Марш во март

15.03.2012 15:14
Марш во март

Во англискиот јазик, зборот марш и месецот март се изговараат со еден ист збор – „march/March“. На француски, месецот се вика mars, на германски März.

Во древниот Рим март (Martius) бил прв месец во годината именуван според Марс – богот на војната. Не случајно во март започнувала сезоната на воени кампањи.

Во „Дигитален речник на македонскиот јазик“ глаголот „маршира“ значи: „Чекори во марш; се движи кон определена цел. Употреба: Воен термин. Примери: Војската маршираше низ улиците на градот.“
Ме прашуваат некои познајници, некои „фејсбук“ пријатели и некои ептен блиски пријатели: „Дали ќе одиш во сабота на маршот за мир?“ На познајниците им велам, на шега: „Марширав за мир во ЈНА неколку месеци, доста ми е од марширање за цел живот.“ На „фејсбук“ пријателите им велам, исто на шега: „Страв ми е да се придружам на маршот, оти господарите на мирот (истите што праќаа(т) мировни мисии за Авганистан и Ирак) – веднаш ќе ме обвинат дека сум воен хушкач – инспириран од богот на војната“. На ептен блиските пријатели им велам, смртно сериозно: „Марширањето за мир ми е како ебавање за невиност“.

Знам, многу познајници, фејсбук“ пријатели и ептен блиски пријатели ќе ми забележат дека сум станал лингвистичка „цепидлака“ која од ирационални причини не сака да се приклучи кон една толку благородна иницијатива за мир. Нејсе, има и друга причина зошто нема да марширам за мир во сабота, иако ми е познато дека многу познајници, фејсбук“ пријатели и ептен блиски пријатели ќе тргнат накај „Школка“.

Причината е: Не можам да трпам веќе лицемерие!

Да, на прв поглед плени изјавата од прес конференцијата на иницијаторите на маршот: „Се обединуваме во гандиевски стил со моќта на пацифизмот“. Љубопитно гледам кон познатите лица, обидувајќи се да го препознаам македонскиот Ганди кој ќе нè обедини во ненасилен отпор кон тиранијата. Гледам упорно во ТВ екранот, загледувам, да не случајно се појави македонскиот Ганди, ама никако да го здогледам. Туку, ете, се појавува режисерот на „Еднооки“, Алек Русјаков, на ТВ Сител и вели: „Ова движење не е против никого. Не е против власт, не е против опозиција, не е против раса, не е против нација, туку е за мир.“ 

Чекај малце. Стоп кадар. Режисерот на „Еднооки“ – иницијатор на марш за мир? Одеднаш, ќе заборавиме дека „Еднооки“ е хејтерска серија која поттикнува на омраза и кон сите критичари на власта? Ќе заборавиме дека „Еднооки“ промовира етнички и други видови стереотипи и предрасуди, кои создаваат атмосфера на омраза и насилство? Последен пат кога гледав дел од „Еднооки“ новинарите на А1 беа претставувани како насилници и криминалци, а специјалните полициски сили кои ја окупираа А1 беа претставени како жртви на насилство. Барем неколку пати гледачи на „Еднооки“ ми кажале дека во „уметничкото“ дело на Русјаков сум застрелан со огнено оружје.
 

Личното е политичко. Не можам да „марширам“ за мир заедно со пропагандистот-хејтер Алек Русјаков. Дали жртвите на нацистичката пропаганда би му се приклучиле на Гебелс ако ги повикал на марш за помирување меѓу припадниците на чистата ариевска раса и „дегенериците“? Дали ќе му се приклучите на Латас ако ве повика на марш за помирување меѓу „гнидите“, „пичките“, „дивјаците“ и Македонците? Дали ќе му се приклучите на Миленко ако ве повика на марш за помирување помеѓу „чуварите“ Македонци и „предавничките копилиња“? Дали ќе му се приклучите на Јанко „Јади Бурек“ ако повика на помирување помеѓу верниците и „збирштината геј и атеисти“ кои беа насилно дислоцирани од плоштадот?

Аман, доста ми е од лицемерие. Нема да марширам за мир заедно со хушкачи на насилство и поттикнувачи на етничка, верска и други видови омраза. Мирно ќе протестирам против хејтерите – против пропагандистите на режимот кој амнестира воени злосторници и тортурира политички затвореници кои добиваат 109 години робија.

Илустрации: Дејв Планкерт

На ептен блиските пријатели

На ептен блиските пријатели им велам, смртно сериозно: „Марширањето за мир ми е како ебавање за невиност“.

И си го напиша тоа јавно. И онда лицемерие :)

I koga Plostad Sloboda

I koga Plostad Sloboda protestiraa i gi istepaa, i togas imase Mars na mirot ama otposle. I se prosetaa pak do skolka, i lugjeto tepani, i tepacite isfurani, i plostadot pak unisten, a tepacite nekazneti. Ne treba Mars na mirot, lugje moi, tuku Mars za pravda - da se fatat storitelite na nasilstvo i da se kaznat, zasto dodeka nie marsirame za mir, tie gazat na seta nasa sloboda sto ni e zagarantirana so Ustavot.

Колку нарциоиден и тесноград

Колку нарциоиден и тесноград текст...Очигледно Жарко го боли повеќе пренадуеното его од колку мирот во Македонија.

Da potsetam i na eden korisen

Da potsetam i na eden korisen link - da se znae, da ne se zaboravi...

„Господата „соросоиди“ и останатите прогрчки пропагандисти натртени кон грчкиот шовинизам, очигледно би не лишиле од идентитет, затоа што до балчак го примаат од Данајците. И арно им е.“ - Алек Русјаков http://x.taratur.com/x/20170/

Жива Вистина. Ама тоа не е

Жива Вистина. Ама тоа не е темата ако имате лични расправии со Алек немате расправии во Мирот во Македонија.

Toa za vas bese ? Blagodaram

Toa za vas bese ? Blagodaram za pojasnuvanjeto.

Е Жаре, овој пат не се

Е Жаре, овој пат не се слагам. Во животов сум протестирала против се’ што ми смета и за се’ за што се залагам, и не сум дозволила од тоа да ме одвлече ликот и делото на било кој човек што исто така решил да учествува во тоа.

Ни Фрчле ме ме сопре да протестирам против Скопје 2014, ни ред други буљаши на кои сега не ми текнува не ме сопреа да протестирам против полициска бруталност, нема тоа да го направи ни Русјаков сега.

Ако решиме да се дистанцираме од сите настани и побуни во кои учествуваат неистомисленици по одредени прашања, на крај неизбежно ќе дојдеме до тоа да си ќутиме за се’. А тоа, фала, ама не.

Se slozuvam potpolno! Nekoi

Se slozuvam potpolno!

Nekoi politicki prasanja - kako sto e par excellence i ova - baraat sozdavanje na siroki koalicii. Toa sto kje ucestvuvam na marsot utre, ne znaci deka potpisuvam se' sto Alek (ili bilo koj drug od organizacijata na marsot) kje izjavi. Moeto ucestvo edinstveno znaci deka se slozuvam so _ovaa konkretna_ inicijativa. Da, zalaganjeto za mir bez konkretno imenuvanje na ona na sto i onie na koi im se sprotistavuvame e dosta blaga, odnosno nedovolno izostrena, formulacija. Megjutoa, samo edna taka siroko postavena formulacija moze da ja sozdade kriticnata masa shto e potrebna za zapiranje na nadolniot trend na kvalitetot na zivotot vo Makedonija.

Смарачица е фино секси

Смарачица е фино секси име:-)
Миљон пати боље од Меглена, на пример (додуше, блиско до Мигрена).
Браво, Смарачице! !Смрачи се - не!, смарачице!)
Смраче-шмрче-свраче... Стварно љупко име... Више почнувам да се заљубувам...

Smaracica sosema ubavo si go

Smaracica sosema ubavo si go elaborira stavot i sto dobiva kako reakcija? Komentar deka tolku i' e seksi nickot sto pisatelot na komentarot se zaljubuva vo nea. Smaracica se postavuva kako politicki subjekt, a Lingvist brze-bolje go ignorira toa i ja pretvara vo seksualen objekt. Bravo be! :-(

А против кого/што се

А против кого/што се протестира? Читам погоре, Алек кажал: „Ова движење не е против никого.“ Значи, не се протестира ниту против милитантниот режим што гради воини и создава расистички фаланги, ниту против хушкачите на војна од типот на Латас, Јанко, Мирка, „Африм“, Груби...? Кога најпосле ќе се осмелите да протестирате против режимот и неговите хушкачи на војна, со која сакаат да си ги покријат криминалните им траги?

A be Zare, sto ne si kazes

A be Zare, sto ne si kazes deka ti e strav. Covek treba samo da te vidi i se ke mu bide jasno. Sto posto i na kosh kako mal ne te pustale da igras, pa si vikal, ne igram vaka seljacki igri.
Mnogu prozirno objasnuvanjeto.

Да останеа Американците

Да останеа Американците пацифисти во Втора светска војна уште ќе бевме под нацистичка окупација. Ако беа пацифисти комитите и партизаните, немаше да има македонска држава. Или, можеби ќе имаше - ама бугарска - на Ванчета Михајлов, кој има две восочни фигури во музејот на Ве-Ме-Ро.

Така е Џарко, покажи им што

Така е Џарко, покажи им што знаеш. На хејтерите со хејтерство! Тие за мир, ти против нив! Тие ако прават поделби, ти ќе се одделиш од нив: На поделбите со подлеби! Само напред.

која неписменост! “зборот

која неписменост! “зборот марш и месецот март се изговараат со еден ист збор„ рече магистер...

Која неписменост.

Која неписменост. Клеветниците не знаат да читаат? -„Во англискиот јазик, зборот марш и месецот март се изговараат со еден ист збор – „march/March“.

Ок дечки, се е јасно овде.

Ок дечки, се е јасно овде.

Жаре повторно сака да биде во центар на внимание, сака да го зборуваат по блоговите, по ФБ и низ разноразни други медиуми.

Како и секогаш тој опонира на се` што не е организирано од него или нема корист од тоа.

Како и да е и тоа е за почит, но се надевам нема да му ја оствариме желбата да стане инстант популарен и да го сврти вниманието од настанов кој е и тоа како потребен.

Башка, ху д фак ис жарко

Башка, ху д фак ис жарко добога :))

Нема да маршира затоа што е

Нема да маршира затоа што е путка помодрена!
Затоа што еднооки подеднакво ги ДУПИ и власт и опозиција.
И оп, одеднаш Жарко си напиша:
„Одеднаш, ќе заборавиме дека „Еднооки“ е хејтерска серија која поттикнува на омраза и кон сите критичари на власта?“
Па кој си ти курац бе идиоте неприкосновен? Па вие „критичарите на власта“ сте бетер од истата, и со право си играат мајтап со вас, еспецијално во серијата каде вашата величенствена пудла беше претставена како топовска четка во раката на Бранко.
Море МАРШ да не те гледам!!!

Го знам ја белиот...од увек

Го знам ја белиот...од увек бил опасна типчина,све што е сјебано у земјава од него е сјебано. „Едноставно нели“ ко ќе го видиш, тргај му се, агресивен е, суров е и не прашта! Ама! И Жарко не е за фрлање, ако се најдат двајцата у исто време на исто место, „овај град је премален за нас двоје“. Затоа Жаре мудро го пука само со далекуметни безтрзајни колумни.

Кој мисли дека еднооки

Кој мисли дека еднооки подеднакво дупи и власт и опозиција го има исклучено мозокот дур ги гледа. Во сите епизоди Грујо испаѓа фраер иако малце као е смотан, ама сепак фраер, додека сите што не се истомисленици на власта испаѓаат или предавници или сатанисти или педери (си извинување до ЛГБТ-луѓето).

Еднооки се одвратни! И не се

Еднооки се одвратни! И не се смешни ич! Еве земете видете ги вицевите на Окно и Плус инфо, или стрипот во Фокус, па тогаш ќе ја видите разликата!

Жарко, немој да маршираш! Ни јас нема!

Лицемерие е да мрчите

Лицемерие е да мрчите за/против марш,кој е израз на неспособноста на опозицијата да ја артикулира јавноста против катастрофалните политики на власта на сите нивоа .Лицемерие и немање мадиња за политичка акција со една цел:РУШЕЊЕ НА ВЛАСТА!ВИДЕТЕ КОЈ ГО ОРГАНИЗИРА МАРШОТ (НАГЛАСИЈА ДЕКА НЕ Е ПРОТИВ ВЛАСТА) НВО КРТОНИТЕ НА ГРУЈОС И ЛИЦЕТО А.А!
Ако се земе во предвид дека за нанесената штета на приватен имот(искршените локали,разбира се на Македонци по род) во Гостивар,опожарување цркви,тепање во толпа на деца и старци(качачки стил),Вахабистичкото влијание т.е се што не е припадник на Исламот(Христијани,Будисти,атеисти и др.-исти) треба да се превоспита на насилен начин...опозицијата не поднесе никаква иницијатива(напр. да побараа ,уште еднаш каде и на што се трошат силните милиони од Буџетот на ДБК,оставка на целокупмото раководство на МВР...),НИЕ требало да се придружиме на балистичко-портокаловите режисери на насилство ,како супститут за нефункционирањето на институциите на системот(толку возљубена синтагма на “борците за чоечки праа“). Они(инспираторите и тепачите)сакаа да видат какви ќе бидат реакциите на системот, и последиците!И ви велам ,чекајте продолжетоци(анализирајте ги случувањата на Косово во последните 30 години и ќе го пронајдете ритамот на случувањата во Македонија!Единствено бескромпромисна реакција на институциите на системот можа да превенира судир од пошироки размери!Ова потсетува на Сараево пред почетокот на војната.

I ja ke marsiram protiv

I ja ke marsiram protiv nasilstvoto. Ama nema da marsiram niti protiv siledzijata Latas, niti protiv likvidatorot Milenko (ili afrim, seedno). Ke marsiram za mir - da me ostavat na mir da si duvam, a tie neka si teraat tenderi i konecni presmetki.

Чунки, мене ме интересира

Чунки, мене ме интересира дали Алек ќе ги донеси на маршо и едноокото другарче Борис Дамовски и брат му Александар Дамовски. Ептен јако ќе бидит со марш за мир сите заедно да ја прославет ослободителната пресуда за Дамовски. Е, богами, си ја одработија. Кодошо со тапија го пикна Велија 13 години у ќелија. И брат му со Алек здружно си одработија. Редно е сега Џорџе една медаља за мир на Алек да му доделит.

Ok momci i devojki, kolku i

Ok momci i devojki, kolku i da sme protiv ednite ili drugite kolku i da ne se soglasuvame so niv i nivnite stavovi, kolku i da gi hejtame ili sakame, redno e da podademe raka, neli?

Nema razlika dali me remetele mene, tebe ili nekoj tret na Ednooki ili ako ovde na Okno se remetele nekoi cetvrti.

Zarko so totalno bledi primeri objasnuva zosto nema da dojde na marsot i se povikuva na onaa malogragjanska i poluidiotska logika koja ja neguvaat tokmu nacionalistickite barabi.
Ako nekoj nim im zgresil, mora da mu vratat so ista mera i nikogas nema da prostat. Toa e tolku regresiven pristap.

Inaku neizleguvanjeto e negovo pravo, no istovremeno pagja vo voda se za sto javno se zalagal i deklariral.

Tolerantnosta, mirot i pocituvanjeto nemaat cena, pa makar i ako toa znacelo da treba da zastanam zaedno so Nikola Gelevski, Alek Rusjakov, Zarko Trajanovski itn vo odbrana na tie vrednosti.

