Архитектурата - мост до природата

16.03.2012 13:01
Архитектурата -мост до природата

Неодамна беше одбележана една година од јапонската нуклеарна катастрофа после разорното цунами, катастрофа која остави неизмерно голема трага во поновата историја на оваа островска земја.

Една година по земјотресот и цунамито, животот до некаде се нормализира, иако сè уште има големи подрачја во северниот дел од Јапонија кои останаа необновени.

Архитектот за катастрофи, како што слободно може да се нарече Kengо Kumа, заедно со волонтерската заедница, Sant' Egidio и Kuma Labo од Универзитетот во Токио, осмислиле јавен проект за општествен центар за пензионери во градот Rikuzentakati, кој во потполност бил уништен во земјотресот.

Проектот е инспириран од формата на цветот лотус, растение кое се одржува на површината на водата. Цветот ја симболизија хармонијата меѓу животот и природата, а самиот проект е воден од надежта и визиите за архитектура која во иднина ќе се надоградува на природата, а нема да работи против неа. Центарот сè уште е во фаза на планирање, а ќе го градат локални столари со дрво од блиското подрачје Kasennume, исто така погодено од катастрофата.

Воспоставувањето верба во рамнотежата меѓу човештвото и природата е работата која која тежнее архитектот Kenga Kume, притоа нагласувајќи ја идејата за изнаоѓање повторно мир и радост во физичката и духовна реконструкција.

Здружението Sant’ Egidio започна со кампања за собирање донации со кои би се финансирала изградбата на овој 220 квадратни метри голем павилјон, кој по изградбата ќе им биде подарен на пензионерите во Rikuzentakate.

Извор: Pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото