Скопје 2014: Карикатура на европскиот град

15.03.2012 11:43
Скопје 2014: Карикатура на европскиот град

(На сликата горе: Модернистичкиот изглед на Скопје следи еден дел од замислата на Кензо Танге.)

Напад врз Кензо Танге

Наследството од возобновата по земјотресот во 1963-та година, „Меѓународниот град“ на Кензо Танге, наследство кое вреди да се заштити, е заменето со сомнителна интерпретација која наликува на европски град. До 1991-та година, Македонија беше сојузна република во рамките на Југославија, а од 2005-та година е земја-кандидат за членство во Европската унија. Поради спорот за името со соседот Грција (чијшто северен регион исто така се вика Македонија), Македонија во рамките на Европската унија е позната како ПЈРМ – Поранешна Југословенска Република Македонија. Немилото име стои како постојан потсетник на поновата историја, на времето на Тито и Милошевиќ, на избувнувањата на Балканскиот полуостров, како и на војните. Дури и сегдеприсутната модернистичка архитектура, од која сегашната власт со задоволство целосно би се ослободила, сведочи за комунистичката ера.

Главниот план на Танге

Денешниот изглед на Скопје се засновува на катастрофа: земјотресот од 1963-та година уништи поголем дел од градот. Со поддршка од Обединетите нации, Скопје беше возобновен и стана симбол на меѓународната солидарност. Тогашниот конкурс за урбан развој, распишан во светски рамки, го доби Кензо Танге. Неговиот главен план требало да не ги повтори грешките на дотогашниот модернизам: тој ги почитувал постојните градски структури, новите градби ги интегрирал на маргините на блок-структурите, се стремел кон преклопување на функциите и обезбедување на снабдувачки синџир. Имајќи го предвид „Градскиот ѕид“; осумкатни, завлечени станбени објекти кои се наоѓаат блиску до центарот на градот; како културна, образовна и комуникациска оска, заедно со железничка станица на највисоко техничко ниво, Скопје започна одново да се гради во духот на оптимистички настроените шеесетти. Но сепак, планот на Танге никогаш не беше целосно спроведен. Проблемите на планот беа решавани со текот на времето, но неговата функционалност до денес останува ограничена, како, на пример, распоредот на улиците. Танге се дистанцирал себеси од изобличената имплементација – и покрај тоа, карактеристичните облици на згради сѐ уште го отсликуваат изгледот на градот.

Скопје 2014 – Карикатура на европскиот град

По години поминати во застој, денес националистичката владејачка партија е обземена од градежно беснило. Под мотото „На европски град потребен му е историски центар“, од 2010-та година на центарот на градот му се дава ново лице. Младата македонска држава сака да го зајакне својот идентитет преку навраќање на прославеното минато: повеќето од градбите вклучени во проектот „Скопје 2014“ формално се поврзуваат со Кралството Србија (1882–1918) или, пак, со Александар Велики. Секое слободно место во центарот на градот ќе биде пополнето со „историски“ сценографски делови – градби и небројни статуи - без обѕир кон постојните хоризонтни оски или кон урамнотежен однос помеѓу зданијата и слободниот простор. Некогаш стројниот, широк плоштад од 2011-та година е окупиран од 22 метри високата статуа на Александар Велики. На оската која од југ води кон плоштадот ќе се реконструира православна црква во поголема верзија од претходната, место кое се наоѓа кус пат зад веќе завршениот триумфална порта. На северниот крај на плоштадот, веднаш до двата хотела, ќе никне нова интерпретација на некогашниот Офицерски дом, како и нефункционален кружен павилјон. Две нови статуи на јавачи го обележуваат пристапот до стариот мост кој води кон северниот брег на реката Вардар, каде се наоѓа и операта. Впечатливиот поглед од плоштадот кон белата Опера, градба на словенечка фирма од 1968–та година – ќе биде вешто затскриен преку ѕид од историзирани градби, меѓу кои и одново изградениот стар театар, Музејот на македонската борба, новиот Врховен суд и новото Министерство за надворешни работи. Северно од Операта се наоѓа статуа на Филип II во изградба, која треба да ја надмине големината на онаа на неговиот син.

Автор на разгледницата: Леонора Грчева

Одобрување од народот, протести на архитектите

„Скопје 2014“ е сѐ освен функционално – во определен дел е одземена употребливоста на веќе постојните градби, или истата би можела да биде интегрирана на друго место.

Воедно, планирањето не е транспарентно. Единствената најава беше пренесена преку видео на YouTube (!), кое ги покажува нацрт-плановите на планираните градби. Плановите, датумите или трошоците за изградба се недостапни за јавноста. Проценките за трошоците се искачуваат до 400 милиони евра, пари коишто на градот му се итно потребни за други работи. Модерните структури – коишто во својата локална форма претставуваат уникатно архитектонско наследство – не се во добра состојба, управувањето со сообраќајот како и јавниот сообраќај воопшто мораат да се подобрат и многу станбени згради се веќе дотраени за санација. Поради вештата кампања на власта, населението сѐ уште ја поддржува ваквата историзирана козметика. Ним им е ветен европски град, надеж за зголемување на бројот на странските туристи, како и на бројот на работни места. Во овој популистички микс од изминатите столетија, речиси секој човек наоѓа најмалку една градба што е по негов вкус, така може да се помири со промените. Со оглед на тоа, протестот на архитектите и урбанистите не помина баш најславно.

