии се „нормалност“, богами не е весело...
Само нежно со Мигрена,
Испратено на 14 март 2012 од ЕлектрошокацСамо нежно со Мигрена, колеги! Тие главоболки знаат да излудат!
Ја поддржувам констатацијата
Испратено на 14 март 2012 од Геополитички стратегЈа поддржувам констатацијата дека „Меглена“, фотороботот на дебилот од подрумот на преродбата, заслужува психијатриски третман.
На друго сакам да обрнам внимание, на некој начин полемизирајќи со ставовите кои велат дека груевизмот има народна поддршка. Не е баш така. Дури и екстремно провладиниот „Дневник“ во последната анкета констатираше однос 23:18, ДПМНЕ:СДСМ. На изборите минатата година односот во гласови беше 440.000:370.000.
Дури и на врвот на поддршката, по катастрофата во Букурешт, 2008, кога Македонците рефлексно заземаа одбранбен националистички став и уште еднаш, сосема ирационално и автодеструктивно го гласаа груевизмот, дури и тогаш, велам, Груевски беше далеку од бројките на Црвенковски при победата 2002 или при претседателските победи. Да не зборувам за апсолутно недостижната поддршка за Глигоров по атентатот, поддршка која одеше и до осумдесет поени...
Што сакам да кажам? И покрај заводливоста на фашистичките политики на груевизмот (заводливи, како и секој популизам, за најочајните маси, кои, за жал, во Македонија растат), длабоко во генот на Македонецот лежи длабокиот отпор кон ваквиот тип на вмровско лудило. Можеби тоа ќе не’ спаси, а можеби тој отпор сепак не е доволно јак?! Ќе видиме. Расплетот се ближи.
Земи го предвид и фактот дека
Испратено на 15 март 2012 од СтатистичарЗеми го предвид и фактот дека 90% од Албанците во земјава не го сакаат Груевски - и ќе добиеш однос 6:4 контра Груевски.
А и тие 4 од 10 Груевски не би ги имал да не се 90% од Албанците против него.
Така што, просерувањата дека мк народот божем бил со гангстерската Фамилија - се само просеравања. Луѓето се про груевизмот исклучиво од немукает, од гол рефлекс за преживување/вработување, ништо друго...
А тоа што се нема доверба речиси во никого, тоа е друго прашање...
Интересна е темата што ја
Испратено на 14 март 2012 од Ханибал Лектор&КоректорИнтересна е темата што ја отвора Психохроничар: кој всушност е најлуд во земјава?! Дали Грујо и свитата околу него, дали народњачките шарлатани од типот Јадибурек, Миленко, Латас, Мирка итн, или најлуди се сепак овие анонимни десперадоси по социјалните мрежи, ксј кои најсоголено се гледа патологијата на режимот?! Тешки прашања. Дали е можно, заправо, Миленко и Јадибурек и Грујо и Латас да се стрејташка варијанта во однос на чудовишно нараснатата глупост и лудост во општеството?
Како и да е, еден од најлудите (ја шие дури и Меглена), без конкуренција, е Тони Науновски, колумнистот на Дневник, кој почна зачестено да гостува и во Боли глава на Окно...
Палеолит? Па тоа не е ништо,
Испратено на 14 март 2012 од НиколаПалеолит? Па тоа не е ништо, мене колку што ми е познато македоноидите вртеле диносауруси на ражен и биле сведоци на отцепувањето на континентите. Палеолитот е гола вода за нив...
Инаку одличен текст, браво.
Sto dobro ste se raspeale. Ko
Испратено на 14 март 2012 од meglenaSto dobro ste se raspeale. Ko MoTab hor ste nastimani. Ova me potseti na poznatata ni camaraderska fraza " Site sme Tito".
Мигрена, само облечи сукња, и
Испратено на 15 март 2012 од ТранссексуалецМигрена, само облечи сукња, и ич кур да не ти чуе што хејтериве се ситат на твоето палеолитско потекло!
I po Tito Tito .
Испратено на 15 март 2012 од meglenaI po Tito Tito .