Не можам да присуствувам на

Не можам да присуствувам на маршот за мир од морални причини (приговор на совест). Но, го поддржувам правото на мирен протест на сите што сакаат да се борат против насилството. Да потсетам, борбата против насилството подразбира протест против сите видови насилства. Треба да се бориме законски да се санкционираат сите учесници во неодамнешните насилства. Но, треба да се казнат и сите што шират насилнички говор на омраза, како и оние што предизвикуваат структурно (државно) насилство. Не мислам само на полицајците кои противзаконски применуваат сила (таков случај неодамна причини спирала на насилства). Мислам и на правосудните џелати кои изрекуваат драконски казни во политички монтирани процеси. Мислам и на сите што овозможуваат тортура или понижувачки третман во затвор или притвор. Мислам и на оние што дадода амнестија за воени злосторства.

Stvarno imash namera da

Stvarno imash namera da protestirash protive the shto ovozmozhuvaat tortura ili pnizhuvachki tretman vo zatvor ili pritvor? Epa eve ti sovet togash. Ne morash da marshirash, tuku fati se so tie "Raspeani Skopjani" i otpejte ja "Fuck you" pred americhka ambasada.

A za prevod na "march" eve ti izvadok od Merriam-Webster Online:

1: to move along steadily usually with a rhythmic stride and in step with others

Znachi, nema vrska so vojska. Chitaj knigi, ne bidi glup.

Е, ова е врвот на апсурдот. И

Е, ова е врвот на апсурдот. И ak47 (ознака за Калашњиков) потврдува дека зборот „марш“ нема врска со војска :)

„Tolerantnosta, mirot i

„Tolerantnosta, mirot i pocituvanjeto nemaat cena, pa makar i ako toa znacelo da treba da zastanam zaedno so chovekot koj pred malce go opishav kako malogragjanska i poluidiotska baraba“ :)

"Zarko...se povikuva na onaa

"Zarko...se povikuva na onaa malogragjanska i poluidiotska logika koja ja neguvaat tokmu nacionalistickite barabi."

...nacionalistickite barabi...

Nekoj ili ne cita ili ne razbira sto e napisano ;)

"од читај како што пишува"

"од читај како што пишува" Neshtata moze da opishuvaat so zborovi. Zborovite ne se izgovaraat so zbor . Nepismen i ti kako i avtorot pa ne znaesh ni za shto zboruvam.

"од читај како што пишува"

"од читај како што пишува" Neshtata moze da se opishuvaat so zborovi. Zborovite ne se izgovaraat so zborovi . Nepismen i ti kako i avtorot, pa ne znaesh ni za shto zboruvam.Da vi se mocam na magistraturite na site po red.

Lele, kakvo hejtanje kon

Lele, kakvo hejtanje kon kolumnistot koj pisuva - „Мирно ќе протестирам против хејтерите“ A be kakvo mirno protestiranje, ovie ziv ke te izedat, a ti mirno ke protestiras? :)

Само уште малце да похушкаме

Само уште малце да похушкаме против Жарко и соросоидите па после на марш за мир си ја пееме One love :)

Само уште малце да похушкаме

Само уште малце да похушкаме против Алек и македоноидите па после на марш за мир си ја пееме One love :)

Ја лично имав искрена намера

Ја лично имав искрена намера да марширам и почнав да убедувам и деца по дома
АМА...умот ми го смати Алек...не одам
не сакам да ме манипулира некој...од кај на кај искрена „желба за мир„??!!...па сите ги знаеме огавните еднооки уз власта, која уствари и СОЗДАДЕ АТМОСФЕРА за насилство...и ОН сега мене ќе ме предводи за нешто во што и сам (делата му гледам) не верува

Жаре, имаш право...лицемерие пар екселанс, а можда и наредба, па се мора

страшна манипулација

(а сите искрени за мир...и тие кои искрено одат денес кај школката и тие како мене кои нема да одат... марш кај Најчевска да потпишете за вистински мир ...у ГЕМ клубот...отворено е до вечер)

Ако ГЕМ значи Граѓани за

Ако ГЕМ значи Граѓани за европска Македонија, тогаш зошто трошат странски пари за да си го смениме името? Каква е таа граѓанска Македонија што не смее да се вика Македонија, каква е таа демократија и каков е тој мир?

