Марш во март

15.03.2012 15:14
Марш во март

Во англискиот јазик, зборот марш и месецот март се изговараат со еден ист збор – „march/March“. На француски, месецот се вика mars, на германски März.

Во древниот Рим март (Martius) бил прв месец во годината именуван според Марс – богот на војната. Не случајно во март започнувала сезоната на воени кампањи.

Во „Дигитален речник на македонскиот јазик“ глаголот „маршира“ значи: „Чекори во марш; се движи кон определена цел. Употреба: Воен термин. Примери: Војската маршираше низ улиците на градот.“
Ме прашуваат некои познајници, некои „фејсбук“ пријатели и некои ептен блиски пријатели: „Дали ќе одиш во сабота на маршот за мир?“ На познајниците им велам, на шега: „Марширав за мир во ЈНА неколку месеци, доста ми е од марширање за цел живот.“ На „фејсбук“ пријателите им велам, исто на шега: „Страв ми е да се придружам на маршот, оти господарите на мирот (истите што праќаа(т) мировни мисии за Авганистан и Ирак) – веднаш ќе ме обвинат дека сум воен хушкач – инспириран од богот на војната“. На ептен блиските пријатели им велам, смртно сериозно: „Марширањето за мир ми е како ебавање за невиност“.

Знам, многу познајници, фејсбук“ пријатели и ептен блиски пријатели ќе ми забележат дека сум станал лингвистичка „цепидлака“ која од ирационални причини не сака да се приклучи кон една толку благородна иницијатива за мир. Нејсе, има и друга причина зошто нема да марширам за мир во сабота, иако ми е познато дека многу познајници, фејсбук“ пријатели и ептен блиски пријатели ќе тргнат накај „Школка“.

Причината е: Не можам да трпам веќе лицемерие!

Да, на прв поглед плени изјавата од прес конференцијата на иницијаторите на маршот: „Се обединуваме во гандиевски стил со моќта на пацифизмот“. Љубопитно гледам кон познатите лица, обидувајќи се да го препознаам македонскиот Ганди кој ќе нè обедини во ненасилен отпор кон тиранијата. Гледам упорно во ТВ екранот, загледувам, да не случајно се појави македонскиот Ганди, ама никако да го здогледам. Туку, ете, се појавува режисерот на „Еднооки“, Алек Русјаков, на ТВ Сител и вели: „Ова движење не е против никого. Не е против власт, не е против опозиција, не е против раса, не е против нација, туку е за мир.“ 

Чекај малце. Стоп кадар. Режисерот на „Еднооки“ – иницијатор на марш за мир? Одеднаш, ќе заборавиме дека „Еднооки“ е хејтерска серија која поттикнува на омраза и кон сите критичари на власта? Ќе заборавиме дека „Еднооки“ промовира етнички и други видови стереотипи и предрасуди, кои создаваат атмосфера на омраза и насилство? Последен пат кога гледав дел од „Еднооки“ новинарите на А1 беа претставувани како насилници и криминалци, а специјалните полициски сили кои ја окупираа А1 беа претставени како жртви на насилство. Барем неколку пати гледачи на „Еднооки“ ми кажале дека во „уметничкото“ дело на Русјаков сум застрелан со огнено оружје.
 

Личното е политичко. Не можам да „марширам“ за мир заедно со пропагандистот-хејтер Алек Русјаков. Дали жртвите на нацистичката пропаганда би му се приклучиле на Гебелс ако ги повикал на марш за помирување меѓу припадниците на чистата ариевска раса и „дегенериците“? Дали ќе му се приклучите на Латас ако ве повика на марш за помирување меѓу „гнидите“, „пичките“, „дивјаците“ и Македонците? Дали ќе му се приклучите на Миленко ако ве повика на марш за помирување помеѓу „чуварите“ Македонци и „предавничките копилиња“? Дали ќе му се приклучите на Јанко „Јади Бурек“ ако повика на помирување помеѓу верниците и „збирштината геј и атеисти“ кои беа насилно дислоцирани од плоштадот?