Уште во 2008-та година, пред почетокот на проектот, група млади архитекти се приклучија кон „Прва Архибригада“, со цел да протестираат против изградбата на православната црква на плоштадот. Тие беа навредувани како неверници, а нивните технички аргументи останаа неслушнати. Сега, откако беа доделени сите договори, и архитектонскиот естаблишмент се приклучи во критиката. Во отворено писмо, Здружението на архитекти на Македонија побарува од Градот да ги достави плановите за градба.

Извор: bauwelt.de

Што ви бе луѓе? Сте рипнале и

Што ви бе луѓе? Сте рипнале и припнале против новиот лик на градот?
De gustibus non disputantum, а македонскиот наорд не ескопјани кои гласаат против ВМРО и на многумина, на повеќе од половина им се допаѓа. Имавте шанса на изборите, загубивте, не мислите дека е доста веќе од кенкање?
Плус, за 50 години се ќе биде заборавено и ќе им се допаѓа на сите како оставштина на едно време.
И за Ајфеловата кула во Париз мнозина "големци" биле против, а денес не може да се замисли Париз без неа!
Доста е, најдете нова тема за дикусија!

Moroni, od site zemji

Moroni, od site zemji obedinete se ! Pod taa parola li pocnavte da rabotite ? Avtorot na tekstot ne e nikakov avtoritet za Arhitektura , a kako se nasol nejzin tekst za Skopje 2014 vo Bauwelt e ocigledno prasanje. Uste poveke sto se raboti za montirana slika na gradot koja voopsto ne soodvestvuva so vistinata i koja kako fotografija e potpisana od Slavica Cavdarovska. Kako i da, e se raboti za studentski "research" projekt ili po naski "seminarska" na nekolku studenti po Arhitektura. Si placat vo tekstot sto im go unistija gradot " muzej na Kenzo Tange" . Imeto na Skopje ne mora ni da go spomnat. Dovolno e "gradot na Kenzo Tange".
Eve eden moj predlog do vas i site vo Arhibrigada. Napravite si edna maketa na "gradot na Kenzo Tange" pozadi Arhitektonski, i sekogas koga ke ve fati nostalgija trknete si i udrete si eden vizuelen joint. Batalete ne nas
"neobrazuvanite" sto ne se fiksame na Kenzo Tange.

Меглено, излези од каде и си

Меглено, излези од каде и си се пикнала и види што има ново надвор... Фотографијата е вистинска, и така изгледа Скопје. Барем додека не им стават од твоите омилени фасади и на преостанатите згради.

А како се нашол ваков текст

А како се нашол ваков текст во Bauwelt, тоа мора да се испита.. Ти мириса на завера Меглено, а? Не сардисаа архитектите белосветски, ама не давај се Меглено!

Мигрена, не постои дури ни

Мигрена, не постои дури ни петокласен архитект (дури ни во мрачна Македонија, окована од наметнатата „вистина“ на груевизмот!) кој има добри зборови за примитивната халуцинација СК014. Така што, Мигрена, не се труди со вообичаената груевистичка пропагандна стратегија: дискредитирај го секој што мисли поинаку. Оти ќе останете само вие во анусот на пастирот - и толку. Туку, терајте ја онаа друга линија на одбрана, која баш го брани лудилото: секој има право на лудило, екстраваганција, пастиши, реплики, кич и ѓубре. Весели сме, постмодерна е, си ја сакаме нацијата ко Џеф Кунст што си го сакаме - и цркнете, образовани и паметни хејтери! Уживаме во нашиот Дизниленд! Уживаме што немаме вкус! Е, таа пропагандна стратегија, Мигрена, идиоту, е колку-толку подостоинствена од ловењето било кого во светот што ќе каже пола добар збор за ужасот на пастирот-архитект. Такви луѓе, просто, нема, зашто потфатите на пастирот не спаѓаат во архитектура и урбанизам туку во забавни и луна паркови.

Зошто ја навредуваш Меглена?

Зошто ја навредуваш Меглена?

Се борам за слобода на

Се борам за слобода на говорот на омразата! Откога скењавте се’ во земјава, вие, лажните преродбеници, криминалната банда на Фамилијата, откога го стишавте секое добро и ја убивте секоја позитивна енергија, набивајќи им страв во коските дури и на најбезопасните, се борам, Јана, преродбенички мегафону, гзна глисто од чмарот на пастирот, само за да си ја сочувам омрзата кон вас. Можам ли? Или и тоа ми е забрането? Тепавте, крадевте на ангро, го загадивте секој ќош на Македонија - и не сакате само таа ситници да ни ја дозволите, да ве мразиме, мајчината ви!

Не разбирам, нели политиката

Не разбирам, нели политиката на порталов строго забранува говор на омраза?

Те поддржувам мразителу,

Те поддржувам мразителу, штета шо Јана нема мозок да а продолже дискусијата со тебе..

Sto sakate tresete ama

Sto sakate tresete ama japoncite na mars ke se kacat uste malku. A nie ke se fakjame za gusa zaradi gluposta narecena 2014. Tolku mnogu objekti na taka mal prostor ke ne napravi da se cuvstvuvame bas japonci.Eden vrz drug ke sedime i bukefal ke si go gledame.

Kicot si e kic i nisto

Kicot si e kic i nisto drugo.No i vo nego nekoj uzivaat gledajki ja bukefalka.Sekoj ludak si ima svoja veselba. ps.Da zborot bukefalka ne e greska,se dodeka Pasko ne go pronajde soodvetniot predmet sto ja cini razlikata,za mene bukefal ke bide bukefalka.

Слични содржини

Јавни простори / Став
Општество / Јавни простори
Општество / Јавни простори
Општество / Јавни простори
Јавни простори / Уметност / Историја

ОкоБоли главаВицФото