И, второ, зошто иницијативите за мир на Жарко и Мирјана се вистински, онаа на Алек - не е?

јана, еве зошто: -

јана,

еве зошто:

- расчистувањето со латасовци е патот до мирот
- алек е само штрафче во веќе проѕирниот спин..погледни само како лицемерно власта го поздрави маршот...
plusinfo.mk/vest/37076/Gruevski-Marshot-e-poraka-do-narushuvachite-na-mirot
ај мајката..
она го нарушува мирот, а сеа демек го воведува...абе не сме мали деца

Како знаеш дека власта го

Како знаеш дека власта го нарушува мирот и зошто го прави тоа, каква е разликата помеѓу Латасовци и Кољовци и зошто, ако постои таква, Социјал-демократскиот сојуз кога беше на власт не расчисти со партиските „новинари“ туку го активираше проектот „Фабрика“?

ах јана ах

ах јана ах

ај еве ќе ти кажам, каква е

ај еве ќе ти кажам, каква е разликата?

твоите коментари (какви-такви) овде ги има
моите- нема шанса на вмровски портал

тука е фундаментална разлика...разлика помеѓу фашизам и демократија
voltaire...побарај го...17-ти век Јана...хахаха сеа ми текна, у ерата на барокот...сигурно ќе те заинтригира

Ок аман сконтавме! Грујо и

Ок аман сконтавме!
Грујо и Латас се лошите момци!
Туку шо праиме сеа?
Кои се добрите момци кои ќе ги заменат?

анонимуси, ова е супер прв

анонимуси,
ова е супер прв чекор...си сконтал кои се лошитe

не е мое да ти давам совет кои се „добрите„
за добрите само ќе претпоставуваш и ќе отвориш четири очи, а не како до сега...со широко затворени очи

демократија анонимуси

препознај го злото, а твое е понатаму што ќе избереш

Џанго, со отворени 4 очи,

Џанго, со отворени 4 очи, шансите некој ти брцне во око се двојно поголеми. А оние кои ти брцаат се исто толку бескрупулозни, к`о оние кои сакаат да ти ги држат ширум затворени.
Затоа ке си останам јас со ширум подотворени 2.

Туку злото е препознаено, жално е што нема добри момци во ситуацијава од кои ќе одбираш понатаму.

Време е да слушнеме и видиме алтернатива, затоа што се претворивме во теоретичари на заговори кои цел живот го поминуваат убедувајки и заплашувајки не со фактот дека светот го водат мрачни масони кои ни ја пијат крвта, а не нудат никаков одговор на прашањата „што да правиме со нив“, „што ако го знаеме тоа дека го контролираат светот“, „која е алтернативата“ итн.

На кој вмроовски портал? Дали

На кој вмроовски портал? Дали Плус инфо е вмроовски портал или портал на член на ГЕМ? Моите коментари ги нема на тој портал, т.е. постојано се бришат, а на овој во секој контра-коментар сум навредувана, етикетирана, дискриминирана и малтретирана по секаква линија од главниот уредник кој е член на совет на партија што се обидува да се врати на власт промовирајќи слобода на говор, човекови права, толеранција, мир и демократичност.

И не ми одговори на прашањата: од каде знаеш дека власта ги прави инцидентите, зошто го прави тоа и зошто СДСМ не расчисти со потплатените новинари, туку го промовираше тој систем?

Зошто странците инвестираат пари во луѓе што треба да го сменат името на сопствената држава и за какви принципи зборуваме тука?

Дали е демократија или фашизам да му се забрани на кој било народ правото на самоопределување?