Аман, доста ми е од лицемерие. Нема да марширам за мир заедно со хушкачи на насилство и поттикнувачи на етничка, верска и други видови омраза. Мирно ќе протестирам против хејтерите – против пропагандистите на режимот кој амнестира воени злосторници и тортурира политички затвореници кои добиваат 109 години робија.

Илустрации: Дејв Планкерт

Jана бреј, 1. Македонија СМЕЕ

Jана бреј,

1. Македонија СМЕЕ да го користи своето име и името е во уставот. Како што Елада како Грција си е во уставот или Суоми како Финска или...има милион примери.
2. ДА Сорос не само што го финансира туку и го основа „Отворено општество - Македонија„...можда џитка нешто и на окно, појма неам (како што впрочем и Хорхе лапаше)...не разбирам што е тука спорно?...Милчин и Окно сакаат да го сменат името?...па Груевски го смени уште во Букурешт, ти текнуе?...Лапа и он од Сорос?...Груевски соросоид??
3.Фабрика врска немам што е, ама верувам дека нема шанса некој да е потплатен од 6-годишна опозиција. Само власта има моќ да дели пари.
4.Не...не го читам редовно порталов...овде сум сефте...ама еве јас и ти сме неистомисленици во случајов...сметам дека не те навредив, а гледам дека не се прикачи некој друг да те навреди.
5. И ја не го познавам Бранко(не знам кој ти е Бранко)...ама те уверувам дека на плусинфо(погоре пишав) имам повеќе необјавени коментари кои никако не беа навредливи...и?...да плачеме сега?...можда има мал милион причини зошто е така...можда администраторот се начукал вечерта...не ти текнало вака сочуствително да размислуеш?....мамурен бил чоекот бре, не ти се случило?
6.Како власта создаде амосфера?..сеа ме тераш да цртам?...јавно декларирани куќни пријатели „мразат шиптари„...нереагирање на навредливи пароли...„суптилни„вести на сител...и НИКОМ НИШТА...штом е ником ништа, значи се слагаме со све шо куќните пријатели ќе кажат. Атмосферата е создадена Јана. Сеа фалат (а богами ги има) млади напалени од двете страни со шипки у аутобус. Нив никој ништо не им може, зашто слушаат секој ден од медиуми дека така така ТРЕБА и дека е ДОЗВОЛЕНО(власта не санкционира за тоа, ти текнуе?).
7.За Ана и Трендо не знам. За Русјаков е доволно што сеуште има опсесија од Киро Глигоров едноокиот и Грујо фраерот. Мене секое сценарио на еднооки ми е ко оние вицои...биле американец русин и македонец и...грујо е увек најумен. Тоа е шаблонот на Русјаков и шо да распраам поише за негов ангажман за сожителство и мир??!!
8.НИКОЈ маршот за мир не го претстави како нешто лошо..немој да импутираш. И НЕМАШЕ противници на вакви иницијативи..пак импутираш

Единствено има сомнеж во искреноста и лицемерието на ликови од организацијата, а со тоа девалвација на целата, во суштина, благородна иницијатива...читај ме погоре.

Денов им беше за гратис

Денов им беше за гратис гушкање. А уште вечерва сме сведоци на гратис хушкање. Вчера повикуваа на марш за мир, а вечерва силеџиите ги маршираат у п.м. довчерашните им жртви. Се разбира, хушкањето и омразата се гратис за нас, а хушкачите и „марширачите (у п.м.) си се дебело платени со владини реклами.

Ова само тука на окно го има,

Ова само тука на окно го има, еден со авторски права за сите позитивни и прогресивни протести во Македонија, од завист ќе каже ја не идам и одма имаш 50+ коментари. Ајде бргу сите на купче да се зберете и да марширате назаечки под слоганот „Цупкам на една нога за мир-оригинал марш“ зашто вие сте ортодоксните мирџии у земјава и „нема да имаш друг миротворец сем мене твојот ваистински миротворец“. Си мислам, што ќе беше на Алек да му текнеше да организира протест против власта, ќе се зачленевте у ВМРО за инат ли, со се Жарко на чело? Ебате примадоните, ебате...

Колку што читав печат вчера

Колку што читав печат вчера ...и Героски и Секуловска имаа високо ниво на резервираност во врска со маршот..значи не е само Жаре

Туку...опозит на секоја примадона е помијаш, кој ги јаде сите остатоци кои ќе му ги принесат, не бира

патем...на алек НИКОГАШ нема да му „текне„ да маршира против владата, освен ако не е некоја спин нарачка...како што претпоставувам, беше саботната

Џанго уеит а минит. Всушност

Џанго уеит а минит.
Всушност тоа и ме плаши, ако добро се следат работите, се некако оваа група делува унисоно и координирано, што наведува на заклучок дека можеби сето тоа има длабоки корелации.

А сепак од друга никако не сакам да верувам на кампањата што оркестрирано се води против нив.

И која е сега реалноста во случајов?

ја не се рачунам...обичен

ја не се рачунам...обичен анонимен блогер, кој го читаат едвај десетина души

Хипокризија, се гледа од

Хипокризија, се гледа од авион и од коментарите. Омраза со полни усти мир.

Ма каква хипокризија, и

Ма каква хипокризија, и соросоидниот СДСМ и македоноидниот ВМРО и мислат се најдобро на Македонија. Вие само заземете страна и цепајте. :)

А Окно си се Окно, евтина пропаганда, дрпнат вкус и содржина, полуидиоти у редакција и туѓи пари у чмар чуда прават. :)

Колку од овие што клеветат

Колку од овие што клеветат против авторот на колумнава имаат добиено директива од Центарот за комуникации? Организаторите на маршот не канеле политичари. Освен Есма, вмро-вски советник во град Скопје, директно одговорна за силувањето на Скопје. И така случајно, Есма го поздравила од сцената доаѓањето на миротворецот до седмо колено Ѓорге - кој и врачи на Есма орден за заслуги на Македонија. А бе не сме до толку наивни, не пиеме грчка нафта!

анонимен, викаш: ----Ма каква

анонимен,

викаш:
----Ма каква хипокризија, и соросоидниот СДСМ и македоноидниот ВМРО и мислат се најдобро на Македонија. Вие само заземете страна и цепајте. :)--------

Општо место за усраните интелектуалци денеска. Демек они неутрални. ај мајката. Каква неутралност кога државата ни се цепа?
Твоето изедначување и ...„сите се исти„ и ставање во фиока, е најголемото срање на „умните„ интелектуални НЕУТРАЛНИ глави...не можам да се воздржам, а бев пристоен до сега...говеда

хипокризија е твојот став

хипокризија е твојот став анонимен..сакаш да се е..ш, а да не ти влезе...и сеа ќе изиграваме...„ние не заземаме страна„...„ќе си гледаме сеир од страна„ и ќе пердашиме ...онака...со полууста...демек критични кон власта АМА и „другите не се поарни„...ни лук јал ни лук мирисал...да бе ...и погоре не се воздржав...говеда ... класичен пример за хипокризија

Џанго чекај сеа, треба да

Џанго чекај сеа, треба да веруваме дека постојат и добри момци, освен лошиве кои ги знаеме, у целава ситуација?

Дечки, еве и Латас го

Дечки, еве и Латас го поддржува „Маршот за мир“. И шири омраза кон „соросоидите“ и хомосексуалците: „...Како што ни нашата политика на еднаквост нема поддршка од нив. Доказ. Марш за живот заедно во мир, и меѓусебен респект, одржан викендов. Дури 2.000 луѓе, без посебна промоција, излегоа и шетаа низ Скопје за таа цел. Од сите етникуми во државава. Соросоидите, на чело со Геровски, напишаа во Фокус дека нема да учествуваат. Не е нивни филм. На нив им одговараат тензии и инциденти... Тие поддржуваат хомосексуалци, насилно преземање објекти во Стара чаршија, забрана за градба на цркви, протести пред судови во заштита на нивните корупциски ѕвезди... Да се живее заедно, без насилства од едните кон другите... не е нивни филм.“ - напиша Латас во неговата колумна „Наши и ваши“. Any comment?

еве ти коментар .!.

еве ти коментар .!.