1. Кој му забранил на

1. Кој му забранил на македонскиот народ „самоопределување„?...и што е тоа самоопределување?
2. Кои тоа странци и во кои луѓе инвестираат за да се смени името на државата?...(пази што збориш, зашто за ваква клевета имаше и судска тужба)
3. сдсм да расчисти со потплатените новинари??!!...ти се читаш?
4. Јас не видов дека си навредувана овде со моите коментари...а единствено јас ти коментирам...ако нешто сум те навредил-извини ама ќе треба да посочиш во што е мојата навреда.
5. Да те прашам, ти нешто приватно да не си замерена со тој „уредникот„ шо го баеш?...па сеа као си дискриминирана?...ја лично не верувам дека политиката на порталот е да брише критички коментари...и да ти кажам барем мои 4-5 коментари не се објавени на плусинфо...го земам тоа како презафатеност на администраторот, не видел и штотијазнам...зашто одма „изненаџени и увреџени„?

и на крај ...најслаткото прашање...----од каде знаеш дека власта ги прави инцидентите----?

6. Ја не тврдам дека власта ги прави ама тврдам дека власта СОЗДАДЕ АТМОСФЕРА за такви инциденти и ПЛУС таа атмосфера ја подгреваат „куќните пријатели„...латас, миленко, јанко и госпожата

7.најголемо лицемерие денес...власта вика-алал да ви е за протестите...алек еднооки на чело...аферим

1. Дали Македонија смее да го

1. Дали Македонија смее да го користи сопственото име и што е тоа ако не укинување на правото на самоопределување?

2. Дали Џорџ Сорос инвестира во Отворено општество - Македонија, а со тоа и во Окно и дали Милчин и Окно сметаат дека Македонија треба да си го смени името?

3. Дали знаеш што е „Фабрика“ и кои новинари беа дел од неа, листа што своевремено ја објави „Фокус“?

4. Дали го читаш ти воопшто порталов и коментарите во него, секој коментар на редакцијата е навредлив спрема неистомислениците.

5. Не го познавам Бранко и те уверувам дека ниту еден мој коментар, во кои немаше говор на омраза или клевети, не е објавен. Како што не беа објавувани ни на демократичната А1.

6. Како тоа власта создаде атмосфера за инциденти? И чиј куќен пријател е Васко Ефтов?

7. Каква врска има Алек Русјаков со што било и дали и Ана и Трендо се марионети на власта?

8. Како може еден марш за мир да биде претставен како нешто лошо и неприфатливо и зошто некој би го направил тоа, дали тоа значи дека противниците на ваквите иницијативи создаваат атмосфера за инциденти?

Јана и Django: get a room!

Јана и Django: get a room!

На крајот на денот секој

На крајот на денот секој останува со своите ставови, сфаќања и прашања, што е лошо и не води никаде.

Туку, имам уште една замерка до редакцијата Окно. Мислам дека сајтот мора да остане прогресивен и не смее да подлегне на вообичаената етничка дискриминација во Македонија. На најголемиот број мои пријател(к)и македонскиот јазик им е втор јазик, па затоа еве ви идеја, т.е. предлог кој се надевам дека ќе го искористите:

Живееме во меѓуетничка држава и супер би било кога:

1. Би објавувале и албански текстови, од различни албански медиуми, писатели и колумнисти, во оригинал, на кои би имало македонски превод;

2. Секој текст напишан или преведен на македонски јазик, во исто време, би бил преведен и на албански јазик.

Доколку немате средства за преведување на сите текстови можете тоа да го сторите:

- во соработка со албански здруженија, невладини организации или бизнисмени, сигурно и албанските преставници во Македонија би сакале тоа да се случи;

или:

- со двојазично преведување на сите идни текстови, а поранешните нека останат само на македонски јазик.

Фала ви што ме трпевте и продолжете со добрата работа, а, секако, намалете со лошата. :)

Поздрав!

Слични содржини

Став
Жарко Трајаноски
Став

ОкоБоли главаВицФото