Ани, од вакви крајно

Ани, од вакви крајно простачки коментари стварно ми се блуе. Просто не можам да сфатам каков створ мора да си, за вака одвратно да се однесуваш. Не се слагам ни јас со Жарко во случајов, и што? Треба сите да ги нахраниме со пениси кога не се слагаат со нас? Па вака не би му се обратила ни на Миленко, најдегутантниот лик што го контаминира македонскиот медиумски простор.
А однесувањето како твоето, Ани, е всушност иницијалната каписла за насилство во меѓучовечките односи. Зашто, колку и да се луѓето ненасилни, злобата која ја шириш просто повикува некој да ти врзе една воспитна.

Кој шири злоба бе морону

Кој шири злоба бе морону недоквакан. Читај ги текстовите и коментарите на Коља и Тричко и Жарко, па ќе видиш што е ширење на злоба..стоко петоколонашка!

Па ок де не е толку далеку од

Па ок де не е толку далеку од вистината за некои работи, што па толку се притресуете од тоа што тој го напишал.

Анонимуси, Јас верувам дека

Анонимуси,

Јас верувам дека постојат добри момци ама како погоре што ти кажав, твое право е кого ќе одбереш, а јас нема шанса да ти давам сугестија...демократија така?

Од друга страна, лошите треба да ги лоцираме сите заедно и да станат „општо место„- за тоа како не треба

Е сега може да се умеша некој, демократија важи и за лошите..е не баш така...ај да видам во Германија, дали важи демократија за следбениците на Хитлер.

Ух, Џанго, да не отвараме

Ух, Џанго, да не отвараме тема за демократијата каква што е денес.
Чудно малку, но демократијата и тоталитаризмот имаат многу допирни точки.
Во суштина, во тоталитаризмот, малцинството владее ВРЗ мнозинството.
Во демократијата, мнозинството владее ВРЗ малцинството.

И во двата случаи некој владее со некого, што пак е погубно за секоја слободна индивидуа, без разлика дали живее во тоталитарен или демократски систем.
И двата системи функционираат врз сет на правила и закони кои се дизајнирани да служат „како добробит и бенефит“ за општеството, со таа разлика што во тоталитарен систем казните за непочитувачите се малку поригорозни иако и тоа не мора да значи баш така, затоa што најбизарните казни за најбизарните закони се практицираат токму во „најдемократската земја“ САД.

Оттаму не можам да верувам дека постојат добри момци кај оние што се на власт или кај оние што сакаат да дојдат на власт.
Тоа е ист ков, иста матрица. Сакаат да ВЛАДЕАТ !!

И мислам дека полека созрева времето за анархијата(безвластие, а не безредие) како систем, во нејзината изворна и чиста форма, а не онаква каква што некои сакаат да ни ја прикажат.

Анонимуси, јас сум

Анонимуси, јас сум најпознатиот анархист - си го истакнав тоа и на фејсбук профилот. Плус, имам поубава брада дури и од Бакуњин.

Миленко, мрш бре тамо барабо

Миленко, мрш бре тамо барабо једна...џД

„Медији често представљају анархисте као опасне и насилне људе. Ова предрасуда је производ државне пропаганде, пре свега зато што се анархизам залаже за мир и слободу. Многе раднице и радници, научници, познати умјетници, књижевници и музичари су кроз своја дјела пропагирали анархизам“

тепачите во 58ца ги пуштија

тепачите во 58ца ги пуштија дома. каменувањето автобуси продолжува. никој не ги чепка пироманите ко Латас што потпалуваат пожари. Албанските лидери сакаат голема Албанија. А тие што маршираат за мир не се против никого.

That's way the besstet answer

That's way the besstet answer so far!

значи кога ќе земете примери

значи кога ќе земете примери од англиски (или од некој друг јазик) кој не го познавате доволно-иако мислите дека го знаете испаѓате бетер од арогантни неписмени будали. Жарко не се буни низ коментари, прифати дека не ги разбираш суптилностите на англискиот доволно за да го користиш како пример-речник не те спасува. Плус, научи македонски прво.

ОкоБоли главаВицФото